Одбраната швајцарско сирење.
Далеку послаба и потромава од ланската.
Ако веќе не можиш во напад, барем во одбрана бори се, принуди го противникот да се мачи за секој гол.
Овие како без душа, дури да стигни Кушан до играчот 2 минути.
За Маркоски да не прајме муабет, кој аматерски старт.
Зеде, го нокаутира, каде бе?
Па и Обрадовиќ, без мозок потег.
Не можи бе со вакви стартој одбрана да играш, во јаки натпреварувања.
Шо е ова, 96та ? Со Јафа Промет ко се тепавме?
Помина то време, сега секој старт шо е во предел на лице ти е автоматски црвен картон.
Кај беше Кукоски? Повреден е или Бабиќ изиграва нешто, тактички го изостави?
Не ми е јасно.
Кукоски, за оние шо ни играт одбрана е доктор, шеф на катедра,.
Единствен играч, шо игра одбрана е Обрадовиќ,ама ако му е смирен мозокот, ако не, ќе си јади црвени картони.
Со 3 пикери, од тие 3 пикери ефект НУЛА.
Дури да се свртат, дури да примат топка, свирнал судијата пасивен напад или пробивање.
Реално, овај Мешков се покажа како преголем залак.
Уште се зелени за вакви екипи, макар и ослабени.
Без Пешиќ, без Бонафон, без Пачковски итн.
Рутински не изрешетаа, како на тренинг.
За екипа шо игра конфузна, бавна и пред се некоординирана одбрана не треба појќе.
Излезе на крај дека џабе го избркаа Вегар, барем за одбрана беше добар дечкото, далеку поподвижен од Кушан и Маркоски.
Овие дури да стигнат да се постават, за прекин на противнички напад не прам муабет, топката веќе на центар е.
Не можи голманите 15 зицери да фатат, па да се провлечиш со вака слаба одбрана.
Реално, далеку сме, многу далеку.
Очекував појќе, барем да се борат, да ја продат скапо кожата.
Ама да бидиме и реални, Мешков е екипа од ТОП 16 екипи во ЛШ, веќе неколку сезони наназад.
Далеку сме од ова ниво, за жал.
Прочитана игра во напад,
Сите ги научија, знат дека Периќ бара или дупка во зоната и да влези во простор меѓу 7,6 метри, или ќе го бара Кушан.
Сите екипи, со подвижна централна одбрана ќе го затворат навремено.
Мараш, далеку е дечкото од прв десен бек, на она дете му требаат многу утакмици, да работи некој со него, постепено да ги корегира грешките.
Мора да поработи на скок шутот, или дирек блок јади, или голманите лесно го читат, оти ја губи силата при скокот и не можи да ја дофрли топката до гол, зато сите топки ко ќе се мачи да си напрај позиција долу ги мава.
Ко ќе почни да мава дијагонали горе, ќе биди друга песна, вака секој просечен голман ќе си билда статистика на него.
Памтам, Богдан Маковеј пред 20 години.
На тренинг, со Митков и Јоноски држеше посебни индивидуални тренинзи, само со нив,како први бекој шутери во екипата.
Клупа ( та дрвената шо беше, легендардната ) ќе наместеше и СКОКАЈТЕ НАД КЛУПА, и шутој САМО ГОРЕ, ДИЈАГОНАЛИ, ГОРЕ., ГОРЕ.
Ако одеа долу шутојте, каков ремет јадеа, леле, леле, викање, урлање.
И така по 2 саати.
Е, вакви тренинзи имаше таа екипа.
И зато играчи ко Митков и Јоноски таа сезона личеа на играчи.
Мојсо, најјаката сезона во кариерата ја изигра тогаш, незапирлив беше.
Да не прајме муабет за кондицијата итн.
Не е ни чудо шо таа екипа стигна финале на Челинџ куп,, прво место во регуларен дел на првенство и финале на куп.
Се е до тренерот и до концепцијата.
Замина Маковеј, паднаа сите играчи, се врати се по старо/
Таков тренер, според мене, Пелистер никогаш немал, ниту ќе има, дај боже да грешам.
Бабиќ не можам да го разберам.
Ме изненадва од меч во меч, константност нула.
Да не прајме муабет за ротацијата, која во добар дел нема логика и е без ефект ( со јаките екипи, зато и губиме редовно).
Не знај чоекот избор на играчи да си напрај, има на располагање управа како шо ретко која екипа на Балканот.
Да речи, чекајте бе луѓе, екипа треба да напрајме, да не се дуплираме со идентични играчи по позиции.
Прибрал онде по 3ца на секоја позиција, ефект нема, од речиси поголемиот дел од клучните позиции.
Демек долга е сезоната, ќе играт другите со Аеродром, Работнички, Тинекс и Бутел.
Таму ќе дават по 7,8 гола по меч, и демек добри е за Пелистер.
Пак ќе се навратам, на слабостите и дупките шо ги остај непополнети.
Лево крило не зеде, се гледа колку се мачиме секоја утакмица ( со појјаки екипи не ни прам муабет).
Исто ко без чоек играме на таа позиција.
Десен бек фали, некој калибар како Станојевиќ шо беше пред 3 сезони, класичен шутер,
Ако веќе не зеде десен, поубо нека тера со Радовиќ, да не се трупаат играчите за џабе.
Џабе пари се фрлаат на Велковски, квотер бек- разигрувач.
Ама ко ќе го видиме ефектот на Мараш овие утакмици, можи и квотер бек ни треба појќе, отколку шутер.
Среден бек нема, ниту Табоада, ниту Обрадовиќ не се класични плејмејкери.
Среден бек не е ниту Танкоски.
Дај боже да ме поправат сегашните играчи во текот на сезоната ( оти јасно е дека нема да има нови играчи ).