Малце ми се meh муабетите за Конте и недобра опција за Јунајтед во моментов со оглед на тоа каков бродолом им се случува и колку лузерски менталитет се има наталожено во нив, не ги спасува Роналдо тука.
Без разлика дали ќе се задржи 3 или 5 години во Јунајтед, според мене ќе има повеќе позитивни него негативни работи направено.
Да не им се десеше Конте на Интер денес немаше да се пола од ова што се, привлече играчи, им даде победнички менталитет на сите, некои млади играчи ко пример Лаутаро што лутаа лево-десно со Спалети сега се едни од подобрите.
На страна сите форсови пошо ривали и слично, за тимови кои доживуваат такви бродломи мислам дека Конте е супер опција, точно ќе знаат од Јунајтед на што се со све што насобраа низ годиниве со Мурињо и Оле у тим, имаат доста добар потенцијал на поединци кој не може да биде искористен од Оле.
Ван Бисака класика трет штопер и зз, нема да гледате 0/18 центаршутеви по утакмица од него.