Супер лига, да или не?

Дали сте за Супер лига?


  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
A, што можат да им направат на играчите? Каква надлежност има УЕФА тука?

Уствари не е само за ова, и за спонзорства и ТВ права буквално за се, ништо нема да знаеме до последен момент. Којзнае какви договори се потпишувани, кој се стои како потписник таму и кои се официјалните институции што можат да направат нешто повеќе од "притисок".
Претпоставувам дека со закана дека ќе им го одземат правото да играат во нивните натпреварувања за својата репрезентација се надеваат дека играчите ќе почнат да се бунат против своите клубови. Не верувам дека ќе се случи тоа и затоа е очаен обид.
УЕФА и така пак ќе изгуби затоа што ќе пропадне гледаноста на СП и ЕП без играчите на топ клубовите.
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.625
Поени од реакции
5.601
Најака ми е овој на УЕФа со блефирањето за забрана на играчите да играат светско кога светското е под капа на Фифа а не на Уефа.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
380
Поени од реакции
1.264
Фанови на Дортмунд, Баерн тешко дека ќе се согласат на ова, прво нивното 50+1 правило за сопственост ќе ги закочи, второ фановите се повлијателни поради тоа правило.
Е ова ме интересираше, пошто ко да подвидов негде дека нешто конкретно ги спречвало Германциве да се приклучат, ваљда на ова се мислеше.

Реално нема шанси да останат Баерн и Борусија сами да си играт во умрена ЛШ ако се деси лигава, зато и во самото соопштение пиши дека основачи се 12, се очекува да бидат 15, тие три кои не се приклучиле сега се ваљда германциве ради ова и ПСЖ ради правата за ЛШ на беИН до 2024 или кога и да беше.

За нив вин-вин е, ако е блеф ќе останат запамтени како тие шо биле на вистинската страна на историјата, а ако се случи секогаш ќе има место за нив таму.

Мене уште ми мириса на power game за поголем колач од ЛШ ко шо имаше шернато некоја вест некој поназад, ама ќе видиме шо разврска ќе има драмава. Грдичко како и да е.
 

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.032
Ма ништо и од заканите и од ова SL нема да биди. Ја имаат спукано работата за ФФП и пари и форматор на ЛШ, сега цело ова лето ќе седнат и ќе го одложат демек почетокот на SL со цел да преговараат и ќе најдат некое решение. Сеуште мислам дека ова е блеф
Никој на Јувентус не му гарантира ЛШ догодина, а гледаме Ањели најгласен е за бегање. Од 6те англиски екипи две нема да играат наредна сезона ЛШ сигурно, можи повеќе да се. Заминат е возот, ова е договарано со години, спремни се на сите критики и можни реперкусии, секое сценарио сигурно им е поминато. И знаат дека колку и да има галама, кога тогаш ќе згасни кај просечниот гледач/навивач а џепојте нивни само ќе се полнат.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.047
Поени од реакции
57.270
Наместо закани за тужби и банови, подобро им е да седнат на заедничка маса и да бараат компромис. Не верувам дека вака ќе успеат да ги исплашат и предомислат во намерата за креирање Супер лига.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.593
Поени од реакции
38.741
му секнале парите од ламбурџини на ањели за платата на роналдо па бара алтернативи
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.144
Поени од реакции
25.570
Нека ги банираат, таман да истестираат колкава гледаност ќе имаат на тоа што ќе им остане од лиги и ЛЕ без тие 12 клуба.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Наместо закани за тужби и банови, подобро им е да седнат на заедничка маса и да бараат компромис. Не верувам дека вака ќе успеат да ги исплашат и предомислат во намерата за креирање Супер лига.
Имаше информација дека веќе имале спремно контра тужби за во случај УЕФА и ФИФА да прават проблеми, и ќе ги исплатат со дел од парите кои ги добиваат. Најмоќните луѓе во фудбалот, и сигурно стотици од најдобрите спортски адвокати работеле на ова со години, тешко дека има сценарио кое не го земале во предвид.

Ама не земале во предвид дека @The Shadow Walker одма ќе им најде решение. Закани му се на Интер дека нема да му дадеш титула и за два саати ќе се повлечат :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom