Солидно обраќање на Вучиќ во Советот за безбедност. Мислам дека е редно невладиниот сектор и амбасадорите да си го пронајдат своето место, а тоа не е директно мешање во државните работи.
Ова треба да е нова ера во српската дипломатија и се надевам дека нема да ги повторува идиотизмите, како оној со Тони Блер. Вагањето му носи резултати, но мора да се откаже од идејата за ЕУ кога Кина има расположение за инвестиции, а дел од тие инвестиции симнуваат големи тегови од буџетот на Србија.
Убаво е што не попушти по прашањата за екстрадицијата. Единствените замерки ми одат во насока дека ќе беше добро да поднесеш барање сите осудени Срби казната да ја дослужат во Србија, а не во Холандија или Англија! Дел веќе можат и да бараат ослободување затоа што имаат отслужено 2/3 од казната. Тука беше делот и за повторното судење!
Солиден говор, обраќање, однос и пораки. За разлика од мивките пред него, застана во одбрана на Србија и српскиот народ. Па изнесе и неколку општо познато факти за Јасеновац, каде и ден денес Хрватите релативизираат и си играат со бројката. По кратка постапка го решиле Мајсторовиќ, првиот директор и координатор во самиот логор. Сеуште не сум го гледал филмот, може и треба да го изгледам.
Можеби во други сегменти, како невработеноста и загадувањето, потфрла, но на надворешен план одлично си ја извршува функцијата. Но и улогата на претседателот на внатрешен план е значително (по)мала во однос на надворешниот, па затоа не гледам причина зошто тука толку му се префрла. Вината лежи во самата Влада.
Сепак, генералната слика се гледа за неговото лидерство само затоа што е претседател и на СНС.