Фан Клуб: Вардар

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.075
Поени од реакции
22.116
Не ме сфаќај погрешно, не сакам да те напаѓам, ама ова ми се класични муабети на постарите генерации, „ее децава од мочка правени, у наше време не беше вака“, а што прават сега? Буквално ништо, наполниле 30+ години и нивното завршило, нит се на трибина, нит покажале интерес, нит па ги поддржуваат помладите, се избацуваат „јаките“ фаци само кога ќе намирисаат пари и прават раздор во групата. Очигледно подолго не си во државава и си целосно застанат во минатото, немаш никаква претстава за реалноста и за тоа што и како функционира државата, сегашноста, младината.
Ќе го цитирам само овој дел од коњаникот:

Ова е друже реалноста, Вардар и Комити одамна го имаат изгубено реномето. Мора да се тргне од некаде, потребен беше сериозен рестарт и да се надеваме дека сезонава ќе биде тоа, и за клубот и за групата. Потребно е враќање барем на дел од значењето на имињата Вардар и Комити како поими во државава за спорт и навивање, потребно е создавање здраво јадро, потребно е враќање на љубовта и приврзаноста кон клубот. Преку .!. веќе од секакви индијанци и лупање во гради на карта патриотизам, од луѓе кои ја користат групата за издувување и лечење сопствени фрустрации криејки се зад истата или за гадните партиски игри од позадина, преку .!. од индијанци на трибина кои немаат појма кој игра на теренот, не знаат 3 играчи да набројат а камоли позиции и се дојдени од сосема други причини, кои секогаш завршуваат на штета на групата и клубот. Како сакаш сфаќај го ти, ама правецот кој го фаќа во моментов групата е за мене правиот, има одлична позитивна енергија, се ствара една убава дружба, се ствара една убава и едуцирана екипа, се ствара приврзаност кон клубот. Можеме да пишуваме за минатото колку сакаме, сегашноста е друга и секакви паралели со минатото се сувишни. Никој не го заборава минатото, ниту пак го отфрла, ама од грешките се учи, време е тие да се корегираат. Комити биле и треба да останат патриотски настроена група, тоа никој не го спори, ама Комити како група се создадени за ВАРДАР, тој момент како да се подзаборави и обезвредни низ годиниве.
ke vidime doprva. kolku vreme se toa ke se stvara, posto istoto go zborime veke 10+ godini i se nesto se stvara a ne e stvoreno posto poveke se zbori nego raboti na teren. ali ok, so sreka neka e, imate poddrska od mene sekako, poentava bese sosema druga.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.355
Поени од реакции
7.307
od sto se odlicno organizirani i vrv vo navijackiot svet nema potreba od drugi mislenja...

u edna generacija od zapad vo 90tite i 2000+ komiti dojdovme do zapad so 50 dusi posto segasnite odlicno ja vodat grupata i super se organizirani niz gradov
А баш тие од 90-тите да не се заслужни што групата дојде до 50 души? Како на пример Жути, Џандар, Црвен, Коки, Бошко кои успеаа генерации, генерации млади од Скопје да одвратат од западната трибина и од Вардар.
Убаво ти зборат луѓето, групата не служи за лечење нечиви фрустрации, пред се' на војничињата од ДПМНЕ (од другава партија и онака скоро и да ги нема), кои немаат три чисти од навивање и фудбал.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.075
Поени од реакции
22.116
А баш тие од 90-тите да не се заслужни што групата дојде до 50 души? Како на пример Жути, Џандар, Црвен, Коки, Бошко кои успеаа генерации, генерации млади од Скопје да одвратат од западната трибина и од Вардар.
Убаво ти зборат луѓето, групата не служи за лечење нечиви фрустрации, пред се' на војничињата од ДПМНЕ (од другава партија и онака скоро и да ги нема), кои немаат три чисти од навивање и фудбал.
tebe te odvratija tie?
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799
tebe te odvratija tie?
Кога последен пат си бил на трибина, ама искрено? И не ми кажувај само доаѓање на гости во Скопје и присуствување на дерби или 1-2 утакмици во сезона. Знам кој си и што имаш направено за групата и клубот, секоја чест за тоа, ама немој да збориш глупости што врска си немаат.
Кој сака нека биде од групата или клубот, чим ќе вмеша политика за мене не постои, нема ниту респект ниту заслужува да биде на трибина. Господата што се спомнати буквално ја потонаа групата, почнувајќи од Коки и Џандар, па Жути, се до Црвен и Бошко. Буквално сите сакаа да бидат алфа и омега на трибина, ама сите да трчаат по нив затоа што беа дебело влезени во политиката и дрпаа пари од клубот. Жути тука мислам дека ги шие сите.

Од поново време групата почна да пропаѓа од Вардар - Стеауа. Тогаш првпат сведочев ЕБР да бидат малтретирани и влечени по улици. Тогаш сфатив која е силата на Комити ако се сплотени. Ама секако тука беше на чело Бошко со неговата екипа. Истата таа екипа што на влез ме тераше да ја одмотувам кореографијата за да ја проверат. Со зборови цитирам "ако има навредлива содржина, не сте свесни што ве чека". Поради инциденти на утакмица не се извади иако влеговме со неа, па после во Капиштец ја вадевме. Почнуваше United, па си претпоставија дека е United Macedonia. Бошко, глупакот што во АРМ кажуваше дека Екипа Корео биле педерчиња и шминкери, дека сакал тепачи на трибина. Трибина што немаше да постои да не беа Екипа Корео во тоа време.
Бошко што со пиштол доаѓаше на каса по карти за ракомет од страв да не му влезе некој од страна. Бошко што со партиски полтрони влезе на 2 пати на трибина за да проба да ја превземе.
Жути што живот направи од групата и клубот. Џандар што ја однесе во пропаст со неговите хирови и казни.

Ликовите треба да се забранат со закон на трибина да бидат спомнати, не заслужуваат ни трошка респект. Ликови што биле присутни и по 3-4 сезони имаат поголем придонес за групата. Не сакам да му го спомнам името, иако сите мислам дека го знаат дечкото. Од свој џеб ја финансираше групата со години, паметни идеи, креативност за песни/пароли и милион други работи. Е такви ликови исчезнаа ради глупостите на другите.

И како одговор на твоето прашање, да. Многу ликови се одвратени од глупостите на таа банда. Цела политика, сите погрешни одлуки и ред други работи.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.355
Поени од реакции
7.307
tebe te odvratija tie?
Од Вардар и да сакале не можат, но од западната трибина да. Бев доволно возрасен кога почињаа срањата за да веќе ги разбирам работите и немаше теорија да застанам зад транспарентот на партијата која го сквернави ВМРО, зад зелено-жолтиот транспарент Кометал ЃП или да фаќам страна во нивната борба за превласт од 99'. И сето тоа ради кеш.
Како што тие луѓе го имаат оцрнето името Комити, нема никој друг во Скопје. Добија група на тацна од основачите и успеаа да ја унаказат за неверојатно кратко време.
 
2018 бев на неколку утакмици, во МКД и надвор. Обврски + корона овие 3 год ме спречиле да дојдам во Европа.

Упорно ја промашувате поентата, али ОК, ако повеќе ви се дискутира политика него организација ајде еве да сме јасни....

Ликовите кој се спомнати и кој викаш дека се дебело вмешани во политика се реално тотално небитни политички. Ниту нешто направиле политички ниту стигнале некаде политички или благодарение на групата, земи види кај се сега ќе видиш дека нема врска тоа со Комити или било која партија. Исклучок е Жути кој профитира мада и кај него многу мал удел имало тоа дека бил воџа на Комити, има некој други фактори што одиграа поголема улога кај него освен во дилот со обезбедувањето на утакмиците/безбедњак што и да беше еден период. Дури и тогаш имаше периоди кога не беше платен од клубот во моменти кога не бевме финансиски најдобри а беше изложен на ризик пошто он потпишуваше извештаи и ред други глупости. Небитно, јасно е дека направи пари. Другиве се ситини профитери што углавно на блеф ги мотаа другите дека имаа некаква подршка (ни Жути немаше, негов политички грб беше Јохан кој во тие моменти никаде не фигурираше во дпмне, реално Јохан нема капацитет за нешто повеќе од извршител всушност Јохан се издигна кога веќе Жути не беше ни воџа).

Последни што дебело профитирале од групата се баш воџите од крај на 80ти, почеток на 90ти кога Комити своеволно и правилно се приклучија кон партиите што тогаш ги бранеа и туркаа националните интереси. Имавме тогаш воџа што на пример преку ноќ стана претседател на УМС и ред други ствари што не се за на форум, али тоа беа последен момент кога некоја македонска навивачка група имала вистинска политичка моќ. Ако не се лажам ти еднаш отвори тема за моќта на навивачот, епа тоа беше зенитот во МКД и кај нас и кај шурите и кај ајдуци па и мајмуни. Тогаш имаше политички пресврти во помалите групи во тоа време, кумани, сервис кру и ред други.

Од некаде 95та партиите си поседуваат свој криминални мрежи и имаат многу поспремни луге него Бошко и компанија. Почни од Аце Циганот (човек на сдсм, за помладите овој низ пола Скопје го бркаше еден од најголемите љочкарски босови на балканот за на крај да го испука сред бел ден во сред центар), Марјан Тушевски, Поштарот, Мујо (овој беше и командант на Лавови) и еве последна таква фаца ти е Игор Спасов кој беше извршител на дпмне баш во периодот на Бошко и компанија. Овој важеше за еден од најспремните луге на дпмне и затоа пробаа да го одбранат, истиот смени дрес лани за да добие слобода од сдсм. Нема повеќе интерес кај политичарите за вакви работи во навивачкиот свет. Битно им е да не ескалираат етнички инциденти, стигмата од Максимир сеуште се чуствува низ цел екс ју, а тоа си го решија со забрана за гостувања. Групите за повторно да станат релевантни треба да се бројчано јаки за да неможе да ги задржат сите со забрани за гостувања. Ако решиме сите дека нема да го почитуваме тоа правило и те како ќе се смени навивачката сцена во МКД. Реално од трибина овие 20 год освен некој поситен дилер нема ништо повисоко излезено бар на крими поле (зборам за МАК групите).

Факт е дека политички неможеш да профитираш и да се издигнеш на грбот на групата. Умре тоа време одамна. Факт е дека за нив сме тотално небитни, најдобар доказ за тоа ти е Кале. Она што пробувам да го доловам а не го гледате е дека факт е и дека се дур политичарите и другите ни се криви, напред нема да одиме, нас уствари не не спречува некој друг него пред се самите ние.

Случката со екипа Корео и Бошко ти е баш доказ дека мора да се има баланс на трибина и да сме сплотени. Не смее да се дозволат такви излети на било кој. Затоа и треба да има и тепачи, јеби га мегу другото таков е навивачкиот свет, сите сме свесни за тоа. Затоа и сум против двоења, нека има опозиција, нека има различни мислења, различни луѓе ама нека функционираат во склоп на групата. Нека се даде слобода на секој што го бива за нешто да го работи тоа ама во склоп на групата. Јас сфакам дека тебе ти делува како Бошко да одработувал за партија, ама еве кажи ми што уствари доби он со тоа? Дечково знаме што капацитет е и колку му сече, реално он како и другиве спомнати си се имаат уфилмано дека ќе добијат нешто со тоа што ги контролираат демек Комити а у принцип освен празни ветувања (прашање и тоа дали добиле) ништо нема. Жалосно е што ете така тоа завршило ама јас не гледам тука дека имало налог од партија за тоа, не гледам потреба, али еве исправи ме, кажи што можеле Комити у тоа време да направат што ќе им нанело штета на било која партија?

Едно големо фала на сите што беа дел од Корео, тој период на Комити за мене е еден од подобрите во новата историја, знам дека се убивавте од работа.
Автоматски споено мислење:

Имаш други 3 трибини на стадион, најди си го местото, на навивачка трибина секогаш ќе има срања ако сега ова ти смета, друг пат пак нешто ќе ти смета. Мило ми е што сепак си останал верен на Вардар.

Тие се индивидуалци. Пак се враќаме на она што го зборам се дури се дозволува разни ликови да имаат преголема моќ во групата или да се асоцира цела група со нив ко што ти тоа го гледаш проблемот не е во нив него во нас како група. Проблемот е организациски.
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Тебе ти било дилема основна работа како дали Бошко дошол под партиска директива или не, а ние па пробуваме уште покомплексни работи да објасниме :D
Без навреда, ама изгледа стварно дооооолго време не си живеел во Македонија. Или пак се информираш од некои дијаспорски портали од типот на курир.

Така е, сосема случајно Бошко се врати на трибина прв пат по 15 години (и го снема за пола година), сосема случајно се погоди тоа да биде пред некои локални избори, сосема случајно влета со екипа од вработени во алфите и во мвр и сосема случајно се поклопи со периодот кога почна уништувањето и на ЦПБ и ФА.
Пак ќе кажам, изгледа не си свесен како функционирале работите во Македонија во тоа време.
Сто пати имам пишано за случајот со ЦПБ, ама ваљда мислиш дека ти продавам комуњарски филм.
Нинџа и останатите пајташи им влегоа во кафичот на Коки, ги седнаа воџите кои ги затекнаа таму и им рекоа ОД УТРЕ ВИЕ НЕ ОДИТЕ НА ТРИБИНА, ТУКУ ЌЕ НАВИВААТ ЦЕНТАР БОЈС.
Од наредни утакмици ЦПБ јадат заклучена врата, а на трибина се Центар бојс. Ги скршија на една утакмица, казни јадеа само членови од ЦПБ. По партиска линија Центар бојс одеа да набиваат за Металург против Вардар, заедно со Пирати.
ФА беа блиски со Ивица, ама гревот им неше што го пцуеа дека салата ја даде на РК Вардар. Буквално им ги затворија скоро сите воџи. Ги наместија за ситна дрога, за исценирана случка.
Таква една шизофренија владееше во редовите на дпмне што после толку години власт, сакаа да контролираат се'. Не си живеел тука во тие години и од омраза кон сдс не сакаш да веруваш во работиве. И така дпмне падна од власт, инаку со тогашната опозиција ќе владееше 200 години.

Што ги уплаши кај Комити и зошто беше одбран Боле?
Комити почнаа да ги водат деца кои за нив беа непознаница, кои често вадеа пароли против партии. Константно беше напаѓана нивната коалиција со ДУИ, а стравот кај нив ескалираше по Смилковско езеро. Прв пат луѓето кои го следеа Боле, се појавија на протестот за Смилковци, кога од позиција на протестанти се свртеа против толпата.
Втор пат се тепаа со луѓето од трибина, иако претходно навиваа, на дуелот со Шкендија во купот, каде што Комити негодуваа кон играчите на рамковната местенка.
Почна да се има влијание врз младината да не фаќа политичка страна и таа неможност за контрола ги предизвика да го вклучат партискиот пион, Боле. Он е одбран затоа што сите знаеме дека е страв и трепет, јак човел, 100 луѓе може да нокаутира, а воедно и за да се добие поддршката од старите.
Дојдоа со муабетот дека се појавиле наркоманчиња на трибина и ја краделе управата, а со парите купувале дрога и ги трошеле на цртање. Сосема случајно му се приклучија само вмровскиот дел од неговото Лисиче и неколку постари членови на Комити Драчево.
Во тоа време имаше притисок да луѓето влегуваат на утакмици само со лична карта, се снимаа Комити во фаца на секој натпревар, од пола метро. Ни пуштаа по 500 желки на утакмици.
Покрај за контрола врз потезите на групата, упадот беше и затоа што некој дојавил дека Комити спремаат провоцирачка кореографија против Шкендија, што беше закана за меѓуетничките односи, особено пред локални избори.

Комити не ја дадоа трибината. На состанокот во АРМ сите му свртевме грб, се одделивме на трибина и не го слушавме воопшто. Се растури групата подоцна по инцидентот со Турчин, ама не се предадовме.
Го зборевме ова претходно, борбата со Боле не беше борба против човек, туку против цела власт. Во тепачката со Стеауа, неговите пајташи користеа и оружје. Два пати беа одбиени неговите напади, ама тоа беше класична местенка, со коростење на инцидент меѓу Комити и ЕБР пред стадион и затворање на трибината при мал број навивачи кои потоа беа нападнати од негова екипа. И после тоа типот повторно го снема. Па после пробуваа преку Јохан да се вклучат, ама и тоа не успеа.

Околу тепачките на групата, во тој период ги имаше еден куп. Навивачите на Стеауа јадеа заседа на автопат за која не се расчу многу и која дополнително го разгневи Бошковци. Комити можеа со секого да се пресметаат, но не и со партиски структури во тие години на дпмне.
 
Не сме се разбрале, баш политика не ме интересира и не сакам да ја дискутирам. На трибина нема место за политичари, инволвирани луѓе во партија, и за луѓе што сакаат да профитираат од клубот/групата.

Ситуацијата со Бошко веројатно ја имаш заборавено или не си доволно запознаен. На тој состанок во АРМ имаше преку 200 луѓе, беше од отворен карактер и служеше како едно информирање за пред дербито со Пелистер. Бошко на тој состанок нема да му ги повторувам зборовите, ама делеше договори и бараше секој што сака да биде дел од Комити да ги потпише. Делуваа како договори за работа со потписи, печати, заверени, милион под-точки и ред други работи. Имам бланко урнек некаде во Скопје, ако го најдам ќе го прикачам.
У кратки црти, договорот беше при најмал инцидент дека ти како индивидуа го јадеш стапот. И ова викаш дека нема врска со политика и МВР, кажи ми зошто се бараа на тој документ име, презиме, матичен, улица на живеење? Што кој кур ќе му се него такви информации?
И да Екипа Корео, тоа време беа во први редови за сите случувања, никогаш не сме бегале од инциденти.

Нема да зборам само за нас, ќе спомнам и други квалитетни екипи и дечки. Сите што имаа паметни идеи, сите што работеа за подобар изглед на трибина, за организација се повлечени од Запад баш ради сите срања што се десија во групата. Да не се повторувам еднаш пишав, лесно е да се коментира ако си бил активен 80-ти, 90-ти. Ќотекот бил единствено решение. Сега со сите технологии, и те како можеш да наебеш за ситница.

Еве 3та генерација сум на Комити од фамилија, ама никогаш не сум ги чул татко ми или дедо ми да зборат за ножеви и брцања. Никогаш не ги чув дека јаделе казни, ниту па дека у град кога искачале гледале преку рамо да не им влезе некој со бекатонка. Ете затоа се губи членството, плус додади ја ситуацијата во Вардар и апсолутно никаква атрактивност немаш. Генерации се изгубија за џабе.
За организациај не сакам ни да зборам, при прва добра организација партијата е тука да те угаси.
 
Таман работа случајно, јас мислЕВ дека не му е наредено а дека он си се има уфилмано дека ако стави ред ќе го стават директор на нешто у тоа не се сомневам. Работата е што такви фаци (пред се мислам на насилници) никогаш ништо не добиле од ниту една партија ислучок се 2-3ца Жути и Катангата (од кај шурите) и Србче кој за разлика од сите спомнати е Ајнштајн.
Автоматски споено мислење:

Не сме се разбрале, баш политика не ме интересира и не сакам да ја дискутирам. На трибина нема место за политичари, инволвирани луѓе во партија, и за луѓе што сакаат да профитираат од клубот/групата.

Ситуацијата со Бошко веројатно ја имаш заборавено или не си доволно запознаен. На тој состанок во АРМ имаше преку 200 луѓе, беше од отворен карактер и служеше како едно информирање за пред дербито со Пелистер. Бошко на тој состанок нема да му ги повторувам зборовите, ама делеше договори и бараше секој што сака да биде дел од Комити да ги потпише. Делуваа како договори за работа со потписи, печати, заверени, милион под-точки и ред други работи. Имам бланко урнек некаде во Скопје, ако го најдам ќе го прикачам.
У кратки црти, договорот беше при најмал инцидент дека ти како индивидуа го јадеш стапот. И ова викаш дека нема врска со политика и МВР, кажи ми зошто се бараа на тој документ име, презиме, матичен, улица на живеење? Што кој кур ќе му се него такви информации?
И да Екипа Корео, тоа време беа во први редови за сите случувања, никогаш не сме бегале од инциденти.

Нема да зборам само за нас, ќе спомнам и други квалитетни екипи и дечки. Сите што имаа паметни идеи, сите што работеа за подобар изглед на трибина, за организација се повлечени од Запад баш ради сите срања што се десија во групата. Да не се повторувам еднаш пишав, лесно е да се коментира ако си бил активен 80-ти, 90-ти. Ќотекот бил единствено решение. Сега со сите технологии, и те како можеш да наебеш за ситница.

Еве 3та генерација сум на Комити од фамилија, ама никогаш не сум ги чул татко ми или дедо ми да зборат за ножеви и брцања. Никогаш не ги чув дека јаделе казни, ниту па дека у град кога искачале гледале преку рамо да не им влезе некој со бекатонка. Ете затоа се губи членството, плус додади ја ситуацијата во Вардар и апсолутно никаква атрактивност немаш. Генерации се изгубија за џабе.
За организациај не сакам ни да зборам, при прва добра организација партијата е тука да те угаси.
Ова е веќе друго, незнаев за дом на АРМ. Ако делел договори тогаш тоа не е негово масло, нема он памет за тоа :pos: ... ОК, ова веќе смрди на партиска директива.

Прати ми по ПП што глупости ве терал да потпишете.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Јас ви викам, она низ што поминале Комити низ годиниве, за другиве е непознаница и затоа никој од страна не верува :D

Инаку, Боле во ситуацијата исто така беше изигран од партиски структури. Којзнае што филм му имаа пуштено, не ја знаеше вистинската причина во позадина.
Состаноците со него секогаш беа на раб на ескалација, уште ми свират ушиве од дерењето :D
Карпа лик, ама ниска интелигенција. Го имаше по телевизииве пред некоја недела, затворил мајстори во клозет, им рекол нема искачање додека не го завршите :D Доаѓала полиција да ги вади.
Класика ликови од 90тите, може сам да претепа пола трибина, ама за организација и идеи - нула.

Да се вратиме на темата малку.
Што мислите за тоа кој терен треба да ни биде домашен?
Теренов во Маџари е катастрофа, а добар е за притисок правење.
Градски е добар за игра, ама финансиски неисплатлив и лош за притисок.
Согласно моменталната ситуација, веројатно играње на ФФМ е најдобра опција...
 
Последно уредено:
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.355
Поени од реакции
7.307
Имаш други 3 трибини на стадион, најди си го местото, на навивачка трибина секогаш ќе има срања ако сега ова ти смета, друг пат пак нешто ќе ти смета. Мило ми е што сепак си останал верен на Вардар.

Тие се индивидуалци. Пак се враќаме на она што го зборам се дури се дозволува разни ликови да имаат преголема моќ во групата или да се асоцира цела група со нив ко што ти тоа го гледаш проблемот не е во нив него во нас како група. Проблемот е организациски.
Ама чекај не сум бил ја единствен што му сметале тие работи. Не ме гледај мене како единка. Почнувајќи од 1999, па се до 2007 кога колку толку почна да се стабилизира групата по враќањето на ЛФ, знаеш колку генерации се изгубени и потенцијални навивачи. На Запад имаше едвај 50 души на обична утакмица, нешто повеќе на дерби со Пелистер или Слога.
А добрата работа на групата од 2010, па од друга страна знаеш колку луѓе врати назад на трибината. Прогресот беше евидентен и после долго време, во неколку наврати имаше преку 2000+ луѓе на утакмица, се создаде стандардна бројка од 400-500 души и после тоа се деси со Бошко некаде 2013/2014 година. И се отиде у курац. Очигледно подемот на Комити им сметаше на одредени ликови во тоа време.
Јас ви викам, она низ што поминале Комити низ годиниве, за другиве е непознаница и затоа никој од страна не верува :D

Инаку, Боле во ситуацијата исто така беше изигран од партиски структури. Којзнае што филм му имаа пуштено, не ја знаеше вистинската причина во позадина.
Состаноците со него секогаш беа на раб на ескалација, уште ми свират ушиве од дерењето :D
Карпа лик, ама ниска интелигенција. Го имаше по телевизииве пред некоја недела, затворил мајстори во клозет, им рекол нема искачање додека не го завршите :D Доаѓала полиција да ги вади.
Класика ликови од 90тите, може сам да претепа пола трибина, ама за организација и идеи - нула.

Да се вратиме на темата малку.
Што мислите за тоа кој терен треба да ни биде домашен?
Теренов во Маџари е катастрофа, а добар е за притисок правење.
Градски е добар за игра, ама финансиски неисплатлив и лош за притисок.
Согласно моменталната ситуација, веројатно играње на ФФМ е најдобра опција...
Ќе играме на ФФМ според мои сознанија. Овој викенд беше рипнат поради некој турнир на У17 селекции во тренинг центарот.
 
Член од
13 август 2019
Мислења
416
Поени од реакции
2.111
mene po se mi izgleda deka novite generacii se klasicni picki. utre da dojde nekoj drug i da im dozvoli da imaat slobodi i prava ko sverceri na primer prvi ke smenat nacin na rabota i mislenje. terajte ke vidime do kaj ke stignete, bas da vidime dali ke ima nekogas 1/3 od lugeto na tribina sto gi imalo na vremeto, ne mora poveke dovolno e toa za da pokazete deka znaete sto pravite.
Не те познавам, ама по ова што го пишуваш ми изгледа дека си од оние квази патриоти од типот на "Издржете браќа Македонци, не го давајте името, ако треба 5$ ќе ви пратам само издржете"... Измешани ти се брзините, живееш во некое далечно минато, дојди тука, навивај за мртов шп,добар шп, плати си како секој казна па кажувај кој што да прави... Се додека си таму и солиш памет тука, мислењето ти го множам со 0.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.075
Поени од реакции
22.116
Не те познавам, ама по ова што го пишуваш ми изгледа дека си од оние квази патриоти од типот на "Издржете браќа Македонци, не го давајте името, ако треба 5$ ќе ви пратам само издржете"... Измешани ти се брзините, живееш во некое далечно минато, дојди тука, навивај за мртов шп,добар шп, плати си како секој казна па кажувај кој што да прави... Се додека си таму и солиш памет тука, мислењето ти го множам со 0.

najmal problem e da si platam kazna, i sum plakal ne samo mojata nego i na mnogu drugi.
 
Член од
13 август 2019
Мислења
416
Поени од реакции
2.111
najmal problem e da si platam kazna, i sum plakal ne samo mojata nego i na mnogu drugi.
Тоа е за почит, верувам дека било така, но нема секој од дечкиве што одат на трибина во моментов можност да си плати казна за себе, а камоли за другите... таа ми беше поентата.
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.143
Поени од реакции
4.528
Да се навратиме на фудбалот, за неколку минути играме со Победа, Симов со неколку ротации во составот, Глишиќ стартува лево, Шабани десно, Стојковски е централно место Стојанов, деби во средниот ред за Николов а во напад без класичен напаѓач, веројатно Шиле ќе ја завземе таа позиција мада ќе ротираат сигурно со Костовски и Наумовски често. Ако нешто ме радува од составов, тоа е ширината, за разлика од претходниве сезони речиси на сите позиции сме солидно покриени, единствено шкрипи малку на десен бек и во средниот ред, ама веројатно свесно така се отиде ради правилото за двајца у21 играчи во стартни 11
 
Kajgana Shop

На врв Bottom