Фан Клуб: Челзи

Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Хаверц е безобразно, ама баш безобразно себичен. Да мислеше на соиграчите досега ќе бевме на 0:4.

Ќе повторувам додека не умрам. Тухел заслужува спомен куќа во Лондон, не поради титули освоени и потенцијални, или не знам што, туку поради тоа што човекот игра ваков фудбал и победува со комплетно импотентен напад.
Маунт евидентно не е свој, разбирливо. Треба да биде заменет со Зијеш или Тимо доколку е подготвен овој.

За Канте залудно е да се зборува веќе.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Од денес започнува личниот хејт кон Хаверц. :coffee:

Не знае да загради топка.
Не знае да сочува топка.
Не знае да креира шанса.
Не знае да даде гол.

Ја кочи играта. Најслабата алка во тимот.

Можеше да му асистира на Џејмс, голот беше празен. Зема и шутна право во голманот!

Убава игра, можеше лесно да биде 0-3.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.338
Бев загрижен за натпреваров дека прв термин после пауза, Лестер знае да биде зезнат противник за Челзи. Ама од старт излегоа како што треба (y)

Победа со три гола, а криво ми е што не беше 6-7. Тоа кажува доволно. Сезонава е за уживање. Ако не се случи нешто ептен непредвидливо, ќе мора Сити и Ливерпул да измислат нешто ептен специјално за да завршат пред Челзи.
 
Член од
17 ноември 2021
Мислења
109
Поени од реакции
201
Мислам дека сезонава е како апгрејд на претходната сезона. А претходната сезона земавме ЛШ. Па сеа видете понатаму... Стојам на мислењето дека сме озбилни кандидати за титула во Премиер Лига. Го измочавме Лестер вчера реално глеано.

За Канте неам шо да кажам. Алал да им е на Лестер шо го земаа од Франција и алал да му е на Челси шо го зема од Лестер. Најбољи играч на негова позиција у свет.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260


Одвај чекам да се вратат Лукаку и Вернер, а Маунт да почне да игра како што вообичаено знае.
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Вторник мора да тепаме ако сакаме први да бидеме и да избегнеме фаворити.
Се на се до сеа сум задоволен од почеток на сезона ќе видиме на крај што ќе се деси.
Иначе без Лукаку боље играме :nesumjas:.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
702
Поени од реакции
502
Вторник мора да тепаме ако сакаме први да бидеме и да избегнеме фаворити.
Се на се до сеа сум задоволен од почеток на сезона ќе видиме на крај што ќе се деси.
Иначе без Лукаку боље играме :nesumjas:.
Па нормално дека подобро играме без Лукаку.
Лукаку е научен на Конте систем и ќе му треба уште малку време да се прилагоди.
Тимот има игра со сосем друга филозофија. Така да и цел тим треба да се привикне на Лукаку.
Очекував дека ќе е големо засилување Лукаку, и иако играме подобро без него, гледам знаци дека со тек на време ќе се воиграат и ќе бидеме многу подобри со него со прв тим.

Е сеа, со оваа формација, не знам кој ќе е прв состав. Имаме 3 места за 7 играчи.
Лукаку, Вернер, Маунт, Хаверц, Одои, Пулишич и Зиех.
 
O

onefifty

Гостин
Не знам од кај ви е ова дека без Лукаку играат подобро ама добро. Самото присуство на Лукаку значи 2 дефанзивци маркер на него што значи повеќе простор за Пулишиќ/Вернер/Маунт/Хаверц.
Да не зборам колку се поопасни со Лукаку во напад ради игра со глава, градење и линкап. Хаверц не му е ни до колена.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
702
Поени од реакции
502
Не знам од кај ви е ова дека без Лукаку играат подобро ама добро. Самото присуство на Лукаку значи 2 дефанзивци маркер на него што значи повеќе простор за Пулишиќ/Вернер/Маунт/Хаверц.
Да не зборам колку се поопасни со Лукаку во напад ради игра со глава, градење и линкап. Хаверц не му е ни до колена.
Градење, дефинитивно.
Игра со глава, Хаверц не е лош, ама секако Лукаку е подобар.
Линкап никако. Барем сега за сега многу има пропуштени прилики ради тоа што не се разбираат. Ама тоа си иде со време. Ќе се среди.

Сеа како што се игра добро, би сакал да видам една Пеп формација. Само да видам дали ќе функционира подобро или полошо.
1637593206939.png 1637593206939.png
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.338
Хаверц уште против Лестер осетил некое затегнување и денес не тренирал па сигурно нема да е во тимот утре, заедно со Ковачич.
Лукаку вчера и денес тренирал, ама ако е со тимот ќе биде на клупа со можност да влезе при крај.
Ако е Вернер доволно спремен, би требало да е стартер утре. Ако не, ваљда ќе пробува нешто со Пулишич.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Подобро играме без Лукаку. Освен што нема кој да даде гол, освен што на тимот му требаат 16 шанси за да постигнат еден и освен тоа што живееме на головите од одбраната.

Еден, еден потег исправен од тројката напред. Не ми се верува. Јако темпо, ги напикавме во шеснаесетник не можат да мрдат, а само 1:0 стои на семафор.

Повредата на Канте ми го уништи впечатокот, со Рубен и Жоргињо против Манчестер не сум воопшто оптимист.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom