Најлесно е да избегаш, но тоа не е мој стил. Не се давам така лесно.
Те следам и тебе и некои други фаци во политичкиве теми, како цело време се потсмевате дека се сменила претходната власт. Смена од очај, затоа што животот во Македонија го пробиваше дното во ерата на претходниците. Луѓето не го изгласаа сдс, туку изгласаа смена на шпонското вмро и никој на никаков начин не може да бара некаква замерка што луѓето се кренале против власта.
Ситуацијата уште е хаварија и не добивме никаква промена, ама барем младите се научија дека никогаш повеќе не би ги гласале ни едните, ни другите. И тоа се покажа на претходните избори, а ќе се покаже и на локалните.
Човек што слепо поддржува било која од овие партии, апсолутно нема право да се потсмева на некого дека сакал промени. Особено ако живее во странство и има вести само од едната страна во приказната.
Гнаси и едни и други, никаква разлика нема.
Зависи од чија перспектива гледаш. Прашај ги навивачите на Шкендија или Пелистер во ракомет. Фудбалерите влегоа на ЕП, ракометарите држат континуитет, одбојкарите влегоа на ЕП. Во секој спорт држиме континуитет, ништо не се сменило и никој не ни е крив што паднал Вардар.
Тоа што не се заинтересирани за Вардар, подеднакво можам да го препишам и на тоа што претходниците налепија етикета дека клубот е вмровски, го користеа во рекламни спотови на партија. Ние да бевме права навивачка група, требаше да влетаме во спотовите и да ги скапеме од ќотек.
Апсолутно не си запознаен со работите.
Прво и основно, никој не го избркал Самсоненко. Всушност, Самсоненко Е УШТЕ ВО КЛУБОТ и не го дава.
Не само што не го дава, туку не дозволува да тренираме на терените кои де факто ги изгради он, ама на земјиште кое го доби само затоа што инвестираше во клубот, а и де факто, тоа претходно беа терени кои му припаѓаа на клубот (зборувам за оние во парк).
Замисли, Вардар доби милостина од ФФМ да тренира на нивните терени, инаку претходно одеа во Кадино и Илинден за да тренираат.
Става сопки на клубот за да не може да се потпишат некои слободни играчи, а го инволвираше и Новак во случајот.
Не само што не ги покрива долговите, туку го кочеше процесот на преземање на клубот од други инвеститори.
Што требаше да направат Комити? Не го дава клубот, немаме играчи, треба да почне првенството, а клубот практично не постои. Дечките што трчаа завршија голема работа, практично помогнаа клубот да не биде директно испратен во општинска лига.
Тоа што сакаш да кажеш дека Самс се навредил дека некој сакал да го тргне за да внесе други, не знам од каде ти паднало на памет.
Кур го заболе човекот, вика не давам пари, не инвестирам, нема да ги покријам долговите, ама нека тоне клубот, не го давам и си ги веслам како сакам сите, препишувајќи ги терените на други.
И во позадина, секако не стои Самс, туку компањеросчето што лежи затвор во моментов.
Спасител, гробар, бизнисмен, си го користат и двајцата клубот за терање правда.
Да, овие абдаливе од власта ги заболе за клубот и не им ја прифаќаат играта да попуштат на друго поле, на сметка на клубот. Се пофатија малку на орото дека мислеа така ќе го добијат ФФМ, ама веќе немаат интерес.
Клубот е убава алатка за пазарење за двете страни, а ние ќе си патиме и ќе чекаме. И на крајот ќе биде чекање од една деценија, како во периодот од почетокот на новиот милениум.
И ти уште мислиш дека Комити го избркале Самс или имале некои опции и лесно поверувале?
Едвај се фативме на сламката за спасот, се најде некое привремено решение, колку да не не исшутираат во општинска лига директно.
За влезот на Самс во клубот одамна сме зборувале, а прилично јасно е дека тој само даваше пари во клубот за да ги раководат партиски луѓе. На сметка на тоа добиваше тендери и парцели по поволни цени и си тераше во ракомет и градежен бизнис.
И првите што му го зачукаа беа екс другарчињата, тие го заглавија и поради нив му пропаднаа бизнисите. Дека ќе го јаде со смена на власта, требало да мисли уште кога јасно зазеде страна на политичката сцена. Сто пати се премислуваше, одам, не одам, мислеше ќе наиде на поддршка од јавноста и на сметка на тоа ќе му подзамижат за терање на бизнисот.
Он имаше спакувани куфери уште кога се менуваше власта, ама по игра на случајности (освојуваше ЛШ во 2017 и влез во ЛЕ), остана во спортот.
А кој избегал и од кого? Во ера на глобализација и индивидуализам секој гледа и прави што сака доколку нормално може. Си решил да живееш во МКД, супер, али да го користиш тоа како некаков аргумент е во најмала рака смешно, поготово во ера каде информации имаш на претек и е прилично лесно да си во тек со било што од било каде.
Знаеш ли зошто МКД повеќе наликува на афричка држава него на европска? Зошто светот гледа поголема сличност на македонец со филипинец или сомалиец него со германец? Менталитетот... Ова што го напиша како и голем дел на одлуките на комити/другите навивачки групи окулу вардар/другите клубови се токму тоа. Ова е малку филозофски ама подразмисли малку подлабоко на она што ќе пробам да ти го доловам...
1. Кога гласаш ти не го менуваш минатото него носиш одлуки за иднината. Гласај за НАЈДОБРАТА понудена опција а не протестирај за нешто што веќе е направено. Кога ќе почнеме така да гласаме ќе има напредок а не хаварии. Заев си кажа се, и дека ќе јаде живи луѓе и дека ќе витка кичма, дека ќе се договара, беше на баци рака во швицарска кај шпонската дијаспора, се криеше по амбасади и ветуваше дека ќе турка туѓи агенди, дури вети и дека нема да ги брка гвујо и мијалков. Конкретно за Вардар уште тогаш оваа клапа самс го викаа куртоненко и ред други работи. ЈАСНО КАКО ДЕН БЕШЕ ШТО СЛЕДУВА и на ниво на ДРЖАВА и КЛУБ.
2. Нема амнестија за никој што ги гласаше гомната. Апсолутно треба да им се замерува и тоа до крај на живот за штетата што ја направија поготово на тие што двојат, што се капацитет и требаше трезвено да размислат тогаш а дозволија да бидат искористени па дури и во многу случаеви агитираа за гомнава на форумот или други места. Да не навлегуваме премногу во политика, не е местото ама резултатите ги знаеш и сам, хаварија во секоја сфера. Фала ви, тоа донесовте.
3. Филмот младите научија... Тоа ќе биде уште една грешка. Навидум демек добра работа, ама размисли подлабоко, ШТО ПОТОА? Тука е тој проблем, менталитетот ни е јуришнички, племенски, дозволуваме чуства а не разум да биде главен при носење одлуки. Ајде еве ќе опадне влијанието на вмро/сдсм и ќе дојдат трети... Уште повеќе ќе го раситниме македоскиот глас и уште повеќе ќе има катастрофи и калакурници каде ситни интереси ќе мора да се задоволат за да се формира некоја мики маус влада. Навидум демек добра одлука, ко онаа да се сменат предходните која допрва ќе се покаже катастрофална. Размисли малку подлабоко на оваа тема и види дали е добитничка, пред да ја проповдаш утре.
Не подржувам јас слепо никого. Мене не ме афектираат партиите, не живеам во МКД. Јас немам никаква корист од нив. Јас свесно сум донел одлука врз база на информациите што ги имам дека таа и таа опција е подобра. Ќе ја подржувам дур не излезе некој друга подобра опција, ако еден ден тоа е сдсм или некој друг воопшто нема да ми е проблем да сменам мислење. Партиите се да му служат на народот а не обратно. Треба да се подржи најдобата опција ВО МОМЕНТОТ и тоа е тоа. Сум имал контакти и со едните и со другите сум бил дел од иселенички и финансиски форуми во мкд, сум им помагал да договорат средби во Азија и Австралија, така да јасно ми е што гомна се и едните и другите и ако се вратиш малку подалеку на економските теми ќе видиш дека сум ги критикувал и едните и другите под овој или стариот ник.
Ајде да гледаме од перспекитвата на Шкенди... Лани изгубија титула од хаотично воден Вардар. Оваа години се први и единствен пораз им е наместена уткамица со пАлистер. До каде ќе стигнат во Европа? Имаат ли подобар тим сега или пред неколку години кога имаа играчи како хасани и кога носеа странци што ги преплаќаа и не им се погаѓаа а пак беа 10 пати појаки од сега. Што уствари добиваат они? Они моментално место да идат нагоре стагнираат и опаѓаат на спортски план зашто немаат конкуренција и нивниот газда не вложува во правење супер јак тим кога и со оваква шкедни може да освои титула. Ги спуштаат на ниво на остатокот на оваа боза лига каде со 2-3 играчи имаш тим за европа.
Од перспектива на ракометен пАлистер дури ми е и смешно да гледам. Си изиграа мегусебна утакмица во плави и плаво бели дресови... За кој пАлистер збориме? За вистинскиот што е сега втора екипа на бивш работник и е маргинално појак од лани или за работник ребрендиран во плаво бел пАлистер што е повторно втор во мкд? Јас им напишав еден убав пост на темата али они апла на се што им пишувам гледаат со омраза па бришат и кога треба да се подзамислат. Они се класичен пример на идиотизмот во државата. Од нешто направија ништо. Од имање градско дерби со сите примеси, омраза кон богат клуб, бивши газда итн, направија да се е уствари исто ко лани само сега навиваат за тие што до вчера ги пцуеа. Они и сега се радуваат на тоа што Вардар ослабе, што е спуштен на нивно ниво тоест на ниво на работник, на семкарско ниво ко вистинскиот пАлистер сеуште не сме дојдени. Биди реален напредок на клубско ниво НЕМА, НЕМА во било кој спорт, женски ракомет сме тапа а бевме име во европа, баскет кошарска сљога не е ни блиску до АБА.
Репрезентативен спорт и сам знаеш е плод на минатотот не може таму преку ноќ да имаш успех. Смешно е ова да го препишеш на овие поготово кога ќе се види дека фудбалската репка ни е состав на фудбалски печалбари и ликови што немаат благе везе со МКД фудбалски, што не ни играле во МКД или си заминале од мкд ко тинејџери. Дај кажи кој репрезентативец се истакнал во МКД клуб, кој е производ на мак клуб? Бејлутали? Друг? За спартанците не ми се ни прави муабет, нив на европско на ролекри ќе ги пратиме, последен пат беа со бусот на Самс. Факт е дека не влегуваат доволно пари во спортот, ни 2% од она што влагало порано. Факт е дека рамковно се распоредуваат средствата па ваучери добиваат и измислени карате клубови од гостиварско дур нас не дупат за ваучер па треба да молиме или да се „инволвира“ пијаницата за да ни ги дадат ваучерите што ни следуваат. Дај објасни на пример како Вардар како шампион на МКД добива 5ти или 6ти таму ваучер за фудбал? Па како се тие критериуми правени? На која основа? Кажи ми како тоа треба да го сфатиме, еве и јас и ти како навивачи на Вардар? Хаос, само хаос донесоа овие промени.
Овде до некаде се слагам. Требаше да се ургира ама не се направи ништо. Неможеме тоа да го смениме и треба да живееме со тоа и да си донесеме одлука што понатака. Вечно ли ќе се оградуваме од тоа, или ќе прифатиме дека како патриотски клуб ќе стремиме кон десничарски политички идеи. Знам дека ова е МНОГУ контраверзно и дека нема да е прифатено од повеќето поготово што се фураат глупости дека спорт и политика не треба да се меша АМА...
1. Вардар и Комити од секогаш било десно ориентирани. Ние бевме едини клуб во прва ју лига без петокрака на амбемот. Секогаш бевме репрезентација на МКД во таа лига со малку странци надвор од МКД.Уште од времето на распад на ЈУ на почеток на 90тите кога се спремаше ЈУ за настап на европското во Данска имаше утакмица во СК меѓу Вардар и Југа и народот си навиваше за Вардар и тогаш имаше контраверзни транспаренти и политика. Паролите Солун е наш и ред други и тогаш ги пишуваа Комити. Не само Комити, СИТЕ навивачи сеедно дали се чкембари, мајмуни, војводи или било кој сите бевме десно ориентирани.
2. Не гледам ништо лошо во тоа да се држиме на тие ставови. Напротив, проблемот не е во Вардар, Комити или да си дел од политичка идеологија, кај нас проблемот се партиите. Секакви шупци се напикаа во партиите па двоење од нив е повеќе затоа што не заслужуваат подршка него идеолошко двоење. Ние може до утре да збориме за шљога, шверцери и дуи ама факт е дека ете кај нив тоа функционира и они се уствари едини добитници од сегашната ситуација. Во мали држави каде нема можност да си независен и да опстануваш како спортски колектив сакаш неќеш ќе бидеш нечии привезок за жал. Да избориш финанскиска независност во МКД треба да 10тина души да се убијат од работа ко комитите инволвирани во акцијата за карти ама тоа да го прават секоја недела и успат да има 30К што редовно ќе си купуваме карти или ќе „спонзорираме - фрламе пари у бунар“ на повискоко ниво. Колку не има такви?
Окулу Самсоненко, јас нормално го почитувам како некој што вложил и направил доста за РК и ФК али свесен сум дека не иде повеќе и дека не иде веќе долго време. Он е пролазен исто ко и Панчев, Брацо, Васовски и ред други ликови, некој биле позитнивно некој не, али на крај сите само пораѓаат а Вардар и ние остануваме до крај. Ако утре овие го тргнат, стават у затвор, стрелаат за да тргне во Вардар на подбро би бил ок со тоа. Јасно е што он направи и позитивно и негативно. Тој дел немора да го дискутираме, не гледам зашто упорно се концентирате на тоа. Тоа си е минато свршено време. Дај да дискутираме другите работи, што се во принцип битни а никако да се концентираме на нив.
Клубот сакале ние или не легално е негов. Дали и како може да се подобри ситуацијата и што можеме ние да направиме? Што избор имаме?
1. Да се соработува со Самс и да се наговори да продложи да го финансира клубот. Дали е ова опција и дали е изводливо? Твое мислење? Дали е направено нешто во тој поглед?
2. Да се тргне Самс. Кој би можел тоа да го направи? Бизнисмени/спонзори? ФФМ? Град СК? Влада? Странски инвеститори? Освен со Град Скопје што друго е направено? Дали се прави притисок кон другите центри на моќ? Како можеме да делуваме? Еве ти една откачена идеја... Јас сум да се контактира некој како Џамбазов и да му се понуди да се вклучи во трка за локалните избори со една точка. Спас за Вардар. Ако ништо друго ќе мора да се дискутира и верувам дека „политички“ ќе мора тогаш да го решат поготово ако цела кампања се избутка со еден фокус... Лудо може звучи ама бар е правење нешто и делување во права насока кон центри на моќ што едино вакава сила разбираат и почитуваат.
3. Други спонзори? Кој би можел да влезе во Вардар а 3М да не му се проблем да ги плати? Има фирми во МКД ама дали има интерес и како би можеле ние да ги привлечеме?
Дискусиите треба да се водат повеќе во таа насока а не сте се фатиле за самс ко тоа што овде ако напишеме уште 100 страни самс има да ги даде милјоните...
Окулу комити и што треба да направеле... Мислам дека до сега направија многу ама мора да почне да се менува фокусот од барање краткорочни решенија до барање солуција. Неможе да не ја прифаќаат играта, или нека прифатат или нека сменат правила или нека прават што знаат ама мора да најдат решение или они или самс. Комити треба да извршат поголем притисок. Повеќе од тоа не може да направат, сепак станува збор за само навивачи. Тука повторно ќе се вратиме на политиката и памет при следните избори, пошто глупо е сега да кукаат оние што допринеле да дојдат на позиција на моќ абдали што не ги интересира Вардар. Да не се вртиме у круг, мислам јасно ти е зошто од вардарски аспект овие се тотално неповолни.