Пожар во Тетовскиот Ковид центар, 15+ мртви

Член од
3 март 2021
Мислења
572
Поени од реакции
982
Не се сакаат со Филипче многу. Овој кога му рече дека е брука Србија да ни ги вакцинира граѓаните, Филипче му врати да си глеа асталот и дека тоа било пријателски, солидарен и хуман гест.
Ее си има кој како е поделен во СДСМ.
И кој ти личи подобар Филипче или Стево? :)
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.561
Поени од реакции
26.073
@jamajka Ја не ги кривам лекарите, туку тој што не ги предупредил дека може да дојде до ваква работа. Меѓутоа тука фабриката што ги правела не игра улога, туку тој што ги нарачал, што спецификации имале, дали треба атекс мерки и тн. Они се тие што ќе ја користат. Поготово што за вакви ситуации, дури и во документот што стои поназад на темата, пишува дека се работи на препорака.

Вакво ширење ко што глеаш на видеото не е од материјалите, или штедење на материјали. Ист епилог ќе имало и во циглена зграда, и во модуларна болница. Всушност освен нас, во другите земји не станува збор за модуларни болници. Количина на О во воздухот придонела од искра да изгоре цела болница за 3 минути.
И да во било која ковид-болница имало шанси за ова, само не се поклопиле коцките на друго место.
Како не игра улога фабриката што ги правела? Замисли држава да бара од фармацевтска компанија боен отров да ги труе граѓаните, зарем фармацевтсата компанија нема да сноси одговорност и соучесништво? Едноставна е работата, постојат стандарди (најчесто меѓународни) кои секоја компанија мора да ги следи. Без разлика дали има притисок од власта да не го прави тоа. Тоа што не реагирала на таквите притисоци ја прави соучесник. Едноставно власта се менува, а фирмата треба да продолжи со работа, во најмала рака таквата фирма треба да биде избегнувана, сатанизирана, да не и се даваат тендери, меѓународно да биде изолирана и слично. Ваков случај на запад, само за обештета на фамилиите ќе ја банкнотира фирмата. Да не зборам за кривичната одговорност.

Како ќе се прошири огнот во друга соба толку брзо ако има цигла или бетон или материјал кој не гори? Како ќе се прошири низ ѕидовите толку брзо, ако ѕидовите не се запаливи? Пожарите во тврда градба доаѓаат во критична состојба после одредена температура, за која треба време да се постигне, за разлика од случајов. Да било ова во тврда градбаи да имало луѓе во просторијата кај што почнал пожарот, пожарот многу тешко дека ќе се проширел, но и да се проширел ќе имало време буквално сите да се евакуираат, и можеби ќе имало жртви од труење со чад и поради веќе тешката ситуација на некои болни, но во секој случај неспоредливо со оваа катастрофа. Пошто сите биле свесни кога пожарот почнал, пожарната стигнала за 3-4 минути, а кога стигнала веќе било готово, тоа нема шанси да се случи во тврда градба освен ако нема експлозија на запалив материјал.

Ако не веруваш пробај да видиш, запали огин, стави цигла во огнот и дувај со кислород. Па после запали стави пластика во огнот и дувај со кислород. Во тврда градба огнот го прават прозорците, завесите, теписите, мебелот. И тешко се пренесува во следната просторија, додека не достигне одредена температура. И сигурно нема да се прошири толку за 15 минути. Во случај кога ѕидовите се од лесно запалив материјал, прикаската е сосема поинаква.

Едноставно како што е изградена болницата и (не)стандардите што ги користеле при изградбата допринеле да се случи оваа катастрофа. Ниту гужвата, ниту тоа што не се почитавала забраната за посета. Точно се гледа што е проблемот тука. Па дури и да имало саботажа, главниот проблем е тоа како е изградена болницата, знаејќи ги сите детали за тоа како и зошто се користи. Имајќи го во предвид и кислородот и све. И имајќи ги во предвид неколкуте случаи на изгорени слични бараки во светот, па макар биле тие во банана држави.
 
Последно уредено:

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.546
Поени од реакции
7.251
Дали е неотповиклива оставката?
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.045
Поени од реакции
19.654
Овој, а и цела влада, требаше да си дадат оставки уште кога излезе тој скандалот со провизии за нарачка на вакцини преку фантомска offshore фирма од Хонг Конг во ситуација во која месечно имаше по 1000 починати во државата.

Тоа што сме апсолутни лидери во Европа и рушиме рекорди по број на смртност и лошо менаџирање со кризава, тоа е само плус кое додава на тежина.

Но, како и сè друго во државава, и тоа се заташка.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.021
Со оглед на тоа како се носат политички одлуки поврзани со пандемијава и кои би биле нови кандидати за министри (Пановски или ќе откопаат некој од ДУИ), ситуацијата ќе биде далеку од розова и по неговата оставка ако се случи стварно.
Ее си има кој како е поделен во СДСМ.
И кој ти личи подобар Филипче или Стево? :)
Не им се замарам до толку. Тебе ти е веројатно Стево од бранковото крило? Да се врати стара гарда во СДС на чело и ќе се прекрстите во СДС шмекерска или транзициска? Може и Латас ќе ви се врати да ве брани.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.546
Поени од реакции
7.251
Не е, пратил понуда само до премиерот. Ама битно нагласи, од морални причини.
Со други зборови направете една дупка на хартијата на која е напишана оставката
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.422
Поени од реакции
9.107
Не е, пратил понуда само до премиерот. Ама битно нагласи, од морални причини.
И зајакот нема да ја прифати понудата, нормално.
А и да ја прифати исти кур. Луѓето не се враќаат.

Абре девојка не можејќи да ја извади мајка си од БОЛНИЦА каде ја пушти да се лечи изгоре ЖИВА заедно со неа.
Која бе болка е тоа за фамилијата? Како можат со ова да живеат по фотелји, на функции, да имаат сурат да излезат од дома.
Некни ги слушав како вриштеа на видеото се згрозив, др ден слушнав на ТВ дека девојката изгорела со мајка си и прво нешто што ми дојде на памет беше како бре таа душа се опростила од неа, што и кажала? Мајко, дотука беше. Дотука ни пресудиле овие „на власт“.
А како му било на мајка и да си го слуша чедото да се збогува од неа, да гледа (ако била свесна) дека не може да ја извади од огинот и дека заради неа останува тука да умре. Чедото да знаеш дека ќе ги затвори очите пред да му е време - на 29 ебате. Па како им било бре нив?

ЦЕЛА ВЛАДА ВЕДНАШ требаше оставка да даде, не да одат Тетово да се шетаат пред камери вечерта. ВЕДНАШ ама во истиот момент кога разбраа дека НА БОЛНИЦА ИМА ЖРТВИ ОД ПОЖАР требаше таму сите редум од министри без ресор, до пичке материне небитни фаци СИТЕ до последен да си дадат оставка.

Толку сум револтиран деновиве што навистина не ми е јасно како во нивните глави конечно не се сврти малку човечност - особено на тие кои ги бранат по социјалните медиуми, не знам како може да се брани удушување на човечки животи со ОГАН во ХРАМОТ НА ЗДРАВЈЕТО. Кое лице бе го имаат таквите?
Утре мајка ми може да е таму, мајка ти може да е, ќерка ти, кого браните бе, КОГО?

Не знам што да кажам освен дека навистина не се здрави во мозокот овие, а и сите ние со нив што ова така лесно го прифаќаме - да беше поразвиено општество и повеќе со совест и две рала меѓу нозе ќе им се соберевме и на клоци ќе ги бркавме до граница.
Ние сме сите мекотели, сите до последен и без исклучок.
Требаше сите на улици да сме, ден и ноќ и ние од другите градови и Тетовчани особено.

Па уште претстави ни прават на тв - овој поднел оставка, па ќе излези овој другиот ќе ја прифати или отфли (тотално небитно во ситуацијава) и као на крај се морално чисти и двајцата.
АБЕ ОДГОВОРНОСТ БЕ АЛО!
ЌОРКА ЛЕЖЕЊЕ!

Кај се сега оние куртоните за Тамара и за Мартин цитрони што ги ни правеа на секој чекор, од ормани и шкафчиња уште што не ни излегуваа по дома. Кај се сега по тв, по медиуми, по улици да излезат?
29 годишна (ако е точно за годините) отиде јабана.
друг 31 годишен отиде јабана (следниот ден требаше да го испишат од болница)
и СИТЕ останати колку год да имаат години ИЗГОРЕА ЖИВИ. ЗНАЧИ ЖИВИ ГОРЕА И ВРИСКАА.

Багра неспособна криминална, без осет и човечност во нив. ПУ ЈАЗК.
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.716
Поени од реакции
2.058
Командирот на противпожарната единица вели дека цела болница била од пластика и лесонит.

Тоа е да се заштеди. Да е огноотпорен панел кој од реномиран некинески производител 50мм дебелина, кој чини околу 18е/м², да видиме дали ова ќе се случеше толку брзо, а сепак ќе имаше и пари за дополнителна маржа(дрпање). Толку е филозофијата.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.045
Поени од реакции
19.654
Не е, пратил понуда само до премиерот. Ама битно нагласи, од морални причини.
Тој да чувствувал морална одговорност како што кажа на пресот, веднаш ќе си поднесеше неотповиклива оставка. Ова сега е само damage control и купување време. Ништо чудно Заев да не му ја прифати оставката доколку видат дека револтот и реакциите од јавноста се намалени.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.541
Поени од реакции
34.841
Сценарио ДВА
Кале -Дојдете бе џукели едни, претеравте веќе со ова Ковидов, први по смртност во ЕУ, вакцини сјебавте, живи луѓе изгореа.

Двајцата попарени, вистински дава оставка. Ама...

Ајде да видиме, нека пројде некој ден.
Сценариово број два изгледа предобро да за биде вистинито.
Нисмо ми те срече
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.108
Поени од реакции
10.411
И кој би бил следен министер?
My guess...Др. Виктор Исјановски или Др. Христијан Костов. Или па може Бујар Османи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom