Формула 1 - сезона 2021

Кој ќе биде шампион во Формула 1 за 2021 ?


  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.

Alen_001

Недозволен тајтл, внимавај.
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.570
Поени од реакции
1.093
Ги гледам Гасли вс Алонсо и Алонсо вс Мик инцидентите пак и уште не ми е јасно зошто и Пиер и Фернандо добија иста казна т.е. 5 секунди + 2 казнени поени.

Го изврте Алонсо, да, ама мокро+старт+прва кривина+Перез лево до него, што повеќе можеше да направи Гасли? Плус на снимката убаво се гледа дека дава пун лев ама јбг колата лизга малку десно ради условите на патеката. Чист тркачки инцидент на отварачки круг.
Од друга страна, Алонсо му влага ко торпедо на Шумахер во ситуација каде што има 0% шанса да го помине и го извртува надвор од патеката. 100% вина на Фернандо, но добива иста казна како Гасли. Која е логиката тука? :confused:

Според мене првиот случај е тркачки ицнидент, а вториот 10 секунди казна за Алонсо.
--------------------------------------------------------
Иначе на последниве 7 трки т.е. од аеро надградбите во Силверстоун, Мерцедес е дефинитивно побрзиот болид, посебно кога станува збор за race pace, па и на квалификации.

Силверстон - Мерцедес побрзи на квалификации, али бидна што бидна на трката па не знаеме баш за race pacе, ај да речеме еднакво
Унгарија - дефинитивно Мерцедес побрзи
Белгија - Мерцедес изгледаа како најбрзи но дожд+немаше трка
Холандија - Ред Бул побрзи
Италија/Русија/Турција - Мерцедес побрзи без аргумент

Вториов дел на сезонава ептен ми смрди на 2017/18 кога Ферари(и Фетел) почнаа да тонат после Силверстон, и тогаш исто Мерцедес имаа аеро надградби на полусезона.
Сега за сега дождот и Хамилтон му го спасуваат гзот на Макс. Луис ја еба ептен во Монца со лошите стартови и изгуби чиста победа, а Спа, Сочи и Истанбул да беа суви, прилично сум убеден дека Мерцедес ќе издоминираа.

Од преостанативе трки, Мексико и Интерлагос треба да им одговараат на РБ, а Абу Даби е Мерцедес територија. Америка најевројатно Мерцедес, ама треба да е тесно, додека Катар и Саудиска Арабија се енигма.
Otsekogas sum se prasuval zosto nekoja trka im odgovara na nekoj tim,a nekoja trka skroz se tapa?
 

Kanye.brt

Пропо
Член од
29 ноември 2019
Мислења
746
Поени од реакции
1.026
ако е со големи правци и помалце кривини не игра улога мн даунфорс него моќ на мотор, монца, сочи, мерцедес има најмоќен мотор.

повеке кривини кратки правци бара даунфорс да има грип и низ кривини да иде побрзо, хунгароринг, монако.

и др фактори, мексико е повеке права ама на голема надморска висина нема мн драг е и идат на повеке даунфорс

првата половина сезонава рб имаа подобра аеродинамика послаб мотор и се носеа некако на тие траки, сега мерцедес со апгрејдот тука негде се со аеродинамика и ке си газат со моторот до крај.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
Уф каков викенд беше ова немате претстава... еве ме тазе вратен од Истанбул па да споделам импресии.

Јас од Прага и 4ца другари од Скопје се наоѓаме во Истанбул. Кафаните, дискотеките и тој провод ќе го тргнам на страна и ќе се задржам на Ф1.
Не знам како да ја опишам неспособноста на турците, сериозно се катастрофа во секој поглед. Не сум бил на којзнае колку трки освен Монца па не можам да споредам, ама убеден сум дека ова е врвот.

Петок - тренинзи:
Првиот тренинг беше закажан во 11:30, а вториот од 15:00. Од строг центар на Истанбул (Европскиот дел), тргнавме накај 9 сабајлето, веќе во 10 бевме таму. Имаше преку 10 влезови за луѓе, а со кола имаше пристап од ми се чини 6 или 7 страни. Ама влезови од автопат со 5-6 ленти во еден правец. Првични импресии дека ќе биде топ организација.
Влеговме во фан зоната, и имаше едно 20 штандови за јадење, исто толку и за пиење + Мерцедес, Ред Бул, Ферари и Мекларен имаа официјални продавници за реквизити. Имаше и две Ф1 продавници за сите останати "небитни" тимови. Сериозно видов маици од Хаас и од Мазепин, да не беа огин цените на заебанција можби ќе купев нешто од Мазепин.
Се подновивме тука сите со реквизити, ама цените се огромни. Маица од Макс 40 евра, капче и дуксер од РБ ме коштаа 60 + 110 евра, или севкупно 210 евра.
Логично сакав да купам нешто и од Алонсо, ама имаа само капчиња кимоа, а искрено не носам и беше 60 евра па ми немаше логика.
Очекувано на тренинзите немаше многу гужва. Карти имавме за Gold секторот т.е. трибината на самиот старт. Ги памтам звуците на болидите од Монца во 2015, ама или сум заборавил чувството или овие болиди се х10 од тие тогаш па звучеа доста моќно. Кога ги запалија и тргнаа, наежување до максимум... тек па кога влегуваа да менуваат гуми со тоа пиштолите какви звуци има, нема начин да се опише сериозно.

Сабота - квалификации:
Е тука беше првичното разочарување од организацијата. Квалификациите беа од 3, а третиот тренинг решивме да го пропуштиме. Тргнавме во 11 планирајќи да стигнеме 1 - 1:30 таму. Турска ненормална работа сите влезови со кола ги имаа затворено и оставија еден ебан влез што поминува низ едно мало селце/градче и има само 1 лента. Гужвата беше колона од 7 ебани километри. Дојде 14:10 ние бевме на 3 километри од стаза. Направивме договор едниот другар да бара паркинг, а останатите да тргнеме кон патеката. Натаму со трчање. Доаѓаме на врата има 3 контроли. Првата е за HES кодови, втората за карти и 3тата секјурити чек. Ова само за да се влезе во делот на фан зоната, за на трибина имаше уште една контрола. Е на овие први 3 влезови имаше по 30-40 ленти, а работеа само 20тина. Гужва огромна. Со трчање стигнавме на трибина во 15:10 па првите 10 минути ги пропуштивме.
Квалификациите најавија добра трка, имаше дожд малку, се најавуваше дожд во недела, Макс второ место, а Хамилтон 10 места подоле. Па дури и Алонсо заврши 5ти, си реков this is it, можда и ќе го видам на подиум.
На крај на квалификации се смеевме, завршија сите па се наредија на старт веројатно последен "тест" како да стартуваат. Тргаа по 3-4ца, а Кими паркиран и седи 10 минути, ги чекаше сите да стартуваат, па на крај самиот си стартуваше у негов стил. Имаше некои смешни тимски радија ко она за пијалокот.
За одење накај дома беше уште поголем хаос, 3 саати за да излеземе од патеката.

Недела - трка:
Уфффф, адреналинот тука пукаше во 8 сабајле тргнавме од возбуда и поучени од гужвата претходниот ден. Фала богу ја избегнавме тука гужвата и патиштата сега не беа затворени ама доста џандари пренасочуваа. Веќе во 10 бевме на патеката. Имаше интересни настани, беше презентиран 2022 болидот, имаше као мала просторија со сите шампиони во Ф1 и пехарите, диџеј, а во 11 фанзоната веќе беше исполнета. Влеговме на патека околу 1 часот, имаше некое загревање, па парадираа со автобусот, даваа интервјуа. Делот кај што бевме сместени беше чиста 10ка, иако под стреа од ветерот дуваше и врнеше буквално цело време над нас. Нит кабаници нит ништо. Земавме едно знаме Македонско, на Ф1 ТВ не дадоа во крупен кадар неколку пати, бевме до едни турци и чилеанци. Кога се видовме на тоа бимовите се помочавме од радост.

Трката веќе почнува...
Многу разочарувачки ми беше стартот, очекував Макс да го изгриза Ботас на старт, ама имам впечаток и баш тоа коментиравме со друштво дека Макс на дожд нема ниеден добар старт. Немате претстава што значи 20 болиди да стартуваат во исто време мислам звуците се слушаа на 10 километри од патека. ЛУДИЛО!
Трката од една страна беше разочарувачка бидејќи очекувавме некое излетување или повеќе акција поготово кога имаше дожд цела трка. Ама ништо од тоа не видовме. На трибина настана хаос кога Хамилтон го претекна Перез, па овој се одбрани. Страшни овации имаше и за Саинц и Макс.
Не знам од кои причини, ама Перез добиваше повеќе скандирања дури и од Макс и Хамилтон. Ова зборам пред да се деси акцијата. После тоа збеснаа.
Ние сељаци ко сељаци, мислам дека цела трибина не знае и ни се чудеа. Ја навикнат од секој спортски натпревар навивам за тимот, а кога е противникот у прашање пцуеш мајки шајки, уа и се по ред. Овде мислам бевме единствените кои викавме УУУУУ кога Хамилтон ќе поминеше. Културен народ иде на ова формулава, без разлика дали си со Мерцедес или РБ реквизит, имаше аплаузи и скандирања за сите што искрено ме изненади. Бевме 1-2 реда со РБ маици и дуксери, а под нас скоро се беше од Мерцедес па се пецкавме ама се беше позитивно. На крај имаше аплаузи од двете страни.

Инаку не знам зошто, ама болидите во живо звучат многу поинаку од она на ТВ што го слушаме. На пример Мекларените со Астон Мартин ги имаат најгрдите звуци, дури боли кога ги слушаш. Ферари, и РБ се огин, многу добар звук вадат. Мерцедес, ова е чудовиште, не знам како да го опишам звукот. Ако треба да се поделат по категории, ондак Мерцедес се сами на врвот. Чудовиште, страшни беа.
А, Мик и Мазепин, дури и смешни ми беа. Дечките па и тимот, не знам зошто уопште учествуваат, не се ни приближно блиску до некој друг тим. Единствената трка е меѓу нив двајца, не можат ни да припарат до другите. Греота.

Се на се одличен викенд. Догодина здравје на повеќе трки ќе одиме. Ако некој го интересира трошоците за Ф1 викенд беа вака:
Хотел 100 евра по човек со вклучен доручек за 6 ноќевања.
Превоз мене ме кошташе 150 евра со авион, они 4ца во кола по 60 евра (бензин + патарини).
Картите беа 400 евра.
Реквизити е опционално ама мене ме чинеа 210 евра.
За јадење и шетање зависи од вас, тука не можам да дадам некоја цена. Буквално имавме оброци од по 2-3 евра, до јадење во ресторан месо од 100 евра.
Имаше некои понуди по 10-13 илјади од агенција, ама јас не би одел никогаш со агенција. Прво те форсираат со автобуси и ќе скапеш, второ зависиш од цела група. Најевтината опција со сопствен превоз е 60 евра пат + 70 евра General Admission карта за Ф1 + 100 евра хотел = 230 евра + уште 100 евра за останатите оброци во денот. Останатото е опционален луксуз.

Во продолжение неколку слики:
20211008_100319.jpg
20211008_124216.jpg 20211010_122703.jpg 20211010_122717.jpg
20211010_143639.jpg 20211010_172228.jpg


Видеата се подобри, ама немам како да ги прикачам тука.
 
Член од
8 ноември 2012
Мислења
233
Поени од реакции
369
Јас планирам Австрија наредна година ако се биде во ред и не заебат со вирусиве. Да поминам до Прага да те соберам?
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
@Комита Ултрас супер пост, фала што сподели (y)

А, Мик и Мазепин, дури и смешни ми беа. Дечките па и тимот, не знам зошто уопште учествуваат, не се ни приближно блиску до некој друг тим. Единствената трка е меѓу нив двајца, не можат ни да припарат до другите. Греота.
Намерно го прекинаа целосно развојот на болидот за да се фокусираат на развој за следната сезона, они практично ги возат истите болиди од лани. Оваа сезона им е само тренинг за двајцата возачи новајлии.
 

Kanye.brt

Пропо
Член од
29 ноември 2019
Мислења
746
Поени од реакции
1.026
Јас планирам Австрија наредна година ако се биде во ред и не заебат со вирусиве. Да поминам до Прага да те соберам?
за Австрија купи си уште сега карта ако сакаш на трибина, се распораваат одма.
јас бев годинава ја купив септембар месец 2019та, 2020 беше без публика и ни ја рефунднаа на ф1тикетс.
исто и на гоотикетс имам купувано карти ги рефундираат ако биде без публика или се откаже.
 
Член од
13 јануари 2013
Мислења
1.537
Поени од реакции
1.172
се сеќава некој на случката со комедијантиве ферари кога леклер ги праша што може да очекуваме, која позиција би завршиле? Пи уан, пи уан :pos:
А него муабетот му беше дека од Ботас ќе биде претекнат, но дали другите ќе го претекнат, а овие од Ферари легенди со одговорот :pos:
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Му рекоа "Во моментов си пи уан" :ROFLMAO:
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.818
Поени од реакции
10.964
Како не беше Кими тој што прашува, ќе ги напраеше морони, што и беа во случајот :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.767
Поени од реакции
33.508
FB_IMG_1634142320065.jpg

Не го сакам и Макс многу, ама после ваква сезона ако ѓупчето му ја земе титулата од раце, ќе биде навистина штета.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom