Навивачки групи во Македонија!

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.951
Поени од реакции
6.746
Се изнапишаа некој работи во кои секој е делумно прав но не се дава целосната слика на нештата, се фативте за еден настан и сега ширите муабети во кој секој го брани своето без да ја согледа реалноста.

Факт е дека големите и сериозни навивачки групи функционират на повеќе различни модели, првата е онаа со вршење на криминални активности, втората е со јак организиран маркетинг но за тоа треба голема маса на луѓе и фанови кои ќе ги купуват продуктите, третиот е директно финансирање на групата од страна на клубот каде одредени луѓе добиваат пари за да ја водат групата и живеат од тоа, четвртиот е оној во кој одредена прва екипа на навивачката група фунцкионира како фирма, т.е. имат заеднички бизниси, угостителство-обезбедување и на тој начин се финансират и првично себеси од тоа зимаат плата но и самата екипа и група на која припаѓат.
Во Македонија барем по тоа што знам независно навивачки на таков начин можеби фунцкионирала една навивачка група или две ако ставиме уште една од албанскиот етнички табор и толку.

Е сега разликата во маси, кога имаш 5-10 000 маса на трибина и ти влезе инспектор лесно ќе се најде испукана глава која ќе почне да го гази а на трибина по него да рипнат уште толку а имаш 300-400 жандарми кои ќе треба само да го излевчат него без да влеват во дополнителни конфликти, а друго е кога си маса од реални прави навивачи 70-120 а таму има 350 униформирани желки кои едвај чекат да се издушат и да тепат се живо што ќе им се најде по патот, ем да го убијат бога у тебе ем да те влечат по станици и да те утепат со казни.

Второ полесно е кога знаеш ако напраивиш фрка имаш цела армија луѓе позади тебе кои ќе ти покријат казната со отчет во матичната група, а друго е кога знаеш дека ако ти направиш фрка со тебе ќе загазат и сите останати кои може да ти помогнат и на крај да си сам, иако секоја екипа/група помагала во покривање на казните на свои поединци колку се може во завиност од колку се казните високи , бројот на казнети членови и.т.н.

Македонија поради многу фактори е далеку од правото навивачко движење од недостаток на организација, јака репресија, мала бројка на луѓе (реално у државата дали не има и 150) одврзани раце да ти прават што сакат џандариве дури и во приватниот живот па така реакција на игнорирање на спекторот колку и да излгледа од страна дека е кукавичка ти е всушност најпаметна работа, бидејќи неговата цел е толку тоа да испровоцира некого да го нападне па желкиве да си ја извршат работата и со големиот број на репресивни алатки кои го имат да ја згаснат групата целосно или да ја умртват нејзината активност.

И баш како што е напишано од еден член погоре во што се согласувам, едноставно лесно е да коментираш од страна, но друго е кога си во самото движење и во самите групи и знаеш на што се се спремни кучињата за да те унишат не како група, туку да ти го уништат буквално и приватниот живот и да ти се згади што воопшто си жив а не што си бил навивач.
 
Член од
30 мај 2021
Мислења
68
Поени од реакции
121

Капа долу момчино, кој разбрал-разбрал.Фала чао пријатно
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
1.004
Поени од реакции
5.508
Утре веројатно ќе има слики и на официјалниот профил со поубав квалитет. Пелистер-Шкендија
Паролата на Чкембари: Не го даваме своето за него сме борци, денес тешко е да сме но остануваме Македонци
 
Attachments

Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932

у кратки црти, македонски навијачки групи не се способни за да се организираат на најосновно ниво, батали тоа држава, репресија и што ја знам као у други држави истото да го нема.
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
1.004
Поени од реакции
5.508
Утре веројатно ќе има слики и на официјалниот профил со поубав квалитет. Пелистер-Шкендија
Паролата на Чкембари: Не го даваме своето за него сме борци, денес тешко е да сме но остануваме Македонци
 
Attachments

Член од
18 декември 2019
Мислења
599
Поени од реакции
1.665
Утре веројатно ќе има слики и на официјалниот профил со поубав квалитет. Пелистер-Шкендија
Паролата на Чкембари: Не го даваме своето за него сме борци, денес тешко е да сме но остануваме Македонци
Планирате да се префрлите на новата трибина кога ќе ја отворат или ќе останете на старата?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Се здружија сите шпонови, Гоки наш битолски, оној клисарон битолски Јованов и циганон од Автокоманда, да коментираат на секој можен фб пост на Вардар :D

Ќе видиме кој ќе се смее на крај на сезона.

Балисти 0/5 појавувања, Шверцери два пати се појавија по 10 души.
Пирати 0/5, Чкембари со мала бројка споредбено со претходни години. На интернет просторот повеќе се коментора за Вардар отколку за сите други заедно.
Лозари со солидни изданија во однос на бројноста, мене лично ме разочаруваат што и они не се реални за јачината на составот и одма плукаат по сите играчи и тренерот.
Фаланга исто така се добри годинава, иако со релативно мала бројност. Слично важи и за Рибари, 2/2 одработени утакмици досега.
Иако наведените групи ги одработуваат натпревариве, сепак од тоа што сум ги фатил на стримови, се навива само повремено, со слабо темпо.

Комити со солидно издание, иако од навивачки аспект ништо ново. Сите бевме дојдени со коли, немаше организиран превоз. Кафанчињата беа полни 2 саати пред натпреварот, се навиваше уште од таму. Убава атмосфера, добро навивање во прво полувреме и просечно во второ, а конечно и немаше глупи и непотребни скандирања против противнички екипи или етникуми. Стари песни, а богами и стари луѓе. Истите луѓе бевме што одиме низ годиниве, немаше ни 10 деца под 18 години. Тоа на долг рок не е многу ветувачки. Немање тапан, но добар изглед на трибината. Да видиме дали на првиот домашен натпревар ќе има некои подобрувања, а можеби и прва кореографија.
Изненадувачки, немавме проблеми при влез на стадион. Бараа сертификати за влез на стадион, па претставувам така ќе тече работата уште долго.

Ме чуди и што Војводи не навиваа на првиот натпревар во Тетово. Имаат акција за собирање средства за да се игра на Градски во Тетово, а на крај како што видов, немаше навивање со Велешта.
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
1.004
Поени од реакции
5.508
Чкембари со мала бројка споредбено со претходни години.
Струга 40-тина луѓе, со слога дома во среда 200, со шкендија(сабота) 100...со слога пиро, со шкендија парола и пиро, не е лошо толку со оглед на состојбата во клубот а и резултатите
Вчера изненадивте со солидна бројка
 
Член од
26 април 2021
Мислења
156
Поени од реакции
750
Комити издоминираа. Реално на волкава мака покажаа карактер и менталитет. Покажаа што значи " И на врвот и последен". Браво и за брзото реагирање кога членови почнаа скандирања кои не донесоа ништо освен казни за клубот и навивачите. Конечно сите укапираа дека политиката ја отру групата и ја уништи скроз. На крајот на нештата факт е дека останува само ВАРДАР и љубовта кон клубот. Малце треба да се поработи на оградата и на песните. Некако оградата порано изгледаше помоќна со ударното знаме само КОМИТИ.

Чкембари доста добри. Реално беа присутни летово. Со Комити и Лозари најактивна група се. Чудно ми е како градот не се мобилизира со Шкендија. И минатите години било така. Се гледа малце дека во Прва лига фали Вардар. Без навреда факт е дека Комити како група беа причина многу луѓе да доаѓаат на стадион. Ова со сертификатите е исто проблем. Не знам како групите не реагираат за тоа. Цел свет почна да се буни..барем транспарент да се ставеше. Некоја група барем. Рибари и Фаланга исто редовни периодов. Браво!

Шверцери...многу ми се смешни кога се обидуваат да прикријат лоши изданија со тоа што нема да ставаат слики на профилите. Отиде Вардар во Втора лига и спласна тифо движењето во Чаир изгледа. Од почеток на сезона се немаат собрано повеќе од 12 луѓе БУКВАЛНО. Се виде уште од квалификациите дека не штимаат и дека собираат што ќе стигнат за да попунат коп. Али едно е да натераш на Европски утакмици некој да ти дојде, друго е ова...Башка доаѓаат избори. Разбирам дека се зафатени. Али Ахмети оваа година изгледа во Чаир ќе крева титула. Мора убаво Шверцери да се одработат за тој "успех".
 
Kajgana Shop

На врв Bottom