Го решивме проблемот со туризмот во Охрид. Ценете го тоа што го имаме, а главно мото им е "ак не ти чини не идај". Ко ваш да е Охрид. Значи никој од сега не смее да се жали за нешто во Скопје. Наше си е, ценете го, најдоброто што го имаме во Македонија.
Ако плаќам некое јадење 300 денари, нека вреди за тие пари. Толку е математиката. Не може да ти е крш услугата, јадењето суво барут,да те услужат чекаш 10 минути и да се правиш дека чини све.
Иделе да се опуштат на одмор, не да броеле пари и да гледале какво било јадењето. Извини, не знаев дека штом отидеш на одмор, буџетот магично не ти се троши, туку ти останува ист.
Од една страна, на Охрид не му требале туристи, а тријат кутрите раце, се надеваат на баби и дедовци од Холандија...
Да не ви доаѓа никој 5 месеца, има за по 10-20 евра од вечер да ги давате шупите што ги викате апартмани со поглед на езеро. Среќа па не ви текнало нова фора, со поглед на месечината, па да додадете уште некое евро плус.
Ако немам пари за Сејшели - не одам. Па да, ама тоа е Сејшели. Нема никаква логика Охрид, да се става рамо до рамо со светските туристички атракции. Еднаш беше зборено, ако Охрид е познат и убав по историјата, црквите, природата, водете таков туризам. А не плажарски, со по 100 евра коњопој на плажа, журки со најголемиот шлајм од балканот и наплаќање лежалки како да престојувате на Малдиви.
Убав град, ама џабе.
Тешете се само Охриѓани, и оние кои имаат стан таму.