Насилство од наставник врз ученик

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Ама мораме да признаеме дека бевме по далаверџии од овие денешниве генерации...кога ќе ми текне што дубари им правевме на професорите, од лепак на столчиња, гумите на колите им ги дишевме, но не бевме издаици, бевме сложни сите .... Сега нема такви испади.
... пишуваш само од таа страна на учениците, за да осудуваш начинот како изреагира наставникот, треба барем малку искуство да имаш и од другата страна како учител, наставник, професор, па да видиш што значи притисок на безобразни ученици, да ти го уништува секој ден часот, а да не можеш ниту да го избркаш ниту да го казниш, затоа што некој како ова директорка ќе каже:

ice_screenshot_20211024-200111.jpeg

,,..Не дозволувам насилство ВО МОЕТО УЧИЛИШТЕ...,, види богати на мајка и’ училиштето нешто или што? :toe:
...дали некој НЕА како Директор ќе ја избрка што не превзела мерки за „смирување“ на такви невоспитани ученици кои секојдневно се пријавени од наставниците да се консултираат истите со училишните психолози, социолози за однесување на настава?
...сигурно не реагирала, оти секое дете е веќе нечив син, внук на ВИП личност и никој не смее да го прекори, а да нема за тоа последици, па нормално дека е прашање на ден кога ќе му пукне филмот на наставникот!

...лошото кај вас што вие го „гледате“ само крајот на приказната, што ВИЕ ги оправдувате СИТЕ постапки на децата, оти се „деца“, па го имаат правото да прават што сакаат, денес ниедно дете не знае да каже ,,Добар ден“, „Извините“, напротив безобразни и невоспитани и тоа со цел да се се испровоцира уште повеќе наставникот, доволно што некое дете од страна го снимило тоа со мобилен што укажува дека не само што не се плашат, туку напротив се силни и снимаат со мобилен на час, за да видоизменат и зацрнат наставникот на социјални мрежи, не е ли забрането снимање, освен лично снимање?

... за да се искоментира било што, треба да се слушне приказната од почеток, па да се поставите вие таму на местото на наставникот кој се труди, да некое невоспитано дете му се плука на трудот на наставата секој час, мене не ме чуди ваков однос, дури можеби е оправдан, јас го жалам наставникот кој можеби со покачен крвен притисок 200, може и да доживее инфаркт поради вакви „деца“, а тој со заштитна маска да предава!

smijesne-slike-skola-0-1-5.jpg

...погледнете го цртаниот хумор што е денешна реалност, денес учениците не се криви за ништо ниту за слабите оценки, ниту за однесувањето, нели се деца, а што да направи на својот час просветниот работник кога не може - зашто не смее да го острани или да го избрка ученикот од час како порано, ако е немирен и е проблематичен?
... слушнете ја целата приказна и не бидите толку себични кога не се соживувате со работното место на тој професор!
 
Последно уредено:
Член од
13 декември 2020
Мислења
85
Поени од реакции
139
Јас да сум родителот би и рекол на директорката да не го брка наставникот ае за едно шамарче ќе губи работа човекот, вакви шамари сме кркале на дневна база па никому ништо, многу розевки децава денес не смееш да им писнеш.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Воспитувањето на едно дете започнува во домот. Тука нема дискусија.
Училиштето пак, прво е воспитна, а дури потоа е образовна институција. (барем по дефиниција).
Не велам дека децата денес се цвеќиња за мирисање, далеку од тоа. Децата денес се посебна приказна и сето тоа благодарение на родителите, но тоа е друга тема. Во случајов наставников е ВИНОВЕН и нема оправдување. Наставникот е возрасна личност, тој кога завршувал педагошки факултет знаел дека ќе работи со деца. Еден наставник не смее да си дозволи ваков пристап, нити пак вакво однесување кон еден ученик, без разлика што ученикот направил. Еден наставник треба да е свесен и да знае какви се децата денес, еден наставник треба да им служи како пример на децата, како треба да се однесуваат, да ги насочи, да им покаже. Доколку пак наставникот не може да се справи со одредени ученици, си има служби во училиштето, кои треба да си ја завршат работата. Не е работа на наставникот да шамара, тресе, турка, емоционално понижува пред цело одделение.
И јас сум од време каде што наставниците вршеа тортура кон одредени ученици. Но денес се ставам во улога ова малтретирано дете да е мое дете. И барем за момент размислете, што вие како родител би направиле, доколку тоа дете било ваше дете.
Тука може само да претпоставуваме која е причината зошто наставникот вака полудел. Но што и да направил ученикот, на наставникот не е работа да се однесува на таков примитивен начин со едно дете.
... блазе си ти, ти живееш некаде таму назад кога ти си била средно, оди сега да видиш какви се некои „деца“ ученици, тие дури се договараат пред час што ќе направат за да го упропастат часот, а наставникот НЕ СМЕЕ ДА ГИ ИЗБРКА од час!?
... што ќе направиш ти? ајде да видиме што ќе ти го бојкотираат секој час, не смееш да го избркаш, не смееш да го чепнеш, не смееш да му се развикаш, го пријавуваш кај психолог, кај Директорот на училиштето за несоодветно однесување, тие не реагираат, а малтретирањето на ученикот врз тебе продолжува, ајде да видиме твојата лежерна реакција и справување, а дополнително тоа да е дете на некој министер да речеме, м?

...ќе поминеш покрај него до клупа, ќе те фати за задница, што ќе направиш? ќе го пријавиш нели за несоодветно однесување или ќе ќутиш?
па ДА, може ќе го пријавиш и што ќе добиеш одговор? дека ТИ си несоодветна облечена, дека се фрцкаш пред учениците и дека си ТИ крива за таков однос! Немој Дарки, не знаеш што ѓаволи има по училниците со ангелски лик!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Тие професори што се иживуваа врз децата беа баш тие што се исфрустрирани од приватниот живот. Насилство не е воспитување, мене татко ми никогаш не ме удрил и затоа сум го почитувал човекот, комшијава го млатеше син му и стана прв багабонт и после он него го шамараше, ќотекот му беше секојдневие и нешто нормално.
...грешка си, тие наставници, професори кои се исфрустирани од приватниот живот, ќе испредадат ќе запишат час и ќе го напуштат кога ќе ѕвони, нит го интересира ако некој научил, разбрал на час, дали е отсутен на час, мува не го лази,

e8263bb0dfab05f16dabe52eab4e5820.png

...тие наставници, професори кои вака се нервираат се темпераментни тие сакаат да го пренесат знаењето на учениците, тие се соживуваат со предавањето и самата настава, тие го сакаат училиштето и учениците, затоа такви мамлази ги ваѓаат од такт, тие се во состојба да доживеат инфаркт колку лично го сфаќаат тој час да учениците научат нешто!
 
Последно уредено:

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.792
Немој Дарки, не знаеш што ѓаволи има по училниците со ангелски лик!
Види јас не живеам на месечина :pipi:
Совршено добро знам какви се децата денес. Огледало на родителите.
Се поставив од страната на родителот на тоа дете. Сега ќе се поставам во улога на наставникот.
Ученикот го пријавувам кај педагог, психолог, директор. Доколку тие не превземат соодветни мерки кон таков ученик. Ќе им пратам на писмено, да се видам со родител на детето. Доколку не вроди со плод, доколку детето и понатаму си ја пее својата песна. Ќе им пратам писмен допис на родителите дека нивното дете и покрај сите предупредувања и превземени мерки, детето и понатаму се однесува непримерно.
Следен чекор, ќе викам ТВ, и јавно ќе кажам со име и презиме, дека директорот на тоа и тоа училиште заедно со службите, не си ја вршат својата работа за која се платени.
ајде да видиме твојата лежерна реакција и справување, а дополнително тоа да е дете на некој министер да речеме, м?
Со уште поголем кеиф ќе излезам на ТВ :cool:

Токму тоа е една од причините. Тоа дете е на тој и тој.
Децата во училиште треба да се исти. Сите се нечии деца. Тоа што некој има родител на именувана функција не му дава за никакво право. И повторно ако размислиш поубаво. Не се децата виновни, виновни се возрасните.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Види јас не живеам на месечина :pipi:
Совршено добро знам какви се децата денес. Огледало на родителите.
Се поставив од страната на родителот на тоа дете. Сега ќе се поставам во улога на наставникот.
Ученикот го пријавувам кај педагог, психолог, директор. Доколку тие не превземат соодветни мерки кон таков ученик. Ќе им пратам на писмено, да се видам со родител на детето. Доколку не вроди со плод, доколку детето и понатаму си ја пее својата песна. Ќе им пратам писмен допис на родителите дека нивното дете и покрај сите предупредувања и превземени мерки, детето и понатаму се однесува непримерно.
Следен чекор, ќе викам ТВ, и јавно ќе кажам со име и презиме, дека директорот на тоа и тоа училиште заедно со службите, не си ја вршат својата работа за која се платени.
:pos: ова вака пишуваш да ме насмееш, односно кад би било да би било, никад било!
...Ти да напишеш ваква работа, (а јас на пример сум Директор на училиштетото поставена партиски, разбира се, како се поставува денес, а не по заслуга и искуство), без моја дозвола има да леташ од работа за 24 ч и трага нема да има, ниту да се слушне за тебе, ниту пак ќе можеш да се вработиш во блиска иднина!

ice_screenshot_20211024-205738.jpeg

...види како напишала „моето училиште“, дискреционо право на Директорката да ти направи што сака и да те „намести“ како сака, пошто е НЕЈЗИНО училиштето, дали некој го примети како напишала или можеби навистина на тендер го купила училиштето, па е нејзино, ете тоа е фрустирачки организатор на една образовна институција !
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.712
Поени од реакции
15.582
-дали родителот на детето некаде нешто обзнанил :confused:
- арнаутско, каурско или мешано училиште ???
нешто МВР е флегматичен, во ракавици ...
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.792
Ти да напишеш ваква работа, (а јас на пример сум Директор на училиштетото поставена партиски, разбира се, како се поставува денес, а не по заслуга и искуство, без моја дозвола има да леташ од работа за 24 ч и трага нема да се слушне од тебе ниту пак ќе можеш да се вработиш во блиска иднина!
Само ти мисли си :pipi:
Немој да мислиш дека партијата ќе застане на твоја страна, само затоа што те назначиле за нивни глушец, т.е. послушник.
Да летам од работа за 24 часа и трага да не се слушне од мене :pos:Зарем навистина мислиш дека во државна институција директорот туку така ќе ти даде отказ? Ја знаеш ли процедурата за давање отказно решение? Си слушнала за тужба? Ќе се докажуваме на суд. Кога сето ќе излезе на ТВ, партијата шеќерче ќе се откаже од тебе или по нашки ќе те пушти низ канализација. А судот ќе и наложи на институцијата да ме врати назад на работа :pipi:
Оваа финта на заплашување важи единствено за партиските газолижачи. :pipi:

Нема потреба да ја труеме темава со што би било, кога би било. Затоа што нити јас ќе бидам во просвета, нити ти ќе ми бидеш директорка :icon_mrgr:

Училиштето како институција, треба да се грижи за своите вработени, исто како што треба да се грижи за сите ученици.
Наставникот треба да биде мост помеѓу училиштето како институција и семејството т.е. родителите на децата
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Не се децата виновни, виновни се возрасните.
Извини што те цитирам.

Најинтересни ми се оние светци на темава кои не гледаат начин во агресијата како метод на воспитување, а секој 3 коментар им е излив на бес. Можам да им го почувствувам пулсот на вената на челото додека ги читам. Капиларите им пукаат од нервоза. А друга тема на разговор е нивниот однос и вокабуларот т.е. домашното воспитување. Чисто провокативно нека стои! :sneaky:

"Мама, така не!" е најдебилниот метод на воспитување на дете. Ако му дадеш слобода на детето да се однесува со тебе како што сака, ќе се однесува и со наставникот, незавно од педагошки метод на самиот наставник. Дури и најстрогите наставници не можат да ги скротат и смират најголемите идиоти, на кои не им се грижа оценките. Дошле затоа што мораат.

Но...мора секој просветен работник да остане смирен во секоја можна ситуација и сѐ започнува од дома!

ОК, загубил контрола, нека одговара по пропис, ама мора да се најде и механизам и добрите дечиња на мама и тато да одговараат парично ако нивното ангелче некогаш изгуби контрола. Како што не ги праќаме децата на училиште да ги тепаат, така не ги праќаме ни нашите блиски наставници да трпат психичка тортура.

Бонус: мислам дека проблемот лежи и во воспитувачите во градинките. Децата им ги оставаме на некои жени да ни ги гледаат, чуваат и да им дадат некоја основна култура. Воспитувањето започнува од најмала возраст и со нив поминуваат 7-8 часа од денот! Тие немаат интерес, па ни време, да му се посветат на секое дете. И тука треба мониторинг. Проблем е и уписот во градинка, затоа групите се големи! Требаат и градинки! :)
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.240
Поени од реакции
3.137
...грешка си, тие наставници, професори кои се исфрустирани од приватниот живот, ќе испредадат ќе запишат час и ќе го напуштат кога ќе ѕвони, нит го интересира ако некој научил, разбрал на час, дали е отсутен на час, мува не го лази,

Прегледај го приврзокот 311100

...тие наставници, професори кои вака се нервираат се темпераментни тие сакаат да го пренесат знаењето на учениците, тие се соживуваат со предавањето и самата настава, тие го сакаат училиштето и учениците, затоа такви мамлази ги ваѓаат од такт, тие се во состојба да доживеат инфаркт колку лично го сфаќаат тој час да учениците научат нешто!
Тетке не е толку одамна јас од кога завршив, не си во право ич.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
... нема врска националност, ниту во која средина се наоѓа училиштето, ова од искуство ти го кажувам, најважна улога игра тука непотизам, дете на тој и тој не сме да се руга, искара, доби слаба оценка...итн , за такви деца „ученици“ треба таква добра стратегија да се скротат, што малтене се споредува со воена стратегија за опсада или напад, за успешноста на наставата за целиот клас, затоа што за такви „деца“ ученици трпат сите во класот кои се затоа дојдени на училиште да научат нешто, а не ради реда,
... наставникот, професорот не може да направи таква стратегија, затоа што не може да излезе од наставната програма и планираниот час, за да посвети внимание секој ден на таков еден, двајца или тројца ученици, а не смее да го избрка од час, замисли, а истиот пречи на секаков можен начин, со звуци, крикови, пуштање музика од мобилен, фрлање со креда на табла, одземање внимание на другите ученици и подсмев со наставникот/професорот на било кој начин, а нема каде да се пожали, затоа што него како наставник/професор ќе го осудат, како што судат тука сите членови кои учествуваат на ова тема, повикувајќи се на правата на „децата“ само од еден краен епилог снимен на мобилен пак од ученик што не смее да го стори тоа снимање...бесконечни ли се нивните права? каде е тука правото на наставникот/професорот кој се труди и трпи секој час од вакви невоспитани „деца“ ученици?
Тетке не е толку одамна јас од кога завршив, не си во право ич.
...на чело ми пишува дека сум „тетке“ ? се гледа и кај тебе тогаш дека неодамна си завршил! :cautious:
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Пред 15-20 год имаше деца што заслужуваа не шамар туку ќутек. Верувам дека и сега е така ако не и бетер.

Ја учев во школо каде што владееше анархија. Наставниците не беа заштитени и тоа ние го користевме. Шетавме по училници и ходници за време на часови, ги пцуевме, наместо книги вадевме билтени, игравме пинг понг, им се закнувавме за повисока оценка, се прскавме со шишиња, на наставничка и ги имаме дупнато сите гуми на колата, имаме заклучено наставничка во училница, имаме штрајкувано два дена без одење во школо зошто ни ја сменија смената, фрлање ранци низ прозори и еден куп глупости.
Наставниците ништо не ни можеа, ќе не запишеа во забелешка ама тоа не играше никаква улога, ќе не пуштеа оти деца. Намерно викавме запиши не, гајле ни е. Едноставно цело школо беше такво и не можеа цело школо да го избркаат.
Сите деца гледаа еден од друг што прават и мислеа така треба, мислевме фраери сме.
Имаше само еден наставник во цело школо и тој не маваше. Мене ми имаше мавнато крвнички шамар оти имав мавнато со столче по табла за да ми стават 5ка, да не ми расипат просек.

Отидов во средно и навикнат од таа анархија направив неколку глупости и уште прва недела намалено поведение и опомена пред бркање. Послем тоа како бубачка.

Муабетов ми е дека не треба да се осудуваат наставниците пред да се види целата приказна. Има неколку школи што јас ги знам каде што треба да играат шамари.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.792
Но...мора секој просветен работник да остане смирен во секоја можна ситуација и сѐ започнува од дома!
Се сложувам во целост.

Тие се ученици, (основно училиште значи под 14 години) - деца. Тие се во такви години каде што мислат дека се што лета се јаде. Но наставникот е тој возрасниот, тој кој што треба да знае како е да се биде дете. Наставникот треба да биде нивниот пример за убаво однесување, пример за убава комуникација. Учениците треба да имаат доверба во наставникот, само така тие ќе го почитуваат.
Еден наставник НЕ СМЕЕ да биде испровоциран до степен да употреби било каков физички контакт во афектна состојба.

Било која работа да ја работиш, ти имаш свои права, ама и свои обврски. Една од тие обврски на наставникот е, да не смее да ја премине таа црвена граница кон едно дете. Без разлика што и како направило детето.

Секако дека воспитувањето на децата започнува дома, од семејството. Односот мајка-татко. Продолжува во градинка (системот тука потфрла, кога се вработуваат партиски кадри, а не стручен и квалификува кадар).Продолжува во основно училиште, средно, па факултет и.т.н
Во секој дел тука, покрај воспитувањето од страна на семејството, учествува и институцијата училиште. Затоа и се вика „Воспитно образовен процес“
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.240
Поени од реакции
3.137
Пред 15-20 год имаше деца што заслужуваа не шамар туку ќутек. Ветувам дека и сега е така ако не и бетер.

Ја учев во школо каде што владееше анархија. Наставниците не беа заштитени и тоа ние го користевме. Шетавме по училници и ходници за време на часови, ги пцуевме, наместо книги вадевме билтени, игравме пинг понг, им се закнувавме за повисока оценка, се прскавме со шишиња, на наставничка и ги имаме дупнато сите гуми на колата, имаме заклучено наставничка во училница, имаме штрајкувано два дена без одење во школо зошто ни ја сменија смената, фрлање ранци низ прозори и еден куп глупости.
Наставниците ништо не ни можеа, ќе не запишеа во забелешка ама тоа не играше никаква улога, ќе не пуштеа оти деца. Намерно викавме запиши не, гајле ни е. Едноставно цело школо беше такво и не можеа цело школо да го избркаат.
Сите деца гледаа еден од друг што прават и мислеа така треба, мислевме фраери сме.
Имаше само еден наставник во цело школо и тој не маваше. Мене ми имаше мавнато крвнички шамар оти имав мавнато со столче по табла за да ми стават 5ка, да не ми расипат просек.

Отидов во средно и навикнат од таа анархија направив неколку глупости и уште прва недела намалено поведение и опомена пред бркање. Послем тоа како бубачка.

Муабетов ми е дека не треба да се осудуваат наставниците пред да се види целата приказна. Има неколку школи што јас ги знам каде што треба да играат шамари.
Гледаш во средно не те ни мавнале, а ти дошло памет. Лупни му казни, бркај го од школо, падни го година.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom