Имаа скоро 22.000 гласови, грубо гледано тоа се 3 пратенички мандати, притоа немаа секаде листи за советници.
Поентата ми беше друга. ЛДП-ДОМ (и ДС која се разведе од нив во последен момент) немаат што да понудат. Немаат центар на моќ од кој ќе можат да вршат притисоци (ок, имаат директори и еден министер, но мислиш дека Сдссм/Дуи ќе дозволат привезоците да им вршат одлив на гласови!?), немаат можност да ветуваат вработувања, немаат политичко сиви, немаат кадар, немаат инфраструктура и немаат финансии. Тие се привезок партии и такви треба да си останат.
Замисли една партија која има 80К гласови (некогаш ЛДП). И при излезност од ~60% тоа е апсолутно фантастичен резултат. Со тој политички резултат може да се прави политички блок кој ќе биде пресуден за одредена коалиција. Вака ќе добијат многу повеќе ако си останат привезок.
Во претходниот коментар зборував за успесите на ДОМ кои беа со Дпмне, а сега се со Сдссм. Зелените партии во Европа се во подем. Кај нас, барем можат да си ја туркаат агендата преку позицискиот политички фактор, колку да имаат некаков придонес кон животната средина. Тоа е јадица за ловеше на гласови, ама и притоа дел од ветувањата да изреализираат.
Да, 22К, за нив, е одличен политички резултат. Лично никогаш нема да ги гласам, причините ги наведов во мојот претходен коментар. Прашањето беше, кој би ги гласал овие?