Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Пак не земаш во предвид повеќе фактори. Доколку би земал во предвид целта за рестартирање на системот и градење на нов, тогаш не се ретарди, туку интелигентно го спроведуваат планот.
Прва фаза во рестартирањето е намерно, планско рушење/ уништување на претходниот систем. Како што гледаме, таа фаза си тече совршено.
" Ќе го срушиме овој свет до темелите,
а потоа ние самите ќе создадеме нов свет "
- Од руската верзија на Интернационалата

Не им успеа во Русија, односно со Советскиот Сојуз, па сега ќе им успее со западот, демек Русите како народ не ги бива(ше), ама еве затоа американците и западните европејци ќе ги биде.

Е_ати веќе со неписменото човештво, историјата се повторува прво како трагедија, а потоа како фарса.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.807
Поени од реакции
7.185
Не им успеа во Русија, односно со Советскиот Сојуз
Како тоа мислиш не им успеа во Русија ... т.е. која им била целта, па што не успеале ?

веќе со неписменото човештво, историјата се повторува прво како трагедија, а потоа како фарса.
Или па човештвото си е писмено но го сака тоа што му го сервираат... е сега откако ќе го добијат тоа, после пак нешто се несреќни, па ново ќе им понудат и така живеат во НАДЕЖ.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.361
Поени од реакции
38.335
Како тоа мислиш не им успеа во Русија ... т.е. која им била целта, па што не успеале ?



Или па човештвото си е писмено но го сака тоа што му го сервираат... е сега откако ќе го добијат тоа, после пак нешто се несреќни, па ново ќе им понудат и така живеат во НАДЕЖ.
Бафра, добро одат плановите за сега морам да ти кажам, све ради како швајцарски саат и веќе се знае кога ќе почне новата индустриска револуција. Шваб ми кажа. Но не смеам да споделувам.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.807
Поени од реакции
7.185
Бафра, добро одат плановите за сега морам да ти кажам, све ради како швајцарски саат и веќе се знае кога ќе почне новата индустриска револуција. Шваб ми кажа. Но не смеам да споделувам.
Изгледа нус појава од вакцината или таков си беше и порано :toe: но подобро ти е веќе да не пробуваш ни смешен да си.
Немаш ти капацитет за самостојно критичко размислување, па затоа по дифолт веруваш (самите тоа си го пишувате) во тоа што мнозинството верува, за да не си признаеш колку си глуп. Веруј не е крај на светот, ниту срамота, ако си признаеш дека системот никогаш не се грижел за народот, ниту ќе се грижи.

Ај сеа потруди се да не замараш со глупи смешки.
1634546714833.png
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
@teneke приметуваш некои заеднички точки меѓу Демократската партија на САД и "нашата" Сдссм?

И во Мила Царовска и Камала Харис, покрај тоа што и двете се глупи и нехаризматични. :coffee:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.124
Поени од реакции
17.913
@teneke приметуваш некои заеднички точки меѓу Демократската партија на САД и "нашата" Сдссм?

И во Мила Царовска и Камала Харис, покрај тоа што и двете се глупи и нехаризматични. :coffee:
Скроз. Нашава демократија е моделирана по американски тертип.

За среќа сега му се враќа, во вид на Балканизација :D

Фаучи = Филипче

И едниот и другиот ги водат во понор партиите на власт.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Како тоа мислиш не им успеа во Русија ... т.е. која им била целта, па што не успеале ?
Добро прашање.

Ја уништија државата кон крајот на Првата Светска Војна, создадоа нова - уште побетер од претходната, па и таа си пропадна како кула од карти.

Можеби нивната дефиниција за нов свет е самоубиствен свет или нов свет осуден на самоуништување. Ако тоа им била целта, секоја им чест, во Русија, односно во Советскиот Сојуз им успеа многу подобро од советските петолетки, а изгледа одлично им оди и во западните држави.

Или па човештвото си е писмено но го сака тоа што му го сервираат... е сега откако ќе го добијат тоа, после пак нешто се несреќни, па ново ќе им понудат и така живеат во НАДЕЖ.
И ова ти држи вода.

Човекот по природа е кршливо суштество - и физички и психички, лесно за манипулирање и уште полесно за врзување на некаква зависност.

Цел живот му велиш да се држи настрана од наркотици, алкохол, цигари и останати отрови и пороци, но токму таквите ограничувања кои му велиш дека треба самостојно да си ги наметне, односно, го мотивираат да ги поништи, бидејќи ако ти велат не ја отворај онаа врата, а не знаеш што има таму, љубопитноста ќе те отепа, можеби таму се златото и чоколатцата, а можеби е дувло на змии или бесни песови.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.124
Поени од реакции
17.913
@teneke приметуваш некои заеднички точки меѓу Демократската партија на САД и "нашата" Сдссм?

И во Мила Царовска и Камала Харис, покрај тоа што и двете се глупи и нехаризматични. :coffee:
И уште една работа што планираат да ја копираат од кај нас 6 јануари = 27 април.
Парада со комисија и најверојатно судење покасно.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.124
Поени од реакции
17.913
Америка како Куба и Венецуела. :D


1634663623412.png

Проблемите на супермаркетите, стандардно храмови на изобилие и претераност, и останатите продавници (од градежни материјали до скии и компјутери) делумно се од тоа што десетици товарни бродови со контејнери преполни производи од Кина и Азија не можат да дојдат на ред да се закотват и да се истоварат на пристаништето во Лос Анџелес

Друг проблем е што доцни и внатрешниот превоз на храна одгледана и создадена во САД, бидејќи камионскиот и железничкиот превоз не може да постигне.

 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.361
Поени од реакции
38.335
Трамп да беше претседател немаше да има празни рафтови.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Америка како Куба и Венецуела. :D


Прегледај го приврзокот 310437

Проблемите на супермаркетите, стандардно храмови на изобилие и претераност, и останатите продавници (од градежни материјали до скии и компјутери) делумно се од тоа што десетици товарни бродови со контејнери преполни производи од Кина и Азија не можат да дојдат на ред да се закотват и да се истоварат на пристаништето во Лос Анџелес

Друг проблем е што доцни и внатрешниот превоз на храна одгледана и создадена во САД, бидејќи камионскиот и железничкиот превоз не може да постигне.

Ништо не им е, најрано до крајот на октомври 2021, а најдоцна до крајот на ноември 2021 ќе им се вратат продавниците во нормала.

Лошото е тоа што нема да извлечат поука од ваквата привремена ситуација, а поуката е дека не треба да си дозволат да бидат премногу зависни од увоз на најосновни прехранбени, медицински, здравствени, технолошки и останати производи кои се дел од човечкото секојдневие.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.124
Поени од реакции
17.913
Ништо не им е, најрано до крајот на октомври 2021, а најдоцна до крајот на ноември 2021 ќе им се вратат продавниците во нормала.

Лошото е тоа што нема да извлечат поука од ваквата привремена ситуација, а поуката е дека не треба да си дозволат да бидат премногу зависни од увоз на најосновни прехранбени, медицински, здравствени, технолошки и останати производи кои се дел од човечкото секојдневие.
Не знам, ама вакви отворени муабети не се водеа досега :)

 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Не знам, ама вакви отворени муабети не се водеа досега :)

Не треба да се остави добра криза да помине бескорисно.

Во ситуација кога се зголемува бројот на незадоволни граѓани поради самобендисаните политики на владата, празни продавници и најави од пратеници во американскиот Конгрес од редовите на Демократската Партија на САД дека ќе се пензионираат, односно нема да се кандидираат за нови мандати во ноември 2022 - бидејќи некој ги подзаплашил дека без бабарогата Доналд Трамп гласачите повеќе не биле толкави ентузијасти за да ги гласаат повторно - секако дека е добредојдено секое средство на стравот, вклучувајќи го и стравот од граѓанска војна.

Неодамнешната одлука на Саутвест Ерлајнс - најголемата авионска компанија за ефтини летови во САД, со речиси 60.000 вработени, да дозволи исклучоци за невакцинирани вработени кои се повикуваат на религиска слобода или на ослободување од вакцинација поради здравствени причини, секако дека не им помага на другарот Јосиф и неговите демократски пулени.

Саутвест Ерлајнс најави суспендирање на сите вработени кои до 8 декември 2021 нема да се вакцинираат, што секако подоцна би резултирало и со нивно отпуштање од работа, но откако пилотите си го кажаа своето против задолжителната вакцинација, па околу 2.000 летови завршија откажани, одеднаш овие од Саутвест Ерлајнс попуштија, па сега велат дека нема да ги суспендираат вработените кои од религиски причини или ослободени од вакцинација поради здравствени причини нема да се вакцинираат, но сите нововработени ќе мораат да покажат сертификат за вакцинација.

Не им гори под нозете на другарот Јосиф и неговите демократски пулени, но сепак капнува по малку гориво секој ден, а и искри пецкаат по малку.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom