Ниеден друг тренер што некогаш водел тим во ЛШ немаше да ја изгуби оваа утакмица после таква партија на Томовски во прво полувреме и +3 на волку ослабен и неорганизиран Кил... Дури и Загреб што е за 3 класи послаб од нас, ќе добиеше ваква утакмица, ама не и Вујо.. што е право, право си е, чоекот е тренер со квалитети за Сеха а не за ЛШ и слично. Прво, никогаш ментално не се промени, сите играчи освен Тимур играат во грч зашто никој не знае во даден момент како ќе изреагира болесникот, дали ќе се фати за глава, дали ќе почне да ги шири рацете или ќе почне на сред утакмица да ги бута со раце и у фаца да им се дере ко што му праи на Кудуз... па не Кудуз, ни Хансен нема да може да игра, некој притисок да му праи вака да му урла у фаца и да го бута, да го седнува на клупа па да го враќа одма после... друга работа, една асална акција нема припремено за шут под пасивен, не дај боже па да имаме акција за чиста позиција на бек, се е на индивидуален квалитет и индивидуален потег ако повлече некој сам.. Десно крило во неговите замисли како позиција не постои, Џука и Гоце играат ради реда за да враќаат топки назад до бековите. И со Монпеље и со Кил поразите се само на негова сметка, дури имаше и момент кога не ни примети дека сме под пасивен напад, и прави замена на 4,5 останати додавања го става Столе во игра а Џукич седи длабоко на крило и нормално нема доволно време да се врати да се смени со голман.. Му урла на Гаџа а дечкото уште на глава не е врзан и на глава не е повреден, игра по 60 минути 2,3 натпревара неделно, така не можеш ни во мак-првенство не па ЛШ. Исто, сигурен сум дека сите се сеќавате, губевме и со Раул и со Парондо натпревари и во ниту еден момент ниеден од нив не рече играчите се вакви, играчите се такви, не изиграа ко што треба и слично туку секогаш вината за секој пораз ја превземаа они, цела одговорност кажуваа дека е на нив, затоа и играчите гинеа за нив. Убаво кажа некој погоре, Њокаси, играчи со освоено СП, ЕП, Олимписки игри после секој напад се вртат накај него да видат како ќе реагира на секој потег. За да бидеш тренер на тим што сака да игра 1/4 финале во ЛШ, па дури и да брка Ф4, треба многу повеќе од добра релација со навивачите.