Драга Кајгана (виртуелен дневник)

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Интересна ситуација, истовремено криво ми е. Но поука за во иднина.

Мислам дека имам тука споменато дека од септември до вчера турбо работевме на еден софтвер што ќе оди секако во Германија. Готов е, на 29ти го инсталираме и чао џаци со него. Фаќаме друг да работиме.

Во истиот напнат период, еден близок роднина ме замоли да му изработам една мала апликација за школо за странски јазици, како демек итно му била потребна. Реков океј, срце не ми даваше да го одбијам.

Го прашав што конкретно му е потребно, направив алгоритам и во целиот тој хаос не го одбив, туку му кажав дека ќе му ја изработувам апликацијата во "слободното" време (кое практично и го немав).
Прв пат беше побарана таква услуга од мене, секако бесплатна, за близок, но очигледно прв и последен пат.

Ја изработив апликацијата за него, не беше воопшто комплексна апликација. Не ми ни одзема нешто посебно време. Но сепак, си бара работа, ништо не е туку така (иако многу така мислат). Му ја презентирав пред две недели, посака некои мали измени, ги средив и тие работи. Ја истестирав и ја завршив.
Буквално со задоволство му ја поклонив, гратис програмче за неговото школо за странски јазици. Му го инсталирав пред една недела и секако го врзав онлајн да бекапира датабази на мој сервер, во случај да има некоја хаварија кај него на компјутерите, па да се врати одма бекап на базите.

Супер, презадоволен и преблагодарен беше. Драго ми е кога ќе помогнам на близок. Фала богу мозок продавам/поклонувам, ништо материјално не давам.
И така софтверот му стои инсталиран на компјутер, автоматски си бекапира бази кај мене во сервер на два дена.
Денеска ми текна да ги отворам бекапите тоест базите, да видам како му оди работата со софтверот, да видам health status.

Кога што да видам. Не е пипнат софтверот. Па не го ни вклучил од кога му го инсталирав, камо ли да го употребувал.

Е тоа е тоа, за мене тоа беше играчка. Работам на големи системи, тоа пограмче за него ми беше буквално играчка. Но ми бараш услуга, пријателски ти изработувам и поклонувам апликација истовремено додека сум во огромен хаос со софтвер од каде што лебот го вадам. Без разлика колку и да е едноставна, ми одзема време и труд.

И на крај уринираш врз таа моја апликација, односно излегува дека ништо не било итно, па очигледно дури не му било ни потребно.

Е тоа е драги пријатели и пријателки. После ова, па веќе ни за родена сестра не пипам бре.
Него тоа е гратис кога му подаруваш на некого нешто, не ти го цени трудот и времето. Затоа не работете за никого гратис. По незнам кој пат реков, прв и последен ми е ова. Ми вреѓа интелегенција бре.

Таму каде што продаваш софтвер, тие ти го ценат делото. Зошто? Зошто го плаќаат дебело, а секој си ги цени парите.
Таму каде што продаваш софтвер, никој не ти го бара тој софтвер за ете да му се најде некогаш, го користат постојано. А и да не го користат ми е гајле, парите сме ги наплатиле, одржување си тече башка. Но нема таква будала што плаќа нешто а не го користи.
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.572
Поени од реакции
5.976
Кајг,

форумов од техничка гледна точка е дно. Има членови кои кога ги читам си велам more of this please. Има други кои по дифолт ги стегам на игнор. Заследив неколку со цел да го пролепшам мојот престој овде, со надеж дека ќе ми идат нотификации од нив или од темите во кои постираат and nothing.
Шајсе.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.815
Поени од реакции
7.502
ДК, кратка лоша маркетинг приказна:

- Добар ден господине, се извинуваме што ви се јавуваме, само сакаме да ве известиме дека сте добитник на подарок, 70% попуст...
* Каков е овај подарок од 70% попуст, подароците треба да бидат бесплатни!?
- Ама дозволете ми да завршам, добитник сте на 70% попуст колекција на производи кои вредат 9000 денари, вие само сега може да ги купите за 2700 денари.
* Ама девојче, ти пак не ме разбираш. Наградите и подароците треба да бидат бесплатни, какви се тие подароци ако за нив треба да се плати?
- Ама јас не реков подарок.
* Да така го започнавте разговорот, добитник сте на подарок.
- Во ред, се извинувам што ви го одземав времето.
* Имај убав ден.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.792
Кајганке :pipi:

25 ноември 1939 излезена од печат „Бели Мугри“ - Коста Солев Рацин

Денови

Како на вратот ѓердани
ниски камења студени,
така на плешки денови
легнале та натежнале

Денови ли се — денови
аргатски маки големи!

Стани си утре порано
дојди си вечер подоцна,
наутро радост понеси
навечер тага донеси —

ај пуст да е, пуст да би
останал живот кучешки!

Роди се човек — роб биди
роди се човек — скот умри
скотски цел живот работи
за други, туѓи имоти.

За туѓи бели дворови,
копај си црни гробови!

За себе само ’ргај си
за себе маки тргај си —
нижи си ѓердан денови
нижи си алки ковани,

нижи си синџир железен
околу вратот навезен!
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.072
Поени од реакции
21.950
Драга,

најдоброто кога правиш кафана со велешани е што секогаш ти ја плаќаат сметката а со велешанки е што не ти дозволуваат ти да им ја платиш нивната сметка :pivo2:
 
Член од
25 ноември 2021
Мислења
37
Поени од реакции
44
Коа пиша Џонтра пред една година (ова време) " Абе каква нова година, ја роденден не славам не па нова година..., ќе зеам една милка и еден бадел и ќе се бетонирам дома кај мене сам у 12 ипол уз некоја шабанарија '' :icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667
Како акнав прееска на скали кај Опера и Балет птици разбркав. Бемти дустабан не научи дека неможеш ко патор да симињаш скали.
 
Член од
21 септември 2011
Мислења
638
Поени од реакции
1.741
Драга.

Не знам дали стварно некои мислат дека треба да им се верува во лажгите?
Денојве вадевме лекарско за возачка за една особа и меѓудругото одиме на очно. Додека он беше внатре кај докторката јас чекав надвор и иде еден тип исто за лекарско и разменуваме по некој збор додека чекаме (типов прв пат го гледам).
Ми вика и јас за лекарско, ми ја земаа возачката пред 2 години и сега треба пак да полагам.
Му викам зошто ти ја земаа?
-Ме сопре полиција... возев 317 км/ч !
-Колку?
-317! (упорен и убеден)
Добро му викам, си имал среќа што не те затвориле и тука заврши муабетот.

Сега цело време се мислам што кола има и по кој автопат во Македонија возел со 317 км/ч и која е таа полиција што успеала да ја измери таа брзина и да го сопре.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.411
Поени од реакции
62.005
Како ебано може животот да биде суров. Вчера другар добива работна виза, си викаш, супер, ке се спаси од тука, денес ми кажува дека татко му има метастазиран рак на бели дробови. Си повратив во уста од мака. Ебем ти и судбина и све.
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.572
Поени од реакции
5.976
поголеми мрзи од украинци нема. Во неколку наврати ми се случило да треба да работам со некој од нив и секојпат го заклучувам истото. Значи дно.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.860
Поени од реакции
54.390
Пред 4 ипол години коа се запослив тука кај што работам моментално, имаше една кучка која набрзо се окучи и недолго после тоа умре.
Од сите 3-4 кутриња остана едно најшугаво, мало, никакво, пуно крлежи. И тежеа ушињата од што беше како елка накитена со копилињата. Ми беше жал дека ќе ја исцицаат и еден ден земав со раце еден по еден ги извадив сите, напраив крв на бетонот и на рацете ко човек да сум убил. Ја напрскав со прашок, и купив апче за глисти и ја спасив. Се опраи и почна да живее.

Раснеше и не порасна многу, малецко кутре таканаречено паниче.
Мало, брзо, весело, мило кутре со шпицеста муцка и еден многу убав и длабок поглед со прекрасни очиња.
Ја гледам еден ден и и викам ти мала моја од денес се викаш Верица, Верче, Верка, Вере.

Ми стана најдобра другарка. Си игравме, се бркавме, се боревме. Беше многу паметна и итра, послушна пред се. Многу ме сакаше, у очите и се гледаше радост кога доаѓав на работа и не престануваше да рипка околу мене доека не ја изгалам.

Поминуваше време, доаѓаа други кучиња, некои се губеа, други умираа, трети бегаа ама Верка не мрдаше од тука.
Дојде на ред и запознавање со машкиот пол, дојде комшискиот Џорџ ака Ратко кој иначе беше протеран од тука и ја оплоди.
Верка се окучи еднаш, Верка се окучи два пати, Верка се окучи три пати со тек на време и сето тоа фино и уредно, далеку од очите на јавноста, на страна.
Кутрињата и ги разземуваа колеги ама ко што реков остануваа некои локалци.
Вердучи мене ми беше омилена и само за неа се грижев, само нејзе и купував виршли секоја смена, само со нејзе се дружев и само она ме интересираше.

Пред извезен период 2 копилиња направија беља, копаа саксии пред влез и Главниот му нареди на Говедото да се исчистат сите кучиња од тука.
Јас дадов вето на Веркиното протерување.
Едниот за (не) среќа умре, другото беше фрлено и останаа само Верка и нејзиното мало, пред 3 месеци родено Магде.

Во понеделникот сабајле ми се јавува Говедото и ми вика еј Џ абе Главниот нареди под хитно да се исфрлат кучињава од тука, јас тоа малото го решив, го испратив по возилава што одат на терен, кажи ми што да праам со твојава Верче.
Немој да си ја пипнал, јас утре сабајле ќе си ја земам за дома штом дошла таква работава.

Вечерта на работа ми беше толку жал што ќе ја одделам од тука што едно време почна стомак да ме боли. Сабајлето пред да си идеме и давав виршли да јаде, изеде 2-3 и едната отиде да си ја закопа за после. Ми се чини дека срцево ќе ми експлодираше.
Па нема веќе да ја видиш таа виршла бе Вериче.
Ја качив у кола, се вознемири и заквиче, се исплаши. Ја смирував и и зборев додека се возевме накај дома.
Влеговме у двор, ја изнесов и не знаеше кај се наоѓа, се врткаше лево десно, ја фати паника, дојде во непознато. Беше буквално како у еден цртан филм со една лисица којашто мораше да биде пуштена во шумата од страна на бабата која ја чуваше.

Ја оставив во двор со надеж дека ќе се смири и ќе ја прифати судбината дека веќе ова е нејзиниот дом. Легнав да спијам и кога станав после 4 саати, Верка веќе ја немаше.
Верка ја немаше цел ден.
Денес сум на работа и тука веќе ништо не е како што беше, сменската рутина што си ја имавме, денес не беше како вообичаената, пошто бев сам. Сам сум цел ден.
Цел ден се врткам околу себе од навика дека трчка до мене и ме допира со ноџето барајќи да биде галена по стомак.
Цел ден гледам према влезот со надеж дека од некаде ќе се појави, дека си го нашла патот назад дома.

Проклет емотивец. Не престанувам да ја мислам, којзнае каде е изгубена, исплашена, што ли прави...
3 дена ги колнам и преколнувам гадовите. Среќа да не видат.

received_1455282647988590.jpeg
received_163486241361983.jpeg
IMG_20210822_123243.jpg
IMG_20210822_123645.jpg

Ова е последната слика нејзина, неколку моменти пред исчезнувањето
IMG_20211126_180058.jpg

Врати се.
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.206
Поени од реакции
5.056
Значи не постои нешто поодбивно од ова:

dip.jpg

Абе колку сака нека е убава женската штом видам вакви некои ,,средени" нокти, курот одма ми се повлекува во карличната празнина
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Поводом љубовта меѓу Верка и Џонка ми текна на Верка Мајонез.


Видео кај што група "фраери" од тераса се заебаваат со Верка и у еден момент и викаат: времиња тебе ќе ти пројдев, ќе остареш и ти, стара девојка ти ќе бидеш, Верке знаеш ли, никој нема да те сака, жими мајка ти. (Ова се газдите на Џонка што ја бркаат Верка ':()

На што оваа им враќа: да умре ви мајка ти и татко ти, фала богу да пукнеш и ти, млада девојка ќе остану ја, имам си спонзора (Тука колнејќи ги газдите Џоневи и мислејќи на Џонка спонзорот и виршлите).

Да не се вратила на работа бе Џонка? ':(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom