Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.584
Поени од реакции
81.164
Одам во Тинекс да купам нешто за доручек, гледам еден сендвич звани "Сендвичот на баба", цена околу 100 денари (како човек од евтиниот Чаир, ова е грабеж за мене, али нејсе го земам...)

Одам у канцеларија, отварам тоа сендвичот кога гледам внатре варени јајца и маслинки...:facepalm: Која е таа баба што ставала јајца и маслинки у сендвич да ја знам?
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667
Каков каурлук е возење позади брза помош со упалени 4 за на задњи семафори да си свртиш прелесно десно према Капиштец пошто врска немаш со тој у брзата помош. Пу да ти ибам одвратен ген.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Кајгано!
Нека му каже некој на @SkimSkam дека во Москва, ако не ти се чека у гужва или касниш на аеродром, можеш за 100 евра да најмиш брза помош и по спротивната лента да те однесат на местото кај сакаш, брзо и експедитивно. Така да од лошото има и бетер, ЈБГ.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
Драга,

Ме мава многу зафркната анксиозност последниве недела-две. Не знам како и кога поминаа десет дена од месецов, се ко блур ми пројде.
Спротивно од многумина, јас не јадам дур сум под стрес, напротив, желудник ми се затвара и слабеам брзо, на несакајќи. Ич нејќам вака преодни сезонски периоди, времето лом, разлики во темп, едвај чекам да се приближат дневна и ноќна темп зашто преку такво ми е више.
И кафе престанав да пијам, не верувам да продолжам, зашто не гледам некоја разлика кога не го пијам. Појде и таа радост во животот. :(
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.976
Поени од реакции
55.041
Вчера го рчнав Бергман и место да се замараат (уствари зошто) со моите глупости, Даедалус и Сусаро одлучија дискусијата да ја однесат у сосема друг правец во тема како сељачизам, дно, биртијаштво и слично. Од тука надоле читајте за ова па после вратете се на постов што следи во продолжение. Патем, обавезно отворете ги двата поста од Драга Кајгана у постот на Сусаро.

Кафе Бар Буско, село Дељадровци, дупка застаната во времето некаде пред или по смртта на Маршалот.
Екстериерот: Ниска, дугачко-тесна градба со старовремски керамиди и рапава фасада на која лошо се нацртани разно разни уметнички дела како што е кафеава пивска флаша на која пишува Скопско, Кола Кола, Пепси, рандом зелени флаши, кутија цигари и слично.
Над самиот влез кој наликува на оние високи кули пред замоците, стои светлечка реклама Малборо - црвено, од времето кога постоело само такво Малборо.

Сигурно има поминато едно 10 години кога со другарите решивме да идеме таму, да не речам да искочиме, за да пиеме евтино, да се смееме, да генерираме блам, да апсорбираме мизерија и безмилосно да допираме дно.

Ентериерот: На самиот влез наречен обична дрвена куќна влезна врата те очекува мини округол тесен простор каде удираш на прашњава завеса која те дели од главната просторија, односно кафе барот како што сопственикот милува да ја нарече оваа рупетина. Директно наидуваш на дрско ќумбе од кое гори огин а до него стојат наредени дрва кои чекаат да бидат изгорени се со цел гостите пријатно да се осеќаат. Десно имаш една полупросторија каде што се сместени 2 сепариња, сигурно ова е вип делот каде на ѕидот обложен со дрвена ламперија има закачено новогодишни шаренобојни сијалички.
Во непосредна близина се наоѓа шанкот пред кое има едно високо столче на кое гордо седи сопственикот, газдата, избацивачот, односно дежурниот грижач за јавниот ред и мир, секако и ложач на огинот. Внатре во шанкот работи шанкерката односно домаќинката која е и келнерка воедно. Ваљда и скара мајсторка. Од шанкот па долж целата просторија објаснета подоле, место класичен ѕид имаш огромна завеса позади која поима неам што има, најверојатно е пуна сталажи со зимница, фридижер за длабоко, точак, гајби пиво, пакети вино, и понекое старо искршено столче.

Местото за обичните гости е исполнето со неколку мали и стари маси со по 4-5 дрвени, расклатени, старовремски столчиња, чат пат се наоѓа и некое пластично дворско столче. Масите се покриени со стар и никогаш испран, полн со дупки од цигари, чаршав. На некои од масите може да се види и мушама која фино лепо е прикована со шајчиња. Секако пепељари, рандом, но сепак брендирани како Камел, Малборо, Лорд, ХаБе и она староно знакче на Лаки Страјк. Рака на срце уредно истресени но неиспрани односно декорирани со улепен пепел и по некоја мастика.

Дел од гостите уживаат во мезе наречено кебапи сервирани во железен тањир. За пиење строго Скопско ѕидарско, бело и црвено вино. Нормално и ракија, домашна брља, мртва уста да ја пие. Не се сомневам во изборот на вина а тоа е амбалажата позната како социјалка односно бомба, пластична дволитарка, евтино и бедно отпадно купечко вино. Ние пиевме шприцер и од послугата добивме пластичен бокал каков што сеуште имам дома, жолт со портокалов капак на кое пишува Натурана, купен од продавница, гарант со гратис прашок за растварање со обид за вкус на сок. Бомба вино и кисела вода у пластично шише секако. Чаши обични и сите различни.

Од свадбарскиот звучник немилосрдно трешти хард кор и премногу тешка шабанарија која датира од златните времиња на култниот Јужни Ветар и нивните соработки со тогашните најголеми шабански ѕвезди во Ју просторите.
Клиентелата е воглавно машка, локална, неубаво облечена, која седи, пие и муабети, што би се рекло ја оправа државата. Се разбира сето ова стои додека не се вжешти атмосферата каде е тенка границата помеѓу ``шо ме глеаш`` и прегрнат со рандомец кој на уво ти вика `шта` на прелазот меѓу `зато што сам ти` и `веровала слепо` па заедно продужувате `волела сам те, лагао си лепо` итн.
Да, во вип ложата на сепарињата може да се види и некоја дама од Довезенце или Студена Бара излезена со дечкото кој претходно и се фалел кај ќе ја носи. Апсолутно ги знае сите песни, пие бунар од споменатото бомба вино мешано со Кватро сок со вкус на Швепс и јабуки директно од дворот на сопственикот на кафе барот.

Пригушеното црвено светло, новогодишните сијалички и зелената сијалица над самиот влез внатре, на кафе бар Буско му даваат една језива Дејвид Линчовска атмосфера од Blue Velvet и Lost Highway каде се прелева Enter the Void на Гаспар Ное измешан со Суспириа на Дарио Аргенто.

Сето ова еднаш го искусив напушен од сканк.

Поминаа години и кога бев прилично сигурен дека вакви места веќе не постојат на светов (хехе секако) бев шокиран кога пред 1 година мртов пијан и понесен од приватната забава кај едни пријатели србенди каде заедно со песните на Баја Мали Книнџа го вративме Косово онаму каде што припаѓа, бев однесен на докусурување во Трубарево, на местото едноставно наречено Кај Снеки.

Димната завеса предизвикана од фуриозното пушење цигари внатре во локалот за момент ти го попречува видикот и од прва не можеш убаво да го видиш сиот тој џган насобран внатре се додека не седнеш на обичната и нималце естетски дотерана маса каде се служи Скопско ѕидарско, бомба вино, за воља на вистината имаше и Тиквеш Смедеревка и кебапи сервирани во пластични тањирчиња со барут сув помфрит.

Во еден ќош е сместен синтисајзеристот на добро познатиот Корг за кој се сомневам дека воопшто свири во живо а не користи флопи диск или усб каде се ставени инструменталки од рандом шабанарии па овој со прстите само онака штрака по дирките на легендарниот инструмент. Низ локалот царува очајно лошата пејачка која повеќе крека одошто пее но сепак на пијаната стока тоа не и смета и ужива кога и пика пари и ја допира насекаде низ телото, секако дискретно.

Тогаш бев толку многу пијан што само шљокав од ѕидарското и ја посматрав целата таа атмосфера. Од страна сигурно изгледав како Џони Деп у Fear and Loathing in Las Vegas изупропастен од разно разни спидови, трипови, крокодили, метадони и кајкурзнам што друго.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Кајгано,
Кај го спомнав Дељадровце кај се запустив :facepalm: Замисли таква селендра испадна како добра инспирација за Џонтра, а ваму ми става тажни смајлиња, хипокризија, шта речи! Конташ?
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.423
Поени од реакции
19.541
Хахахахха @Lester Freamon брат, па Џонтра живи дирекно у Велес :icon_mrgr:

Овој у период кд беше у изо лацију(или рому)

Драа
Пост посфетен на Џонтра Волта

Којзнае колко ли гу пцуе корону
што не може да си гу види Симону
она е од Скопље а он е од Велес
иако личи на кософски мелез

Шалу се за Симону,она не ни постоеше
Џонтра на форум само лајкови броеше
А ск изолиран на изолир дури смрди
он много гадно пцуе,како да прди.

Пцуе и плаче како гладно маче
што за малце и он ке га убуташе негде
његово мало паче
он продужи и даље да си дрка
сс тој еврејско бели мугри раче

За малце и интер како ливерпул ке осфоеше, излези момче џонтра ке ни
поеше.

Џонтра ск не е заразен сто посто
До ск ке рипнеше уф Вардар од мосто
Ма њега ни корона уопште не га сака
он ке умре јуначки, а не од смрт млака

Дишиш ли Џонтра,одма да се јавиш
А не да се криеш и сс бело да се бавиш.Мора да признаемо
на сфи туј ни фалиш!!!
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.423
Поени од реакции
19.541
Драа Кајгана

Знаеш га оној чустфо кд гу имаш прву симпатију у градинку,кд ке ти гу купиф омилену играчку,прва петка у школу јеееее,чустфо на насмеано детстфо пред зграду куде дваес деца се играте изноени док не ве викаф родители преко тарасу. Чустфо на прф пољубац, фраерско багабонтски диверзие на прву екскурзију, прва бубуљица и мењање на псајходелик хипи стил,прва омилена касета од омилену групу,прво искачање на некоју лименку сок и грицке и шмекање на потенцијални партнерке, прво бегање од час, прф кец, прво драпање за гз, прва забава сс турлитава трак листа, прво пијанстфо, прф секс...
Чустфо на ежење на јајца од омилену траку на журку, прво мдм, афтери и седење до фториник, запознавање на араунд д маседониа френдз, прво работно искустфо, леееј прва плата, па ја иам мои паре бре алооооо
Чустфо кд седиш сс тфои најблиски, пиеш и мезиш омилени стфари, праиш едење по дома, живиш сс тфоју сродну душу, потпишеш се тамо дека коначно не си сам хаха
И тмн помислш сфе си изживеаја и прошја, дека ти е преко кур од пубертетски гужве, монотони срања и сфе и сфашта....
Е тк, тк ти се роди дете : )
Чустфо не се споредуе сс најјак оргазам,сс најак допамин,кокаин,елесди диемти и ајахуаске заедно.
TК се просфетлиш, тк се разбудиш,дивајн момент од трут,маџисн,неопишљиво чустфо Драа
Да смо живи и здрави сфи!
Сфи смо ми исти плодови на природу, од мама вода и татко с'лнце.Живот е чудо на природу, живите га најубаво, заслужуемо сфи!
И још едн пут ке ти кажу, сфи смо Ми богови, сфи стфарамо живот и смо деца божанстфени.
Ја бидна бог, ја стфори живот, да е живо и здраво мало Парватче!
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Драги дечки,

ве молам сите за поддршка на Асоцијацијата за цистична фиброза и нивната борба добивање на потребната терапија која ќе им ги олесни, подобри и пред се продожи животите на луѓето со цистична фиброза, но и на нивните семејства. Оваа модуларна терапија е достапна во земјите – членки на ЕУ врз основа на експертска проценка на Европската агенција за лекови (ЕМА), а лековите се достапни бесплатно, во рамките на јавното здравство, во Словенија, Грција, Англија, Шпанија, Шкотска, Данска, Ирска, Австрија, Франција и Италија. Се што треба е државата да склучи договор со компанијата и да се регистрира лекот во државата и заради тоа е направена петицијата. За тешките случаи фирмата го дарува лекот.
https://www.change.org/p/министерство-за-здравство-на-република-македонија-имаме-право-на-лек?redirect=false подпишете

https://radiopela.mk/петиција-до-мз-за-набавка-на-лек/?fbclid=IwAR1b5fcYXrMvVzOVa3F3tlpPSm01ym50FtSHd0-No2m-hhgiDP3PSHWHSE8 - повеќе за лекот, петицијата и болеста.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom