Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.564
Изгледа јас ќе горам во пеколот, оти сум првиот во 5 генерации што го запостави овоштарникот и лозјето, и мразам да се врткам околу казанот со ракијата :D

Кога ќе ми текне кои чешити ги правеа: цела соба профи спремната со казан, бетониран и поплочен мераклиски со мермер, казанот и вулите (цевките) ги нарачувале дури од Србија оти тукашните не биле добри, стаклени садови за чување и чат пат нарачуваа дрвено буренце демек таа за посебни пригоди, па комињето ќе го тантелат со недели.

Па дури ја печат ќе удреа на филозофии, политики, па чекај не само ракија ќе правеле и мастика, па не само бела и жолта, па чекај сливовата ќе ја препекуваме...
Па филозофии на колку степени требало да се тргне, 54ка да легнела на 52, па другиот не ја сакал толку јака ќе правел 50ка да легнела на 48, па ќе се натреваруваат која била подобра...

И кога сум морал да помагам околу процесот, не ми било кеиф, а не верувам ни дека некогаш ќе посакам да се заебавам и да ги правам овие чешити. Немам ни некој посебен мерак за пиење ракија, повеќе да не кршам атер на друштво. И ретко верувам на тие што тврдат дека ја разбираат, оти намерно сум им претурал тиња ракија од по 100ка и пак се правеле бербат.
 
Последно уредено:
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Драга,

Ми се приспива и се мотам по нет ваму таму, трпеливо вртејќи очи на десетминутните повторливи реклами на тв1000ка, само и само да ја изгледам сцената со брканицата од банката и после низ цел град во Heat. :love:
Многу ми е кул ликот на ДеНиро во филмов, мераци. Можеби мојот омилен, негов.
Уште саат ипол сосе реклами, ќе бидне.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
ДК,
уште 10-тина дена до десет години дружба со тебе. Втор сајт на кого сум се задржал волку време, првиот е фудбалскиот онлајн-менаџер Hattrick.org каде сум член од 2006-та.

Кога и каде пројдоа 10 години - не знам.
Може да пробам да ги сумирам работите што ми се случиле за оваа деценија (не се редоследно):

- Прва сериозна врска
- Први летни одмори со сопствено возило и/или со девојка
- Предобра апсолвентска екскурзија низ Западна Европа
- Завршив факултет
- Моите ми купија кола
- Сам си купив кола
- Се вработив првпат, сменив 5 работни места до сега и мислам дека моментално работам работа што ми е интересна и платена солидно за македонски стандард
- Добив внук и сега се трудам да бидам добар вујко
- Бев модератор на подфорумот Интернет и Мрежи
- Ми извадија слепо црево
- Ги избричев мустаќите и напуштив работа како таксист низ Анкара

За последново да напишам официјален демант после 10 години, со оглед на тоа дека тие слики и мемиња кружеа со години - таа слика е малку постара од моето членство тука. Мустаќите на таа слика имаа век од 3 минути т.е се сликав во пауза на бричење, а мислам дека беше ноември, па се ладев со другарите на Hi5 за movember.

Сето наведено погоре пројде низ животов или уште е тука, само Кајгана форум (строго во жолт скин) ми остана во срцево.
Запознав виртуелно (некои од членовите ги знам и лично, имаше собиранка за 1 мај 2012 или 2013 на Марков Манастир) многу личности, многу постови пројдоа читајќи ги или пишувајќи ги.
Ја имав честа да ги читам @nescafe и @eXtreme
Многу од членовите кои беа редовни веќе ги нема тука, се надевам дека во животов се здрави и среќни.
Доста други членови го "заменија" тоа отсуство. Магичен круг.

Хејтан од многу заради дрскиот пристап кој признавам дека знам да го користам, но во реалноста сум тотална спротивност.

Остани со здравје Кајгано, се надевам дека ќе се дружиме со ист интензитет во годините што идат.
 
Последно уредено:

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667
Порано, седење на маса посебно мушки посебно женски, беше одлика на знаеме каде и кој. Сега ова станало "тренд" и од оваа страна на Вардар и тоа у "прогресивни" локали. Кој примитивизам ни е наметнат у пичку матер. После стопеес години отидов на една пијачка навечер и ми идеше око со лажичка за кафе да си извадам. Сите љути намрштени поделени у полови табори. Жениве кокодакаат нешто се сликаат со селфија, мушкиве со педеруши под мишка корнат на хемии. Мешање само ако е договорено ебење после, никако за време пијачка.

П.С. Свила, ок е, нема чоек што незнае дека имаш мигрена, ок е. Батали угостителство немој да седиш со тоа намќор фацата у ќош негде и да чекаш у твој локал сите да дојдат здраво да ти кажат на тебе. Ти си угостител бе теле, или иди учи јаваскрипт курофми, кај ти е мрење секој локал уште ти ко ќе дојдеш со тоа мргудот фаца ми иде кибла на глава да си ставам и со метална кутљача да се лупам додека не заборавам што сум видел вечерта.

ППС. Првиот пасус не се деси у Трибека, онака ми текна на овој.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.034
Поени од реакции
34.444
Да се надоврзам на муабетот за печење ракија.

Стариот додека беше жив, го имаше најубавото лозје, вредно работено преку 40 години, со стара лоза, црн Мускат Хамбург, или по негово Камбур, и бела Смедеревка. Еден ден додека ми раскажуваше како имал најубав шпалир од сите негови другари, му потекоа солзи, едноставно лозјето му беше помило од децата. :D

Кога ќе дојдеше денот за берење познат како гроздобер, беше фешти, обавезно мораше сите да бидат присутни и да го дадат својот максимум. :D

Е сеа на ред доаѓа печењето ракија, и ставање на виното во буриња. Стариот, обавезно носеше плав мантил, хаусмајсторски од Југославија, гумени чизми, и капче некое старо уште од првите демократски избори одржани во слободна и независна Република Македонија. Печењето се одвиваше неколку дена не прекинато, се ложеа трупци, а ракија течеше у шерпата исфилтрирана низ бел чаршав. Беше јака ракија, препек, мртва уста би ја пиела, комотно прозори можеш да бришеш со неа, класичен афтер шејв од кој ти се иритира кожата и после ти станува црвена како газ на бабун, три дена ти гори хранопроводот од што беше јака. Ако организира Сусаро собир во некоја биртија ќе донесам да ја пробате. :D

Стариот беше легенда, зафркант со сите, имаше еден куп другари и сите го поштуваа. Последен спомен пред да почине ми е дека отидов кај него да го видам, он гледаше фудбал, Арсенал за кого навиваше водеше 2-0 и гордо се смешкаше. После неколку дена одкако почина отидов во неговата соба го пуштив неговиот телевизор, се упали истиот Спорт Клуб канал на кој идеше реприза на истата утакмица од Арсенал што ја гледаше.

Стари ќе се напијам сеа една ракија од твојата. :place:
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Се по ѓаволите денес.
Изработуваш огромен софтвер, врзан со рок до крај на месецов.
Особено од септември турбо, се будам со код, заспивам со код. Па да му се сневиди и го сонувам додека спијам. Не само јас, цел тим цркнавме од работа.

Се супер ја помина цела тест фаза. И еве го смрдливиот денес, за добро утро, почна да пука од нигде некаде.
Повремено почна да вади по некоја необјаснива грешка. Никој не го пипнал викендов, од кај ги ископа грешкиве бог знае.

Сега се потам пред сервер, викам да не закркљало таму, океј е се. Му враќам комплетен бекап од 13ти, ај да го видиме што ќе прави.

Вака кога на се изработено/истестирано до крај, значи практично готово, спремно за инсталација, марфи е тука да ме поздрави, се по список негово.
 
J

joli1

Гостин
Колку постар, толку помалку имам толеранција за луѓе блиски до мене, за другари, роднини, познаници, итн.

Јас лично сметам дека луѓето по природа не се добри, туку се предатори. Исто така сметам дека човекот може себеси да се смета за зрела личност тек кога ќе ја истражи сопствената мрачна страна, кога е свесен за неговата способност за правење зло, но го прави тоа само кога е неопходно или кога некој го заслужил тоа.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.324
Скимскам пиша еден типичен скопски статус посебно во п.с.-овите, така што ако делува збунувачки, не е. Не дека не се согласувам со него, ама се сум спремен да му простам на дотичниот поради периодот 2005-2010, кога Скопје благодарејќи на него беше центар на сите актуелни електраши од тој период, а јас во цут на младоста. Го жртвувавме петок за четврток кога дојдоа сите битни имиња за пристојна цена неколку пати поефтина од таа кога настапуваат по европските градови. Четврток беше најклаберски ден, повеќе и од петок и од сабота. Тиесто, Ван Бурен, Метју Дикеј, Карл Кокс, Дип Диш, Роџер Санчез, Дарен Емерсон, Дејвид Моралес, Умек, Валентино Канцијани, Марко Карола, нема кој не дојде, а карти беа од 200 до 600 денари. Еееј таткото на хаусот Маршал Џеферсон пушташе за Нова Година 2008-ма. Скопје беше на електронската мапа. Имав прекрасна младост полна со најврвна електроника токму во Скопје благодарејќи на него. Да не беше он клабинг искуството ќе ми беше 70-80% посиромашно. Сите пари тие години ми одеа во четврток на карти и пиење. Фала ти Зоки за се, од мене ти е се простено.

Иначе се повеќе сум сериозен да направам биртијашка собиранка во Орхидеја. Најголемиот проблем е логистиката, треба да биде помала од 15 максимум 20 луѓе. Ако се отвори јавна тема и се пријават повеќе-проблем. Ако се отвори тајно, малку е педерски оти правиш селекција. Што би рекол покојни Маринко Роквич-Загонетко моја, како да те решим, како да те решим, а да не погрешим.

 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667
Да го допунам Сусаро, да така е со тоа што мислам дека он имаше поише улога на venue owner што и се испостави после кога ги зема магацините кај пошта и напраи боранија од програма.

Али да, у време на Колосеум во период од 2003та па надаље е златна ера за tech-house не само кај нас него општо низ светов. Иако Balance и еден друг тип му ги правеа букинзите, да отидеш од Danny Howels на Славица Чуктераш, па иди сахрани се.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.992
Драга

На тема печење на ракија пред десетина години татко ми купи грозје од Кавадарчани, тогаш беше ефтино, а и достапно полесно околу превозот. И сакаше да прави домаќица, а нашиот покоен пријател (Бог да го прости, секогаш човек кој ке ти помогне, тешко денеска такви да најдеш) имаше казан на неговата викендица. Утрото отишле татко ми, дедо ми и човекот да ја печат ракијата, ама татко ми каков е, се врати дома напладне, не е навикнат во друга куќа да спие. Пошол пријателот да го испрати, арно ама како е занесен свратил по пат кај некои и пријатели и останал доцна до вечерта. Дедо ми останал сам ја пекол ракијата, арно ама не можел да најде градомер. И ке се прашате што испаднало? Ракија од триесет и кусур степени која професионален алкос ке ја испие како вода.

Наравоучение: Кога печете ракија, никако не останувајте без градомер во близина!
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.572
Поени од реакции
5.979
Не живеам ни пола година во Германија, а морав веќе неколку личности да ги ставам во зоната на пријателството. Еве незнам? Германките попалија по македонска лепота, ко забрането јаболко им сме.
Ако тргнам со сите да се мотам, die franzosische krankenheit - или француската болест шо би рекле моиве нови компатриоти (Сифилис) не ми бега.
"so when you say 'together', ill say 'legends forever'" - е нова омилена фраза за френд-зоунување. Биди пријател, не срцекршач.
- No I don't plan on staying in Germany, nor in Europe for that matter. I, miss the US.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom