Навивачки групи во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.

mi11vall

MILLWALL
Член од
20 септември 2020
Мислења
135
Поени од реакции
174
Кога испаѓа дека имало Шверцери во струга се мења лентата одма. Друг пат одете и вие не се плашите немаше Чкембари :pos:
 
Член од
2 септември 2019
Мислења
203
Поени од реакции
1.372
Кога испаѓа дека имало Шверцери во струга се мења лентата одма. Друг пат одете и вие не се плашите немаше Чкембари :pos:
Пак жешко ви е било глас не ви се чу
 
Член од
26 април 2021
Мислења
156
Поени од реакции
750
У 2021 уште ли се заматуваат фаци бе? :D Па МВР мокрача и крв од нас имаат, ние ќе се криеме уште :D
Да, се кријат. Многу поголеми групи од нашите кријат. Што се они, будали? Тоа се непишани навивачки правила кои треба да се почитуваат. Навивачките групи се најпрогонувана групација во Општеството. Секако не смее да се помага на МВР.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
Да, се кријат. Многу поголеми групи од нашите кријат. Што се они, будали? Тоа се непишани навивачки правила кои треба да се почитуваат. Навивачките групи се најпрогонувана групација во Општеството. Секако не смее да се помага на МВР.
Кажи што сакаш, у станица какви слики имам гледано од каде ваделе докази и кој е кој ова е смешно. Кај било која група мала или голема е смешно, поготово да се кријат лица на тие што се тепаат да бидат у први редови на шипка качени. Анонимност има кај оние што идат со фантомки цело време и не се соблакаат да се гледаат секакви тетоважи, ама тоа не се дечки од први редови на утакмица. Ти ја разбирам поентата на непишано правило, ама смешно е. Истиве овие што се кријат тука, се тие што профилни и кавер слики им се како се качени на шипка.
 
Член од
26 април 2021
Мислења
156
Поени од реакции
750
Кажи што сакаш, у станица какви слики имам гледано од каде ваделе докази и кој е кој ова е смешно. Кај било која група мала или голема е смешно, поготово да се кријат лица на тие што се тепаат да бидат у први редови на шипка качени. Анонимност има кај оние што идат со фантомки цело време и не се соблакаат да се гледаат секакви тетоважи, ама тоа не се дечки од први редови на утакмица. Ти ја разбирам поентата на непишано правило, ама смешно е. Истиве овие што се кријат тука, се тие што профилни и кавер слики им се како се качени на шипка.
Тој што не пази, тој ќе си има проблем. Секогаш сум да им се одмага работата на МВР. Ова правило било и според мене треба да остане.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.143
Поени од реакции
35.151
Џандариве имаат група на Вибер каде што старешините/командири праќаат слики од членови на навивачки групи сликани на утакмици и прашуваат од помладивте полицајци да не има некој кого го познаваат. :D

Се е во ред тоа со затемнување фаци, али како што кажа Комита Ултрас, и крвна група им знаат на тие што идат на трибина.
 
Член од
11 мај 2021
Мислења
138
Поени од реакции
256
Џандариве имаат група на Вибер каде што старешините/командири праќаат слики од членови на навивачки групи сликани на утакмици и прашуваат од помладивте полицајци да не има некој кого го познаваат. :D

Се е во ред тоа со затемнување фаци, али како што кажа Комита Ултрас, и крвна група им знаат на тие што идат на трибина.
znaat duri i sto nosi sekoj covek,kavka marka na obleka itn.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
Не сум стара гарда, ама не сум ни од новиве генерации, би рекол негде некоја златна средина. На утакмици прекинав да одам од причина што не сум веќе во Македонија, а и последната година-две не бев активен од следниве причини...
Постарите ама баш никогаш не сум ги слушал, најчесто затоа што нивниот стил е останат во 80тите и мислат дека така може да функционира група и денес во 21 век. Приказни од дедо ми и татко ми сум слушнал милион. Направиш ли инцидент ќе завршиш у станица или у комбе ќе те стрпаат ќе изедеш добар ќутек 2 дена да не можеш да седнеш и тоа е тоа. Ниту постоел интернет, социјални мрежи, ниту камери имало. Во денешно време со оваа технологија е невозможно да бидеш анонимен. Ајде и тоа, има начин да се заобиколи ако си паметен дечко, ама при прв инцидент да те фатат, така добро ќе ти наплатат што ќе заборавиш како изгледа стадион.

Не сум меродавен да зборам за други групи, и искрено ниедна група не ја сфаќам за сериозна ниту пак за конкурент на Комити освен Чкембари. Секоја група има подеми и падови, ама како што се врши репресија врз овие 2 групи само ФА имаат осетено, никој друг. Пола членство е по затвори некои оправдано би рекол, ама и многу не. Има и луѓе што секој натпреват се повикуваат на разговор во станица само за да не присуствуваат, а оние па што се присутни на натпревар се набљудувани како да се терористи. Матете фаци колку сакате, ви знаат фамилија до 3то колено и кој што работи.

Група во Македонија да биде стабилна, респектабилна и за почит веќе не е возможно. Колку сакаш труди се, работи, давај се од себе едноставно ако станеш малце помоќен од тоа што треба тука е државата да те уништи. Што со кривични, па прекршочни, забрана за гостување, па држење на патарина со саати, па ќе стигнеш таму ќе те дупат ко Ѕинго педерот што бараше 400 денари карта у Кратово да му се намочам, стави на ова и малтретирање од полиција при најмал пропуст и милион други работи. За други групи не знам, ама Комити имаа шанса во последниве 10 години, едно 5 пати да станат моќна група. И во секоја прилика кога стануваа гласни беа "згаснати" од партии и МВР. Комити често се поврзувани со ВМРО или СДСМ, а реалноста е дека тоа се само поединци како и во секоја група. ФАКТ е дека и Комити секогаш биле најгласни против ФФМ, МВР, и се што е од интерес за Македонија.
И поради тоа Комити живуркаат, пробаа да водат битка што не се добива и тоа на неколку фронта. Она што е за респект е што секогаш има упорни дечки и покрај се не се откажуваат.

Сум ја спомнувал кај стигнам случкава, собир за на ракомет доаѓа рандом лик у цивилка меѓу група и вика дека вие денес не влагате на утакмица иначе на мајка ти и татко ти тој и тој бизнис ќе биде затворен утре. И што правиме со ова? Ова се дечки што не се истакнуваат многу по слики ниту се у први редови.
Заматување фаци од ликови што у не-навијачко друштво најгласни се за сите инциденти и дешавки во групата. Тие што се тепаат да бидат видени.

Не бе дечки така не се води група, не те прави мангуп ако ги соблечеш мускулите у први редови на шипка. Ниту си мангуп ако ставиш слика на фејсбук. Овие гласните што бараат внимание, се најчесто тие што први се откажуваат при најмала репресија или бегаат ко пички од тепачка. Никогаш не сум бил у тој фазон на хулиган, затоа што сметам дека група не се води така во модерно време. Влагање во масовни тепачки е само за глупави луѓе што ќе наебат веднаш, и прават штета на клубот и групата. Во Комити, некои се и на форумов имаше дечки што оперираат без никакво внимание, глумење мангупи ниту па да се фалат што постигнале. На утакмица нема тепање да се у први редови. И не си мангуп ако скандираш мртов ш*тар, делата и паметот многу повеќе вредат отколку овие песни.
Дечки што работеа 24/7 за групата и во втор план ставија девојки, приватен живот, работа и се останато. Дечки што злато вредеа полека си заминаа од групата, и по мене најквалитетните членови од моја генерација сега се сите во странство. Ова не се пички што киднаа, туку луѓе што сфатија дека нема добивање битка со држава.

Поентата на постов ми е, секоја чест за новите генерации, ама помалку изигравање мангупи, а повеќе памет. Во група треба да имаш дечки со сопствени мислења за да може групата да оди напред, а не телиња што друг ќе им наметне мислење и како треба да биде.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.979
Поени од реакции
6.874
@Комита Ултрас се што напиша е чиста вистина, нема бегање од тоа, но заматување на фаци барем по мене не се прави поради полицијата, таа се знае за нас, повеќето у станици имаме повеќе слики од нив сликани него што имаме во приватниот живот и колекција, но заматувањето пред се е од најразлични причини, има луѓе кои не сакаат да ги знаат дека одат по трибини, па некој кој би сакал да прави акции да не биде препознаен од друга група и.т.н., причини од сосема друга природа од таа што ја наведе, сликите од утакмица ако сликарот на групата сликал 15 у станица имаш 150 од истиот натпревар.

Нема ни што да се правиме луди, сите знаеме дека периодот 2012-14 кога сите активни групи собираа по 100 луѓе, имаше различни настани од позитивен и негативен аспект, државата реши да го згасне навивачкото движење, преголема маса за наши услови се собира на едно место каде што неможеа да имат потполна контрола и посебно главната грешка што навивачите одеа како навивачки групи на протести (а не како организација/патриотско здружение) со што дојде наредбата од врв и со кодно име државна безбедност спроведе акција за уништување на македонското навивачко движење единствена таква во свет , по што секоја група според големината си го доби своето, колку работи се јавни а колку работи знаеме зад кулисите на сето ова , може да се напишат книги во 5 продолженија без никаков проблем.



Јас лично сум бил најголем противник на сликање од трибини , сум водел дискусии во матичната група дур го искорениме тоа, до работ на инцидент, за од денешен аспект да сфатам дека градење сериозна група у МКД е тотално непотребно и ти носи само проблеми, а посебно поради тоа што може да влезеш во конфликт со луѓе кои ќе ти се позади грб да ти помогнат во секое време, едноставно оди на натпревар, извики се, испуни си ја страста , ослободи се од негативната енергија, ако има фрки нема да бегаш од нив, од една страна живеј го навивањето како дел од твојот личен идентитет но без преголеми очекувања, порано ако би се расправал за некој работи на темата докажувајќи се и нервирајќи се дека се пишуваат глупости, денес само се слатко исмевам и продолжувам понатаму.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom