Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.975
Поени од реакции
14.731
Абе кај да го најдам цело интервју на ТВ21 со Заев? Гледам на јутуб каналот на ТВ21 само еден куп мали клипчиња по минута-две, или јас не сум погледнал доволно добро?

Дајте да го послушам малце сељакот.
Не ти треба цело видео...само 20 секунди се доволни....

ПС.прво земи Хелекс од 100 милиграми пред да го гледаш видеото....

 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.743
Поени од реакции
2.665
Максим е комуњар во крв, тој ке го замени зајко во СДС за година две , а за соработка ке си имаат со ВМРО избориве
И Стевчо е комуњар во крв па 8 години тера со ВМРО.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.975
Поени од реакции
14.731
ај уште малку од бардовци, одделение шизофреници, соба-кафез со решетки

 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.626
Поени од реакции
81.470
Шанацов веќе цела недела збори на фб како нема да поддржи никој од овие двајца у Куманово, а сега го гледаш прави heheheнца со Максо пред кооперација... Изгледа добил упаство од партија да даде поддршка за него.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Искрено, ме чуди успехот на ЛДП-ДОМ.

Мо(к)рачанин, лидерката на ДОМ, од собраниската говорница ја бранеше одлуката на регулаторната за покачување на цената на електричната енергија. Се шеташе рамо до рамо со Мила на парадата на педерите и нејзината идеолошка агенда последнава деценија, не даде апсолутно никаков позитивен придонес за Македонија (а можеа да се изборат за уште еден национален парк). Колку да се каже дека направиле нешто. Ништо! Дно! И она е само еден обичен невладин глушец.

ЛДП е привезок партија која имаше подем во 90тите, а потоа нејзиното гласачко тело се претопи на контото на Сдссм. Жерновски ја направи нешто популарна, кој остана истраен после сите притисоци кон него како градоначалник на општина Центар. Се сеќаваме на трите круга и упадот во општина Центар координиран од белиот пандемониум. Милевски, претседателот на ЛДП, е министер за локална самоуправа! Не верувам дека лесно ќе се откаже од столицата.

Кој би ги гласал овие?
 
Последно уредено:

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.455
Поени од реакции
20.226
Максим е комуњар во крв, тој ке го замени зајко во СДС за година две , а за соработка ке си имаат со ВМРО избориве
Стефче требаше да го замени Б.Ц. како лидер на партија, па откако се спукаа гледај до кај догура.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.288
Поени од реакции
6.588
Министерот за Правда на телевизија чита твитови.

Вака Вучиќ и неговите министри исто читаат и покажуваат твитови по медиумите нивни и тераат кампањи како они се добри, другите се лоши, ги вреѓаат, им се закануваат.
Секоја сличност на нашиве со Вучиќ, не е случанја. Веќе некое време некои работи што ги прават у Србија, овие пробуваат тука да ги пресликаат, пготово маркетингот и стварањето слика како све освен нив е зло. Тука го имаат Грујо за плашење народ, таму и им е Џилас и Курти.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.663
Поени од реакции
7.568
Искрено, ме чуди успехот на ЛДП-ДОМ.

Мо(к)рачанин, лидерката на ДОМ, од собраниската говорница ја бранеше одлуката на регулаторната за покачување на цената на електричната енергија. Се шеташе рамо до рамо со Мила на парадата на педерите и нејзината идеолошка агенда последнава деценија, не даде апсолутно никаков позитивен придонес за Македонија (а можеа да се изборат за уште еден национален парк). Колку да се каже дека направиле нешто. Ништо! Дно! И она е само еден обичен невладин глушец.

ЛДП е привезок партија која имаше подем во 90тите, а потоа нејзиното гласачко тело се претопи на контото на Сдссм. Жерновски ја направи нешто популарна, кој остана истраен после сите притисоци кон него како градоначалник на општина Центар. Се сеќаваме на трите круга и упадот во општина Центар координиран од белиот пандемониум. Милевски, претседателот на ЛДП, е министер за локална самоуправа! Не верувам дека лесно ќе се откаже од столицата.

Кој би ги гласал овие?
Подолго се на власт од ДУИ, тоа треба мислам да ти каже доволно. Имаат клиенти вработени преку партија низ цела Македонија. Комбинирај го тоа со фактот дека исфрлија кандидати буквално секаде и на разочараниот СДС добиток кој не сака да гласа за СДС и ако немало независна опција во општината се што им останува е ЛДП/ДОМ. Не е како да имаат некој многу добар резултат 2,5 или 3% освоија на државно ниво. Со распределбата преку цела Македонија не би имале шанса за ниту еден пратеник.

Оние од ЗХГ на парламентарни би земале еден пратеник во ИЕ1. Тоа ти кажува колку ЛДП/ДОМ направиле нешто. Левица на следните парламентарни ќе извади најверојатно еден само од Аеродром и од Карпош + Кисела Вода уште еден.
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.056
Поени од реакции
4.031
Шанацов веќе цела недела збори на фб како нема да поддржи никој од овие двајца у Куманово, а сега го гледаш прави heheheнца со Максо пред кооперација... Изгледа добил упаство од партија да даде поддршка за него.
FB_IMG_1634932976472.jpg
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.639
Поени од реакции
3.525
Не можеш да работиш така околу железница. Не функционира така. Кога ќе се направи пруга, генерално целото урбано планирање, транспортно планирање и индустриско планирање треба да се води околу пругата, а не кој како сака да си прави. Пругата мора преку време да се направи профитабилна со тоа што целиот транспорт ќе се насочува кон нејзе зошто на долг рок е најефтиниот и единствен начин за масовен транспорт на стоки и луѓе. Значи во старт кога се гради пругата може да биде комплетно непрофитабилна, али за 20 години може да опслужува 100 - 150 000 жители и 3-4 индустриски зони и да биде целосно профитабилна и незаменлив дел од функционирањето на тој регион.

Еве види ги Бунарџик и Аеродром Скопје се на по 200-500 метри од железничката пруга, а и двете локации немаат приклучок кон пругата. Тоа е лудило.

Да го земеме за пример Куманово, имаш значи пруга помеѓу двата града и станица во градот. Притоа се дозволува на пола саат да има автобус меѓуградски накај Скопје, старата индустриска зона кај Искра пропаѓа додека новите индустритски зони ги градат на комплетно другата страна на градот и наместо според урбанистичките планови градот да се шири накај и околу железницата они дозволија градот да се прошири комплетно на спортивната страна. И железничката станица заврши во средината на никаде, фабриките кои требала да ги опслужува не постојат, градот дозволиле да се прошири во комплетно различна страна.

А и за крај главниот леб железница го вади од транспорт на стоки ( патници се генерално во најдобар случај позитивна нула), и како намерно сите индустриски зони наместо да ги прават далеку од пругите и упорно се остава инфаструктурата да пропаѓа. Македонија како планинска земја каде што цената на изградба на автопати е доста висока не би требало во никој случај да дозволува транспорт на тешки стоки со камиони по истите ако има железничка алтернатива. Али ние имаме ситуации каде што 40 тонски камиони возат рути Скопје - Прилеп - Битола. Мислам не се ни сомневам дека истото се прави за интересите на одредени бизнис групи ( камиони и автобуси) и странски земји али тоа е тоа кога имаш квсилинзи на власт.
Браво, само ти ме сфати, другите сите мислеа дека кажав оти некој треба утре да изгради таква станица во Куманово. бтв Може и денешната да е реновирана по топ стандарди и да биде функционална, а денешната не е ни функционална а ние збориме каква да биде на дизајн. Држава во која железницата не функционира перфектно а е толку мала, не е нормална земја.
Целта на постот ми беше дека можевме да бидеме нормална земја, во која Куманово БИ се направило да има потреба од голема станица со лиен бетон. :rolleyes: Ама сите шанси за тоа се уништувани континуирано од сите шо биле на власт 30 години.
 
Член од
11 август 2017
Мислења
415
Поени од реакции
337
Искрено, ме чуди успехот на ЛДП-ДОМ.

Мо(к)рачанин, лидерката на ДОМ, од собраниската говорница ја бранеше одлуката на регулаторната за покачување на цената на електричната енергија. Се шеташе рамо до рамо со Мила на парадата на педерите и нејзината идеолошка агенда последнава деценија, не даде апсолутно никаков позитивен придонес за Македонија (а можеа да се изборат за уште еден национален парк). Колку да се каже дека направиле нешто. Ништо! Дно! И она е само еден обичен невладин глушец.

ЛДП е привезок партија која имаше подем во 90тите, а потоа нејзиното гласачко тело се претопи на контото на Сдссм. Жерновски ја направи нешто популарна, кој остана истраен после сите притисоци кон него како градоначалник на општина Центар. Се сеќаваме на трите круга и упадот во општина Центар координиран од белиот пандемониум. Милевски, претседателот на ЛДП, е министер за локална самоуправа! Не верувам дека лесно ќе се откаже од столицата.

Кој би ги гласал овие?
каков успех? Со Ѓулистана Марковска? Освоија вкупно 15 советници, од кои 5 им припаднаа на дом и 10 на лдп. Во Битола, Кочани, Гевгелија, Долнени, Град Скопје, Шуто Оризари, Радовиш и во уште 2-3 помали општини освоија советник. Во Шуто Оризари благодарение на тој довчерашен градоначалник од сдсм, и во Радовиш исто така трчаа со поранешен член на сдсм. Изненадување беше само за Град Скопје, два советници, ја очекував најмногу еден. Со освоените резултати, ни пратеник не би зеле. За 4 гласа не обезбедија советник во Центар и 20 гласа во Аеродром. Истакнаа на листите личности препознатливи во својата средина и професија и поради тоа имаа 25.000 гласови на ниво на Македонија, како на пример Теа во Куманово, собра 1200 гласа за градоначалник, или пак таа од Центар, Евдокија, главна на форум на жени и голем хуманист, и поради тоа ја гласаа. Дом на минатите избори во коалиција со сдсм имаше 21 - 22 советници, а лдп над 30, плус лдп имаа претседател на совет на Општина Битола :pos::tapp: Генералниот секретар на Дом и претседателот на форум на млади на Дом имаа полоши резултати од многу помали партии во своите општини. Најавуваа дека во Прилеп се трета опција со 8% поддршка, на крајот не освоија ни 2%. ЛДП немаше луѓе за на штанд и за работа во штабовите, плаќаа лица ( членови на други партии) за да му делат флаери и 2-3 часа работа во штаб...Нивниот слоган на изборите - ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ, беше преземено од ДПС - ЦРНА ГОРА, ОДЛУЧНО ЗА ЦРНА ГОРА :) ТОТАЛНО ФИЈАСКО НА ДВЕТЕ ПАРТИИ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ.............................
 
Член од
28 септември 2014
Мислења
980
Поени од реакции
1.397
Стефче требаше да го замени Б.Ц. како лидер на партија, па откако се спукаа гледај до кај догура.
требаше но кога свати дека нема да биде си го смени дресот како револт
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.743
Поени од реакции
2.665
Стојанче му задава удари на Заев, ејј факинг Стојанче што и покрај пожарите и катастрофалното водење на институцијата сепак Заев го остави да биде директор, сепак Грујо добро одиграл со него на времето штом не го награди со функција во негово време, проценил што човек е.

Инаку од Шекеринска нема ниту трага ниту глас, ни збор нема изустено за изборите.
Нeјзиното молчење во вакви моменти многу кажува. :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom