Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

ЗА КОЈ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ ЌЕ ГЛАСАТЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ?

  • Билјана Ванковска (Левица)

    Гласови: 81 28,6%
  • Максим Димитриевски (ЗНАМ)

    Гласови: 18 6,4%
  • Стевчо Јакимовски (ГРОМ)

    Гласови: 14 4,9%
  • Вело Марковски (независен кандидат)

    Гласови: 8 2,8%
  • Бујар Османи (ДУИ)

    Гласови: 3 1,1%
  • Стево Пендаровски (СДСМ)

    Гласови: 9 3,2%
  • Гордана Силјановска - Давкова (ВМРО-ДПМНЕ)

    Гласови: 63 22,3%
  • Арбен Таравари (АА, поддржан од ЕСП)

    Гласови: 3 1,1%
  • неодлучен, зависи од нивните предизборни кампањи

    Гласови: 26 9,2%
  • нема да гласам / ќе го направам ливчето неважечко

    Гласови: 40 14,1%
  • Мерсиха Смаиловиќ (Бошњачки Демократски Сојуз)

    Гласови: 4 1,4%
  • Томе Николоски (независен кандидат)

    Гласови: 0 0,0%
  • Господин Поповски (независен кандидат)

    Гласови: 10 3,5%
  • Ѓорѓи Манасков (независен кандидат)

    Гласови: 2 0,7%
  • Зорица Цветковска (Десна)

    Гласови: 2 0,7%

  • Вкупно гласачи
    283
  • Гласањето е завршено на .
Член од
1 март 2021
Мислења
338
Поени од реакции
758
Шилегов со сликиве ја потврдува мојата теза дека северџаните се најглупи човеколики суштества :icon_lol:
 
Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.123
Поени од реакции
28.873
Пред некој ден од ЕУ...договорете се со Бугарија дека дел од историјата и јазикот ви се Бугарски ако сакате да ве "играме"
Русија денес...честит ден на македонскиот јазик.
Сите партии шо се за ЕУ гомна да јадат, нека расчистат прво внатре да ни е убаво после за ЕУ ќе размислиме.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.229
Поени од реакции
78.828
Izlezete be u Albanija, proshetajte.. Oni se sve ostalo samo ne muslimanska zemja. Ne znaat nishto oni za vera a i ne gi interesira. Vo EU vakvite udba propagandi ne vrvat 30 godini unazad. :kuracc: Jedino od korupcia i kriminal moze da zaglavat, no sepak moe mislenje e dokolku albania se provni pred MK toa i bilo celta.. Ja da dobiem Albanski pasosh, ti bugarski i idemo dalje :)
Не е точно.
На пример, Албанците се народ во Европа со најголем број на доброволци во ИСИС по глава.
Автоматски споено мислење:

Јасно е дека овој дел тука е под НАТО капата резервиран и тн.

Но, би било добро освежување некој да понуди друга насока освен јаловите евроинтеграции.

До сега немаше таков, понатаму ќе видиме.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.928
Поени од реакции
7.780
Ама тоа се условите. Може да утре да си викаме дека е до нас, дека ние не сме доволно добри меѓутоа фактите се тие, еден куп држави во опкружувањето со слични карактеристики како нашите се во ЕУ, или на пат кон ЕУ. Последна од нив е најкорумпираната од сите, Албанија. Прилично јасна е причината за нашиот застој бидејки нашите спорови се единствената варијабла што ја немаат останатите.

А за нашиот избор, ние сме на кратко речено сјебани. Нашиот простор за маневар е 0, зашто имаме канцер на 30 посто од територијата.
Ако се тоа условите, тогаш Македонија не треба да влезе во ЕУ, simple as that. Дали овие услови се поставени ради инаетот на Бугарија (чудно како инает на небитни членки не пали за други теми), други членки во позадина кои не го сакаат негативниот пр од блокади за преговори, или други планови за решавање на отворените прашања на ЗБ, е целосно небитно.
Секоја друга опција е подобра од етноцид и веројатна идна сецесија на дел од територијата. Тоа е реалниот ризик и ако Македонија остане надвор од ЕУ. Така да, ништо не се губи ако се испитуваат и други опции, какви и да се.
Да, баш Јанша и тие суверенисти се криви за тоа што посочил решение кое подразбира прерипување на етапи од типот на војни и етнички чостења, како претпоследен чин од еден децениски процес воден исклучиво од тоа што би се нарекло естаблишмент . Процес чиј крај, поради неодржливоста на проектите БиХ и Северна Македонија, повторно се сведува на нови граници.

Јанша со документот ќе ја поделел државава, а немало да ја подели Зоран, кој воден по инструкциите на разни Рикери и Фајони воведе рамка за поделба со прифаќање на бинационалност и фактича федерализација.
Whataboutism. Јас не спорам дека, Зоран си ја има својата одговорност за внатрешно-политичките прилики што би довеле до тој исход, слично како онаа на Груевски пред него и на Љубчо и БЦ со Рамковниот, а Рикер, Кале и чадорот го имаат својот удел, при реализирањето на сопствените интереси. Ама, факт е дека овие суверени борци против евросодомитскиот споменат естаблишмент, како Јанша и останатите негови истомисленици (Вишеградска група, Курц итн., кои се споменуваа како подржувачи на документот), први го закуцаа конкретниот план и предлог за создавање на големи национални држави, каде ние би биле едно од жртвените јагниња. Ако не сега, во идинина. Ако сакаш да го филуваш документот, како добронамерно предложено решение од милостивиот проблем солвер Јанша, со кое ние, за наше добро, во иднина сигурно би изгубиле минимум 1/3 од територијата и најверојатно би се нашле сред граѓанска војна, за да ти биде полесно, слободно прави го тоа.
На таа тема, Вархеји, продолжената рака на Орбан, очигледно има прилично јасни ставови за нашите идентитетски проблеми со Бугарија. На кратко, ние како народ и држава сме nuisance за нив, никако не влагаме во калапот на унија на суверени, етнички чисти, национални држави. Логичен заклучок на нивната политичка матрица се таков вид на предлози за „проблемот“ Македонија, без разлика дали некој сака да се убеди во спротивното.
Иако, да не бидам погрешно сфатен, далеку од тоа дека они се единствената политичка група во Европа и целиот Западен блок, со вакви идеи и решенија во глава.

Не знам само како таков тип на решение, наводно, ќе ги прерипа војните и етничките чистења, во БиХ, Македонија и ЦГ. Како ќе ја поделиш Македонија на етнички чисти територии без етничко чистење на дел од населението. Што правиме со Македонците во Тетово, Гостивар, Кичево и Струга? Што правиме со Албанците во Куманово и Скопје? Какви граници би имала таа поделба, без никој да биде присилно раселен? И ќе има ли воопшто, територијата што ќе остане по формирање на голема Албанија, можности да биде држава. Мене тоа ми звучи на кумбаја толкување на овие идеи.
 
Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.600
Поени од реакции
6.019
Планот на Јанша ќе го врати Балканот во 90ти - факт. Можеби тоа и го сака типот, реално човекот има толку снимки во кои отворено искажува презир и гадење особено кон бившите Југословенски народи, што ме чуди некој да е до толку наивен да си мисли дека тој сакал нас да ни ги реши проблемите.
Крахот по балканско население овај пат ќе биди чист геноцид, кога после војните би се удрило уште еднаш и по економиите (најчесто така оди). Мислам еве гледаме 90ти во каква состојба не оставија така? Убаво ни е? Тогаш замислете како Балканот би изгледал после уште едно репете од такви настани кои повторно, одново стремат кон етничко чисти граници.
Како снимка од дивиот запад каде се стркалува едно tumbleweed низ пустински град без население.

Абе рај ќе биде кога ќе и го даддеш Тетово и Гостивар на Албанија, рај, решение за сите проблеми. Тажно е што луѓе кои комплетно се мачат да го разберат Балканот и неговите нации, луѓе кои немаат појма за Балканот, кои не се на Балканот, се дразнуваат да предлагаат такви "решенија."
Ој ти Јанша, наш католички спасителу.

Реално, сите знаеме дека планот за Албанија е на долг рок да премине во Католицизам, веќе се изгради едно џиновско катедралише во Приштина. Еве и Македонија и Србија да ја збришат, пошто на Хрватска и особено на Словенија им бодиме очи, што ќе прават со Грција?
Пак среден век? Пак крстоносна војна? Го срушија Константинопол, сега што ќе рушат? Атина ли? Ми се гадат.
 
Објективно, ние не заслужуваме друго освен српска или бугарска чизма. За грчка не сме достојни.
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.280
Поени од реакции
45.702
Ако се тоа условите, тогаш Македонија не треба да влезе во ЕУ, simple as that. Дали овие услови се поставени ради инаетот на Бугарија (чудно како инает на небитни членки не пали за други теми), други членки во позадина кои не го сакаат негативниот пр од блокади за преговори, или други планови за решавање на отворените прашања на ЗБ, е целосно небитно.
Секоја друга опција е подобра од етноцид и веројатна идна сецесија на дел од територијата. Тоа е реалниот ризик и ако Македонија остане надвор од ЕУ. Така да, ништо не се губи ако се испитуваат и други опции, какви и да се.

Whataboutism. Јас не спорам дека, Зоран си ја има својата одговорност за внатрешно-политичките прилики што би довеле до тој исход, слично како онаа на Груевски пред него и на Љубчо и БЦ со Рамковниот, а Рикер, Кале и чадорот го имаат својот удел, при реализирањето на сопствените интереси. Ама, факт е дека овие суверени борци против евросодомитскиот споменат естаблишмент, како Јанша и останатите негови истомисленици (Вишеградска група, Курц итн., кои се споменуваа како подржувачи на документот), први го закуцаа конкретниот план и предлог за создавање на големи национални држави, каде ние би биле едно од жртвените јагниња. Ако не сега, во идинина. Ако сакаш да го филуваш документот, како добронамерно предложено решение од милостивиот проблем солвер Јанша, со кое ние, за наше добро, во иднина сигурно би изгубиле минимум 1/3 од територијата и најверојатно би се нашле сред граѓанска војна, за да ти биде полесно, слободно прави го тоа.
На таа тема, Вархеји, продолжената рака на Орбан, очигледно има прилично јасни ставови за нашите идентитетски проблеми со Бугарија. На кратко, ние како народ и држава сме nuisance за нив, никако не влагаме во калапот на унија на суверени, етнички чисти, национални држави. Логичен заклучок на нивната политичка матрица се таков вид на предлози за „проблемот“ Македонија, без разлика дали некој сака да се убеди во спротивното.
Иако, да не бидам погрешно сфатен, далеку од тоа дека они се единствената политичка група во Европа и целиот Западен блок, со вакви идеи и решенија во глава.

Не знам само како таков тип на решение, наводно, ќе ги прерипа војните и етничките чистења, во БиХ, Македонија и ЦГ. Како ќе ја поделиш Македонија на етнички чисти територии без етничко чистење на дел од населението. Што правиме со Македонците во Тетово, Гостивар, Кичево и Струга? Што правиме со Албанците во Куманово и Скопје? Какви граници би имала таа поделба, без никој да биде присилно раселен? И ќе има ли воопшто, територијата што ќе остане по формирање на голема Албанија, можности да биде држава. Мене тоа ми звучи на кумбаја толкување на овие идеи.
Таа група суверенисти нема никакво влијание врз политиките на и во Европската унија. Буквално се набркани од сите клубови на озбилни луѓе и се фрлени на страна со статус на налудничави Миленковци, оставени да кокетираат и да се курваат, те со Русија, те со Америка и да продаваат некаква сила внатре во полу-утепаните пост-социјалистички прчии. Веројатно во ситуацијава се гласноговорници на еден од двата гореспоменати центри.

Поубаво прашање од тоа зошто не не' сака Вархеји - бирократ без никаква моќ за одлуки, би било зошто Германија одигра така оросписки и дволично во однос на нас и како таа огромна поддршка , од носење matching чорапи со Димитров и Рот, одеднаш се претвори во „ама ние ништо не можеме'', небаре Бугарија е столбот на ЕУ, а не чир и нужно зло кое се приморани да го трпат и сервисираат и како такво нешто лесно за дисциплинирање... доколку се има воља.
Нас судбината ни ја кројат земји со влијание, влог и амбиции на теренот на кој битисуваме. Оформувањето, постоењето и евентуалниот крај на проектов треба да се бара на тие адреси, не кај некои Словенија и Унгарија со нула присуство во ниедна општествена сфера (освен љупче златев :icon_lol: )..
Помалку е важно прашањето зошто Јанша поставува такво прашање, прашањето е зошто и под чие менторство теренот стана зрел за да се постави тоа прашање.

Војната ќе се прерипа со мирен и домаќински договор, другото се само финеси и модалитети. Ете ќе се актуелизира размената на населенија и територии , нешто што беше, исто како ова на Јанша, float-нато во 2001 од МАНУ, па отфрлено како недостојно после необјасниво долг период мозгање, што мене ми кажува дека било и е сеуште валидна опција.
Македонците од тие градови и села ќе бидат преселени. Они и вака се преселени, a така тие преостанатите ќе бидат преселени со некој куршум помалце. Не е прв пат Македонците да се селат, не почнува светов од нашава генерација, ние сме биле вакви и пред 100 години.

Мене лично ми е малоумна идејата за нови граници, од проста причина што све што не подразбира одделни планети за секое балканско племе, не гледам како ќе ги реши проблемите. Нема тие нови ентитети да се некои самоодржливи супер-држави па као да се нема потреба од новиот сосед. Ама ете... Јанша ќе не подели:icon_lol:
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.229
Поени од реакции
78.828

еве бе, што се буните?

„Импресионирани сме од темпото со кое се одвиваат реформите во Република Северна Македонија. Со нетрпение очекуваме да се отворат пристапните преговори со ЕУ што поскоро. Добар пример за регионот“
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.229
Поени од реакции
78.828
Во ЕУ се нестрпливи. Немаат трпение да го дочекаат отворањето на пристапните преговори. Им се брза. Значи побргу ќе влеземе одошто е регуларно.
 
Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.600
Поени од реакции
6.019
Војната ќе се прерипа со мирен и домаќински договор, другото се само финеси и модалитети.
Се согласувам со се што кажа, посебно за небитноста на ликови како торкото Вархеј (кој фактор е Унгарија), па и овај Јанша кој имал и во затвор лежено и во многу кругови од ЕУ го гледаат екстремно сонително, нема право да влези во нив.
Како и да е, за ова "без војна" мислам дека го потценуваш потенцијалот на Балканот за крв? Сам кажа дека не сме вчерашни и дека и пред 100 години сме биле исти.
Не е ЕУ единствената која овде би деригирала чисти етнички граници па за сето тоа да се реши така мирно. Србија е тука. Планот на Јанша ја маргинализира нејзе до степен на политичко џуџе. Сугерира дека Албанија после обединување (со постепен премин во Католицизам - ова е реално, имаш цели села во Косово кои веќе се конвертираат и гордо се сликаат во групи на ФБ) треба да биди: главна, славна и популарна, таа и никој друг. Одеби Грцијо.
Кога ќе се вмешаат трети Руски страни, повторно од кај Србија - која не сака во НАТО, хаосот и крвта можат да бидат и поголеми од тие во 90ти. А не би исклучил и нова ескелација на светско ниво. Србија беше инволвирана и во претходните светски војни, и буквално ја распарчи Австро-Унгарија.

Единствено решение е влез во ЕУ за да се избегни сиот овај хаос. Ама ЕУ е дволична и нема потенцијал. Порано или подоцна таа дволичност и неискреност во аферите, ќе ги дотепа. Големи играчи како Англија веќе и кажаа чао. Нешто ми вели дека во САД не ја мирисаат ЕУ (и особено) Германија баш баш. Посебно не после мигрантската криза.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.928
Поени од реакции
7.780
Таа група суверенисти нема никакво влијание врз политиките на и во Европската унија. Буквално се набркани од сите клубови на озбилни луѓе и се фрлени на страна со статус на налудничави Миленковци, оставени да кокетираат и да се курваат, те со Русија, те со Америка и да продаваат некаква сила внатре во полу-утепаните пост-социјалистички прчии. Веројатно во ситуацијава се гласноговорници на еден од двата гореспоменати центри.

Поубаво прашање од тоа зошто не не' сака Вархеји - бирократ без никаква моќ за одлуки, би било зошто Германија одигра така оросписки и дволично во однос на нас и како таа огромна поддршка , од носење matching чорапи со Димитров и Рот, одеднаш се претвори во „ама ние ништо не можеме'', небаре Бугарија е столбот на ЕУ, а не чир и нужно зло кое се приморани да го трпат и сервисираат и како такво нешто лесно за дисциплинирање... доколку се има воља.
Нас судбината ни ја кројат земји со влијание, влог и амбиции на теренот на кој битисуваме. Оформувањето, постоењето и евентуалниот крај на проектов треба да се бара на тие адреси, не кај некои Словенија и Унгарија со нула присуство во ниедна општествена сфера (освен љупче златев :icon_lol: )..
Помалку е важно прашањето зошто Јанша поставува такво прашање, прашањето е зошто и под чие менторство теренот стана зрел за да се постави тоа прашање.

Војната ќе се прерипа со мирен и домаќински договор, другото се само финеси и модалитети. Ете ќе се актуелизира размената на населенија и територии , нешто што беше, исто како ова на Јанша, float-нато во 2001 од МАНУ, па отфрлено како недостојно после необјасниво долг период мозгање, што мене ми кажува дека било и е сеуште валидна опција.
Македонците од тие градови и села ќе бидат преселени. Они и вака се преселени, a така тие преостанатите ќе бидат преселени со некој куршум помалце. Не е прв пат Македонците да се селат, не почнува светов од нашава генерација, ние сме биле вакви и пред 100 години.

Мене лично ми е малоумна идејата за нови граници, од проста причина што све што не подразбира одделни планети за секое балканско племе, не гледам како ќе ги реши проблемите. Нема тие нови ентитети да се некои самоодржливи супер-држави па као да се нема потреба од новиот сосед. Ама ете... Јанша ќе не подели:icon_lol:
Се согласувам со најголем дел од постот. Тоа и ми беше поентата во првичниот мој пост. Среќа што станува збор за политички маргинална група, која ја извади на површина идејава во концизна форма, зошто ако вистински моќните сакаа да ја операционализираат на терен, најверојатно веќе ќе беше спроведена. Затоа и за мене е загрижувачки што баш оваа група ја вади (наводно несакајќи) во јавност, затоа што нивното минимално влијание ги прави политички опортунисти, кои ако намирисаат простор нивната матрица да ја промовираат на некој начин пред европската гласачка публика, ќе го направат тоа без двоумење. Проблемот е што, ако они како маргиналци испитуваат пулс со нацрт-предлог, тоа значи дека оние кои имаат вистинска политичка моќ во ЕУ/Западниот блок, го размислуваат како потенцијална алтернатива.
Заклучокот е дека нон-пејперот не падна од небо и не е само резултат на „остај го бе Јанша, нема што да прави“, туку треба посериозно да се третира на овие простори. Барем јас така го толкувам.

А Германија игра оросписки, затоа што и она слично како Франција, нема никаква намера да пуштаат земји како нашата во ЕУ, со ваква структура на Унијата. Германците само играат на друга музика, затоа што имаат економски интереси во цел овој регион, односно имаат трговски суфицит со регионот, кој би сакале да остане/се зголеми и имаат ефтин начин да си го филтрираат квалитетниот човечки капитал, кој им е потребен за мигрирање кај нив. Па би претпочитале да ги заглават сите земји во пристапни преговори, каде ќе фрлаат трошки на елитите во секоја од државите, доволно за да имаат реална контрола на терен, преку која ќе си ги остваруваат интересите. Французите не сакаат ни надежта да ја имаме.
Јас сум убеден дека, Германците не би имале никаков проблем, Бугарија ова да го прави додека се отвараат поглавја, наместо сега пред пристапните преговори да почнат, ама немаат суштински замерки на ваквото однесување на Бугарите. Hence педерската неусогласеност меѓу тоа што го зборат и тоа што го прават.

Реално, вистинската сила позади овој шарен статус кво на ЗБ, е САД. Сите овие држави, во ваква форма, се нивна директна или индиректна креација. Ваквата слика ќе постои, се додека секој ентитет има своја употребна вредност за нив. Бугарите веројатно пробуваат да подготват терен, доколку Американците решат и пробаат да ја менуваат конфигурацијата на терен. Затоа ми е посебно нелагодно, што вака агресивно ја туркаат својата традиционална политика кон Македонија, во моментов.

Иначе, мислам дека мирна промена на граници и создавање на чисти етнички територии на Балкан, е скоро невозможно. Никој не може да гарантира дека ќе контролира таков процес. Ако некој во Европа верува дека може да спроведе план во духот на предлогот на Јанша, без да му експлодира цела Југоисточна Европа, се надевам дека тој некој нема никогаш да носи битни политички одлуки.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.966
Го кинат Миленко последно, инаку ќе кажеше некој пикантерии за последниве случувања.
 
Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.600
Поени од реакции
6.019
Бугарите веројатно пробуваат да подготват терен, доколку Американците решат и пробаат да ја менуваат конфигурацијата на терен. Затоа ми е посебно нелагодно, што вака агресивно ја туркаат својата традиционална политика кон Македонија, во моментов.
Пак убаво кажано се, освен ова. Бугарија вака агресивно ќе подготви терен и Америка веднаш ќе и ја даде кога ќе менува конфигурација на терен? Бугарија никогаш нема да ја има Македонија. За ова да се случи САД и Израел прво треба да прекинат да постојат. Германија и Русија би биле спремни да и ја дадат Македонија дури да трепнеш. Ама првите две - ни на сон.
САД има симаптизери во Конгресот кон Србија, во некојаси love-hate relationship се со Србија.
Израел од друга страна е на чисто, нивната врска со Србија е само love и тоа е реципрочно - Србија кон Израел исто чувствува само love.
Побрзо цела Македонија би и ја тутнале на Албанија, ама не се сигурни како се чуствуваат со тоа Албанија да е најважна држава на Балканот, оти често менува религии а со тоа и страни, да не заборавиме дека Албанија го сакаше СССР повеќе од Југославија и дури го потпиша и Варшавскиот Пакт, а Југо не. Тоа не е така одамна, нема ни век, дури во 90ти Албанија стана новопечена сојузничка на САД, пред тоа беа бајди про Русија.

Агендата на Бугарија е намерно да не с'ска против Албанците, памтиме што правеше Љупчо, памтиме кој великодушно му даде раскапани тенкови. А памтиме и што правеше Борис Трајковски - образован во САД, одма го прекина конфликтот со Албанците. Бугарија упорно со надева дека во еден таков конфликт меѓу Македонци и Албанци, кој би имал за цел комплетно да ја разори и поткопа Македонија - таа ќе го добие тоа што ќе остане од Македонија. Мислам видете и бугарофилите на форумов што прават, секој втор пост со пцовки кон Албанците е почнат од нив. Ги читаш ко селски буквар, прости се ко граф.

Бугарија не е свесна колку важни луѓе - Срби мешани со Евреи, живеат во Њујорк, некои од нив се и самиот врв на општеството во САД, да не спомнувам имиња.
Јас типувам на тоа дека САД ќе пробува да бара споразум меѓу Србија - Албанија и во пакет со нив одат Македонија и Црна Гора. Планот на САД е тој кажан е и јавно - поддржан е и финансиски од Вашингтон преку Светска Банка. За Бугарија нема место овде, џабе сите обиди, пасоши, агресивност, наместо да си ја трошат енергијата да си ја средат земјата, тие со нас напнале.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom