Не реков да не се пазари во Веро. Погрешно си прочитал. Членот Алек(мислам или како беше никот) си ја навреди баба му, бидејќи таа не пазарела во Веро. И тоа било за него било ненормално.
Значи не е ненормално туку сосема реално и правилно. Јас на тоа се побунив.
Секој си има право каде ќе пазари и јас не реков ништо. Само смешно ми беше, дека баба му била откачена, а Веро бил најдобар. Као баба му глупава била што не одела, а тој демек легенда што пазарел
Е сега @KaWa се согласувам дека Војни имало и дека таква е ситуацијата со Полска и Германија денес.
Но тоа е сосема различно од тоа со Грција и нас.
Е сега за КАМ, Тинекс и Веро.
Незнам од каде тоа дека Кам продава фалц производи се криминалци, а тинекс и веро се како светци.
Прво и основно Орце Камчев не е сопственик на Кам.
Посакувам да си отвориш фирма и да нудиш роба на трите маркети, и лично да ги дознаеш принципот на работа на Кам, Веро и Тинекс на пример.
Веројатно тогаш повеќе ќе дознаеш кој има посвежи производи.
и зашто Кам на пример има поевтини цени од Тинекс за исти производи и од исти добавувачи.
Тогаш ќе дознаеш кој игра поштено, а кој мангупски на пазарот.
Ти можеш во следниот пост и да тераш инает и да се правдаш дека си купил расипана паштета од Кам, ама реалноста е поинаква.
Мои блиски имаа фирма на времето, и беа добавувачи на познати производи во сите поголеми маркети.
меѓу кои Веро, Кам, Тинекс итн.
Да ти кажам зашто Кам има поевтини и посвежи производи од другиве двајца.
Тоа е зашто Кам одма им плаќа на добавувачите, и така фирмите му даваат роба по доста поволни цени. Второ Кам зема само неколку типа на производи во поголеми количини, односно е Хард-Дисконт. Тоа му овозможува да има поубави цени.
Тинекс е најмангуп на пазарот, и го користи тоа што нема регулативи на пазарот, или пак ако има истите ги заобиколува. Тинекс им плаќа на фирмите дури после 4-6 месеци од кога ќе ја предадат робата.
Најпрост пример. Имаш фирма која произведува или увезува Х- стока. Ти таа роба му ја носиш на тинекс, он ја продава си ги врти парите, и тебе ќе ти ги исплати дури после 4 или 6-тиот месец.
Значи пази отвараш фирма увозна, и ти треба 6 месеци да го снабдуваш Тинекс без притоа да добиеш ни денар. Тој во меѓувреме ја продава робата, има ќар, ги врти парите( како банка или лихвар) и дури 6тиот месец ќе ги видиш парите.
Епа ела повели ти отвори фирма и давај му на Тинекс роба 6 месеци безпари, и после кажи кој е криминалец, а кој не. И види дали некоја мала фирма може да почне бизнис со Тинекс.
Веро е пак трета приказна, тие плаќаа побрзо доста и добиваа и подобри цени од Тинекс, во доста случаи. Сепак крајната цена кај Веро беше најскапа за истите производи.
Нели капиталистички цени.
И така моите роднини иако работеа со сите маркети, кажуваа дека најголем обрт одеше во Кам, бидејќи иако плаќаше најмалку, тој плаќаше веднаш, па Кам со тоа добиваше најдобри цени и со самото тоа продуктите имаа најмала цена за крајниот потрошувач. Тоа овозможуваше и најголем обрт да имаат моиве роднини.
Во тинекс се носеше роба, само колку да биде застапена, и истата беше со постар рок( стари по месец дена) , бидејќи ретко кој сака да чека 6 месеци да добие поврат на парите.
И така друже ти сега одиш во Тинекс плаќаш поскапо и викаш тој имал оригинал и потазе роба од Кам. Епа грешиш.
Напротив, Постара роба има зашто неплаќа. Ти и јас купуваме нешто, го плаќаме и тинекс тој производ ќе го плати на добавувачот после којзнае колку време. Нажалост подебелиот стап на крајот го извлекуваме ние.
Еве уште што сум забележал низ времево а било стварно смешно.
Сијалица Осрам во Кам 16 денари, Во стокомак 17 денари, во Тинекс 32 денари.
Исти увозник, иста сијалица. Ама искрено не се чуствуваш малку будала кога нешто плаќаш 100% плус.
или Италијански грисини во Кам 45 денари, во Тинекс истите 69 денари.
други Италијански колачи во Гиго трејд 69 денари, во Тинекс истите 85 денари
И сега првиот бил криминалец и затоа не купуваш, ама вториов српски ром на Тинекс е топ.
Јас во Кам не гледам ни К- од криминалец. Бидејќи како краен купец ми дава роба најчесто која има реална вредност.
Во тинекс кога ќе влезам поима немам колку еден производ има вредност, зашто имам манипулатор со цени.
Мене во Кам маркет единствено ми пречи тоа што има помал избор на роба. А за потазе знам дека е потазе било кој производ што се продава.
Проблемот кај нас е што имаме грото неквалитена роба. Алчноста за големи профити и бизнис моделите како Тинекс и останатите не доведе до тоа да немаме увозници кои носат квалитетна роба.
За крај, јас пазарам во речиси сите маркети. Нажалост тинекс неможам да го одбијам бидејќи ми е до врата, но свесен сум дека кога ќе влезам, ќе наидам на постар производ и дека можеби некогаш ќе го платам и 100% повеќе бидејќи газдата на Тинекс решил тој истиот да го исплати после неколку месеци.