UEFA Champions League - Season 2020/21

Кој ќе биде шампион на Европа оваа сезона?


  • Вкупно гласачи
    104
  • Гласањето е завршено на .
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.317
Претерано голем хејт за генијот на мојов аватар ама неоправдано, не се мерило само титулите во ЛШ за квалитетот, многу послаби и тренери и тимови освојувале ЛШ со огромна доза на среќа, јебига нокаут фаза не поминува секогаш подобриот.

Пеп е далеку од најдобар тактичар или тренер за нокаут фаза ама е убедливо најдобриот лигашки тренер некогаш, односно играта и филозофијата што ја применува носи игра со која најлесно се освојува титула и тимот делува најдоминантно во спореда со останатите, буквално и се помоча на премиер лигата изминативе 3 од 4 години и пред тоа во Баерн ги урна сите рекорди, во првата сезона освои 90, а во третата 88 бодови(таму се играат 34 кола)

Ајде сега малце и за неговите "неуспези" во ЛШ, многу добро се сеќавам на многу од нив и да видиме каде потфрлил.

Со Баерн во 3те години испаѓаше од Реал,Барса и Атлетико.
Ајде во првата доживеа целосен блам и нема оправдување, мада скоро невозможно беше да се добие тој Реал во двомеч.
Во втората сезона испадна од Барса со триото МСН која важи за една од најаките екипи во историјата, каде му фалеше буквално пола екипа и никој друг не би сменал нешто тука.
Во последната сезона во реваншот против Атлетико кој го добија 2-1 имаја 35 шутеви на гол и промашен пенал, јебига тоа е несреќа.
Од сезоните во Сити директна кривица има ова од последната година каде излезе со дебилна формација и игра, мада и тогаш Стерлинг утна чист зицер на 1-2...
Година пред тоа кога ги добија Тотенхем 4-3 тоа беше сплект на ненормална среќа, Тотенхем даваја голови од нигде никаде и згора на тоа поништениот смешен офсајд за 5-3.
Од Ливерпул изгубија прописно мада и тука имаше контроверзија, реваншот го отвори Сити со 1-0 и пред полувреме им беше поништен чист гол за 2-0, не беше нешто претерано надигран и богзнае како ке завршеше мечот ако не им го поништеа голот пред полувреме.

Така да олабајте малце со муабетите милионски суми за трансфери, неуспех во ЛШ бла бла бла, не донесе тој ултра големи звезди како Реал што правеше години уназад него од добри играчи напрај терминатори што му одговараат на неговиот систем, со исклучок на КДБ никој од останативе играчи не би го достигнал ова ниво како што го имаат сега во било кој друг клуб.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.977
Поени од реакции
55.047
Џонтра батали вакви муабети. Демек ти имаш став, а друг менува мислење од натпревар, до натпревар. ;) А вчера Гвардиола и не направи ништо маестрално, па сега да се воодушевиме и да менуваме мислење за него.

И сигурно немам намера да пишувам и анализирам, за на крај, пак се да се сведе на "хаха", "Петко имал повеќе титули", "ако го бива нека освои со Беневенто".

Самата основа на неговата Барселона го одделува од сите други. Кој друг тренер, како Гвардиола со Барселона има развиено така добар систем на игра, скоро до совршенство доведено покривање на простор, но и игра во длабочина?! Тоа го немаш ни кај Кројф така развиено, а кај Саки имаш одлично покриен простор. Гвардиола успева да додаде и длабочина. Нормално дека се ослонува особено на Кројф (затоа е и поголем од Пеп) и на Саки до некаде. Но, така ти е и во музика, наука, секогаш имаш нешто што претходи, од кое нешто развиваш, менуваш, а нешто исфрлаш.

И секој тренер направил нешто големо со квалитетни фудбалери, тоа ништо не менува во муабетот, освен што знаел како да ги искористи.

Или зошто ти не објасниш кој друг тренер и на кој начин придонел повеќе во развојот на фудбалската игра (во последните две децении), бил поиновативен и како што прочитав пред една недела изјава на Лам за Гвардиола, успеал да завладее со комплексноста на фудбалот, а не да ја редуцира?!
Автоматски споено мислење:



Кој тврди дека е "најдобар евер"?

Пишав дека најдобар е Кројф, поточно дека е најзначајно име во фудбалот, затоа што никој не придонел за фудбалската игра како него и како фудбалер и како тренер.
Не бе, и јас спаѓам у таа клапа што мењаме мислења. Не се двојам, баш напротив.

Е сеа, јас те сфаќам тебе генерално што сакаш да кажеш и до негде се согласувам со тебе. Пеп е далеку од незабележителен тренер.
Не зборам конкретно за утакмицава мада и тоа има улога у муабетов, да испаднеше вчера ко што испаѓаше минативе 5-6 години немаше да се води овој муабет. Како што нема да се води ни кога ќе изгуби финале.

Јохан Кројф, сите се согласуваме дека е иноватор, визионер и на некој начин татко на модерниов фудбал. Ама Кројф учел од Ринус Мичелс кој прв почнал да вози таков фудбал.
Татковци на спротивниот стил на фудбал односно катанаџо се Хеленио Херера и тој на Милан тренерот од тоа време, забораив као се вика искрено, мислам дека у Миланело има статуа негова, ќе ти текне, ме мрзи да гуглам.
Од тие двајца учел и Ариго Саки а и голем дел од италијанските тренери што работеа до пред 10тина години.

Мурињо своевремено беше ист ваков визионер како Пеп, и он наметна стил на фудбал по кој се водеа Клоп, Симеоне. Директен стил на играње.

Алекс Фергусон работеше и газеше 30 години, у 3 различни децении успеа да остане на врвот.

Како што кажа и Манчестер, Пеп постои на мапа некои 13 години и у тие 13 години покрај веќе споменатите Европски шампиони од кои голем дел беа сосема спротивен стил на тој на Гвардиола, ако ги погледнеме и шампионските екипи во топ лигите ќе го добиеме истиот податок.
Јувентус 9 години беше државен шампион со стил на фудбал дијаметрално спротивен од тој на Гвардиола.
Во Англија шампиони беа Раниери, Конте, Мурињо, Клоп. Очигледно е заедничкото кај овие, нели?
Па и у самата Шпанија од кајшто почна Пеп и каде неговата Барса беше вонсериска тие 3 сезони, подоцна титули освојуваа Чоло, Мурџо, Анчелоти, Зидан, Валверде. Ќе најдеме нешто заедничко и кај овие а да не е тоа фудбалот на Пеп? Да.
Во Германија, Јуп Хајнес и Ханси Флик, и тука иаме поразличен профил од тики-таката.

Ја стварно не глеам кој голем тренер и кој голем клуб го практикува тоа визионерство така слепо. Ајде ќе речеш пресингот и покривањето на простор. Па зарем порано не играле пресинг и не покривале простор.
Па појак пресинг од тој на Ферги, Мур и Клоп ја неам видено.

Или зошто ти не објасниш кој друг тренер и на кој начин придонел повеќе во развојот на фудбалската игра (во последните две децении), бил поиновативен и како што прочитав пред една недела изјава на Лам за Гвардиола, успеал да завладее со комплексноста на фудбалот, а не да ја редуцира?!
-Одговор на прашањево, за мене Алекс Фергусон, таткото на директниот фудбал.
Прочитај ги уште еднаш шампионските тренери погоре што ги спомнав, прочитај го уште еднаш мислењето на Манчестер, најди им заедничка точка и лапни една мастика во чест на господинот Фергара.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.664
По таа логика, дали Сер Алекс Фергусон е дно тренер, бидејќи во цела кариера има само 2 ЛШ титули? :toe:
Не, но тоа му е еден вид на неуспех во кариерата.


Реално ако збориме, Фергусон никогаш не ни бил тренер и некој неверојатен тактичар. Но затоа беше менаџериште.

Во години и години што сум го следел Јунајтед, Ферги тераше една иста тактика. Онаа најосновната британска тактика, со двајца во средина, две класични крила и голгетери напред. Затоа и Верон беше флоп во Јунајтед. Впрочем затоа и му е неуспехот во Европа. Секогаш мака мачеше со технички и тактички спремни екипи, како Милан, Баерн и шпанските.

Последните години почна да се прилагодува на измените во фудбалот, но пак концептот на игра му беше сличен на оној основниот.

Од друга страна, познат факт е дека ги држеше буквално сите конци во клубот. Си имаше принципи од многу ретко отстапуваше. Кога бираше играчи, секогаш го гледаше карактерот на играчот, не само неговите фудбалски способности. Не се плашеше да го избрка најпопуларниот фудбалер во тимот, капитенот и лидерот, најдобриот голгетер (случајот со Ван Нистелрој и Роналдо). Смени 3-4 генерации успешно, нешто што го нема никој направено во поновата историја.

Кога ќе го спомне некој Фергусон не ти е прва асоцијација атрактивен фудбал, туку авторитет, менталитет, победник. Човек што ќе те убеди дека нема подобар од тебе и ќе те натера да газиш и кинеш дури не го добиеш тоа што го сакаш, иако името ти е Дарен Флечер или Џон Ошеј. Затоа и на долги стази секогаш беше подобар, пошто во нокаут турнири е доволно една лоша вечер да бидеш исфрлен.

Мислам дека Фергусон како личност и карактер, во било која бранша би бил успешен менаџер, не само во фудбалот.
 
Последно уредено:

S.L

Желба по титула :D
Член од
1 јули 2013
Мислења
1.855
Поени од реакции
1.285
Epten ke mi se naprae kejf Chelsea da osvoi godinava.
 

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.982
Поени од реакции
6.198
Не бе, и јас спаѓам у таа клапа што мењаме мислења. Не се двојам, баш напротив.

Е сеа, јас те сфаќам тебе генерално што сакаш да кажеш и до негде се согласувам со тебе. Пеп е далеку од незабележителен тренер.
Не зборам конкретно за утакмицава мада и тоа има улога у муабетов, да испаднеше вчера ко што испаѓаше минативе 5-6 години немаше да се води овој муабет. Како што нема да се води ни кога ќе изгуби финале.

Јохан Кројф, сите се согласуваме дека е иноватор, визионер и на некој начин татко на модерниов фудбал. Ама Кројф учел од Ринус Мичелс кој прв почнал да вози таков фудбал.
Татковци на спротивниот стил на фудбал односно катанаџо се Хеленио Херера и тој на Милан тренерот од тоа време, забораив као се вика искрено, мислам дека у Миланело има статуа негова, ќе ти текне, ме мрзи да гуглам.
Од тие двајца учел и Ариго Саки а и голем дел од италијанските тренери што работеа до пред 10тина години.

Мурињо своевремено беше ист ваков визионер како Пеп, и он наметна стил на фудбал по кој се водеа Клоп, Симеоне. Директен стил на играње.

Алекс Фергусон работеше и газеше 30 години, у 3 различни децении успеа да остане на врвот.

Како што кажа и Манчестер, Пеп постои на мапа некои 13 години и у тие 13 години покрај веќе споменатите Европски шампиони од кои голем дел беа сосема спротивен стил на тој на Гвардиола, ако ги погледнеме и шампионските екипи во топ лигите ќе го добиеме истиот податок.
Јувентус 9 години беше државен шампион со стил на фудбал дијаметрално спротивен од тој на Гвардиола.
Во Англија шампиони беа Раниери, Конте, Мурињо, Клоп. Очигледно е заедничкото кај овие, нели?
Па и у самата Шпанија од кајшто почна Пеп и каде неговата Барса беше вонсериска тие 3 сезони, подоцна титули освојуваа Чоло, Мурџо, Анчелоти, Зидан, Валверде. Ќе најдеме нешто заедничко и кај овие а да не е тоа фудбалот на Пеп? Да.
Во Германија, Јуп Хајнес и Ханси Флик, и тука иаме поразличен профил од тики-таката.

Ја стварно не глеам кој голем тренер и кој голем клуб го практикува тоа визионерство така слепо. Ајде ќе речеш пресингот и покривањето на простор. Па зарем порано не играле пресинг и не покривале простор.
Па појак пресинг од тој на Ферги, Мур и Клоп ја неам видено.

Или зошто ти не објасниш кој друг тренер и на кој начин придонел повеќе во развојот на фудбалската игра (во последните две децении), бил поиновативен и како што прочитав пред една недела изјава на Лам за Гвардиола, успеал да завладее со комплексноста на фудбалот, а не да ја редуцира?!
-Одговор на прашањево, за мене Алекс Фергусон, таткото на директниот фудбал.
Прочитај ги уште еднаш шампионските тренери погоре што ги спомнав, прочитај го уште еднаш мислењето на Манчестер, најди им заедничка точка и лапни една мастика во чест на господинот Фергара.
Интересна анализа, Џонтра Карбишли.
 
Член од
21 април 2017
Мислења
237
Поени од реакции
703
Зидан и сам не знајт шо формација играт Реал
Автоматски споено мислење:

Зидан и сам не знајт шо формација играт Реал
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.054
Поени од реакции
3.836
А зошто никој не спомна дека во 2008 кога дојде во Барса, без буџет без ништо, коа Барса беше катастрофа, напраи баш револуција и освои 6/6 ???
Или тоа нормално беше тогаш?
 

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
Ја утна Зизу со Хазард и Вини на десно...Асенсио ќе завршеше повеќе работа...ајде има уште едно полувреме...да примиме уште еден гол.. :ROFLMAO:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom