Господ и човечки жртви

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Господ е љубител на месо. Такви приимери има доста низ библијата, од првите понудени жрви на Каин и Авел, господ ја одбра она од заклани животни наместо од растенија и билки, па и понатаму бара заклани волови, кози, овци, гулабици... да му се принесуваат, дури и кога е нервозен, љут на човекот, поглед на мртви тела и миризба на испечено месо - го смирува (како што е запишано во писмата)
Од желба и пожуда по животинско месо до човечко - е само еден чекор, познато е дека господ барал и наредувал да се убиваат луѓе од сите старосни групи и полови, знаеме и дека лично вршел убиства како на поединци така и на цели народи па и човештвото, но малце му е на просечен верник познато дека господ не одбивал и принесување на човечки жртви (на крај краева тој Исуса си го жртвувал како човечка жртва сам на себе) но овде ќе се задржам на стариот завет, поточно Левитик каде вели

28. А се што човек Му ветува на Господа со клетва од она, што ги има – од човек до добиток или нива од имотот свој, да не се продава ниту да се откупува: секој завет со клетва е најсвета светиња Господова.
29. И се што е ветено од луѓето со клетва, не се откупува: тоа треба да се предаде на смрт.

Toа значи дека ако човек со клетва му ветил на господ вол, или коза или човечко суштество (синот, робот..) тоа е најголема светиња на господ која не може да се откупи - замени со пари туку мора да се принеси (убие на жртвеникот) посветено на Бог
 
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Ова е само очигледен доказ дека религијата како Јудео-Христијанските е сепак правена врз темелите на стари пагански верувања.Принесувањето жртва е една од најстарите и најосновните карактеристики на религиите.Баш од тие делови на светот наоѓаме примери на жртвување кои се пренесле и кај нас.На пример во Светата земја било обичај во темелот на новата куќа да се жртува бебе.Денеска тоа се прави и кај нас,но со глава од некое животно.
Поентата ми е жртувањето било симболика,дека мора да се направи мало зло за поголемо добро,пример како кај Азтеките,да се жртува човек со цел да боговите дадат дожд.Вакви примери има бувкално во секој крај на светот и се до ден денес присутни или бувкално или симболично во сите религии. Никоја религија не е оригинална,најмалку пак монотеистичките :)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Паганството е доста изразено во стариот завет, општо земено, стариорт завет не негира постоење на други богови, тие се споменуваат и по име, и се споредуваат со богот на Израелците, слично беше и во предисламска арабија кога секое племе (нерод) си имаше свој бог. Христјанството после го апдејтира еврејскиот бог и му додаде атрибути дека тој бил сеопшт еден и единствен а не само на евреите. Така и древниот обичакј на принесување на човечка жртва кој бил рашиен речиси низ сите народи и цивилизации па така и кај евреите во нивниот пагански период, има свои траги и во Библијата, нели јадење на леб како тело и пиење вино како крв се всушност остатоци од древните пагански ритуали на принесување на човечки жртви, и денес при јадење леб и пиење вино во религиски обред, всушност ги продолжуваме древните пагански ритуали и обичаи
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
8. И царот го зеде Армона и Мефивостеја, двајцата синови на Ресфа, од ќерка на Аија, која му ги беше родила на Саула, и петте синови на Мелхола, Саулова ќерка, што му ги беше родила на Ездрила, син на Мохулатецот Верзелиј,
9. и ги предаде во рацете на Гаваонците, и тие ги обесија среде бел ден на гората пред Господа. И загинаа сите тие седум души заедно; тие беа погубени во првите дни на жетвата, во почетокот на јачменовата жетва.
 
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Поголеми духовни слепци од тебе и другарти (пост пред тебе и пост зад тебе) засигурно има, но тука на форумов, сигурно

Oy Vey.Sneaky little goyim aren't ya?
А ко за промена да пробаше да го девалвираш тоа што го напишав или да напишеш свое мислење околу тоа?Или твојата религија на мирот е премногу супериорна за рациoнално користење на мозокот?(кој преку природата еволуирал,не го направил некој си бог)​
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
19. И сите идолски светилишта во самариските градови, кои израилските цареви ги беа изградиле, разгневувајќи Го Господа, Јосиј ги разруши и направи со нив исто, како што направи во Ветил;
20. ги закла сите жреци при светилиштата, што беа таму, при жртвениците, и изгоре врз нив човечки коски, па се врати во Ерусалим.
4 Царства 23
 
Член од
12 ноември 2014
Мислења
40
Поени од реакции
10
Ima primeri da ,no pak se postavuva prasanjeto i ostanuva nepoznato koj i sto e gospod,koj ja napisal biblijata i koga .Dokazi deka se slucile site tie nastani i zrtvi i na koj nacin se odigralo toa .bibljata ne e argumentirana sem podrzana od strana na vera na zbor sodrzan vo nea .
 
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Ima primeri da ,no pak se postavuva prasanjeto i ostanuva nepoznato koj i sto e gospod,koj ja napisal biblijata i koga .Dokazi deka se slucile site tie nastani i zrtvi i na koj nacin se odigralo toa .bibljata ne e argumentirana sem podrzana od strana na vera na zbor sodrzan vo nea .
Се согласувам.Плус да не забораваме дека кога ја правеле Бибилијата,внимателно се бирало кои текстови ќе бидат ставени а кои отфрлени(Никеа).Ова уште повеќе отежнува да дознаеме што всушност значело оригиналното учење на Исус(ако постоел)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.579
Поени од реакции
11.595
Имало тема и за ова... заминала во заборав.

На друга тема расправаа за жртви и крв... како да е својствено за едните, не и за другите.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Имало тема и за ова... заминала во заборав.

На друга тема расправаа за жртви и крв... како да е својствено за едните, не и за другите.
Статистиката лесно ги разобличува ваквите паушали.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.579
Поени од реакции
11.595
Статистиката лесно ги разобличува ваквите паушали.
Без наука нема религија ниту разбирање на истата која е подобра која не! Знам.

Но во книгите пишува сешто, и има секакво значење, ако прифатиме дека има симболика...
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.274
Поени од реакции
4.617
...секое верување "бара" од неговите следбеници одредено жртвување
...жртвените ритуали,според мене,не се ништо друго сем непосредно соочување на човекот со смртта
...за мнозинството застрашување,за верските водачи практикување и уживање во моќта
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.579
Поени од реакции
11.595
...секое верување "бара" од неговите следбеници одредено жртвување
...жртвените ритуали,според мене,не се ништо друго сем непосредно соочување на човекот со смртта
...за мнозинството застрашување,за верските водачи практикување и уживање во моќта
Жртвувајте се себе си и својата крв, за промена - наместо туѓата. Светите книги се чудни ако ги прифаќа човек буквално.
Како пример: Liber XLIV The Mass of the Phœnix

Зошто смрт на другиот?

Истокот убаво учи: кармата не прави скокови! Не постои ништо што може да го прекине плодот од добри дела, не постои ништо што може да го прекине плодот од лошите дела. Парафраза од Вивекананда...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom