Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.462
Поени од реакции
9.180
И што има врска дали имала или не бугарски пасош? Не ми се верува дека од тоа дали некоја индивидуа имала бугарски пасош се направи централна вест преставен како којзнае каков скандал, и тоа во период кога Заев преговара да не напише бугари сите нас без никаков легитимитет.

Ваквата очајна кампања е само показател дека им гори под нозе, уплашени се и им се гледа крајот. Се надевам дека ваквата очајна гнасна кампања ќе им се удри од нос и дека во недела ќе им се закова последниот клинец во сандакот.
 
Член од
9 август 2014
Мислења
420
Поени од реакции
980
Прегледај го приврзокот 311352
Не знам дали некој коментирал претходно за ова, ама на бугарската лична карта на Данела од пресот на сдс пишува дека Данела има зелени очи. :pos::pos::pos:
Ги замислувам фаците на фотошоп куртоните од сдс кои не водеа сметка за ваков лапсус... :tapp:
Го заприметив и јас ова и се обидов да најдам слика каде што има зелени очи. Најблиску што стигнав е оваа, но и на неа пак нема зелени очи туку светло кафени, а на останатите слики се темно кафени.

Но нешто друго што ми беше повпечатливо, е дека на личната карта, која што ѝ е извадена во 2017та - името ѝ е Даниела. Излегува дека она си го сменила името во последниве 4 години, па ако е тоа случајот - ајде нека извадат и документ каде што поднела барање за промена на име, или некој стар нејзин пасош/лична карта. Ако успеале да ископаат бугарски документи, ваљда ќе им биде 100 пати полесно да ги ископаат македонскиве веќе кога они ги контролираат сите институции. Или еве, како што и самата Данела си вика "знаат да вадат слики од алманах, а не знаат да извадат извод од книга на родени".

Или тоа го оставаат за утре, ама утре да се вадат "абе медиумски молк има"... :icon_lol:
Мене баш на таа слика па ми изгледаат најкафени. :pos:
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.217
Таков гнев ме фаќа после оваа смрдлива кампања што едвај чекам да ги гледам лузерските пресови внедела, прво на ропакот Николовски со таа лоша комбинација на фармерка и свечена кошула, па некојси рандом младински испрдок кој ќе релативизира и на крај јаготката на шлагот, испотената фаца на Заев.

Карпош, Куманово, Охрид и Гевгелија ги губат секако, уште во Центар, Битола и Скопје да го поцицаат и тоа ќе биде катарза. Народ веќе не им се плаши, башка се шифтна менталитетот на оние кои гласаат од притисок да не губат работно место, бидејќи се наговестува нова власт на која ќе треба да и се лижат.

Буквално сите поголеми општини ќе ги немаат за во нив да уценуваат, подмитуваат и се закануваат, а тоа ќе се горенаведените + Прилеп, Велес, Штип, Кавадарци и скоро сите скопски општини. Шо викаат битолчани, ќе свршвам внедела.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Знаеш...самите реагираа дека немало доволно жени во политиката, пласираа програма за 50-50% застапеност во Собранието, а Мила се местеше да биде и прва жена претседател на Влада!

Искрено не ми е грижа за нивната црна кампања, ама имаат двојни аршини. Оваа програма ја промовираше Шахтарска:

Ова го ставам, не поради кампањата туку поради она "жените во политиката" на Мила. Имаше и други платформи како "не е само 8ми март ден на жената". Потоа џинџер еднаквоста на Заев, родовата рамноправност, нападите (читај критиките) над ЛПБТ заедницата...каде секоја критика е предмет на осуда! Што се промени тука? Бараат да се повлече од трката!!!

Комуњарата на големо се спрема за пораз. Цело Скопје го загуби, со исклучок на Центар каде се во пол позиција, Шуто Оризари каде имаат извесна, но достижна предност и Карпош каде опозицијата има повеќе гласови (сумирано од првиот круг). Прашањето е колку он нив повторно ќе успеат да извадат да гласаат. Затоа се фатија за црна кампања.

Невладините гомна се посебна приказна. Нема да напишам ниту една критика ако идниот нов режим тргне против нив. Какви зелени, какви шарени. Нивниот идеолошки прагматизам е сведен на нула во овој широк владин состав. Ништо не реализираа. Ниту парковите ги спасија, ниту судството го реформираа.

Морачанин изврши политички притисок за покачувањето на цената на кесите. Тоа решение ми се допаѓа, но требаше да им се даде период од 5-6 месеци за да можат да ја модифицираат формулата, да направат био-разградливи кеси (или нешто слично). Вака ем оние што ги имаат во магацин ќе пропаднат и ќе завршат во природата, ем ќе пропаднат 30тина компании односно 100ци работници ќе ги загубат своите работни места! Сето тоа поради политички притисок со минорната, маргинална ДОМ која има и свои фракции. Морачанин е чисто политичко зло, очекувам секоја одлука за покачување на електричната енергија, политички, да ја брани. Затоа и се чудев како она (и ЛДП) имаат 22.000 гласови и 15 советници! Човек со 2 чисти нив никогаш нема да ги гласа. Лилјана беше умерена и подипломатски настроена. Оваа е чиста политичка утка.

Не може сите критики да бидат кон личноста, мора да се напаѓаат идеите. Политиката е борба на идеи, интереси, идеологии, политики, кампањи...а ние се сведовме на државјанството на Арсовска и дали имала швалер! Не ме интересира!

Сдсм тоне во политичка безидејност. Ако Беса се паметни, ќе направат свој политички блок (со АА/А и Дпа) против Дуи. Три маргинални партии им мочаат на лево, мнозинството им е тенко, а опозицијата е во подем. Мора да има нови предвремени парламентарни избори, ако веќе се убедени во својата голема широка наднационална победничка обединета коалиција.

Добра одлука донесе Вмро за Арсовска пред Коце. (y)
 
Последно уредено:
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.240
Поени од реакции
4.432
Нервозни се, ја си добив порака откако коментирав на некој пост дека со ваква кампања сите општини ги губат, вака ли фала ми викаш шо те возев до работа, од мене имаш блок и не те познавам повеќе. Не барем у жена го опцув и го исколнив него лично:D
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.308
Поени од реакции
19.661

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.242
Поени од реакции
27.584
Што глупости натреска во две реченици не си толку тешка.
Odi ponazad citaj sho imav napisano za edna emisija na Telma gledajki ja vo zivo, eve ti si pameten, mozes poubavo da se snajdes od mene.
Baska ne znam sho bese glupost vo izvesniot poraz na sdsm :toe:
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.308
Поени од реакции
19.661
Чекај слават промена на одлука што они првично ја имаат донесено? :pos:
Да, така ќе му дојде. СДС и се е можно. Инаку еве и видео. На најдебелиот министер му даваат благо.


 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom