Македонска фудбалска репрезентација

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.972
Поени од реакции
6.842
Што тактика би поставил ти со Спировски, Николов, Костадинов, млад играч ко Чурлинов и напаѓач како Миовски? :D
Да не глумиме лудило, разликата во квалитет во двете репрезентации се мери во класи.
Само со голема среќа и лош терен можеше да дојдеме до 0-0, ама Велковски ја шитна пацерски и после се распаднавме. Се знаеше дека после еден гол, ќе следи потоп. Ни ја скрија топката затоа што се далеку посилни од нас. Да останеше Адеми ќе имавме маааалку поголеми шанси, ама ништо.
Ова е класика натпревар од времето кога не искачавме од половина, што побрзо се заборави, толку подобро.

Замерувам што на крај не се зстворивме за да задржиме бар 0-2. Гол рљзликата е решавачка во случај на исто бодови. Вака толку е од нашите надежи. Она што се пропушти претходно ќе биде клучно.
Јас да сум селектор како би играл е кога ќе анализирам и ќе го работам тоа , а сега го коментирам тоа што го гледам како човек кој се разбира од фудбал, која беше тактиката, образложи ми ти, еве јас не разбирам тактиката толку добро на Боби, па образложи ми.

Се затвраш а го ставаш во напад Јаховиќ, го пушташ Костадинов пред Ракип, Елмас и Чурлинов на иста страна во напад, да тоа со Адеми не поеба и се знаеше дека по тоа веќе сме со една нога поразени, ама пред тоа што изигравме како репрезентацијата, која беше тактиката и замислата на Боби тоа ми објасни, бидејќи се трудам и трудам да сфатам ама воопшто не ми оди.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.142
Поени од реакции
16.655
Кога ќе размисли чоек со овој селектор, без Пандев и со овие полуиграчи подобро да не се појавуваме на светско, топовско месо ќе бидиме, ќе ни се смеат таму сите.
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.206
Поени од реакции
7.992
Сер Боби се што можеше да поебе и да уништи откога дојде, поеба и уништи. Фалеше уште Лихтенштајн да ни извади нерешено за сликата да биде комплетна.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.544
Поени од реакции
21.507
го пушташ Костадинов пред Ракип
Ко божем ти па цел живот го пратиш Ракип како игра.
Сигурен сум дека не знаеш која нога му е појака, ама би го играл пред Костадинов само затоа што те нервира овој.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.855
Поени од реакции
3.325
Едно добро полувреме, без Адеми во продолжение, примен брз гол во второ и толку. На крај се виде македонското, стоење и чекање да заврши утакмицата.
Не е страшно да се изгуби од Германија, па ни со толку, ама па и пристапот во второ беше лош, грешкиве ептен не коштаа. Иако имам добро мислење за Милевски, дали сепак мисли дека второто место уште не е решено. Реално заеба квалификации во кои можеше до бараж да се стигне. Шансите постојат, ама дали мислат дека Исланд ќе и извади бод на Романија сред Букурешт, а притоа ние да победме со +2 во Ереван (бидејќи денес и гол разликата падна). Криво ми е во ваква група да не сме втори и тоа со победа против Германија.
 
Член од
6 мај 2021
Мислења
699
Поени од реакции
1.290
Кој се математиките за да останеме во игра ???
Романија да изгуби од Исланд и ние да ги победиме Ерменија и Исланд ?
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Пак ќе пишам, многу сакам да успее сер Боби, ама репрезентацијата под негово водство е тотална хаварија.

Петта утакмица по ред не се знае кој што прави на терен. И со Лихтенштајн одигравме лош наптревар, го добивме ради снаодливоста на Адеми и ради тоа што сепак беа Лихтенштајн. Денеска секако дека не требаше да се очекува победа против Германија, ама и денеска скроз утнат пристап.

Просто нема никаков темплејт у нашава игра, дали играме на центаршути, дали преку средниот ред, дали со долги топки кон шпиц, дали дефанзивно, дали копачки... Со Мрме нервозите беа зошто не го валолизираме толку средниот ред, овде до душа и немаше никад комплетен среден ред на располагање Боби ама овие што ги има ги поставува скроз утнато. Денеска што кур бараа Чурлинов, Елмас и Алиоски на една страна, а на другата бевме со Боби Николов и Костадинов ??? Поголем дисбаланс не може буквално.

Ептен сум разочаран од играта што ја прикажуваме под Боби, вратени сме у времето кога игравме селски фудбал, без никаков концепт. На тоа утиче и тоа што у слободен пад е формата на голем број на нашиве играчи. Ама мислам дека и со Пандев у екипа и со играчите у форма, со ваков пристап на игра, пак ќе беше брукастична игра.

Од сегашна точка, мораше Мрме да остане до крај на циклусов, па ако се посереше и он ќе бевме на чисто, сеа вака испадна дека Боби доби бараж на тацна, а на крај ќе завршиме четврти у група...
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Кога ќе размисли чоек со овој селектор, без Пандев и со овие полуиграчи подобро да не се појавуваме на светско, топовско месо ќе бидиме, ќе ни се смеат таму сите.
Ajde molim te so muabetive do vcera bese da ucestvuvame barem,sega sakate da gazime daj molim te.Ajde sega gi znam replikite pukajte

Sent from my SM-A325F using Tapatalk
 
Член од
4 март 2007
Мислења
698
Поени од реакции
137
Само слепец не може да види што се работи....а јасно е како ден. Жално е само за Адеми. Има луѓе за пари на тезга носат мајки, жени, ќерки....а не па некоја си утакмица и 3 бода..
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.193
Поени од реакции
937
Еден коментар од мене

Прва грешка која може да му се земе на Милевски е играњето на Јахович напред... Човекот се виде дека не е физички спреман... Буквално стоеше 50 мин на терен и усра неколку можни контри... Во првото полувреме одбраната беше маестрално поставена. Германците тешко не пробиваа и освен стативата од Вернер немаа некоја посериозна шанса. За разлика од многумина кој го критикуваа со право за играта во напад, јас сепак би го пофалил Костадинов за играта во одбрана. Многу помогна по таа десна страна каде делуваа одлично со Ристовски. Лево исто многу помагаше Чурлинов на Алиоски каде исто тоа му се одрази во напад каде го немаше... Средината со Адеми и без Адеми два различни поима... Треба најкултурно Стефан да му ја даде капитенската лента бидејки човекот е моментално алфа и омега на репрезентацијата. Мотор во права смисла на зборот. Елмас ме разочара навистина треба некој како Пандев дс го плесне два шамари и дс го врати во реалноста дека ако игра во Наполи не значи дека треба да дрибла како јужноамериканските кловнови туку треба да додава да трча да влегува во шанса и да асистира, бидејки тој сега е тоа што беше Пандев, наш најдобар не би рекол но најпознат играч од сите. Доаѓаме до второ полувреме и очекував измена место Јахович да влезе Миовски но не продолживме со желката напред и после тоа следуваше потегот на Дарко... И ајде грешки се случуваат и иде втор гол повторно Дарко греши... Место да излезе и да го остави Германецот у офсајд тој стои зад неговиот грб... Трет гол повторно Дарко последен играч... Толку да се нема чувство за позиционирање за играч кој веке има триесетина утакмици за репката и кој игра во сериозна екипа како Ријека е стварно срамно... И за крај Муслиу ја испосра да не е и он покусо.

За овие квалификации јасно е веке дека работата е 70% завршена, Германија прва, Романија втора. Овој пласман оди на душа на Боби ради претходните киксови не за денес. Имаше на тацна второ место со одличен распоред, но испуштивме двс бода со Исланд и дома со Ерменија и Романија од кој морсвме барем една да победиме. Денес не беше проблемот поразот туку начинот на кој изгубивме. Маестрално прво полувреме, идиотско второ....
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.713
Поени од реакции
2.599
Кој се математиките за да останеме во игра ???
Романија да изгуби од Исланд и ние да ги победиме Ерменија и Исланд ?
Да, баш така. Не ни мора да загуби Романија во следно коло, само да не победи со Исланд, ама ние треба да победиме против Ерменија, така би задржале нели 1 или 2 бода предност (уште подобро ако Исланд победи)..ако победат Романија и Македонија, тогаш ќе се молиме во Лихтенштајн да не изгуби од Романија, што е малку веројатно, а ние победиме со Исланд во последно коло....
 
Последно уредено:
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.762
Поени од реакции
13.407
О вие припадници на голема фудбалска нација, која не знае за пораз, па сега сте изреволтирани затоа што таква фудбалска велесила изгубила од некоја Германија.

Па уште форсирање на победата во Германија, демек тоа било нешто најнормално, а не инцидентна победа, која може да се случи еднаш во 50 натпревари.

И тие споредби помеѓу Боби и Мрме, со констатација дека да бил вториот немало да изгубат. Демек Австрија и Полска не не тепаа два пати во група, при што Австријците не растурија на Градски со 1:4.

А и постојано заборавате какви бевме на ЕП, притоа можеби во најслабата група.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
2 raboti poradi koi nema da igrame baraz za svetsko - federacijata i Pandev...

1. Pickite u federacija mozea barem do kraj na godinava (kvalifikacii) da gonzadrzat Mrme, se gleda deka takticki e pojak od Bobi.. Golem patlak ako Bobi kazuva deka igrame na posed i sme igrale kako Barca, ednostavno Mrme bese zver zs idese na rezultat i dobro go znaese toa i kolku mozeme...

2. Pandev iskoci peder i ja ostavi na cedilo repkata bas koga imavme najgolemi sansi za baraz za svetsko.. Pa jebem li ti mater, mozese da izdrzis uste 4 meseci vo repka, nisto nemase da ti nasteti ebate konjot..
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.142
Поени од реакции
16.655
Ajde molim te so muabetive do vcera bese da ucestvuvame barem,sega sakate da gazime daj molim te.Ajde sega gi znam replikite pukajte

Sent from my SM-A325F using Tapatalk
Јас никогаш немам речено барем да учествуваме, ме имаш помешано со некој. Од никогаш не ми се јасни тие ставови, демек хајпот до небо да се учествува и после уште во групи да се испадни.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom