Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Првин се мислев, некако многу пари ми се за точак ама ко седнав уште на првиот круг бев, totally worth it. Осеќам дека ќе се заљубам у бајков, колку лагано е само спуштање од тротоари и слично, како на право да си, импресиониран сум колку мека вожња има. Иначе дефинитивно ќе го носам на сервисер, нека го разгледа, највеќе ми е ради кочниците, ради тоа и земав нов бајк пошто со стариот ќе се испотепам некаде. :ROFLMAO:
Сум качувал врвови, сум имал и 50% стрмен спуст. Еднаш да го средиш, ќе немаш проблеми до следно паѓање
 
Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.487
Поени од реакции
16.131
Земав м1000 про. Многу е лесен на вожња, ја не сум бил свесен колку напор сум давал на стариот точак. Земав 18ка рам со 29 гуми.
Прашав дали е сервисиран, центриран и слично како што ме поучивте ми рече да ама ми изгледа дека НЕ. Прво, задна кочница не фаќа одма туку отпосле и слабо фаќа додека предна кочница укопува во место. После неколку минути вожња почна предно тркало да шкрипи, оној крипи звук, не знам како да ви објаснам, не знам дали е нормално дека е нов точакот па дур легне или така треба да биде.
Дали да си го носам на сервисер на кој си верувам или да го враќам дур не го средат како што треба? Инаку не ми се за верување овие од Хамачи затоа што прво рече дека е серивисан а после и сакаше сетот со алати да ми го забуши и да не ми го даде и откако го побарав пошто ме следува и на нивниот сајт пишува дека е подарок, тој рече као „еве куќа части“ откако се направив будала „дај да го средам седиштето“.
Со здравје да го возиш побратиме, па некогаш тука што паметуваме :P Да се собереме и возиме некоја тур(ичк)а!!!
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.105
Поени од реакции
4.603
Земав м1000 про. Многу е лесен на вожња, ја не сум бил свесен колку напор сум давал на стариот точак. Земав 18ка рам со 29 гуми.
Прашав дали е сервисиран, центриран и слично како што ме поучивте ми рече да ама ми изгледа дека НЕ. Прво, задна кочница не фаќа одма туку отпосле и слабо фаќа додека предна кочница укопува во место. После неколку минути вожња почна предно тркало да шкрипи, оној крипи звук, не знам како да ви објаснам, не знам дали е нормално дека е нов точакот па дур легне или така треба да биде.
Дали да си го носам на сервисер на кој си верувам или да го враќам дур не го средат како што треба? Инаку не ми се за верување овие од Хамачи затоа што прво рече дека е серивисан а после и сакаше сетот со алати да ми го забуши и да не ми го даде и откако го побарав пошто ме следува и на нивниот сајт пишува дека е подарок, тој рече као „еве куќа части“ откако се направив будала „дај да го средам седиштето“.
Со здравје да го возиш и долго да те служи.Што се однесува до чкрипењето и слабото кочење најверојатно е до нештелувани кочници како што треба.За ова не ти треба сервисер бидејки можеш и сам да пробаш да ги наштелуваш.Се отштрафуваат двата имбус штрафови на секој хидрауличен уред за да се олабави околу дискот,потоа се притиска рачката од кочницата за да можат пакните правилно да легнат и зафатат дискот и се држи притисната рачката се додека повторно не се стегнат двата:https://www.youtube.com/watch?v=-Dk2hMhmSkk
Единствено типов на крај пропушта да каже битен момент дали фаќаат пакните после штелувањето туку само го врти тркалото и го запира со рака што не е правилно.За да видиш дали фаќаат пакните го завртуваш тркалото со рака се додека само не застане во правецот после инерцијата а откако ќе застане веднаш треба само да сврти во обратна насока поради тежиштето што го има ѕиваната.Ако застане и не почне да врти обратно тоа значи дека пакните фаќаат на дискот и не се добро наштелувани.
 
Последно уредено:
O

onefifty

Гостин

Баш ќе пробам вака да ги наштеловам, делуваат дека се раштелувани бар јас мислам дека на диск треба да фаќа одма да кочи, не отпосле, ради тоја највеќе и земав точак, баш се изнервирав денес.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Баш ќе пробам вака да ги наштеловам, делуваат дека се раштелувани бар јас мислам дека на диск треба да фаќа одма да кочи, не отпосле, ради тоја највеќе и земав точак, баш се изнервирав денес.
Провери дали дискот ти се мрда горе/доле. Можеби не се стегнати штрафчињата што го држат дискот (не тие за штелување туку страничните, околу 5 мали штрафчиња се).
 
Член од
19 мај 2014
Мислења
156
Поени од реакции
156
Дали некој има искуство со промена на гуми од 23C на 25C,
треба да менувам гуми па се двоумам дали да ставам 25C
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Дали некој има искуство со промена на гуми од 23C на 25C,
треба да менувам гуми па се двоумам дали да ставам 25C
Имаше слично прашање пред неколку месеци. Пак ќе одговорам, ако имаш намера да трчкаш сегменти и да возиш за МНОГУ МАЛКУ побрзо, 23. Ако сакаш подобра комоција, 25. Разликата 23 и 25 е околу 40 грама. Дали тие 40 грама се поважни за комоцијата? Професионалците возат дури и со 28.
 
Член од
19 мај 2014
Мислења
156
Поени од реакции
156
Понекогаш трчкам сегменти :), ама со оглед какви ни се патиштата побитна ми е комоцијата
 
28 од новите генерации се пумпаат на ист притисок како претходните 25 што ги возеа на трки и со тоа имаат помал отпор на триење а поголема удобност.
Автоматски споено мислење:

Понекогаш трчкам сегменти :), ама со оглед какви ни се патиштата побитна ми е комоцијата
Зимај 25 - 622 од Continental Ultra sport II или III што ќе начекаш и не се секирај за сегментите затоа што се за нијанса побрзи од 23 - 622 поради ист максимален притисок.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Некој од вас дали нарачувал од bike24? Отприлика за колку време стига пратката во Македонија? Дали има дополнителни трошоци освен тие 20 евра за транспорт?
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.105
Поени од реакции
4.603
Некој од вас дали нарачувал од bike24? Отприлика за колку време стига пратката во Македонија? Дали има дополнителни трошоци освен тие 20 евра за транспорт?
Bike24 не врши испорака за Македонија.Оди на bikediscount.de или bike-components.de/
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.177
Поени од реакции
34.350
Има некој кој аплицираше за субвенција од Град Скопје? Почнаа со исплата?
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
Јас аплицирав пред 2 месеци ( одприлика), пред некој ден ми исплатија 2700 ден. (3000 - 10% данок). точакот го купив во февруари али нормално сметкат ја чував
 
Член од
18 септември 2014
Мислења
827
Поени од реакции
746
Доколку некој бара добра пумпа за роад бајк (висок притисок) ја препорачувам оваа

За тие пари нема подобра пумпа. Тестирано на роад бајк над 7 бара пумпа без проблем.

Евентуално оваа поскапа за 10-тина евра со манометар.
Автоматски споено мислење:

Некој од вас дали нарачувал од bike24? Отприлика за колку време стига пратката во Македонија? Дали има дополнителни трошоци освен тие 20 евра за транспорт?
Стандардно нарачувам од bike24 и ги праќаж на Германска адреса. Потоа ми ги праќаат накај МК без давачки. Мислам дека не праќаат бајк24 за Македонија незнам зошто. До 90 евра имаш само данок, над 90 евра имаш данок и царина кај нас. Тие 20 евра ти се за шипинг. И тие 20 евра се сметаат во овие 90 фамозни евра доколку дојде моментот за царина.
 
Последно уредено:

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.487
Поени од реакции
16.131
Мислев ке се ратосиљам од стариов точак на подолги тури, ама мајсторов кај што го носев ми погрешил делови и сега треба да чекам месец дена другиов мајстор да ми го среди. Е сега на овој стариов кога ке му наместам нова гума, внатрешната бива палачинка. А кога ке ја извадам и напумпам до крај стои напумпана и нигде не испушта воздух. До што би можело да е проблемот?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom