Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Со Данска, Словенија и Црна Гора во група А сме.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
378
Поени од реакции
1.038
Можеше и подобро од 4 шешир и полошо од 1 шешир. Шансите за проаѓање група и без бод враќање дома 50:50.
 
Член од
18 декември 2019
Мислења
599
Поени од реакции
1.665
Со Словенија одма на почеток за следна фаза
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.840
Поени од реакции
3.293
Тешка група. Бар во Д да се падневме со Австрија и Полска... Словачка се падна со Литванија. Како успеаја и како им дадоа трет шешир на Словаците??
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Тешка група, ама ако сме реални лесни варијанти не ни имавме. Освен F, вака на прв поглед сите групи се изедначени и тешки. Тоа е, паднавме со резултати последните 3 години и постепено тоа и низ ждрепките ни се провлекува.

Пласман во втора фаза ќе биде тешко да се постигне, но не и невозможно. Дека Данците пак ќе не потценат, тоа се сомневам, ама Словенија е победлива ако имаме добар ден. И Црна Гора воопшто не е наивна, зависи само во каков состав ќе бидат.

Ќе ни треба среќа, но прво да си ја завршиме домашната, да се крене формата кај играчите идната есен и да имаме квалитетни подготовки.
 
Член од
6 мај 2021
Мислења
699
Поени од реакции
1.290
Ќе има уште некои натпревари пред Европско ? Квалификации за Светско 2023 се после Европското 2022 така ?
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Ќе има уште некои натпревари пред Европско ? Квалификации за Светско 2023 се после Европското 2022 така ?
Есента во ЕХФ неделата, некаде во Октомври би требало да има пријателски. Исто и пред европското крај на Декември почеток на Јануари. Но прв следен официјален меч е на самото ЕП.

Евентуално можеби има простор и во Јуни за некоја пријателска (обично имало репрезентативни собири во минатото, но сезонава е малку испореметен календарот).

Имаше најави и за Б репрезентација. Можеби некои од овие термини ќе се искористат за нив. Сите селектори најавувале/барале но многу малку е од тоа остварено. Најблиску до нешто такво биле медитеранските игри и еден турнир во Романија пред минатото Европско (кој и не беше така лоша идеја, ама и тоа беше повеќе изнудено затоа што првите играчи покасно се вклучуваат отколку што беше некоја суштинска Б репрезентација).

Всушност Кире треба да излезе и да каже што подразбира под Б тим. Ако подразбира неколкудневен собир на играчите кои не се во прв план, тоа е едно и нема врска со Б репрезентација. Ако подразбира турнир со други репрезентации каде ќе настапува нашиот Б тим тоа е сосема друго.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
Ќе има уште некои натпревари пред Европско ? Квалификации за Светско 2023 се после Европското 2022 така ?
Мислам пред европско се квалификациите на есен (не ме држи за збор), Лазаров најави дека ќе направиме Б репрезентација која ќе игра пријателски летово со цел да тестираме некој млади играчи.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Вака од старт ми делува дека ќе ги пакуваме куферите уште по прва рунда, али да видиме, сепак Кирца не е Брестовац да губи по 10 разлика.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.794
Поени од реакции
15.819
У која и да бевме група според ова што го играме ќе се мачевме за пласман во следна фаза, не знам зошто толку им кревате акции дека сме моментално нешто во ракометот со победата над Данска. Во Дебрецин има да не издуваат, во групата евентуално може да се бориме со Црна Гора..
И во Ф група да бевме тешко дека ќе ги добиевме Норвешка и Русија.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
Ве глеам со очекувњава и оптимизмов сте као да имаме репрезентација у топ 5. Абе ние една нормална седморка едвај составуваме и тоа со Телевски и слични фаци у неа. Бидете радосни што сме пласирани,што ќе можат помладиве и дебитантиве да осетат како е да се игра на големи натпреварувања. Состојбата е следнава. Прво до првенството дај боже сите да бидат здрави и спремни за игра пошо не дај боже уште ни фали некој од стандардниве да се сјебе и тек тогаш наебавме од дебакли. Доколку сме со ростер Митревски, Манасков, Кузмановски, Миркуловски, Столе, Кире и Џинџер, (одбрана не знам што да набројам) ондак можеме да се надеваме на некоја победа над Црна Гора и ќе кажам дека може да имаме некоја надеж со Словенците ( зависи како ќе тргне натпреварот, како ќе брани Николче итн). За со Данска нема што да се надеваме, ќе не сфатат ептен сериозно после она што им се деси во Скопје и ајде нема да речам ќе не здробат ама нема што да бараме. Значи лабаво, нека се ствара екипа, со овој ростер моментално воопшто не му е лесно на Кире иако почнува да воведува некој новини што е за пофалба. Муабетот ми е без некои преголеми очекувања, исти курац ти е у која група, нема лесни противници на ЕП.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom