Македонска берза

Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Ова е само фиктивна пирамида изградена преку вовлекување нови депоненти во процес на купување акции. Преку провизиите од нивните тргувања и влезните и управувачките провизии се издржува брокерско-фондовската индустрија. Тие го собираат кајмакот, а на екс-депонентите им остануваат нереализирани „добивки повисоки од приносот на депозитите“. Ова ќе трае сѐ додека има овци да влегуваат со кеш во пирамидата, а никој нема да има потреба да извади поголема количина пари, како нпр. Гранит или Адора да ги распродадат своите акции од Комерцијална.
 
Член од
26 март 2021
Мислења
58
Поени од реакции
93
Гледајки го извештајот денеска малку поподробно и од коментарот на БУ и БС 31.03.2021 читам дека "Банката од своето работење оствари позитивен финансиски резултатво износ од 360,2 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 217,5 милиони денари што претставува зголемувањеза 65,6%."

До овде се слагам со твоето излагање, тие се бројките.
Малку подоле од БУ читам исто така и ова
"Останатите приходи од работењето на Банката на 31.03.2021 година изнесуваат 187,7 милиони денари и бележат зголемување во најголем дел како резултат на поголем износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот. Планот е остварен со 128,6% ".

Ако во овој квартал планот е остварен со 128,6% во најголем дел како резултат на поголем износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот, дали тоа значи дека во сите останати квартали ќе може да го следат овој тренд за надмашување на планираното од 30% и дека пак ќе прават профит во останатите приходи од 52-53% од вкупната добивка што би ја направиле во секој поединечен квартал. Би сакал да знам и тоа многу дали КБ има толкѕ многу објекти(нивни и добиени од како хипотеки од не можнст на плаќање на рати од земени кредити.)
Има ли некаде список јавен да се види уште колку вакви објекти им стојат за продавање и уште колку може да се надеваме дека овие "Останатите приходи" ќе имаат толку голем износ и соодветно ќе играат улога во позитивниот финански резултат.

Некој горе кажа исто така и извештајот на БУ го потврдува "Зголемувањето на добивката пред исправка на вредност главно произлегува од зголемувањето на нето-приходите од провизии, зголемување на приходите од нето тргувања и повисоките останати приходи од дејноста, во чии рамки се зголемени капиталните добивки од продажба на преземен имот. ".

Останатите фактори од приходната страна кои влијаат на добивката следат вака :

"Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 31.03.2021 година истите бележат намалување од 5,7% во однос на истиот период од минатата година "

"Нето приходите од курсни разлики на 31.03.2021 година изнесуваат 41,9 милиони денари и бележат намалување од 3,8%. "

Од расходите намалени се и тоа за поздравување "Исправка на вредноста на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа", "Останати расходи од дејноста".

Сега проста математика во најоптимистистички случај да има ваков извештај секој квартал од 360,2 милиони денари, значи 4x360,2+нешто = излегува нешто околу 24 милиона евра, никако 30 милиона евра како што викаш ти и добивка од 18 до 22 милиони евра прави КМБ скоро секоја година било таа година да е корона или не.
Ако има КБ некој објект што може да го продаде за тие 6-8 милиона евра и така да направи 30 милиона евра тоа е веќе друга работа, меѓутоа бројките и матетиката сега за сега покажува ова.
Јас не очекувам баш дека КМБ има сила дивидендата да ја качи за 1.5 повеќе од сегашните 600 денари на 900 ???? Мене тоа ми е невозможно.

Што се однесува на кредитот даден за хотел Континентал би било пологично оваа сума да биде прикажана во вториот квартал.

Историски најголема продажна цена на КМБ, гледам дека и МБИ оди нагоре, ама кога учев како се движзт тековите на берзата ме учеа дека секој раст има и пад и што е уште побитно колку растот е пострм, толку падот е уште пострм. На крај на краеви ако нон стоп берзата расте и никогаш нема пад, тогаш нема никој да загуби и сите ќе бидат милионери, ама колку што знам никогаш не е така.
Еве ти дел од запленетиот имот кој што се продава. За поголем дел од имотот,кој што не се наоѓа овде, најверојатно има информации во "тефтерот на Хари" :)
Инаку сите споредби/коментари околу највисоката историска цена, не само за КМБ, туку за ниту една компанија на МСЕ, а можеби и глобално едноставно не држат вода. Кога била последен пат КМБ на цена од 8.000??? Во 2008 или 2009-та ако не се лажам...Колку вредеа тие 8.000 денари тогаш а колку сега? Колкав процент на дивиденден принос имаше во тие години на "blue chip" акциите на МСЕ??? Колку беше тогаш каматата на депозити/кредити, ако веќе сакаме да споредуваме...
 
Последно уредено:
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Крлежите се доекипираат на сметка на идните пензионери. Еве шанса за помладите форумџии да турат нога у инвестициски фонд за солидна плата, или барем да им направат проблем да не можат лесно да примат кого планирале на местово:
Screen Shot 2021-05-01 at 18.58.37.png
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Бившиот и идниот премиер ѝ ја креваат цената на берзанската котација :pos:


Сѐ убаво школски и академски кажано, уште и да не стоеше зад него координирана и организирана шема на вовлекување депоненти у инвестирање како дување на балонот кајшо први влегле транзициските профитери и нивниот накот!
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
883
Поени од реакции
623
Бившиот и идниот премиер ѝ ја креваат цената на берзанската котација :pos:


Сѐ убаво школски и академски кажано, уште и да не стоеше зад него координирана и организирана шема на вовлекување депоненти у инвестирање како дување на балонот кајшо први влегле транзициските профитери и нивниот накот!
Ne znam dali ja imash procitano odlukata na alkaloid za otkup na svoi akcii do cena od 32.000 denari :)
Sekogaah koga sakash da si pameten i da ucish drigi za berza probaj da go objasnish ovoj fenomen :)
I za moj vkus e premnogu no taka mislev i koga bese 8100 na rekordna cena pa se dokaza deka pojma nemam od nisto taka da ne gushi so negativna energija i onaka ja ima premnogu !!!
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Ne znam dali ja imash procitano odlukata na alkaloid za otkup na svoi akcii do cena od 32.000 denari :)
Sekogaah koga sakash da si pameten i da ucish drigi za berza probaj da go objasnish ovoj fenomen :)
I za moj vkus e premnogu no taka mislev i koga bese 8100 na rekordna cena pa se dokaza deka pojma nemam od nisto taka da ne gushi so negativna energija i onaka ja ima premnogu !!!
Напротив, има премногу позитивна енергија, ентузијазам и еуфорија за слепо купување секакви глупости. Ширев јас позитивна енергија од 2009-13. кога сите мислеа дека е крај на светот.

Растот го прави група на транзициски профитери со вовлекување на крупни депоненти, од коишто 95% се тотално финансиски неписмени или неедуцирани. Овдешниве писанија допираат до мала група луѓе коишто не претставуваат ни 5% од обемот на тргувањето на берзата, такашто не ни сметам дека ќе влијаат на негово намалување, туку само ја честам Кајгана.цом со паркирање на свои дневни размислувања за слободна општа употреба додека еден ден не ги обединам на едно место.

П.С. Инаку стварно би сакал младите Кутревци да го изгледаат видеото со Хари и Жиле пошо Пекабеско пораснал до толкаво ниво што веќе не трпи раст со работа во анонимност, туку мора да ѝ се продава некаква приказна на јавноста и да се гради бренд. Скоро секој обичен човек и потенцијален потрошувач веќе знае за катастрофалниот однос спрема малите акционери, па можат да научат многу од идниот премиер Мукаетов што ни го изгланцале и исполирале Британците и Американците како треба да се однесува компанија и директор за рајава што полесно да ги голта нивните производи.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Ееепа деца излезе тромесечниот на ТЕЛ и што да кажам: се е во плус. Зголемени приходи зголемена оперативна добивка и нето добивка зголемена за фантастични 49%!

При амортизација од 660 М и Капекс од 260М тоа се 400 плус 460 добри 860М ден позитивен паричен тек.

Збориме за потенцијално 27 ден добивка до крајот на годината и сега веќе извесна дивиденда над 20 денс, да не претерувам ама мислам дека акционерите на ТЕЛ конечно ќе ја добијат засклужената награда. БУЈ
 
Член од
5 октомври 2017
Мислења
36
Поени од реакции
45
Ова ОКТА чудесија. Кога сакаат профит, кога загуба. Не знам која индустрија може да се штима повеќе.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Окта за задните 15 години од работењето веројатно остварила нето ЗАГУБА, а сам Господ знае како успеа да скокне од 480 на 5.700 :pos: Очигледно Грците знаат каде да подмачкаат крупниот матен бизнис успешно и непречено да си врви.

Уште една грчка фирма со сомнително работење и сметководство е Житолукс. И тие 20 години поседуваат фирма за леб и печива во факин главниот град која успева да работи со загуба или на позитивна нула. Да сум јас некој фактор у државата, веднаш би им пратил инспекција да им претресе целосна документација!

Сѐ убаво за тој Телеком, кајидае ќе ја исплати инвестицијата за 30 години...
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Какво соопштение од Гранит :facepalm:
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
2.359
SEI Net V2

Образложение за одлуката за распределба на добивката e доказ дека воопшто не го разбираат Акционерското работење, ниту пак имаат некое корпоративно уредување и култура. Да повторам уште еднаш:

ПАРИТЕ ОД НЕТО ДОБИВКА ИМ ПРИПАЃААТ НА АКЦИОНЕРИТЕ! Толку.
Бонуси за некој што работел се исплаќаат од друга ставка и друштвото треба предвремено да ги планира.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Да биле малце поитри тие Георгиеви, требало да дадат предлози на берза да се распродадат акциите во Комерцијална и од тие пари да се распредели дивиденда од 270 денари по акција!

Тек така ќе им удреле нож на испреплетените транзициско-профитерски црева што ја градат берзанската пирамида со туѓи пари од компаниите коишто ги јаваат со децении. Нема потреба компаниите да изиграваат инвестициски фондови. Ако директорите се сметаат за толку добри инвеститори, нека го распределат кешот у дивиденда, па потоа за своја сметка и со СВОИ пари нека си инвестираат у акции, а не со ФИРМИНИ!

Ова важи и за моите Кутревци: ја извозиле ТНБ до врв, нека ги продадат тие 100 акции, а кешот нека го инвестираат во сопствената фирма со поголем поврат, наместо у туѓа со помал!
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Зошто и капиталната добивка од инвестиции да не биде награда за менаџерите, сепак тие одлучиле таму да се вложат парите
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
883
Поени од реакции
623
Strasho so svoi 17% akcii vrti telefoni i moli za podrshka taka da mozno e da se desi scenario replek i vo granit kaj i da e ke ima peticija za podrshka na georgievi pa so sreka neka e :)
 
Член од
1 февруари 2016
Мислења
238
Поени од реакции
189
Кој се ослободи од толку многу акции на КМБ, и може ли некој да пише колкав беше најголемиот блок акции во таа трансакција?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom