Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Ајде со среќа, со Линделоф/Баји стопери влегуваме во најгустиот дел од сезоната. :popce:
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.669
Поени од реакции
7.246
Искрено 98посто се против Погба или и е сеедно, само шо ти немаш му да да се рчнеш со други па сереш по неактивни толку или некој што е ептен активен, ти Ставро навиваш за клубот заради Погба и против Роналдо, имаш нечисти ставови и си делудед, искрено баш си за некоја институција или да ти се забране интернет за да не правиш 1000 профили па да ги збунуваш луѓето демек некој те подржува.
Не си го губи времето со псајко
Ајде со среќа, со Линделоф/Баји стопери влегуваме во најгустиот дел од сезоната. :popce:
Треба да се врати Слабхед a тука е и Џонс noot just kidding. :D
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Не си го губи времето со псајко

Треба да се врати Слабхед a тука е и Џонс noot just kidding. :D
Нема никаква информација за Мегваер. Варан изгледа има проблем со препоната или адукторот.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.669
Поени од реакции
7.246
Не зборам за против Лестер најбитна ни е против Ливерпул и дуелите со Аталанта би требало да се врати до тогаш.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.654
Поени од реакции
9.235
Од меморија вака, и Варан ми се чини дека беше длабоко напред. Не можеш него да го кривиш сепак. Од наша корна контра ни направија, и тука Фред ја посра за сите пари.

Стварно не ми е јасно што има во тоа тимбата, не е доволно физички јак за да доминира играчи, едноставно однеси го во аут и заработи жолт.
Го гледам сега против Колумбија прво полувреме, братов не знам како игра за Јунајтед стварно. Океј се труди, трча и борец е... ама трапав е многу и губи топки безвезе. Башка фудбалската интелигенција му е на просечно ниво. Кога ќе ми текни на износот кој го плативме тоа лето ми се крева коса. Колку безвезе трансфер лето беше тоа значи. Ни Далот се погоди, ни Фред нешто покажа...
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Имаше некоја изјава од Сколс овие дена. Сугерира да се игра само со еден деструктивец, МекТоминеј како ДМ.
Друга работа, гледам доста позитивни коментари за Чуамени. Се шпекулираше доста за него последните недели од прелазниот, не знам зошто не пробаа да го донесат. Ќе завршеше добра работа.

 
Последно уредено:
Член од
21 февруари 2011
Мислења
382
Поени од реакции
486
Ти прочитај погоре што ти напишав. И радо ќе ти кажев каде сум, ама не ми се добиваат казнени поради мочко како тебе.
Зошто пцуење бе лепи, најди еден пост од мене кај што те пцујам :(
Одма е подруга темата со тебе, професионални анализи и објективни мислења. Продужи така, ради тебе сеа доаѓам почесто на темава, твоите едукативни постови да ги читам да се насмеам малце во тажниов октомври.
Edit:
Зошто не си ми расположен сонце?
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Го гледам сега против Колумбија прво полувреме, братов не знам како игра за Јунајтед стварно. Океј се труди, трча и борец е... ама трапав е многу и губи топки безвезе. Башка фудбалската интелигенција му е на просечно ниво. Кога ќе ми текни на износот кој го плативме тоа лето ми се крева коса. Колку безвезе трансфер лето беше тоа значи. Ни Далот се погоди, ни Фред нешто покажа...
На Мурињо експертизата :D Имаше некои големи дупки и фосилни манири Мурџо, ама цел живот ќе ми биде енигма како може у денешно време кога сите користат цели Data Science оддели и истураат милиони во тој сегмент, експертов да одбива да примени такво нешто.
Автоматски споено мислење:


Се учи ова off-ball движење, не е некоја научна фантастика. Кај Гвардиола не влагаш на терен ако не го пројдеш овој тест. Ај Оле е повеќе менаџер отколку тренер, туку Керик што прави, нели он му беше ментор и е задолжен за coach-ање.
 
Последно уредено:

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.334
Поени од реакции
57.901
@zodiac21 и @Puebla80 банирани од тема на 7 дена и дај средете се малце, дегутантно е да читаме цело време за мајки, сестри, мочковци, неписмени, и останати Ад Хоминем напади. Научете да дискутирате веќе еднаш, срамота е, возрасни луѓе сте.
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667
Без Варан и Мегваер у најтешкиот период од првава половина. Кај уште Фред ќе му ги мрси конците на Оле па уште и ова ко капак му дојде. Дека Баји и Линделоф ќе изигираат нешто, да не се лажеме ќе не трпаат ко мисирка за thanksgiving. Нека моли бога Бруно и Роналдо да се живи и здрави да му вадат нерешени иначе фјордовите го чекаат да фрла блинкери.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
1.046
Поени од реакции
1.497
Ам ајде да видиме како е кога се применуваат правилата дословно.
@zodiac21 и @Puebla80 банирани од тема на 7 дена и дај средете се малце, дегутантно е да читаме цело време за мајки, сестри, мочковци, неписмени, и останати Ад Хоминем напади. Научете да дискутирате веќе еднаш, срамота е, возрасни луѓе сте.
Ам требаше да банираш и да си ќутиш, вака ептен е безвезе земајќи во предвид колку селективно ги применувате правилата низ темиве :pistoldz:
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
1.046
Поени од реакции
1.497
Уште еден доказ за селективноста, сега нема да ручам. НА темата, интересен период ни следи, ќе играме на прими 2 дај 3...или дај 3 прими 4 :ROFLMAO:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.334
Поени од реакции
57.901
Два дена бан од тема за @provokacija поради континуирано шерифување на тема.

Вака сега: очигледно има многу зла крв на темава. Мислам дека сте најлош фан-клуб на форумов, иако влегувам во фан-клубови само по пријави, а кај вас фрчат пријави цело време. Сигурно нема да читам 500 страни наназад за да видам кој прв почнал. Кога ќе отворам пријави, кој ја претерал ќе јаде бан. Не знам за каква селективност блада дечково, ни еден од вас не ми е близок, сите би ве банирал без око да ми трепне. На темава го почитувам само Манчестер Јунајтед. Вие сте ми небитни.

Би ви препорачал е да се средите малку. Сите навивате за ист клуб. Што е тоа толку важно на форум каде сите сте анонимни, да фрчат мајки, шајки, сестри цело време? Еден лик зад аватар пцуе друг лик зад аватар, нити се сретнале нити нешто знаат за себе, се пцујат цело време, водат некаква имагинарна војна со замислен непријател. Чукнете си ги главите малку.

Тие што поминавте без казна овој пат не значи дека утре нема да добиете. Тоа што некој направил дупли профил и ве испровоцирал не значи дека треба да се навредувате три страни. Пријави и стави на игнор. Нема да ви биде олеснителна околност следниот пат.

Жал ми е за вас кои си го сакате клубот и сакате да дискутирате нормално. Игнорирајте, и пријавите. Не започнувајте дискусија затоа што е небитно кој прв почнал.

Ако имате нешто да се пожалите, пратете порака. Кој ќе шерифува на темава ќе биде принуден да си прави нови профили до недоглед.

#IoOut
 

Kajgana Shop

На врв Bottom