Супер лига, да или не?

Дали сте за Супер лига?


  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .
Член од
5 март 2018
Мислења
14.900
Поени од реакции
16.213
Поентата му беше дека гледачите губат интерес и се жалат дека нема добар фудбал 90 минути. Па ако продолжи така може ќе треба да скратат. Затоа пробува да го спаси фудбалот, да не дојде до тоа.

А и: Spanish speaker told me he was joking when he said that and it was translated/taken out of context.
Кажа дека на младата популација му сметало долгото траење на натпреварите, заморно ми било 90 минути да гледаат фудбал и во иднина ако има потреба ќе има промени околу тоа.
Само се прашувам на кој фудбалски фан му е досадно да гледа 90 минути фудбал, мене ми лета времето дури и кратко ми се гледа.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.815
Поени од реакции
7.504
Кажа дека на младата популација му сметало долгото траење на натпреварите, заморно ми било 90 минути да гледаат фудбал и во иднина ако има потреба ќе има промени околу тоа.
Само се прашувам на кој фудбалски фан му е досадно да гледа 90 минути фудбал, мене ми лета времето дури и кратко ми се гледа.
Друг е фудбалот со тикет во рака
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.462
Поени од реакции
9.179
Од она што го читам деновиве на нет имам впечаток дека најзагреани од овој проект се фановите на Арсенал и Милан. Тотално разбирливо, сепак со години највозбудливи турнири на којшто учествуваат се Трофео куп и Емирејтс куп. :pos:
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.860
Поени од реакции
54.394
Преземено од фејсбук од Пења Мадридиста де Мацедониа. Интересни прашања за размислување

Прашањата кои постојано се вртат низ медиумите денес се зошто Флорентино Перез се нафаќа на ова ? Зошто ги спасува Барселона, Интер, Милан, Арсенал, кои дојдоа на работ да бидат подзаборавени во Европскиот фудбал ? Кој е бенефитот за Реал Мадрид ? Зошто да се доведуваат во прашање 13-те Европски титули и онаа која е во игра сезонава ? Што е ова толку ургентно за да се случува во време на една светска пандемија и креирање на нов светски поредок ?
Прво, Флорентино Перез знае точно дека доаѓа време кога е практично крајот на спортот и дека фудбалот е веќе парично-базирана индустрија. Тој веќе не може да се натпреварува со лудите цени на трансфер пазарот и платите кои што ги бараат играчите со сегашно поставените услови.
Второ, иако Флорентино нема никаква љубов спрема Барселона или Лапорта спрема Реал Мадрид, кристално им е јасно дека на фудбалските фанови вниманието многу повеќе им го привлекува Ел Класико помеѓу Реал и Барселона, отколку некој натпревар против Леванте или Еибар.
Трето, сите големи Европски клубови ќе имаат бенефит и нема да се гушат поради финансиските проблеми на Милан и Барселона, големата фрекфенција на лигашки натпревари помеѓу овие екипи ќе донесе многу поголем интерес меѓу фановите, многу поголема гледаност и со тоа и профит за сите директно инволвирани во Суперлигата.
Четврто, со ова завршува тоталитаристичкиот пристап на УЕФА и ФИФА со кој тие добиваат 90% од сите пари вложени во големите натпреварувања, а клубовите само преостанатите 10%. Ако еден клуб кој ја освоил Лигата на Шампионите на крајот од сезоната освои 100 милиони евра, можете да замислите колку само пари добива УЕФА за истото натпреварување и прашањето кое се поставува е каде одат сите тие пари ?
УЕФА и ФИФА немаат фонд со кој ги помагаат големите клубови кога ќе западнат во финансиска криза, туку напротив, воведуваат санкции за оние кои нема да ги платат своите кредити во време на криза. Тоа се случи со Милан два пати во изминатиот период и е најавено да се случи со Барселона наредната сезона. Што е бенефитот од Европскиот Комитет ако не може да им помогне на своите учесници кога тие се во криза ?
Најбитното прашање е, зошто Флорентино Перез е подготвен да ги жртвува 13-те Европски титули за ова ново натпреварување ? Едноставно кажано, Флорентино гледа чекор подалеку, понапред, во иднината, наместо да се врзува со минатото и она што некогаш било. Тој радо би го имал својот тим на врвот во наредните 20 години, наместо да освои уште една титула во Лигата на Шампионите и да стравува за неговиот опстанок кога времињата ќе бидат тешки.
Да не заборавиме дека идејата за Суперлигата е долгогодишна идеја, со точно утврден проект и услови, а не е нешто воопшто ново во оваа слика. Блатер и Платини кои се наполнија со нечесни пари беа само "жртвени јагниња", но нееднаквата распределба на средствата продолжи и понатаму. Клубовите се тие кои што постојано трпат. На брутален начин беа земени катарски пари и беше најавена организација на едно Светско Првенство среде сезона во 2022-рата година....кој трпи најмногу од сето тоа ? Нормално клубовите. Дали некој некогаш застана на страна на големите клубови и се запраша што ќе се случи со нивните играчи кои треба да играат во Катар, ако истите се повредат и сезоната е завршена за нив ? Кој го плаќа играчот, клубот, репрезентацијата, ФИФА, УЕФА или можеби Катар ?
Јасно е дека на крајот на денот, се се сведува на парите. Но, истите овие фанови кои што го нарекуваат лицемер или платеник Флорентино Перез, Ањели, Глејзер, забораваат една битна работа....парите се тука. Прашањето е дали ќе ги земаат богатите Европски куќи кои не прават ама баш ништо за напредок на фудбалот или самите клубови кои го креираат шоуто, ги даваат платите на играчите и го привлекуваат навивачите на стадионите на крајот на денот ? Кога УЕФА го собира колачот тогаш е ОК. Дури и кога Ла Лига го собира колачот тогаш е ОК. Но кога клубовите бараат поголем дел за себе, е тогаш не е ОК и тогаш мора да пишуваме глупости од типот "умре фудбалот".
Дали клубовите бараа термини од 12 часот напладне, во услови тешки за игра и на сонце или тоа го правеа фудбалските куќи и унии ? Дали клубовите одредуваат како екипата која ќе испадне од Премиерлигата ќе земе поголем дел од ТВ правата од четвртопласираниот во Шпанија или тоа го прават фудбалските куќи ? Дали клубовите бараат да играат Светско клубско првенство во Јапонија, Катар и Јужна Африка среде декември кога во Европа е ладно а на другиот крај од светот екстремно топло или тоа го налагаат УЕФА и ФИФА ? Дали клубовите бараат да се играат квалификации за Европско и Светско Првенство во ваков систем, со 3 натпревари за 6 дена и половина играчи да се вратат повредени од тие натпревари или фудбалските куќи ? На крајот од денот, пак ќе кажам, платата на играчот ја дава исклучиво само клубот, никогаш УЕФА, ФИФА, Ла Лига или Катар.
Доаѓаме до еден момент во која просечниот навивач е збунет. На него му се креира сторија дека големите клубови се "крадците", дека тие сакаат да креираат своја Суперлига за да ги "осиромашат" повеќе другите, дека играчите кои ќе играат во Суперлигата нема да може да настапуваат во ниедно друго интернационално натпреварување и заради сето тоа клубовите се оние "лошите". Никој не ги коментира сите преочигледни пропусти на другата страна кои се провлекуваат со години наназад и кои се се поголеми и потешки за да се издржат. Никој не ги гледа сите неправди со жешките топчиња, делегирањето на судии, играњето на некој студен терен во Белорусија или Финска среде ноември и милионите кој некој ги зема на грбот на тие клубови, а дава само трошки за возврат.
Абе Перез на крај испадна светец а.
Еј големи клубови, гиганти, дојдете кај мене јас имам идеја како да се спасиме за да не банкротираме.
Ќе стравувал за опстанок на својот клуб. Кутриот Флорентино Перез што 10 пати има бутано рекорд и фрлано грдни пари на флопови. 5 играчи нема погодено у тие свои Галактикос ери. Сега дошол да квичи дека големите клубови меѓу кои и неговиот Реал Мадрид се донесени на питачки стап.
Кој е крив за тоа?
Сами си ги дигнаа цените до плафон, сеа ќе глумат нешто освестени и ќе го спасуваат фудбалот.

Одговорот на сите овие прашања може да се одговори со друго прашање. Зошто Флорентино Перез ако е толку паметен и засегнат за другите клубови, за играчите и за сите овие прашања контра УЕФА и ФИФА, не се кандидира за претседател на една од овие организации и да ги смени политиките и правилата на играње?

Па уште се прашувате зошто Тотенхем, Атлетико, Арсенал? Знаете зошто, затоа што имаат ултра модерни стадиони, поготово Тотенхем, и утре коа ќе се пушти публика сигурно Вајт Харт Лејн ќе биде стадион што ќе донесе повеќе приход отколку Бенито Виљамарин или Рамон Санчез Писхуан или мртвиот Олимпико у Рим.

Плус, као што спомнавте поназад, кој ќе ја контролира оваа лига?
Флорентино, Ањели, Глејзери се креатори и главни у лигава. Сите други се гости, кој за што конретно, некој има голем стадион, друг има име, трет има спонзори, четврт има газди од другата страна на планетава и слично.
Сигурно Флорентино нема да го дели профитот исто, он не знае името да му го погоди на Тотенхем и некој очекува дека исто пари ќе им даде нив и исто пари ќе земе неговиот Реал. У Спарс најплатен играч е Кејн со 8 милиони (тропам), кај него у тим 8 милиони зима вториот голман.
Ањели онаму се посра со идејава за елитна лига, му шлапаа по нос нокаути екипи како Лион, Порто, Ајакс и тука мислиш дека ќе дозволи некој Арсенал или Тотенхем или Интер да му освои пред неговиот Јуве.

Чисто срање не очекува. Кој како сака ќе си праи, правила ќе мењаат. Тој мртвиот старец ќе умре уште малце, гарантирам дека не ни гледа фудбал, он ќе кажува да ги скрателе утакмиците.
Ањели нема поима од фудбал, гарант коа ќе тепаат 4-0 прашува а сеа колку бодови ќе освоиме, он дошол на ред да креира фудбалска лига. Утре ќе му текне, колку пати Роналдо ќе шутне у трибини толку бодови да освои Јувентус.
Глејзер нема поима офсајд што е, 6 играчи не знае да наброи од Манчестер, и тој дошол да се прашува нешто за фудбалот.
Овие па кинезиве наши мртви, до вчера уште со Орце Камчев не влегоа у преговори за да го шитнат клубот, одеднаш заќутеа како пички, 1 месец подоцна, ви ар супер лиг клаб вит д бест оф д ворлд. Да ви ебам све и на вас. Не ни знае кој клуб го купил тој стариот кинез, фоца инда вика.

Мрш да ви ебам мајката у пичка на сите.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Кажа дека на младата популација му сметало долгото траење на натпреварите, заморно ми било 90 минути да гледаат фудбал и во иднина ако има потреба ќе има промени околу тоа.
Само се прашувам на кој фудбалски фан му е досадно да гледа 90 минути фудбал, мене ми лета времето дури и кратко ми се гледа.
Сите утакмици што ги гледаш ти се интересни?

Да не се праиме сега како да нема викенди кога целата фудбалска понуда е очобол.

Sent from my SM-A217F using Tapatalk
 
Член од
5 март 2018
Мислења
14.900
Поени од реакции
16.213
Друг е фудбалот со тикет во рака
Каква врска има ова, на ниеден фан не му е никогаш доволно фудбал, имаѓ гледано и во живо натпревари и не сакав да завршат, гледав како навивачи го напуштаат стадионот пред да заврши натпреварот и се крстев, ако остана фудбалот таквите да го спасуваат тури му пепел тогаш.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.860
Поени од реакции
54.394
Колку реално фудбал се игра во 90 минути, а колку се прекини, местење топка, лежење на терен, местење жив ѕид, прегледување ВАР одлуки? Просекот сигурно е 70-75 минути активна игра.
Истака фудбалот се игра на некои 30-40 метри максимум. Ај и игралиштето нека го скратат ако не, пошто Меси и Роналдо ги мрзи да трчаат.
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.653
Поени од реакции
4.142
Само се прашувам на кој фудбалски фан му е досадно да гледа 90 минути фудбал, мене ми лета времето дури и кратко ми се гледа.
Ова е невозможно за било кој човек што го гледа Атлетико.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.076
Поени од реакции
16.248
Кажа и дек планираат плус лига како лига Европа нешто. Дека ќе има salary cap итн
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.658
Поени од реакции
13.159
Со целата криминогеност и корупција, уефа е сто класи над оваа група од 12 клубови кои решија да го приватизираат фудбалот. Затоа и сите федерации застанаа рамо до рамо со уефа. Изолирани се овое 12 тима против целиот фудбалски свет.
Па тие федерации, а доминантно се исти како нашата, се дел од таа коруптивна мрежа. Колку пари се испозавртија, колку неспособни слепци се изнакрадоа и изнауживаа (прва класа лет, скапи хотели...) на сметка ма УЕФА.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
14.900
Поени од реакции
16.213
Како не му текна на некој од тие тралакајките внатре во студио, на муабетот на Перез дека споредено со ланска сезона изгубиле многу пари, да му речи, ами ставете еден стуб помалце на новиот кров од железа и решен проблем, ионака се отвори тема за покривот и одеше видеокомпилација од градењето :D
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.815
Поени од реакции
7.504
Каква врска има ова, на ниеден фан не му е никогаш доволно фудбал, имаѓ гледано и во живо натпревари и не сакав да завршат, гледав како навивачи го напуштаат стадионот пред да заврши натпреварот и се крстев, ако остана фудбалот таквите да го спасуваат тури му пепел тогаш.
Денес 80мин ги изгледав незаинтересирано со телефон во рака. Да имав тикет изиграно ќе се потев 90мин. Или да постоеше реална борба за 4то место.
Може и во сабота 16ч да оди Њукасл - Вила, активно сигурно нема да се гледа 90мин, ама со тикет има да се прати и четвртиот судија.

секако дека сите “Само се прашувам на кој фудбалски фан му е досадно да гледа 90 минути фудбал “ почнуваат во 13:45 па во 16:00 па во 18:30 па вечерни нешто и гледаат по 90мин активно.

Или пак вечерва сите ја пратеа Лидс - Ливерпул без око да трепне. Пола семинарски имаат напишано за Суперлига во тој период.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.453
Поени од реакции
5.435
Па тие федерации, а доминантно се исти како нашата, се дел од таа коруптивна мрежа. Колку пари се испозавртија, колку неспособни слепци се изнакрадоа и изнауживаа (прва класа лет, скапи хотели...) на сметка ма УЕФА.
И ти мислиш дека на Милан ќе му биде боље у Перез, Ањели и Глејзер лига?
Ама најсериозно.

Газдата на Јувентус, клуб што беше деградиран заради криминал и Американец што појма нема што е офсајд споени со геријатрија што сака да го крати натпреварот и кука како нема пари а го реновира стадионот и се спрема за Мбапе/халанд да го зима?

Мислиш дека во таква лига со такви екипи Милан и Интер ќе имаат шанси да земат титула? Подобро ќе им биде него под УЕФА? Главниот ривал да ти одлучува мислиш добро ќе е?
Автоматски споено мислење:

Денес 80мин ги изгледав незаинтересирано со телефон во рака. Да имав тикет изиграно ќе се потев 90мин. Или да постоеше реална борба за 4то место.
Може и во сабота 16ч да оди Њукасл - Вила, активно сигурно нема да се гледа 90мин, ама со тикет има да се прати и четвртиот судија.

секако дека сите “Само се прашувам на кој фудбалски фан му е досадно да гледа 90 минути фудбал “ почнуваат во 13:45 па во 16:00 па во 18:30 па вечерни нешто и гледаат по 90мин активно.

Или пак вечерва сите ја пратеа Лидс - Ливерпул без око да трепне. Пола семинарски имаат напишано за Суперлига во тој период.
Пази, со тикет и 60 минути се многу ако ја чекаш некоја 0-2 гола а веќе у 30 та е 1-1...
 
Член од
5 март 2018
Мислења
14.900
Поени од реакции
16.213
А и пази, го напаѓа Чеферин дека не бил коректен спрема Ањели, не смеел така да се понаша спрема еден врвен претседател како Ањели, дури како го кажа ова како во позадина атентат да му спрема, јас да сум на местото на Чеферин ќе се подзамислам после онаква изјава:ROFLMAO:
Го напаѓа него а го брани онај со очите паднати до уста од дрогирање.
Му се јавил Чеферин да го праша околу шпекулациите за новата лига овој мртов ладен " шо ти е бе баце каква лига нова, еј ќе ти звонам за 1 сат ме бараат нешто " ... Тит тит тиииит. Нит му звонал нит ќе му звони хаха Чеферин не бил коректен а овој многу коректен со постапката.
Автоматски споено мислење:

Денес 80мин ги изгледав незаинтересирано со телефон во рака. Да имав тикет изиграно ќе се потев 90мин. Или да постоеше реална борба за 4то место.
Може и во сабота 16ч да оди Њукасл - Вила, активно сигурно нема да се гледа 90мин, ама со тикет има да се прати и четвртиот судија.

секако дека сите “Само се прашувам на кој фудбалски фан му е досадно да гледа 90 минути фудбал “ почнуваат во 13:45 па во 16:00 па во 18:30 па вечерни нешто и гледаат по 90мин активно.

Или пак вечерва сите ја пратеа Лидс - Ливерпул без око да трепне. Пола семинарски имаат напишано за Суперлига во тој период.
Чекај, чекај за натпреварот Ливерпул Лидс ми збораш дека до 80 минута си ја гледал незаинтересирано ?
А и уствари треба некој натпревар убер интересен да е 90 минути за да го изгледам цел ?
Ете Атлетико не игра атрактивен фудбал, шанси имаат една на 30 минути па никогаш не сум ги исклучила оти ми биле досадни, на стрим ако ги гледам да ми зафркава стримот да, се десило ама на тв никогаш. Не мора да зјапам без да трепнам во телевизорот ама никогаш нема да речам ајде бе нека свири крај судијата, не се трпи поќе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom