Супер лига, да или не?

Дали сте за Супер лига?


  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.321
Поени од реакции
57.791
А за малите клубови, нема да ги осакати. Ќе продолжат да постојат
Ете погоре ти го пишаа примерот со Динамо. Објасни како тоа што Динамо нема никогаш повеќе да игра ЛШ, или Ѕвезда, нема да ги осакати.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.564
Поени од реакции
13.894
Ок, ајде малце озбилно.

Факт беше дека ќе мора да има некакви промени во фудбалов. Неизбежно беше, ама и требаше, за жал.

Оваа не е таа промена.

Ваков концепт може само да се понуди на спорт во последни фази на умирање како последна надеж за нешто. Фудбалот не е во фаза каде само 10 екипи преживуваат, и другите само постојат. Вакво нешто може да упали во финансиски послаби спортови како ракомет или европска кошарка.

Ваков спорт може само остатокот од фудбалските екипи да ги донесе на ниво на екипите од европската кошарка, а самиот крем да ги крене на недостижно ниво каде самите тие ќе станат бренд за се и сешто.

УЕФА и ФИФА нема што да направат, бидејќи се корумпирани здруженија кои само мислат на криминал.

Многу незгодна позиција и за УЕФА и за ФИФА. Екипиве станаа поголеми од спортот, full blown corporatism е ова.

Лигава како лига ќе започне со каква таква фама. At best, ќе постои некое време и ќе биде успешна.

И... логично, ќе падне и ќе мора да се воведат нови промени.

Па после тоа пак ќе падне и пак нови промени.

И така во круг се додека фудбалот не стане спорт кој ќе биде гледан само од фанови на спортот кои би го гледале без разлика на се.

Компетитивноста на екипите ќе биде во втор план, бидејќи како што кажав, екипите ќе станат брендови.

И за 50 години од сега (не е битна бројката, тропам само), фудбалот ќе стане.... нешто што постои. "A be imashe fudbal, znaesh deka?" "Ej da? Uste ima a? Sto se desava be? TIe junajted porano bea ok mislam a?"

Рејтинзите и гледаноста на екипите ќе биде многу ниска во споредба со peak-от (кој знае кој е пикот, можеби фудбалот ќе го добие пикот баш со оваа Супер лига)

Но... сето тоа нема да биде важно.

Бидејќи екипиве ќе ја постигнат целта - постоење и создавање на брендови каде ништо не зависи од гледаност или фанови или рејтинзи.

Ќе имаат билион договори за спонзори, ќе се прошират во е-спортови, ќе имаат свои стриминг канали можеби каде што ќе стримаат свои мечеви 24/7 (за да соберат пари од луѓето на база на носталгија), ќе прават свои документарци, ќе имаат свои женски екипи, ќе се создаде и некоја си јуниорска лига, ќе собираат пари од дресови и слично (помалку луѓе ќе трошат пари, ама тие што ќе трошат ќе трошат повеќе), ќе се потпишат милион договори за пренос (2 преноси на овој канал, три на овој, еден на оној), ќе се потпишат договори за pre-match и пост-меч шоуа, ќе се направи спектакл од типот на ол стар/драфт/награди за крај на годината, мечеви низ целиот свет....

Ок, забегав. Поентата ми е, фудбалот ќе стане бренд, каде екипите ќе имаат премногу пари и компетитивноста на спортот не е битна.

Што е одлично за тие што го прават проектов и е нивната цел.
Топ екипите ќе прават надреално многу пари.

Не го презентирам ова како добро или како лошо. Едноставно, го презентирам како што мислам, што очекувам и што е целта на се ова.

Ние како фанови останува да се надеваме дека against all odds, ќе го доживееме пикот на спортов баш со Супер лигава.

А ако тоа не се случи...јбг, битно го доживеавме секако.
Еве вака да ти препорачам, да пишуваш пократки постови со поента, со твое мислење во кратки црти, а не да ги спомнуваш сите можни варојанти, вака никој не ти ги чита мислењата, како имаш толку мотив цели реферати на секое да пишиш не знам.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Да, неутралните баш гледаат Малмо-Реал или Порто-Бриш во мртвите групи на ЛШ. Да ви кажам една тајна никој не ги гледа тие утакмици, дури и 70% од фановите на големите екипи. Се знае што гледаат неатресканите во фудбал. СП, ЕП, нокаут ЛШ и тек тук екипата која ја поддржуваат при дерби. Тоа е тоа.
Е сега, со оваа лига има уште толку гледаност да има фудбалот и приходите ќе скокнат неверојатно, ама џабе не можеш тоа да му го објасниш на анти модерен фудбал бачевец кој навива за тој по кого сега плука зашто бил најјак. Најди ја логикава тука.
А инаку УЕФА пак ќе си организира свои натпреварувања, па тоа може и нас да ни одговра со оглед на тоа дека фокусот ќе им биде сега на бош екипите и веројатно ќе одат кон уште 1 натпреварување за послабите клубови.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489

Види ги бе си најмиле и свој Гебелс :pos:
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.728
Поени од реакции
11.564
Ама озбилно луѓе уште се надеваат дека ФИФА ќе ги банирала играчиве од суперлигава да не се смеат да настапат на СП, ееј ФИФА што буквално продаде Светско првенство на Катар ќе си дозволела главна ѕвезда на истото да биде Ричарлисон од Евертон. :pos:

Аха, и Интер немало да земе титула. :ROFLMAO:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.145
Поени од реакции
25.573
Ете погоре ти го пишаа примерот со Динамо. Објасни како тоа што Динамо нема никогаш повеќе да игра ЛШ, или Ѕвезда, нема да ги осакати.
Ама тука е проблемот, што малите држави и лиги еднаквоста ја имаат сфатено буквално. Ние сме една лига, италијанската лига е една лига, англиската лига е една лига, сите имаме право на еднаквост на гласот. И тоа е ок, ако сите придонесуваат исто. Ама не е така. И затоа не може да бидат третирани како исти.

Динамо нема да игра против Реал, ама тоа што беше единствената корист од Динамо во фудбалскиот свет, креирањето на Лука Модриќ и цела таа генерација, ќе се случи и ако Динамо не игра против Реал. Само ќе биде принуден поефтино да ги продаде на Тотенхем, и некој нов Здравко Мамиќ ќе земе помала провизија. Голем кур.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.127
Поени од реакции
35.078
Ете погоре ти го пишаа примерот со Динамо. Објасни како тоа што Динамо нема никогаш повеќе да игра ЛШ, или Ѕвезда, нема да ги осакати.
Па како прво ЛШ ќе продолжи да постои, можеби не со истиот квалитет, но пак ќе има 90% појаки тимови од што е Динамо Загреб.

Второ Динамо до сега продаваше играчи на, да речам "помали" клубови, од кои што генерираа пари за понатамошно опстојување, што ќе ги спречи и сега истото да го прават? Плус и да имаат некој генерациски талент, што ќе вреди десетици милион евра сигурно овие клубови од Супер Лигава нема да го остават туку така, него ќе се тепаат кој попрво да го купи.

Трето, гледајќи од својот двор, еве што направи Вардар со тоа што играше група ЛЕ? Апсолутно ништо, пропаднаа уште повеќе, и не успеа да земе ни еден денар за тие играчи што вредеа. Парите што ги добија за учество отидоа во нечиј џеб, и ништо од клубот. Може не биле кој знае колку пари, еве да речеме биле пола милион евра, ама и тие пола милион евра биле направени поради слава на некој поголем клуб што тогаш играл во ЛЕ, ете Сосиедад и Зенит беа во нашата група, а не заради Вардар.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.734
Поени од реакции
13.358
Пред деведесетите, фудбалот глобално беше многу поизедначена игра. Само за пример, Реал страдаше во бивша Југославија, губеше не само од Црвена Ѕвезда туку и од екипи како Ријека. Се разбира, тогашните Ѕвезда и Ријека беа за класи подобри од денешните, но и Реал беше за класи послаб од сегашниот, најмногу поради лимитот од 3 странци по екипа. Немаше голем јаз, и затоа овие натпревари беа супер-атрактивни за гледање а „големите“ екипи се тресеа на секое гостување.

Ова подоцна се наруши од фудбалско-административни причини (Босмановото правило) и нефудбалски причини (Економскиот колапс на источниот блок).

(...)

Тоа е исто како да оправдаш разбојник кој ограбил банка, затоа што тоа ќе му донесе повеќе пари. Колку пари прават си е нивна работа, се додека се придржуваат до воспоставениот систем како и сите други. Овие сакаат со пуч да избегаат од системот кој ги прави богати, ама не доволно богати. Тоа е алчност.
Јас се сложувам со таа теза дека за да се добие поголема конкуренција, треба да се воведат повеќе забрани. Дури нека не бидат дозволени ни три странци. Како што во турнирски систем е многу полесно послаб да исфрли посилен.

Но, овој процес не може да се врати назад, освен ако не дојде до растурање на ЕУ и пропаст на глобализација. Босмановото правило, наречено по еден фудбалер алкохоличар, не е донесено од некој чиновник на УЕФА, ниту од богатите клубови, туку е последица на пресуда на Европскиот суд.

Неизвесноста не исчезнала, можеби се намалил бројот на клубовите кои можат да освојат, но не се знае однапред кој ќе освои, но точно, се губи и таа минимална шанса послаб почесто да игра со посилен. Но, дали се губи и атрактивноста, не знам баш. Затоа што атрактивност е кога играат горе-доле рамноправни клубови кои се надигруваат, а не кога еден чека чудо да се деси. Иако и е*еш спорт, ако нема чуда.

И фудбалот како игра е побрз, поатрактивен, подинамичен и поквалитетен сега, отколку пред триесет години. Јас сум малку будала, па сум гледал доста стари натпревари и скоро сите финалиња на ЛШ (или како и да се викала) што се достапни и не може да ме убеди никој дека тогаш се играл поквалитетен фудбал отколку сега. Нормално, има нешто што е еволуција, промена на правила, но и најбитно концентрација на квалитет.

И тоа најчесто најодвратни финалиња (или некој друг натпревар од завршница) е кога игра еден клуб од Источна Европа (кои исто биле посилни од други затоа што биле форсирани политички). Едно од најодвратно финале е и најмитското на овие простори, тоа помеѓу Марсеј и Црвена Звезда.

Поентата ми е дека со тоа што со тек на време ако се намалил бројот на клубови кои што можеле да освојат (можеби поточно бројот на држави од каде доаѓаат клубови со шанса за освојување), не се намалила атрактивноста и убавината на фудбалската игра, па ниту неизвесноста иако сега е во друг облик.

А и мене ми е глупо што се повеќе се губи таа можност некој послаб да може да сонува за нешто големо, но тоа е процес кој започнал уште од формирањето на првите турнирски натпреварувања. Историја на фудбалот е и историја на концентрација на квалитет, првин тоа било на локално ниво, па се шири се повеќе и сега е на глобално. И тоа што го прават Борусија Д. и Ајакс е исто многу нефер, тие ја користат својата моќ да ги соберат најдобрите таленти од цел свет и потоа да заработат на нив. Па имали нешто што повеќе го уништува тој "стар фудбал", од тоа локални деца да не играат за локални фудбалски клубови (или барем за најдобрите во нивната држава)? А тука овие клубови беа наведени како некои што сега ќе бидат оштетени.

Можеби ќе го доведат до крајност овој процес и ќе пукне, па ќе се враќа на старо, но за сега ова е некоја природна еволуција на фудбалот, посебно во време на глобализација.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.564
Поени од реакции
13.894
Борис Џонсон и Макрон се јавија против, се чека уште Меркелица да зададе краен удар на идејата :kafence:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.262
Еве рандом, ако некој го интересира, мечевите на топ 6 екипите во ПЛ до сега оваа сезона:

Јунајтед-Арсенал 0:1
Арсенал-Јунајтед 0:0
Тотенхем-Јунајтед 1:3
Јунајтед-Тотенхем 1:6
Јунајтед-Челзи 0:0
Челзи-Јунајтед 0:0
Јунајтед-Сити 0:0
Сити-Јунајтед 0:2
Ливерпул-Јунајтед 0:0
Челзи-Ливерпул 0:2
Ливерпул-Челзи 0:1
Ливерпул-Тотенхем 2:1
Тотенхем-Ливерпул 1:3
Ливерпул-Арсенал 3:1
Арсенал-Ливерпул 0:3
Сити-Ливерпул 1:1
Ливерпул-Сити 1:4
Челзи-Сити 1:3
Сити-Арсенал 1:0
Арсенал-Сити 0:1
Тотенхем-Сити 2:0
Сити-Тотенхем 3:0
Челзи-Тотенхем 0:0
Тотенхем-Челзи 0:1

Од 24 мечеви само на 9 мечеви има паднато 3 или повеќе погодоци. Од тие 9, на два тоа се случило поради тоа што противникот добил црвен картон.
Гарантирам не паметите 99% од овие мечеви оваа сезона.

Ми се допаѓа иронијата на тоа што луѓе што коментира "auu bato ova e jakoto, samo jaki ekipi ke igraat, ne znam zosto komentirate kako demek da ste gledale WBA i Villareal godinava hh".... уствари немаат гледано ниту една дерби утакмица годинава :vozbud:
Се надевам ќе уживате во возбудата на Јунајтед-Челзи, во натпревар каде екипите сигурно добиваат пари, сигурно играат следна сезона и резултатите се само споредни, пошто сеедно е дали во плејофот по четврти пат у сезоната ќе играат против Интер или против Јуве.

Исто како и што нели, НБА екипите редовно си одмараат играчи во регуларен дел пошто сеедно им е на Лејкерси дали ќе бидат втори или трети, и сеедно им е дали Нагетс ќе ги тепаат на една од четирите средби во регуларен дел, пошто битни се шестте средби во плејофот.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.834
Поени од реакции
10.147
Во очекување останатите поголеми клубови што не се дел од Супер Лига да формираат уште една таква...

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Ама тука е проблемот, што малите држави и лиги еднаквоста ја имаат сфатено буквално. Ние сме една лига, италијанската лига е една лига, англиската лига е една лига, сите имаме право на еднаквост на гласот. И тоа е ок, ако сите придонесуваат исто. Ама не е така. И затоа не може да бидат третирани како исти.

Динамо нема да игра против Реал, ама тоа што беше единствената корист од Динамо во фудбалскиот свет, креирањето на Лука Модриќ и цела таа генерација, ќе се случи и ако Динамо не игра против Реал. Само ќе биде принуден поефтино да ги продаде на Тотенхем, и некој нов Здравко Мамиќ ќе земе помала провизија. Голем кур.
Не може да придонесуваат исто, затоа што додека Македонија била под турска окупација пет века, помеѓу две Балкански војни, две Светски војни, распад на Југославија и воен конфикт во 2001, бабаните кои ја пропагираат идејата и го доелитизираат фудбалот (не мислам јас дека досега фудбалот беше природен, од мајка роден), колонизирале по Африка и стекнувале богатство. А со тоа и подобра позиција од останатите.

Впрочем, тоа е суштината и на дебатата за Супер Лига, модерниот фудбал па и спорт ако милуваш. Реал Мадрид е голем клуб, но Реал Мадрид статусот го стекнал на грб на малите и сиромашни клубови. Распределбата за ТВ права во Шпанија е Барселона и Реал, Леванте и Ваљадолид трошки.

Доколку веќе големите клубови ставиле во заложништво и киднапирале одреден простор и околности, секако на сметка на послабите, најмалку што можат е да им остават на истите тие мали екипи да се надеваат и да мислат дека имаат еднакви стартни позиции.

Со концептот за Супер Лига, не постои веќе таа идеја. Ако досега имаше јаз помеѓу богагите и сиромашните во фудбалот, сега тој престанува исто така да постои. Сега нема јаз, има класично потопување на сѐ што нема богат газда и не е на берза.

Реал, Манчестер, Ливерпул, не се клубови од Бога дадени. Апропо и дебатата за вештачки и природни клубови. И тие некако стигнале до ова ниво и никој таа шанса не им ја одзел.
 
Член од
9 април 2007
Мислења
1.269
Поени од реакции
970
Убер себична идеја и лига и само луѓе што не го разбираат фудбалот како концепт може да им се допадне. Ова е како да донесеш одлука да гледаш порно наместо концептот на љубов кој треба да се гради. Ама некој не му се чека сака само да си го истинка коа ќе му дое нагонот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom