FILM CLUB (КРУГ 5) (196. Kuru Otlar Üstüne / About Dry Grasses: 08.04-21.04.2024)

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
До кога е филмов, кој филм е?
Ништо не разбрав, статистики од минати филмови, филмови од мали кога бевеме... Кој филм сега да го гледам да си почнам со ред?
Пишува во наслов
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.227
Поени од реакции
78.811
Филмов е у Токио. У Токио за 60 долари грам трева нема.
да
али ти праша каде,а ја ти кажав
Инаку, у Токио е поскапо и од Лондон за тие ствари, мада трева таму е премногу скупа и не се споредува со другде у свет.
LSD e поевтино во Јапан, од тука и од други места у светот.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.715
Поени од реакции
33.365
До кога е филмов, кој филм е?
Ништо не разбрав, статистики од минати филмови, филмови од мали кога бевеме... Кој филм сега да го гледам да си почнам со ред?
Се што праша пишува во насловот на темата. ;)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.715
Поени од реакции
33.365
И ти ја имаш на игнор Corvus, изгледа. :ROFLMAO:
@Corvus на игнор? Никогаш! :love:

BTW, не смееш да имаш некој на игнор ако си модератор, нема логика. Јас бијонс ја одигнорирав, а не па некој од тука. Тоа не би се случило во никој случај.

Нејзиното мислење беше на друга страна, а јас сум реплицирал на @Хоуп пред да стигнам до него, и затоа не сум го ни видел. :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
@Corvus на игнор? Никогаш! :love:

BTW, не смееш да имаш некој на игнор ако си модератор, нема логика. Јас бијонс ја одигнорирав, а не па некој од тука. Тоа не би се случило во никој случај.

Нејзиното мислење беше на друга страна, а јас сум реплицирал на @Хоуп пред да стигнам до него, и затоа не сум го ни видел. :D
Да, да, вади се сега. :D
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.977
Поени од реакции
55.046
Дај бе малце не замарајте со бош муабети. Ја упропастувате темата и гледањето на филм.

Шон или учествувај и коментирај филм или не замарај со секојдневни муабети. :uzi:
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.532
Поени од реакции
21.407
Enter the Void (2009)

Ух, уморих се.
Не знам дали ганево мое не е прикладно за филмов или до толку го имам навикнато да веќе нема посакуван ефект.
Што знам, може треба еден ексер да бапнам и да го гледам филмов. Трипови не практикувам, така да тоа отпаѓа како опција. А зашто не практикувам трипови објасни Оскар во филмов. Бегај од балконот! :)
Overall не сум воодушевен иако почетокот ептен ми се допадна. Првиот саат уживав и стварно ми беше интересен филмот, да останатиот дел ме фати меланхолија и некако едвај чекав да финишира. Мислам дека е непотребно толку долг и дека и со 90 минути ќе го доловеле тоа што го замислиле.
Ме нервираше тоа што ги повторуваа сцените, особено со сообраќајната незгода која ми се чини 5 пати беше во филмов.
Визуелно е добро скоцкан, но како филм не ме импресионираше. Приказната ок, но ништо посебна.

6/10
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.825
Поени од реакции
5.934
Enter the void

По мене најслаб дел од филмот беше едитингот. Едиторите не си ја завршиле работата, не во смисла на транзициите кои беа добри, иако репетитивни, па станува досадни. А и денес се имаме изнагледано доста такви фајвер транзиции во реклами и видеа, па од денешен аспект не беа воодушевувачки, ама пред 10 години сигурно биле.
За мене највеќе потфрли едитот во смисла на преголемата должина на филмот, некохезивноста, на која можеше да се поработи и подобро да се прикаже приказната.
Овака имав чувство дека се што снимале, се ставиле во филмот.

Ми се допаѓаше сет-апот, сцените, неонските светла и Токио кои беа предобри. Сум го обожавал тој град, посебно ноќе, прекрасен е да се гледа.

Приказната беше добра, но премногу развлечена и репетитивна. Сообраќајката видена неколку пати, смртта исто, сцени во хотелот, исто.
Љубовта помеѓу братот и сестрата беше она што го движеше напред филмот. Тотално неконвенционална, еџи, и кринџ на моменти, посебно во оние "инцестоидните" сцени каде ми доаѓаше некое нелагодно чувство. Сигурно и тоа било целта на Ное, па да, успеа.
Од друга страна, се почувствував дека можеле да ја сместат во помалку од 90 минути, и ќе била многу подобро прикажана.
Не сум по халуценогинети супстанци, па од тој аспект и нема да го коментирам.
Пандан на овој ми се виде Requiem for a dream, кој повеќе ме воодушеви.

6
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.541
Enter the Void (2009)

За атер на клубов го прекршив заветот дека нема веќе да губам време на делата на Гаспар Ное. Иако морам да признаам дека насловов со кратките описи и жанровската определеност одамна ме привлекуваше, но не се одлучив да го гледам. Се досега.

Уште самата почетна шпица го најавува она што ќе ни го оптеретува сетилото за вид следните скоро три часа. Заради брзата промена на форми и бои, не може да се прочита речиси ниедно име, освен она на режисерот кое се појавува повеќе пати. Можеби е случајно, но тоа мене многу ми кажува за режисерот и неговата почит кон екипата.

Разнобојните светла за Ное се она што е ленс флерот за Џеј Џеј Абрамс. Абрамс сфати дека претерал со нивно користење, за првиов не сум сигурен. Премногу нагли и чести промени на боја, од светла што не се диегетички. Па уште и бланкови што симулираат трепкање. Среќа во вториот акт малку се смири, ама затоа му го изнагледавме тилот на главниот актер. Сево ова ме потсеќа на некоја естетика од видео игри, прво лице, трето лице, летачка камера. Да, движењето на камерата фантастично иако квалитетно потпомогнато во постпродукција. Тука мислам на оние широкоаголни кадри каде камерата кружно се движи, за тоа добива оценка плус. На на оние прелети, каде се изнагледавме кровови со кабли, чилери и останата опрема за климатизација.

Дијалогот ништо битно, освен она „телефонирањето“ на Алекс додека одеа кон клубот, што всушност го раскажа филмот, или барем едно можно гледиште. Музика речиси и да не чув, звучен дизајн исто, иако имаше можност многу квалитеттно да се изведат двете работи.

Ми пречеа и оние повторувања, како во евтина шпанско-турско-индиска серија. Ќе го спомнат Марио, оп кадар од Марио во клубот. Ќе го спомнат Алекс, оп кадар од Алекс како шета по улици. Ќе се спомне несреќата, ајде пак ќе го гледаме сударот.

Разбирам поттекст, метафори и такви работи, ама тоа треба да е на второ, трето ниво, не на прво. Овде има само форма, содржина фали.

Да беше филмов едно саат-саат ипол пократок, и да намалеше на треперење, ќе беше многу подобар, со шанси да биде ремек дело.
Но, сѐ дур некои режисерти не се осмелат да снимат порно филм, ќе прават вакви дела и ќе се кријат зад уметноста.

5/10
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.330
Поени од реакции
27.874
Ова мене ми беше прв филм од Гаспар и си ветив дека морам да изгледам уште некој. Не знам какви се другите негови филмови ама ако стилот му е овој тогаш да малце е тежок за гледање т.е. мислам дека приказните не се во преден план. Можеби сум грешка, треба да погледнам некој друг.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.977
Поени од реакции
55.046
Ова мене ми беше прв филм од Гаспар и си ветив дека морам да изгледам уште некој. Не знам какви се другите негови филмови ама ако стилот му е овој тогаш да малце е тежок за гледање т.е. мислам дека приказните не се во преден план. Можеби сум грешка, треба да погледнам некој друг.
Јас еднаш го пуштив тој со Моника Белучи и Винсент Касел, ама одма почна да ме замара некако и го иксирав. А има најголема оценка.
Друго не сум му ни обратил пажња. И нема.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom