НБА сезона 2020/2021

Кои тимови ке изборат плеј ин или плеј оф, покрај овие сигурните (ЛАЛ, ЛАК, ЈЏ, ДН, МБ, БС, МХ, БН)


  • Вкупно гласачи
    101
Статус
Затворена за нови мислења.

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Реџи Милер е првиот вистински снајпер во НБА. Играч според кого играта ја развиваа Реј Ален, Стеф Кари...
Toa e само еден хајлајт.
Поважно е дека Реџи беше коплетен играч (two-way што велат Америте). Играше и одбрана, и тоа добро... А најважно од сѐ, исклучително позитивно влијаеше на исходот од утакмците и успесите на неговиот клуб... Единственото вистинско мерило за квалитетот на еден играч.

Тоа што нема титули е последица на фактот дека играше во ерата на Џордан, и не се летеше по супертимови за сметка на заработката. Не е само тој, тука се и Баркли, Јуинг, Мелоун, Стоктон, и други кои да не постоеше Џордан повеќе од извесно ќе лапнеа по титула-две.
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441
Леси се враќа дома (ќе изгубеше големи пари ако не се јавеше во клубот): :)

Се знаеше ова, најслабиот спортски агент го има во било кој спорт, она црнче со основно школо не знај пријава за испит да пополни а не да направи ваков комплициран трејд. После дешавката со Ноел требаше да му се земи лиценцата за работа но тоа е расизмот, црнец и другар на Леброн па се спаси.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Oпклади се тоа. Се опкладуваат на себе и на повеќе пари.. Последниот збор е на клиентот. Не е дека Ноел е дете, па не разбирал што прави. Се обложил дека имал поголема вредност, која излезе дека ја немал. Демаркус Казнинс? Денис Шродер? Куп други? Агентите им се криви, или обична човечка алчност во комбинација со глупавост и уличарска неписменост?

Реторички прашања се тоа, се разбира.
Мене повеќе ме нервира кога играчи под повеќегодишен договор бараат трејдови. Ова што го прават сега со Симонс, претходно УСПЕШНО го направи и Харден, Кавај, Пол Џорџ, АД, и ред други. Бен Симонс барем има полуизговор дека Фили го фрлија под автобус после неуспехот во плејоф... Како да не беа барем еднакво криви и Ембид со куп утнати шутеви (ок тоа донекаде може да се оправда со оставање место за Симонс под кош) и уште повеќе кривицита на Док Риверс со неговите неписмени стратегии - не за џабе е рекордер во изгубени плејоф серии КОГА НЕГОВИТО ТИМ ВОДИ СО 3:0 ИЛИ 3:1. :)

Пази на прес го прашуваат Док Риверс дали верува дека Фили може да освои шампионат со Бен Симонос... И овој со цел памет одговара со НЕ. :ROFLMAO:
Класично фрлање под автобус, и фрлање одговорност само на еден човек - кога Док Риверс е најодоговорен. Уште не ми е јасно како успеа со онаков состав со Џими Батлер не дојде до финале на НБА. Класичен дибек, во Бостон играчите сами играа и имаа среќа што го имаа Тибодо за помошник тренер да им ја постави одбраната.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.842
Поени од реакции
24.272
Харден не е ниту на ниво на Реџи Милер, а со Коби грев е во иста реченица да се става не па да се споредуваат... Со должно извинување кон Реџи Милер, што го ставам во негативен контекст.

едит:
Инаку да појасниме за што зборуваме, можеби на некој отстрана не му е јасно... Зборуваме за можноста на играчот да влијае врз исходот на успехот на клубот, победување во плејоф и освојување титули. За „гризење“. За давање СЀ од себе и во напад и во одбрана. За инат, пркос, за желба да се успее, да се победи секогаш и секаде... Не за поединечни статистики.

Јас знам само за еден човек со споредлив (ако не и поголем) натпреварувачки дух и желба. Човекот се вика Мајкл Џордан.


Нема други такви мајка родено.
Леброн?
 

ilz

Член од
15 октомври 2013
Мислења
4.348
Поени од реакции
3.987
Harden sega ja igra najdobrata kosarka vo karierata. Toa e opasnata rabota.
Seuste ne ama posle nekolku sezoni sigurno ke bide pogolem od Kobi.
Автоматски споено мислење:

Durant so garancija ke bide pogolem od Kobi na kraj od kariera a bradata potesko bidekji treba da osvoi 5 tituli vo naredni 10 sezoni. No zashto da ne, 2 vo naredni 2 sezoni i uste 3 vo naredni 7-8, izgleda dostizno. Da e ziv i zdrav.
 
Последно уредено:

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.842
Поени од реакции
24.272
Не ми прави сељачки муабети сега.
Никој не збореше за неговиот карактер.

Објасни ми што од карактеристиките кои беа набројани погоре на Леброн му фали?

За да не читаш горе, еве ти ги подетално напишани:
- Можност на играчот да влијае врз исходот на успехот на клубот;
- Победување во плејоф и освојување титули;
- "Гризење" - Давање се од себе во напад и одбрана;
- Инат, пркос, желба да се усппее, да се победи секогаш и секаде.
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441
Oпклади се тоа. Се опкладуваат на себе и на повеќе пари.. Последниот збор е на клиентот. Не е дека Ноел е дете, па не разбирал што прави. Се обложил дека имал поголема вредност, која излезе дека ја немал. Демаркус Казнинс? Денис Шродер? Куп други? Агентите им се криви, или обична човечка алчност во комбинација со глупавост и уличарска неписменост?

Реторички прашања се тоа, се разбира.
Мене повеќе ме нервира кога играчи под повеќегодишен договор бараат трејдови. Ова што го прават сега со Симонс, претходно УСПЕШНО го направи и Харден, Кавај, Пол Џорџ, АД, и ред други. Бен Симонс барем има полуизговор дека Фили го фрлија под автобус после неуспехот во плејоф... Како да не беа барем еднакво криви и Ембид со куп утнати шутеви (ок тоа донекаде може да се оправда со оставање место за Симонс под кош) и уште повеќе кривицита на Док Риверс со неговите неписмени стратегии - не за џабе е рекордер во изгубени плејоф серии КОГА НЕГОВИТО ТИМ ВОДИ СО 3:0 ИЛИ 3:1. :)

Пази на прес го прашуваат Док Риверс дали верува дека Фили може да освои шампионат со Бен Симонос... И овој со цел памет одговара со НЕ. :ROFLMAO:
Класично фрлање под автобус, и фрлање одговорност само на еден човек - кога Док Риверс е најодоговорен. Уште не ми е јасно како успеа со онаков состав со Џими Батлер не дојде до финале на НБА. Класичен дибек, во Бостон играчите сами играа и имаа среќа што го имаа Тибодо за помошник тренер да им ја постави одбраната.
Не е проблемот со пропуштениот договор на Ноел, проблемот настана кога веќе не можеше да потпиши Ноел голем договор и агентот не креваше на телефон па пропушти Ноел понуди од ЛАЛ и Фила. Работата дојде нема голема провизија, нема ни замарање со играчот.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Не е проблемот со пропуштениот договор на Ноел, проблемот настана кога веќе не можеше да потпиши Ноел голем договор и агентот не креваше на телефон па пропушти Ноел понуди од ЛАЛ и Фила. Работата дојде нема голема провизија, нема ни замарање со играчот.
Не знам многу за овој случај, само знам дека има многу вакви случаи со ценкање и ризикување, и дека последниот збор го имаат играчите.
На крај сите тие се милионери, вклучувајќи го и Ноел. И повеќето од нив секако ќе ги спичкаат парите на блинг, курви, златен кич, прескапи аута и премногу од нив, прескапи куќи кои бараат милиони годишно за одржување - и премногу од нив, и тоа е тоа. Нивна работа, ама не се за жалење.

Муабетот е дека на крај последниот збор го имаат играчите. И не ги жалам за глупави одлуки... Плус тек треба да видиме дека Симонс ќе се заебе нешто заради ова.

Харден и Кавај и АД и Пол Џорџ, никој од нив не се заеба а исто бараа трејдови на неистечени договори.


Објасни ми што од карактеристиките кои беа набројани погоре на Леброн му фали?

За да не читаш горе, еве ти ги подетално напишани:
- Можност на играчот да влијае врз исходот на успехот на клубот;
- Победување во плејоф и освојување титули;
- "Гризење" - Давање се од себе во напад и одбрана;
- Инат, пркос, желба да се усппее, да се победи секогаш и секаде.
Не е дека Леброн го нема ова, туку дека во тоа не е нивото на Коби и на Џордан. Тие двајца болни беа ако не победат, Леброн ќе го накриви качкетот и ќе снима филм, или реклами или други пи-ар, или ќе иде на одмор.... Коби после поразот од Бостон буквално останал во салата и неколку часови тренирал и шутирал. Џордан па бил и дамбетер од Коби... Џордан и Коби се тип на луѓе кои буквално болни легнуваат после пораз. Било кој пораз. Џордан и на флипери/видео игри/карти/покер/голф/било што ако изгубел, инат го фаќало и барал уште една партија, и уште една партија, и...

Леброн не е како нив двајцата. Леброн е искулиран тип на бизнис човек. Вреден е, тренира, си го одржува телото... Ама е многу пресметан. Неемоционален. Не влага во конфликти, не влага во дуели. Не се потресува многу кога губи, или барем така се прави... Сеедно. Коби и Џордан се на друго ниво... Како што реков, нема други двајца такви мајка родено.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.842
Поени од реакции
24.272
Не е дека Леброн го нема ова, туку дека во тоа не е нивото на Коби и на Џордан. Тие двајца болни беа ако не победат, Леброн ќе го накриви качкетот и ќе снима реклами или други пи-ар.... Коби после поразот од Бостон буквално останал во салата и неколку часови тренирал и шутирал. Џордан па бил и дамбетер од Коби... Џордан и Коби се тип на луѓе кои буквално болни легнуваат после пораз. Било кој пораз. Џордан и на флипери/видео игри/карти/покер/голф/било што ако изгубел, инат го фаќало и барал уште една партија, и уште една партија, и...

Леброн не е како нив двајцата. Леброн е искулиран тип на бизнис човек. Вреден е, тренира, си го одржува телото... Ама е многу пресметан. Неемоционален. Не влага во конфликти, не влага во дуели. Не се потресува многу кога губи, или барем така се прави... Сеедно. Коби и Џордан се на друго ниво... Како што реков, нема други двајца такви мајка родено.
Измеша сега, класичен backpaddling направи.
Тоа што Леброн живее во поинаква ера на Коби и Џордан и може многу полесно и подстапно да си го продаде брендот, не го прави ништо помалку победник од Коби или Џордан.
Леброн паѓа болен и после пораз и после победа.
Секој различно ја исфрла фрустрацијата после пораз, но тоа не значи дека Леброн не се нервира после секој пораз.

Единствено нешто што го двои Леброн од другиве двајца е неговиот карактер.
Но, тоа не беше параметар набројан во твојот првичен пост.
Мислам, кул е да се хејта Леброн и кул е да не се става во конверзација со останатите двајца.
Али мора да му се даде кредит, каде што заслужува да му се даде кредит.
Леброн во кошарката е тоа што е Кристијано Роналдо во фудбалот, па сега ти размисли "мајка колку такви луѓе има родено."
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Леброн живее во поинаква ера на Коби и Џордан и може многу полесно и подстапно да си го продаде брендот, не го прави ништо помалку победник од Коби или Џордан.
Леброн паѓа болен и после пораз и после победа.
Секој различно ја исфрла фрустрацијата после пораз, но тоа не значи дека Леброн не се нервира после секој пораз.
Можеби. Сепак јас зборувам за мое лично мислење и личен впечаток.
Така го доживувам Леброн, човекот е најдобар во неговата генерација и сѐ тоа... Ама не „гризе“. Не ми се чини дека „паѓа болен“ после пораз.


Леброн во кошарката е тоа што е Кристијано Роналдо во фудбалот, па сега ти размисли "мајка колку такви луѓе има родено."
Не следам фудбал, не можам да ја проценам паралелата па нема ни да ја коментирам.


Мислам, кул е да се хејта Леброн и кул е да не се става во конверзација со останатите двајца.
Али мора да му се даде кредит, каде што заслужува да му се даде кредит.
Респект за него, тоа го велев и пред да биде Лејкерџија...
Ти можеш да го ставиш Леброн во конверзација со Коби и Џордан, но само како некој кој не ги достигнал.

Гледај ова секако се лични и не секогаш целосно објективни размислувања. Во контраст мислам можеме објективно да го споредуваме брадата со некој од спомнативе, и да кажеме дека брадата не игра одбрана и не влијае на исходот како алфа и омега. Тоа не е спорно. Ама не можеш објективно да го споредуваш Леброн со Коби и Џордан и да кажеш дека се еднакво најдобри, освен ако не си ги гледал сите тројца како играат преку цела кариера. Некој постар истово може да го каже и за Вилт, Расел, Оскар... Јас имам гледано понекоја утакмица со нив, ама ја немам осетено атмосферата тогаш на времето, немам филинг за играта тогаш.

За Леброн и за Коби и Џордан, сите ги гледав преку цела кариера (ок Џордан само втората половина од кариерата)... И знам што зборувам кога ќе кажам дека кога го гледам Леброн дека буквално го нема истиот порив, истото гризење за победа. Не е тоа само разлика во карактер и во однесување. Добар е Леброн, вреден е, ама не е на нивото на Коби/Џордан. Тоа е мое лично мислење... Без разлика што ти го доживуваш како „backpaddling“.


Како ти би аргументирал зошто сметаш дека Леброн е на исто ниво со Коби и Џордан?
На пример сакаш ли да ги споредиме тимовите/составите со кои тројцата наведени освојувале шампионати? :)
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.842
Поени од реакции
24.272
Како ти би аргументирал зошто сметаш дека Леброн е на исто ниво со Коби и Џордан?
На пример сакаш ли да ги споредиме тимовите/составите со кои тројцата наведени освојувале шампионати? :)
Не не, зашто тоа е дискусија што од старт ќе ја изгубам. :D
Јас не реков дека Леброн треба да се става во иста реченица целокупно како кошаркар со Коби и Џордан.

Јас издвоив само еден сегмент, нивото на професионалност и желбата за победата и да се биде најдобар.
Во овој сегмент и во оваа категорија, јас мислам дека Леброн може комотно рамо до рамо да се стави со Коби и Џордан.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Момакот Е професинален 100%. Има голема желба за победата и да биде најдобар. Риспект за сето тоа... Ама едноставно не е на тоа највисокото ниво на Коби и Џордан. :)

 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.343
Поени од реакции
7.457
Леброн нема учукано бокс на соиграч затоа што соиграчот не се трудел доволно на тренинг.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom