Фан клуб - РК Вардар

Член од
27 септември 2015
Мислења
598
Поени од реакции
614
 
Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.323
Поени од реакции
3.795
Неколку точки кои се однесуваат на денешната, но и на претходните неколку мечеви:

- Играта во напад ни е практично непостоечка! Првиот меч против Мешков буквално го добивме на ура и на расположението на Њокаси кои практично сами го добија мечот. Мечот против Алборг го извади поддршката од публиката и феноменалниот Борко. Најголемиот дел од головите ги даваме заради индивидуални потези на играчите. Делуваме како да немаме никаква течност во протокот на топка и како да играчите не умеат да се читаат меѓусебно. Дали е ова заради Вујо, дали е заради профилот на играчи кои ги имаме или комбинација од двете немам поим, но со ништо не сум убеден дека нешто работиме на тоа поле.

- Не ја разбирам одлуката за толкаво форсирање игра 7 на 6. Мислам Вујо од секогаш бил тврдоглав и се "коцкал" (дури и во деновите кога ги направи најголемите успеси со Загреб), но јас сум сигурен дека ако направат една анализа колку пати сме успеале да дадеме гол на овие 5 ЛШ мечеви кога сме играле 7 на 6, а колку пати сме изгубиле топка, направиле техничка грешка и примиле гол како резултат на тоа, тогаш нема шанси позитивните страни да се пред негативните. Плус, еден многу битен момент во целиот овој муабет се Томовски и Борко. И Борко и Томовски се голмани чија што силна страна се одбраните кога се оставени еден на еден против играч (оние што ги викаме зицери). Ние свесно се ставаме во ситуација да форсираме нешто во кое што имаме склоност да губиме многу топки, а во исто време при тие изгубени топки нема кој да го брани нашиот гол. Логика НУЛА.

- Нити Кудуз, нити Талески се играчи кои сами ќе направат простор и ќе дадат гол. И на двајцата им е потребен брз среден бек и пивот кои ќе знае добро да блокира, па да се создаде шанса за они да се дигнат на шут и да се даде гол. Гаџа не е тој среден бек. Кудуз даваше по 4-5 гола на утакмица во Динамо, ама до него како организатор го имаше тунижанецон Алуини кој везеше на терен.

- Во една таква ситуација покрај десноракиот Њокас кој е играч кој има некое движење и умее да извади некој луд потег, не знам зошто не сме се обиделе во напад да му дадеме шанса на Диало? Дечкото е дефанзивец примарно да, но има движења добри и знае да пробие низ зона. Диало-Гаџа-Њокас или Куни сеедно е бековска постава која би сакал да ја видам.

- Не очекував и не очекувам чуда од сезонава. Апетитите на сите ни скокнаа после мечевите со Алборг и Мешков но реалноста ни затропа многу брзо на врата. Се надевам дека ќе се направи се да се освои титулата дома, како приоритет број 1. Да се пројде група во ЛШ е исто така многу важно, но уште поважно треба да биде менаџментот и пазарењето за следната сезона. Вакви глупави потези, да во составот имаме тројца средни бекови, а од нив употреблив да биде само еден, не смее никогаш повеќе да ни се случат!
Кудуз е во страшен грч. Јасно дека му фали среден бек за да го разигрува како во Динамо, ама во неколку наврати во втората половина на второ, се креваше на скок, имаше релативно чиста позиција и не се осмелуваше да шутне, туку се обидуваше нерезонски да го проигра Тото кој беше чуван од двајца играчи. Дали Вујо е виновникот за стравот што го има Кудуз, не знам. Има голема шанса токму он да е причината.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.033
Поени од реакции
5.477
Кудуз е во страшен грч. Јасно дека му фали среден бек за да го разигрува како во Динамо, ама во неколку наврати во втората половина на второ, се креваше на скок, имаше релативно чиста позиција и не се осмелуваше да шутне, туку се обидуваше нерезонски да го проигра Тото кој беше чуван од двајца играчи. Дали Вујо е виновникот за стравот што го има Кудуз, не знам. Има голема шанса токму он да е причината.
Да, се сеќавам на ситуациите и јас и луѓево околу мене го коментираа и се чудеа за истото.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
Ова сигурно мисли на Кудуз. Ептен му беше накурчен.
Автоматски споено мислење:

Ова сигурно мисли на Кудуз. Ептен му беше накурчен.
 
Член од
27 септември 2015
Мислења
598
Поени од реакции
614
Ова сигурно мисли на Кудуз. Ептен му беше накурчен.
Многу не јебе и домашново првенство каде што е принуден да игра со комбиниран состав,исто и сеха лига уште не е почната.Во нормалните времиња си имаа квалитетни утакмици у сеха и тимот си се уиграваше...овака во домашново им иде нешо ко појак тренинг нит мотивација нит бутур..Сезонава од навивачка страна треба да ни биде уживање,како што кажавте без претерани очекувања.У осмина финале да крца Јане Сандански 2 утакмици се се е можно...

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.323
Поени од реакции
3.795
Инаку, не сакам никогаш да се вадам на судењето, Кил изигра страшно второ полувреме и заслужено победи. Ама во моментите кога бевме на -2 судииве им дозволија три минути да напаѓаат без да погледнат накај голот. На тоа да додадеме дека Дувњак ни даде гол од соблекувална кога беа со двајца играчи помалце. Такви моменти екипа како што е Кил едноставно не може да не ги искористи.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
Многу не јебе и домашново првенство каде што е принуден да игра со комбиниран состав,исто и сеха лига уште не е почната.Во нормалните времиња си имаа квалитетни утакмици у сеха и тимот си се уиграваше...овака во домашново им иде нешо ко појак тренинг нит мотивација нит бутур..Сезонава од навивачка страна треба да ни биде уживање,како што кажавте без претерани очекувања.У осмина финале да крца Јане Сандански 2 утакмици се се е можно...

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
Да, тоа се слагам. Ептен дебилен потез е тоа што се дешава во Македонско првенство. Него гледам дека Вујо на некој начин се дистанцира од одговорност префрлајќи ја вината на ракометарите на начин што не го пренесуваат договореното на терен. Посебно ја спомна ситуацијата на почеток на второ кога се има напад за +4, а Оливие му ја дава на играчот на Кил у раце, примаме непотребен гол и од тогаш се трга надоле. Истото го посочи и за Кудуз и за Гаџа. Исто имаше тајм аут, им кажа акција нешо, Гаџа врти и фрла цепелин у облаци , Кил лагано ја земаат топката и фрчи контра. Факт е дека без брз среден бек не може да се прават успешни вкрстувања а со тоа и да се отвора поголем простор за бековите, и тоа е тоа што ептен кочи. Може па со оглед на ситуацијата попаметно е да им да дава на бековите да трошат топки со шутеви наместо да пробуваат да искреираат акции за пикер кога се гледа дека се дудуци за таа работа. Па еднинствените саглам пасови кои ги добива Тумур сезонава се пасовите без гледање од Столе. Тешко, треба многу работа ако сакаме да не ги гледаме овие репризи до крај на сезона. Пак ќе кажам мене сезонава ми е најмногу да бидат спремни за одбрана на тутулата дома, а за апетитите во ЛШ, ќе видиме по тоа што ќе се донесе ново.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
Ова сигурно мисли на Кудуз. Ептен му беше накурчен.
Автоматски споено мислење:



Ова сигурно мисли на Кудуз. Ептен му беше накурчен.
Со оглед на тоа што говори во множина, можно е да мисли и на двајцата (тале и кудуз).
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.840
Поени од реакции
3.293
Не ми се верува дека оној вечно повредениот ни даде толку голови и правеше продори да шутира и од 6 метри. Првото беше супер изиграно, ама второто безвезе и криво ми е дека можеше да ги победиме. Томовски топ брани, така и да продолжи!
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.459
Поени од реакции
3.482
Ја гледам сеа снимката... Вујо му се дере на Гаџа што се влечеш по терен... Абе дебил еден, иди ти играј 60 минути у напад! Кој ви е крив кога не мислевте на време. Со еден среден бек ли ќе терате сезона, мислевте, алал да ви е!!!!
 
Член од
13 август 2019
Мислења
416
Поени од реакции
2.111
Ниеден друг тренер што некогаш водел тим во ЛШ немаше да ја изгуби оваа утакмица после таква партија на Томовски во прво полувреме и +3 на волку ослабен и неорганизиран Кил... Дури и Загреб што е за 3 класи послаб од нас, ќе добиеше ваква утакмица, ама не и Вујо.. што е право, право си е, чоекот е тренер со квалитети за Сеха а не за ЛШ и слично. Прво, никогаш ментално не се промени, сите играчи освен Тимур играат во грч зашто никој не знае во даден момент како ќе изреагира болесникот, дали ќе се фати за глава, дали ќе почне да ги шири рацете или ќе почне на сред утакмица да ги бута со раце и у фаца да им се дере ко што му праи на Кудуз... па не Кудуз, ни Хансен нема да може да игра, некој притисок да му праи вака да му урла у фаца и да го бута, да го седнува на клупа па да го враќа одма после... друга работа, една асална акција нема припремено за шут под пасивен, не дај боже па да имаме акција за чиста позиција на бек, се е на индивидуален квалитет и индивидуален потег ако повлече некој сам.. Десно крило во неговите замисли како позиција не постои, Џука и Гоце играат ради реда за да враќаат топки назад до бековите. И со Монпеље и со Кил поразите се само на негова сметка, дури имаше и момент кога не ни примети дека сме под пасивен напад, и прави замена на 4,5 останати додавања го става Столе во игра а Џукич седи длабоко на крило и нормално нема доволно време да се врати да се смени со голман.. Му урла на Гаџа а дечкото уште на глава не е врзан и на глава не е повреден, игра по 60 минути 2,3 натпревара неделно, така не можеш ни во мак-првенство не па ЛШ. Исто, сигурен сум дека сите се сеќавате, губевме и со Раул и со Парондо натпревари и во ниту еден момент ниеден од нив не рече играчите се вакви, играчите се такви, не изиграа ко што треба и слично туку секогаш вината за секој пораз ја превземаа они, цела одговорност кажуваа дека е на нив, затоа и играчите гинеа за нив. Убаво кажа некој погоре, Њокаси, играчи со освоено СП, ЕП, Олимписки игри после секој напад се вртат накај него да видат како ќе реагира на секој потег. За да бидеш тренер на тим што сака да игра 1/4 финале во ЛШ, па дури и да брка Ф4, треба многу повеќе од добра релација со навивачите.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Ова е само уште еден показател дека врска немаат што прават на клупа,не се знае кој влегува кој излегува,секој напад или одбрана се менуваат плановите во зависност од тоа колку е нервозен Вујо.
Неможе екипа што игра Лига на шампиони да прави вакви киксови.

 
Член од
27 мај 2018
Мислења
726
Поени од реакции
1.257
Ова е само уште еден показател дека врска немаат што прават на клупа,не се знае кој влегува кој излегува,секој напад или одбрана се менуваат плановите во зависност од тоа колку е нервозен Вујо.
Неможе екипа што игра Лига на шампиони да прави вакви киксови.

tie raboti vo princip butin treba da gi pazi ..
 
Член од
13 август 2019
Мислења
416
Поени од реакции
2.111
tie raboti vo princip butin treba da gi pazi ..
Така е... не е дека на други тимови не им се десило вакво нешто, али ова е работа на Бутин и негова грешка... јбг не се одбранивме ни со 7 :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom