Фан клуб - РК Вардар

Член од
18 декември 2019
Мислења
599
Поени од реакции
1.665
Веројатно Кил и онака ќе победеше но какво срамно судење пред крај... Пасивна игра 2 минути и со 15 додавања, германците почнаа на својата половина да се враќаат
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Воопшто не е срамота ваков резултат со овој квалитет на ростер против Кил, ама жално е со оглед на тоа колку беа победливи денеска.

In game менаџментот секад бил слаба страна на Вујо, така и на оваа утакмица. Скроз се изгуби у второ полувреме и не знаеше како да му врати на Јиха, едноставно овие пребрзи ротации веќе не функционираат во модеениот ракомет, не можеш само 2 напада да му дадеш на играч и да го извадиш и да смениш 7 бековски постави во текот на мечот. Многу беа стерилни у напад, Гаџа стагнира во играта, Кудуз е па у слободен пад моментално. Се плашам дека и магијата на близнаците се потроши и дека веќе снемаа сила и се прочитани.

Со овој тим и со таква игра во напад толку може да се очекува, но сепак штета...
 
Член од
24 август 2021
Мислења
93
Поени од реакции
255
Секоја утакмица иста песна, веќе не ми се ни коментира од што на ист начин ги губиме сите утакмици.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
Ја глеав прво Киелце-ПСЖ, па после нормално нашиве. Небо и земја. Треба да бидеме реални и да кажеме дека сме просек и тоа е тоа. Имавме добар старт на еуфорија, Њокасиве на тие натпревари беа лавови ама како поминува времето стануваат маченца. Некако преовладува впечатокот дека од натпревар во натпревар наместо да сме подобри, со нови идеи, акции, поцврсти во одбрана, ние све обратно. Па овој Кил рака давам дека беше печен за пораз, и секоја нормална екипа ќе победеше денес. Швабиве десеткувани, чак и мене ме изненадија колку беа очајни и на мускули на искуството на Дувњак и нашата очајност не победија. Колку беа уморни воопшто и да не спомнувам. Не знам, ако продолжиме на овој начин имам впечаток дека полека ќе се посере и атмосфера и се, и ќе стрепиме и за домашната титула. Така некако ми изгледаат работите во овој момент. Кудуз станува дискутабилен, како тргнало ќе испадне полош и од Гаџа. За Њокасиве веќе спомнав, као некои маченца исплашени. Чак више ја немаат ни онаа прославата на голови со покажување на мускули. Се некако иде на тоа дека почетните натпревари им беа на еуфорија, ама ајде да не кењам и ја пред време. За со Радовиш и остала боранија лесно е да се даваат голови, на вакви натпревари треба муда и квалитет. За голманите не можам да кажам лош збор денес си го имаа денот, али кога нема кој да го валоризира тоа џабе е се. Едноставно немаме никаква паметна игра, со осмислена акција, а и тоа што ќе пројде или го промашиме во најлош можем момент за нас или ќе биде кога е се готово. Наместо од натпревар во натпревар да ги намалуваме техничките грешки ние тераме бетер. За среден бек е кажано, ама тоа е, очигледно ќе се тера сезоната така. По мене оваа сезона треба да се фокусираме само на одбрана на домашната титула а натпревариве од ЛШ да ги користиме како силен тренинг. Ако како резултат на тоа дојде уште некоја победа супер, ако не нема љутња.
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
874
Поени од реакции
2.658
Момци после тој огромен подем во првите неколку кола, со ваква нова екипа се очекуваше овој пад.
Треба трпение ќе биде подобро.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.521
Поени од реакции
3.665
Да се живи и здрави од Металург што бог знае како успеале да ги прелажат Њокаси да дојдат летово тука, без нив бодови ќе видевме само од Мешков досега и тоа можеби. Браќава се прилично неинтелигентни за ракомет, ја имаат само шут-играта како огромна предност и имам чувство дека Вујовиќ им го одзеде и тоа со некои непотребни изјави и реакции и на тајмаути и по медиуми, дека ракометот бил игра со мозок не само шут. Тотално се изгубија, многу поретко се решаваат да одат на шут и се приметува дека се уплашени од негова реакција, после секоја грешка во напад/одбрана прво што прават е се вртат накај клупа да не го изнервирале. Не е човекот за голем клуб, не постои ниеден друг тренер во ЛШ кој онака драматично се држи за глава после индивидуална грешка на негов играч во стил леле колку си глуп што направи.
Гаџа апсолутно не заслужува критики затоа што игра од срце и до максимум се троши на терен, едноставно нема квалитет за прв бек на екипа од ЛШ и тоа е тоа. Од друга страна Кудуз како и што очекував е тотален промашај од засилување, Талески двојка, не фрла кога има чиста позиција, па ќе фрли од неизградена позиција и ако му ја фатат првата топка боље седни го на клупа зошто да се осмели да шутне пак во наредни акции нема шанса. Гаџа за разлика од него два пати да го разнесат одбранбените при влез или да му ја фати голман и во третиот напад ќе тргне на ист начин и ќе поентира или изнуди пенал.
Томовски е најпријатно изненадување досега за мене, апсолутно не очекував после малата минутажа која ја добиваше во Германија вакви игри да прикажува сега. Воопшто голманската позиција покрај Дибиров ни е најстабилна страна во тимот. Секоја чест и за него и за Борко за досега изиграното.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.639
Поени од реакции
7.509
3:0 Вујо против Вардар.

Трет натпревар во ред кој го продава со глупата тактика седум на шест. Буквално успеа да сврти сам натпревар денеска со тоа што цело второ полувреме ја форсираше. Гледа дека кога идеме со седум во напад се прави гужва и бековите не можат да дојдат до позиција за шут, и упорно братот си тера и си тера и си тера.
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.897
Поени од реакции
9.494
Незнам само шо сакате со овој ростер и тренер ова е максимум битен е жарот со кој пристапуваат на секој меч кога се има желба ќе дојдат и резултати плус овде имате пола и поќе играчи шо играат заедно 2 месеци. Само да не се нарушит духот шо го имаат се гледат дека среден бек сте тапа а без организатор тешко ојт.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.849
Поени од реакции
10.444
Њокасите се лимитирани од Вујо треба да им даде слобода, среден бек очајно ни треба па која разлика се осети во неколку напади кога Дибиров таму играше и дефинитивно тука се изгуби натпреварот


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.324
Поени од реакции
3.795
Гаџа у моментов не може ни во Загреб да се врати. Можеби во Нексе. Не памтам кога последен пат сме биле толку очајни и неинвентивни на среден бек. И Кудуз нека си го земе со него.
 
Член од
27 септември 2015
Мислења
598
Поени од реакции
614
Мислам за Кудуз дека треба да му се даде повеќе време па да го тераме у пм...сепак дечкото имаше повреда на зглобот и ова му е тек трета утакмица ако не се лажам.Атмосфера у сала до сеа најтапа,пола Македонија беше дојдена...тепаше Тимчо у Аеродром и почнаа и беретки у сала да се појавуваат(многу луѓе што прв пат ги гледам у сала).Исто и Комити мислев дека ќе крца нивната трибина,не дека не беа солидна бројка но сепак...против Момпеље далеку подобра атмосфера имаше...
 
Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.324
Поени од реакции
3.795
Мислам за Кудуз дека треба да му се даде повеќе време па да го тераме у пм...сепак дечкото имаше повреда на зглобот и ова му е тек трета утакмица ако не се лажам.Атмосфера у сала до сеа најтапа,пола Македонија беше дојдена...тепаше Тимчо у Аеродром и почнаа и беретки у сала да се појавуваат(многу луѓе што прв пат ги гледам у сала).Исто и Комити мислев дека ќе крца нивната трибина,не дека не беа солидна бројка но сепак...против Момпеље далеку подобра атмосфера имаше...
И околу мене имаше некои чудни фаци, што не сум ги гледал на други утакмици. А да не збориме какви се таблици беа паркирани по околниве паркинзи.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.033
Поени од реакции
5.477
Неколку точки кои се однесуваат на денешната, но и на претходните неколку мечеви:

- Играта во напад ни е практично непостоечка! Првиот меч против Мешков буквално го добивме на ура и на расположението на Њокаси кои практично сами го добија мечот. Мечот против Алборг го извади поддршката од публиката и феноменалниот Борко. Најголемиот дел од головите ги даваме заради индивидуални потези на играчите. Делуваме како да немаме никаква течност во протокот на топка и како да играчите не умеат да се читаат меѓусебно. Дали е ова заради Вујо, дали е заради профилот на играчи кои ги имаме или комбинација од двете немам поим, но со ништо не сум убеден дека нешто работиме на тоа поле.

- Не ја разбирам одлуката за толкаво форсирање игра 7 на 6. Мислам Вујо од секогаш бил тврдоглав и се "коцкал" (дури и во деновите кога ги направи најголемите успеси со Загреб), но јас сум сигурен дека ако направат една анализа колку пати сме успеале да дадеме гол на овие 5 ЛШ мечеви кога сме играле 7 на 6, а колку пати сме изгубиле топка, направиле техничка грешка и примиле гол како резултат на тоа, тогаш нема шанси позитивните страни да се пред негативните. Плус, еден многу битен момент во целиот овој муабет се Томовски и Борко. И Борко и Томовски се голмани чија што силна страна се одбраните кога се оставени еден на еден против играч (оние што ги викаме зицери). Ние свесно се ставаме во ситуација да форсираме нешто во кое што имаме склоност да губиме многу топки, а во исто време при тие изгубени топки нема кој да го брани нашиот гол. Логика НУЛА.

- Нити Кудуз, нити Талески се играчи кои сами ќе направат простор и ќе дадат гол. И на двајцата им е потребен брз среден бек и пивот кои ќе знае добро да блокира, па да се создаде шанса за они да се дигнат на шут и да се даде гол. Гаџа не е тој среден бек. Кудуз даваше по 4-5 гола на утакмица во Динамо, ама до него како организатор го имаше тунижанецон Алуини кој везеше на терен.

- Во една таква ситуација покрај десноракиот Њокас кој е играч кој има некое движење и умее да извади некој луд потег, не знам зошто не сме се обиделе во напад да му дадеме шанса на Диало? Дечкото е дефанзивец примарно да, но има движења добри и знае да пробие низ зона. Диало-Гаџа-Њокас или Куни сеедно е бековска постава која би сакал да ја видам.

- Не очекував и не очекувам чуда од сезонава. Апетитите на сите ни скокнаа после мечевите со Алборг и Мешков но реалноста ни затропа многу брзо на врата. Се надевам дека ќе се направи се да се освои титулата дома, како приоритет број 1. Да се пројде група во ЛШ е исто така многу важно, но уште поважно треба да биде менаџментот и пазарењето за следната сезона. Вакви глупави потези, да во составот имаме тројца средни бекови, а од нив употреблив да биде само еден, не смее никогаш повеќе да ни се случат!

- И за крај, ваква златна шанса да се добие Кил веројатно нема да имаме ни во наредната декада, а можеби и две. Освен ако Михајло не му го продаде клубот на татко му на Сафар па да располагаме со мултимилионски буџет. :D
 
Последно уредено:
Член од
22 јуни 2021
Мислења
10
Поени од реакции
19
Прв пат гледам,да те напаѓаат 7 на 6 и ти да се браниш со одбрана 5-1 со Дибиров напред...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom