Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.327
Поени од реакции
6.221
Твитер е злато од кога заврши првиот круг па навакај.
Солзи комуњарски флаширани во шишиња со натпис слободно либерално едно општество за сите.
Волку плачење немало од времето другарот Тито кога умре или Касандра ја затворија под лажно обвинение.
Седнале твитаат, еве го антихристот ВМРО дојде, се ќе умирате сите, сеа за леб ќе немате, ако ви е, сами си го гласавте и останати партиски мотивирани твитови на безмозочни едноклеточни системи.
Вистината е дека прва работа што ќе ја направи секоја нормална власт е да им ги укине грантовите за педофилски кампови и останати woke срања, пари за вазелин, пари за граѓанство кај што си џиткаат по 10.000 евра за проектен менаџмент на проект што опфаќа пуштање видео презентации од усаид по школи и останати глупости со кои го пумпаат буџетот неолибералниве дркаџии.
Цицај го Василе и ти и амон сра и распеани дркаџии и сите други што ве воспитале за добра пара да си ја ебете сопствената мајка.
 
D

dobramuzika

Гостин
се што ми е потребно за да бидам среќен е - покрив над главата, кревет, два до три оброка дневно, нес со малку млеко и без шеќер, по некое интересно книжуле за читање и квалитетна серка пред да испаднам за на работа.
 
O

onefifty

Гостин
Се потсетив на многу убави времиња ради темана за кајгана сонг контест и ме фати јака носталгија, па да си споделам.

IMG_0643.jpg

Се осеќав ко најбогат човек на свет, со непроценлива вредност на колекцијата. Никогаш не ми беше досадно или штуро, секогаш квалитетна музика во позадина. И ден денес е така, штета што немам ЦДРОМ за да патувам назад во минатото. <3
Колку само убави пијани и хаотични ноќи, непредвидливи.
:love:
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.329
Поени од реакции
27.872
Никогаш не сум се врзувал за материјалните нешта. Се радувам кога нешто сам ќе си купам или приуштам, ама знам дека еден ден ќе го немам од X причини.
Теоретски не е мој, под кирија сум ама веројатно кон крајов на годинва ќе се разделам со мојот прв стан. Во него имам и добри и лоши спомени. За мене тој стан има посебно значење, не од финансиски аспект туку како дојдов до него.
Сам одам во непознат град, кој претходно сум го видел само еднаш. Сум тргал пари на страна со месеци, сум си имал некоја замисла што би сакал да има во тој стан. А, немав многу време за барање, почнував со работа и спиев кај другарка привремено дур не го најдам идеалниот стан.
После 10тици разгледувања, изборот падна на 2. Едниот во строг центар, другиот малку на страна. Двата имаа предности и маани, ама одлуката падна на овој вториот бидејќи беше блиску до другаркава и повеќе ми одговараше за работа.
Станот беше празен, само кујнски елементи. Купив еден душек и перница и машина за перење. На поклон добив основен кујнски прибор. И тоа беше се за првиот месец.

Во наредните 6-7 месеци скоро цела плата идеше на уредување, од кревет, полици, столици за јадење, за биро, за тераса, маса, шпорет, цел кујнски прибор и милион ситници потребни за нормално функционирање.
Ова ми нема никакво финансиско значење освен борбата и колку пожртвуваност беше потребна за да можам да живеам нормален живот.
И не ги памтам цените ама го памтам секој ден поминат во икеа и останати продавници. Ја памтам секоја одлука што да се купи, дури и кој ден што сум купил. Станот е сега целосно опремен и секое парче ми носи некакви мемории.

Тука првпат пробав лосос, пројадов суши, научив да готвам повеќе од јајца и месо да испечам, ги платив првите сметки, и за првпат има мој потпис. Највеќе ќе ми фали тоа што секој ден гледав зајдисонце, и уживав во сите годишни времиња. Погледот од станот е непроценлив.






 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.218
Поени од реакции
22.392
Драга,

нели на форумов имаше некој што тренираше зумба?
Редно време е да напише контрапост.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.602
Поени од реакции
8.467
Сите луѓе имаат по некој талент, кој за лопов, кој за да пишува за таленти, кој за фудбалер, кој за зумба играње и т.д......ама тоа не не спречува да пробаме свашта. Има и аматерски лиги за се покрај другото.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.238
Поени од реакции
27.577
Се навршуваат 20 години од крајот на војната во 2001 година.
Редно време е да се сетиме и да посветиме внимание на творештвото од тој период - воените патриотски песни или химни како сакате.
Споредено со воените турбо фолк песни од останатите екс ју држави и комплетниот увосилувачки кич од албанците извинете ама Дуа Липа не помага тука, македонските воени песни се чиста уметност. Од мелодија, до текст, се приметува љубовта и трагедијата за настанатата ситуација во 2001 година. Чиста елегија.

Ко за почеток, мојот личен фаворит: Андријана Јаневска - Своја на Своето

Сите мои корени,
стари се и длабоки
во тебе растени,
растени со векови ...
Мојте први чекори,
први детски зборови
тука ги направив
сведок си ти ...

И сега некој сака се да ми украде ...


Сето ова аранжирано со убавините на Македонија, и АРМ, и сеуште ми одѕвонува оваа песна и нејзините стихови.


Калиопи - На пат до Македонија

Безброј немирни лаги
твој се извор на таги
земи го огнот
и под небото твое ти простри го

И нека гори се додека не не здоболи
за се она што било
без ниту еден траг од совести




Кристина Арнаудова - Ѕвонете чекори херојски

Ниедна заседа нема да спречи лавина
Куќите дедови назад ќе бидат вратени,
Живот се дарува за Македонија.


Класична милитаристичка поп нумера, да беше сириска ќе беше познатата God, Syria and Bashar


Honorary mention: Група изведувачи - Македонијо те сакаме

Горе глава земјо вековна,
После дождот сонце изгрева
Туѓа рака граблива
Нема сила да те совлада

Горе глава свеќа запали
Имаш многу храбри синови
Нека бидат јунаци
Господ патот ќе го осветли


Песната е во Honorary Mention затоа што Искра Трпева толку лошо го пее нејзиниот дел, дури комично е. Доколку би се направил римејк и малку по класичен аранжман, песната би била супер.


Апсолутен победник: Орце Стевковски - Од каде дојдовте

Вие добро знаете што направивте.
Многу брзу наше добро заборавивте
и со пушки, клети да сте, на нас тргнавте
наши мајки браќа сестри во црно завивте.


Класичен македонски мелос, 7/8ки, текст растура секој збор, секој стих подобар од претходниот. Орце како најголем патриот, потоа ќе напише по една нумера за секој член на ВМРО, секој премиер на ВМРО има посветена песна од него. Доколку и вие сте член на ВМРО, побарајте во негово студио може има и за вас нешто.



Песните се напишани во доста турбулентно време, и жал ми е што веќе не е модерно јавно да се изрази и да се компонираат патриотски дела.
Работите се сменети, и за жал најлошите стихови кои служеа за предупредување се остварија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom