Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.479
Поени од реакции
16.101
Драга

Метев сабајлево пред дуќанот, се загледавме со една, триста филма ми поминаа низ глава, кога ме „разбуди„ гласот на соседот: Ајде мети бе, не зевај насекаде.

Сакав да го наденам на дршката од метлата.
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.600
Поени од реакции
6.019
Пак јас, или другите сте презафатени штом ништо не споделувате или јас имам премногу слободно време. Второво stimmt пошто ми дадоја 4 дена слободни, ама овај ми е последен па од утре поретко ќе ве трујам. :pipi:

Периодов без разлика што правам ме маваат флешбекој од детството, однадвор изгледам смирено, ама во суштина се чувствувам ко снешко што се топи од внатре. Ми фали мајка ми, беше толку посебна жена. Секоја една мисла која ми лета низ глава ме потсеќа на спомен со неа, на пример апсурдно, "се чуствувам како снешко што се топи од внатре" - со неа имавме правено снешко. Како вчера да беше ја гледам во дворот во Прилеп кај што ги истура жарчињата во снегот, истите чадат и од магма портокалови, поцрнуваат. Таа вели немаме морков, место морков ќе му ставиме сува црвена пиперка за нос. Капче и стар шал.

Се сеќавам на еднодневни тури на лето до Преспа, не е така убаво ко Охрид, но си го има шармот. Имав една кукла со црвена коса, ја ставав во вода сакав да гледам како косата полека и лебди. Ич не ја мачеја стереотипи, те гледа дека стоиш во Кинескиот пазар и ги гледаш убавиците, си вели ќе му купам една. Колку треба да го сакаш син ти за да направиш такво нешто? Пак пораснав во брадосан маж со долги црни косишта. Само тоа ја плашеше, немој да одиш на Уметничка Академија. Сакаше да бидам со костум и актовка, не за друго, тоа беше далечен свет за неа, мислеше дека во него ќе бидам безбеден и сигурен. Избричи ја брадата, изгледаш ко Хрватски Усташ. Па ќе се избричев вечерта > па ќе те види утрото одма и свети лицето > па иди бакнеж на образ и едно - ете таков те сакам.
Растажено смајли кајги, растажено. Нека дојди утрешниот ден, нови 7 дена работа едно по друго со ред, за да не мислам. Или со работа ќе ја угушам тагата или таа ќе ме угуши мене.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
И ова некој го вика расказ, некој го објавува, некој го купува. Лол, тажно.Прегледај го приврзокот 312769
Ми личи на оние микро раскази на Господинов, али не ми текнува дека сум го читал претходно.

Пиши го и насловот за да не го купувам, ако веќе не сум. :D
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.790
Поени од реакции
6.995
Ми личи на оние микро раскази на Господинов, али не ми текнува дека сум го читал претходно.

Пиши го и насловот за да не го купувам, ако веќе не сум. :D
Да не спомнуваме имиња, ама знам дека си упатен- па, само ќе напишам дека е штотуку испечатена. :))
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.671
Поени од реакции
21.769
Типови на пенис:
- голем
- нормален
- мал
- многу мал
- БМВ
- БМВ Х6 бела боја со затемнети стакла.
-
-
-
-
-
-
-
-
-
-
-БМВ Х6 бела боја со затемнети стакла и регистрација SK 6666-XX или Audi A7 со регистрација SK 7777-AA. Ако немаш 4 исти цифри на регистрација кои соодветствуваат на моделот што го возиш џабе си купил и БМВ и Мерцедес и Ауди.
 

ŠtrokaviMozak

Marijana Vutric
Член од
10 ноември 2021
Мислења
16
Поени од реакции
69

0:03 Почнува инстументалката
0:10 Почнува забавата
0:12 Пане chicken dance
0:17 Крофнава позади Пане се кези и се церека
0:20 дебелата момичка му се приближува на Пане
0:23 седнуваат да мезат у позадина
0:23 Пане влага во фантастичен dance modе
0:24 ПАНЕ P.I.M.P
0:24 Овој мисиров у црнава кошула (најлево) проверува по маси шо има останато од мезе
0:30 "Ниту прв - ниту последен е, да е твој ама ти да бидеш со мене''
0:32 Само пичиња околу Пане
0:35 Дебелата момичка прашува "ЈАС ДА БИДАМ СО ТЕБЕ?''
0:39 Рацете од Пане на половината од Гавазова (за да не се осети непосакувано Гавазова)
0:40 Гавазова се смее ама во главата сигурно почнува да размишља нешто
0:45 Друг мисир у црна јакна игра оро (најлево)
0:49 Трет мисир у црно плеска со руки 3 пати ко у стил "Ајмо, ајмо!'' (најдесно позади)
0:52 " Дали љубовта е само каталог? ''
0:54 Chicken dance од мисиров најдесно уз шмекање на дебелата момичка
0:55 Пане се внесе во траката
0:58 Сериозна Гавазова
0:59 " ЛОША ТИ СИ ЛОША, ЛОША ТИ СИ ЛОША...'' (рефрен)
1:01 Мисирот во црно најлево се распали и почна да скока
1:05 Гавазова го пипа Пане и прашува "Ја сум лоша?!?!'' уз благ осмех
1:07 ''ЛОША ТИ СИ ЛОША'' - Пане кон Гавазова
1:10 Елката почиња да денса
1:17 Интересен денс од страна на Пане
1:20 Вруќина го фати некое опасно бате у позадината со црна капа
1:21 Елката почиња да мрда и да фаќа ритам
1:24 Оваа па крофнава у штикливе најдесно се фаќа за глава и се гази од смеење
1:27 Паѓаат лампиони, све се руши, настануе хаос, Пане кууууууур го болииии, се надроксал за сите пари
1:29 Овој па мамалзов ја опнал тоа машната од елката на кошулата и пробува да го плаши камерманот
1:33 Оваа па овцава избега позади
1:38 ''Што правиш кога дома јас те оставам?''
1:42 Гавазова се прчи и се прави важна
1:45 Овој па овчаров па претрчува пред камера наведнат мислејќи дека нема да го фати камера у кадар
1:47 Опасно бате со црна кожна јакна и капа и раце у џеб улетуе меѓу Пане и Сузана Гавазова
1:48 Батето прашуе ''У реду е дечки све, така?''
1:50 Опасното бате си ја пипа капата, ја враќа рака у џеб и упатува остар поглед кон Гавазова
1:56 Пане и вика на крофнава дека имала некој супер жиголо
1:58 Мисиров најлево си ја става ѕвездата од елка на глава
2:03 Гавазова се прави важна повторно
2:05 Мисиров од најлево ја симиња ѕвездата од елката од уво у ја става на показалец да ја врти
2:10 "ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЈЈЈ БАШ СИ ЛОША "
2:12 Елегантно приближување од страна на Гавазова кон Пане
2:14 Мисиров па у костумов најдесно и се става на оваа до него со зборовите "Ти си лоша''
2:15 Овој па другиов дегенерик се смее позади.
2:22 Дур песната праи прелаз, Гавазова повторно прашува дали е лоша.
2:25 Пане вика ''никако''
2:30 црвени лампиони
2:31 Дечково најдесно денса ко да е обесен за греда у подрумот на дедо ми
2:37 Опасното бате си најде другарче
2:44 "Даааали љубовтаааа е самоо кааатаалооог? "
2:45 Опасното бате со капата се клацка лево десно со другарчето
2:49 Види ги овие двајцава од десно како се гушнале и скокаат
2:53 Крофнава и вика на Гавазова ''Ти си лоша!!''
2:57 Гавазова ги мести 2те крофни дека они се лоши.
3:02 Пани и крофната се убедуваат со Гавазова и другата крофна кој е лош.
3:05 ''Ееееејјј башшш си лошшшааа, лооооша девојка''
3:11 Овие па глупердиве десно се гушнале ко за на полуматура
3:14 Батето го посматра Пане
3:16 Завршува битот

14 мај, 2014 година, Република Македонија.
Пане Панев - Лоша девојка

Ај одам да испијам литро отров и да умрам на мира, јас сум ненормален човек.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.969
Добро утро Кајги, врачам ти се ја...

Знајш шо, не знам зашто ко ќе видам кола со крушевски таблици, ми иди да се тргнам настрана. Пред/во кружен тек не знаат да се престројат. Денес си чекам на раскрсница, бап зелено, си тргнувам, и ми го сечи патот крушевска кола. Застанав, му свирам, ме гледа ко теле со фаца као демек "Зашо ми свириш?"
Па дека си убав ебате беља. Ми сечиш пат, поминуваш на црвено. Ај семафорот од таа страна да речиме не работи, од десна страна сум ти стоко!
Не ги можам Кајги стварно. Не се тие криви што немаат раскрсница или кружен таму горе...

Времево убио, тмурно. Го обожавам ^_^
Ко некој диспечер сум, само од работа ми се јавуваат. Ај у пм!
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.240
Поени од реакции
22.438
Драга,

видеово на Штокави Мозак можеше да се сумира во една реченица наместо во толкав реферат :
Како би изгледал кринџот доколку би бил видео од прослава на Нова година.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom