Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
7 јули 2013
Мислења
1.462
Поени од реакции
9.179
Колку треба да си ретардиран и несовесен родител на своето машко дете да му дадеш име во деминутивна форма? (на пр. Николче). Го унаказуваш за цел живот и го правиш да звучи како помало суштество. Не можам да ја сфатам мотивацијата да му дадеш такво име на своето дете, испаѓа како да ги тролаат.
 

Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.387
Поени од реакции
3.078
Д.К.
Порано имаше класични војни низ историјата...Во модерно време ти вршат окупација преку инвестиции,проекти и медиуми и го јадат телото(народот) од внатре како канцер кој метастазира на сите полиња...:coffee:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Кајг,
морам да го спомнам бисерот на Министерот за надворешни работи (Б.О.) при давање ТВ јавно инфо околу сообраќајната трагедија во Бугарија, покрај другото дека „ сме требале да почекаме да се направат Де еН ај “ (мислејќи на ДНК), инаку лекар по вокација! :facepalm:
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.572
Поени од реакции
5.976
Драга,

ова ми е завршен пост на форумов - олеснување за неколкумина, I know. Не знам дали би можел да го најдам оригиналниот пост овде, мислам дека има речиси година како ве читам (без 2 до 3 месеци). Би било супер да направам компарација со мојот тогашен пост и да видам што очекувања сум имал од форумов. Има супер ликови овде и ми е криво што не можам да останам во контакт, некои сакав да ги запознаам и лично наредно враќање во Мкд, но тоа е, животот продолжува понатаму.
Една од главните причини зошто пишувам завршен пост е фактот што знам дека ако не го напишам, ќе продолжам да се најавувам. Ако не оваа недела, тогаш наредната. Јасно ми е дека одлукава мора да е нешто како откажување на цигари - мораш да пресечиш. Токму затоа го напишав постов.

Се надевам имало моменти кога сум бил пријатен за читање и се надевам дека и вие и јас, взаемно сме научиле по нешто ново и интересно. Поздрав! Се најдобро.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.034
Поени од реакции
34.441
Драга Кајгана,

Во зачетоците на интернет пакетите во државава и појавувањето на првите Фејсбук профили, имаше одредени луѓе што пишуваа коментари на разни постови со точка наместо празно место, и до ден денес уште не ми е јасно, kako.moze.nekoj.da.pisuva.recenici.vaka?
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.032
Поени од реакции
944
Драга
Овде има прекрасни ликови т.е членови што се толку искрени, пријатни за читање поучни а ете се разочаруваат.
Форумот без ,,Византиецот" никогаш нема да биде повеќе ист. Иако никогаш никој од овде лично не запознав .
А давежите на форумот ќе си останат до крајот. Исто ко шпионите на работа.
 
Член од
7 февруари 2021
Мислења
203
Поени од реакции
612
Многу бев себичен, учев на туѓи грешки. Во себе подмолно се смеев кога ќе избегнев некоја непријатна ситуација знаејќи дека некој пред мене се изгорел на истата. Смеењето повеќе не ме задоволуваше па пробав да си го наполнам егото на друг начин, да ја направам грешката очекувајќи дека мене ќе ми успее. Learning the hard way, многу поболно ама лекција за цел живот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom