Не можам да се оправам со тебе, џабе е што и да ти кажам.Болна тема ти е дпмне, на секоја тема се познава тоа
Ти од Австралија знаеш повеќе од нас што сме активни во последниве 15 години.
Факт е дека од основањето групата била про дпмне настроена и водачите паралелно со трибината, биле рекетари и активисти на партијата.
Истите никаде ги нема од почеток на 2000, односно од годините кога веќе немале интерес од групата и кога веќе немале толку големи ингеренции.
Па се вмешале и сдс, па поделба и триста проблеми кои водат кон целосен распад на групата.
Втор факт е дека од 2009 година, групата константно беше водена од помлади структури кои карактерно се даааалеку поразлични од претходниците. Да, немало тепачи (а сепак групата има повеќе одземени знамиња од било кога) и влијателни рекетарски фаци, ама немало ни грб од партии и често се одело контра нив, со пароли и слично. Порано Комити биле сила, партиите некогаш и не можеле да ги скротат со никакви уцени, затоа што толкава толпа народ тешко се контролира.
Но, во помодерно време, групата стана топовско месо на партиите за наоѓање на дежурни виновници. Топовско месо на двете партии, особено на дпмне кои со своите екс гарнитури на водачи и луѓе од полиција, буквално ја уништи групата. Од екипа Корео која ја водеше групата, нема еден што остана во Македонија.
Комити немаат водач на шипка 6 години. Никој не е глуп да води навивање за атер на морони што буцкаат од интернет и дерби запаленковци што ќе дојдат еднаш и ќе направат инцидент од кој групата не може да се оправи, а на крај он да биде крив.
Некој ќе рече групата легна на брашното, групата нема муда да се спротистави, ама јас ќе кажам доста е групата да делува за дијаспорци и фб патриоти да споделуваат слики на социјални мрежи. Групата треба да е разумна и да изгради љубов кај луѓето што живеат овде. Тргни низ Скопје, имаш повеќе македонци што го мразат Вардар, отколку што го сакаат. Градски деца во смисла да ги знаат во градот, да имаат влијание да привлечат нови деца од населбите. Не да ги знаат ко клошарана, срам да ти е да кажеш дека си навивач. Да ти е мерак да отидеш на натпревар, да се поттикнат помлади во учество во изработка на кореографии, цртање графити, изработка на списанија итн. Да, Вардар уште е најомилен бренд во државава и секогаш ќе има будали што ќе го следиме во било која лига, ама Комити имаат дааааалеку поголем потенцијал од ова.
Животи се уништија за групата, животи се загубија, делови од тело, казни кои ти даваат две опции, да се селиш или покориш.
Дај ни отворен буџет од 5 милиони евра за групата, ќе пејам што сакаш