Фан Клуб: Вардар

Член од
11 мај 2008
Мислења
3.355
Поени од реакции
7.307
Za trenerot od start znaev deka veze nema.. Mora da se reagira odma
Па види стручњак што успеа да го испадне Силекс во онаква смешна конкуренција како лани, не смее да го води Вардар!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Уште кога го видов распоредот, реков дека ќе биде тежок стартот. Практично, одигравме со скоро сите потешки противници. Поминаа тешките гостувања во Дебар и Велешта, како и директните дуели со Силекс и Воска.
Од 9 можни бодови на гости, освоивме само 1. И тој еден бод го земавме со младински состав. Со Силекс не заслуживме пораз, а денес загубивме сосема заслужено.
Играњето го пониски лиги кога имаш два богати директни конкуренти не е само игра на терен. Нема тука имиња на клубови, има фрлање пара, ургирање кај судии, фаќање на други екипи да играат за тебе. Така Воска и Силекс си ја подолеснија работата, а ние уште сме како паднати од Марс по тоа прашање. Екипите имаат голема мотивација против нас, па ќе треба време додека фатиме залет. И во минатото јаки екипи знаеле да стартуваат лошо, па после почнувале со победи и завршувале први. Притисокот што е наметнат дека мора да се вратиме одма се чини е преголем кај нашите фудбалери.
Несфатливо е вакво издание, особено што на хартија сме најјаки. Спомнав и порано, не ми се допадна што напред изнасобраа само постари фудбалери, кои не се доволно подготвени за 90 минути, а и не се желни за докажување. Велешта не тепа со 100 годишен Нијази Лена, со Стојанче Велинов и тренер како Џигерот, кловн невиден. Ама знаеа како, не фатија на ура, за 10 минути два гола ни акнаа. Паненка на Илиќ му маваат. Пеналот беше меееех, неколку пати ни кренаа сомнителен офсајд, а после вториот гол си одиграа паметно со задржување време. Оправдување нема, да беше натпреваров во некое друго време, ќе речев дека сигурно имало закани и притисок, ама кога те даваат на ТВ, кога колку толку заличија на екипа, го нема она играње на калаши и кршење нозе. Па, Скопје ги победи лани во натпревар кој им значеше бараж. Ама Скопје имаа убаво одмерен тим како за втора лига.

Дополнително, поразите на Вардар и Победа викендов се доказ дека двете екипи непотребно се трошеа со први состави во купот пред три дена, натпреварување во кое секако ниту една од нас нема никакви шанси. Не можеа да одат денес нашиве.
И да се смени Симов, кого би ставиле? Ете Тиквеш го лапна Костов денес, другото не вреди да се спомене...
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.459
Поени од реакции
3.482
Какви тешки гостувања. Овој Вардар има проблем само со себе. Тешко гостување во Велешта беше пред неколку години, денес пожешко е на Маџари него таму. Симов бре луѓе... Кој е тој Симов? Го слушам денес збори пола на српски пола на македонски јазик.. Човекот го одмара Керим, а го игра Љама на средина.. Мартин Блажевски уште у 30 минута беше блиску до црвен, тој не реагира ама баш ич. Затоа, одма да се реагира.
 
Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.737
Поени од реакции
1.163
Нели Шилегов се фалеше дека нашол газди за Вардар и сега иднината за клубот е сигурна? Па вака ако продолжат и од втора лига ќе испаднат. Нека донесат одма тренер и сериозни засилувања зимава зошто вака уште долго ќе играат во втора лига под услов да не испаднат и од неа.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
 
Член од
13 август 2019
Мислења
416
Поени од реакции
2.111
Па види стручњак што успеа да го испадне Силекс во онаква смешна конкуренција како лани, не смее да го води Вардар!
Башка тоа што луѓе и играчи блиски до Силекс кажуваат дека Симов после купот знаел дека ќе го бркаат и за 60.000€ го продал баражот… Таков чоек воопшто не ни треба, башка тоа што е најслаб тренер што сме го имале години уназад… Андреев за него е Мурињо
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.355
Поени од реакции
7.307
Уште кога го видов распоредот, реков дека ќе биде тежок стартот. Практично, одигравме со скоро сите потешки противници. Поминаа тешките гостувања во Дебар и Велешта, како и директните дуели со Силекс и Воска.
Од 9 можни бодови на гости, освоивме само 1. И тој еден бод го земавме со младински состав. Со Силекс не заслуживме пораз, а денес загубивме сосема заслужено.
Играњето го пониски лиги кога имаш два богати директни конкуренти не е само игра на терен. Нема тука имиња на клубови, има фрлање пара, ургирање кај судии, фаќање на други екипи да играат за тебе. Така Воска и Силекс си ја подолеснија работата, а ние уште сме како паднати од Марс по тоа прашање. Екипите имаат голема мотивација против нас, па ќе треба време додека фатиме залет. И во минатото јаки екипи знаеле да стартуваат лошо, па после почнувале со победи и завршувале први. Притисокот што е наметнат дека мора да се вратиме одма се чини е преголем кај нашите фудбалери.
Несфатливо е вакво издание, особено што на хартија сме најјаки. Спомнав и порано, не ми се допадна што напред изнасобраа само постари фудбалери, кои не се доволно подготвени за 90 минути, а и не се желни за докажување. Велешта не тепа со 100 годишен Нијази Лена, со Стојанче Велинов и тренер како Џигерот, кловн невиден. Ама знаеа како, не фатија на ура, за 10 минути два гола ни акнаа. Паненка на Илиќ му маваат. Пеналот беше меееех, неколку пати ни кренаа сомнителен офсајд, а после вториот гол си одиграа паметно со задржување време. Оправдување нема, да беше натпреваров во некое друго време, ќе речев дека сигурно имало закани и притисок, ама кога те даваат на ТВ, кога колку толку заличија на екипа, го нема она играње на калаши и кршење нозе. Па, Скопје ги победи лани во натпревар кој им значеше бараж. Ама Скопје имаа убаво одмерен тим како за втора лига.

Дополнително, поразите на Вардар и Победа викендов се доказ дека двете екипи непотребно се трошеа со први состави во купот пред три дена, натпреварување во кое секако ниту една од нас нема никакви шанси. Не можеа да одат денес нашиве.
И да се смени Симов, кого би ставиле? Ете Тиквеш го лапна Костов денес, другото не вреди да се спомене...
Запознаени беа за игрите на Силекс и Воска надвор од теренот, но некако пренаивно веруваа дека квалитетот на екипата е доволен гарант. А тимот, пред се стратегот потфрлија два пати во четири кола. Tу мач.
Инаку точно се осети пад во играта вчера, но ропакот не напраи ротација во Купот за да ги одмори првотимците, туку скоро истиот состав го извади со Велешта.
Жичо Тасевски е слободен. Школуван, едуциран тренер, што се вика максимално посветен на професијата. Само дали ќе сака да се нафати ми е енигма. Но Вардар е предизвик за секој наш тренер.
Башка тоа што луѓе и играчи блиски до Силекс кажуваат дека Симов после купот знаел дека ќе го бркаат и за 60.000€ го продал баражот… Таков чоек воопшто не ни треба, башка тоа што е најслаб тренер што сме го имале години уназад… Андреев за него е Мурињо
Не знам за ова со баражот, ама не ме чуди. И пред 15 години, како голман беше меѓу играчите кои беа поткупени од раководството на Шкендија за финалето на Купот со Ѓорче, но помладите на чело со Фичо Ивановски им ги расипааа сметките.
Добар ден,Симев уште е тренер на Вардар ?
Па веќе има некои најави дека за неколку дена може да биде бивши.
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.520
Поени од реакции
3.656
Не знам зошто мислите дека имаме некаков добар тим на хартија па поготово во споредба со Силекс. Со Блажевски и Петковски што ги извадивме од пензија и Пеев што пред пет-шест години кога другарче држеше кафич секој викенд се правеше дрво пред утакмици, можам да замислам каков е сега. Сигурен сум дека и другите не се нешто подобри. Тотална непознаница ми е втора лига и знам дека многу ќе кажат абе доволно е тоа за пласман у прва, ама уште од летоска сум скептик. Уште не сум се натерал да ги гледам годинава, преуморен сум од глупости али целата атмосфера околу новите газди, а со тоа и тренер и играчи ми е вештачка и невардарска.
 
Не си во право. Како прво Блажевски и Петковски се уште од лани, а од играчите што дојдоа летово, претежно се со прволигашко искуство: Мишковски, Стојанов, Стојковски, Глишиќ, Блажевски, Пеев, Љамчевски, Петров, Костовски, па чак и младиов Николов. За разлика од нас, Силекс изгуби преку 10 првотимци, а единствени што ги донесоа како имиња со прволигашко педигре се Стојчевски, Танушев и Каланоски. Другите во најголем дел се дојдени од второлигашки средини. Но мислам дека направија подобар избор за тренер со ангажманот на Горазд Михајлов, кој има доста искуство од работа во Втора лига.
Околу новите газди, секој има право на свое мислење, но според мене досега сосем коректно тераат. Го оспособија кампот, кој бил запуштен и буквално испразнет, вратени се тренери во младинската школа што беа тргнати претходно, го поставија Бајо за спортски, бараат решение за Академијата да биде повторно некаде во самиот град, а да не забораиме колку време се губи на решавање на наследени проблеми. И според мене што е најбитно, луѓето засега се постојано со екипата, дали на натпревари или тренинзи, тука се присутни цело време, значи очигледно постои желба и интерес да напраат нешто со клубот. Е, сега кога ќе се направи споредба со последните 3 години од владението на Самсоненко, кого буквално човек не можеше да го види да се сврти, дали во клупските простории или на некој натпревар на Вардар, мислам дека коментар не е потребен. Јас не знам кој и дали стои некој позади нив, како што не знам ни дали ќе успеат во она што го започнале. Времето ќе покаже. Гаранција во фудбалот и спортот нема никаква...
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.355
Поени од реакции
7.307
Симов е веќе бивши. Најверојатно ќе го наследи некој од момците во стручниот штаб по тоа што успеав да разберам, ама да сочекаме од самиот клуб да се произнесат.
 
Член од
13 август 2019
Мислења
416
Поени од реакции
2.111
Симов е веќе бивши. Најверојатно ќе го наследи некој од момците во стручниот штаб по тоа што успеав да разберам, ама да сочекаме од самиот клуб да се произнесат.
Мислам дека и Злате, Фичо и Ниџо заслужија да им се даде шанса да го водат тимот, со се што дале за Вардар апсолутно треба да им се даде шанса, ако ништо друго сигурен сум дека од Симов ќе бидат многу подобри, така да добра вест...
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.143
Поени од реакции
4.528
Околу новите газди, секој има право на свое мислење, но според мене досега сосем коректно тераат. Го оспособија кампот, кој бил запуштен и буквално испразнет, вратени се тренери во младинската школа што беа тргнати претходно, го поставија Бајо за спортски, бараат решение за Академијата да биде повторно некаде во самиот град, а да не забораиме колку време се губи на решавање на наследени проблеми. И според мене што е најбитно, луѓето засега се постојано со екипата, дали на натпревари или тренинзи, тука се присутни цело време, значи очигледно постои желба и интерес да напраат нешто со клубот. Е, сега кога ќе се направи споредба со последните 3 години од владението на Самсоненко, кого буквално човек не можеше да го види да се сврти, дали во клупските простории или на некој натпревар на Вардар, мислам дека коментар не е потребен. Јас не знам кој и дали стои некој позади нив, како што не знам ни дали ќе успеат во она што го започнале. Времето ќе покаже. Гаранција во фудбалот и спортот нема никаква...
Би се сложил со поголемиот дел од напишаното, засега нема многу простор за критика и замерки, освен киксот со документациите за прво коло. Со оглед во каков хаос беше клубот, имаа добар почеток, изборот на играчите според мене беше океј и не верувам дека имаше многу простор за нешто повеќе, апсолутно никој нема да дојде да игра втора лига од поасалните. Ми се допаѓа и што свикаа прес-конференција по превземањето, ги реактивираа и страните на социјалните мрежи, се надевам ќе добиваме редовно инфо за случувањата во клубот, а колку што сум запознаен имаше и состанок со Комити и беа доста отворени и транспарентни и желни за соработка.
Мене она што ме плаши е што луѓево се тотални анонимуси, а Македонија и Скопје се премали и за секој лесно се дознава кој е и што е, а за овие јас немам сеуште слушнато апсолутно ништо. И како такви, беа единствените што се нафатија да го подмират долгот на Самсоненко, што ми е превише чудно и сомнително, така да мислам дека е прилично јасно дека не се сами и дека во позадина има уште некој. Единствен муабет што имам слушнато е дека се имаат моткано претходно и беа етикетирани како „местачи“, ама далеку од веродостоен муабет
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Соопштение на клубот:

Фудбалскиот клуб Вардар и г-дин Горан Симов договорија прекин на соработката. Клубот се заблагодарува на Симов за досегашната соработка, на резултатите кои ги оствари како тренер на Вардар, и му посакува среќа во понатамошниот тек на неговата кариера.

Функцијата в.д шеф на стручен штаб ќе ја извршува досегашниот помошник Никола Глигоров.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom