Уписи на факултет[генерална дискусија]

  • Креатор на темата Kacar
  • Време на започнување
Член од
13 септември 2020
Мислења
48
Поени од реакции
56
Ovaa godina na medicina surova konkurencija. Minatata godina ili pred minatata so 97 boda bea vo drzavna kvota sea 80 dusi so cisti 100 pagjaat vo privatna. Ete toa go napravi odsustvoto na maturata.
Мојата година јас кога се запишував од 87 бодови нагоре примаа на УГД зборам. Потоа годините кои следуваа дури и со 70 бода примаа падна конкуренцијата сега не знам како е.
 
Член од
29 септември 2020
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво, каде да се обратам, на кој мејл за да пријавам проблем со iknow треба да сменам предмет ама не знам каде немам таква опција, а и не знам да се снајдам кај iknow техничката поддршка, што ќе се случи доколку пријавам нов тикет.. Ве молам за помош
 
Член од
22 ноември 2020
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво, нов сум на форумов. Сакам да се запишам на архитектонски или градежен, па ме интересираат неколку работи:
Со колку најмалку поени би ме примиле?

Кои предмети за матура да ги полагам?
Колкаво влијание има проектната?
Дали има приемен испит?(слушнав дека на архитектонски имало)

Ако може некој по детално да ми објасни би му бил благодарен.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.187
Поени од реакции
19.266
Здраво, нов сум на форумов. Сакам да се запишам на архитектонски или градежен, па ме интересираат неколку работи:
Со колку најмалку поени би ме примиле?

Кои предмети за матура да ги полагам?
Колкаво влијание има проектната?
Дали има приемен испит?(слушнав дека на архитектонски имало)

Ако може некој по детално да ми објасни би му бил благодарен.
Епа еве според последниов конкурс, за архитектонски нема ограничување на предмети додека на градежен :

за гимназија: странски јазик, математика, хемија, физика, биологија, историја, филозофија
за средно стручно образование: странски јазик, математика, хемија, физика, биологија, историја, бизнис
за средно уметничко образование: странски јазик, естетика, филозофија или историја

за гимназија: еден предмет од листата на општообразовни наставни предмети за полагање на државна матура
за средно стручно образование и за средно уметничко образование: еден предмет од листата на стручни наставни предмети за полагање на државна матура

Врска немам со колку поени се примаат, дали има приемни - градежен нема додека архитектонски има.
На студиските програми со посебни специфичности (на Архитектонскиот факултет, Факултетот за драмски уметности, Факултетот за ликовни уметности и Факултетот за музичка уметност), селекцијата на кандидатите ќе се врши според успехот од средното образование и со проверка на знаењата и умеењата на кандидатите. Кандидатите се рангираат со собирање на бодовите добиени по двата основа.

- На Архитектонскиот факултет кандидатите може да освојат најмногу 100 поени,и тоа: успехот од средното образование учествува со 60%, а успехот постигнат на тестот за склоност за студирање архитектура учествува со 40%.
Пресметката на бодовите од успехот во средното образование се врши на следниов начин: бодовите од успехот од средното образование се добиваат согласно точките 5.а.1 и 5.а.2. од Конкурсот. Вкупниот добиен збир се множи со коефициент 0,6. По оваа основа може да се добијат најмногу 60 поени.

- Пресметката на бодовите од проверката на знаењата и умеењата на кандидатите се врши на следниов начин: вреднувањето на успехот од тестот за склоност за студирање архитектура се врши со бодување од 0 до 40 поени. Проверката има елиминаторен карактер. Не се рангираат кандидатите кои не добиле најмалку 15 поени. Кандидатите имаат право на увид во тестовите, исклучиво лично, во рок од 24 часа од објавувањето на прелиминарните резултати, а по претходно барање доставено во писмена форма до архивата на Факултетот. По овој рок кандидатите немаат право на увид во тестовите.

- На уметничките факултети (Факултет за драмски уметности, Факултет за ликовни уметностии Факултет за музичка уметност), кандидатите може да освојат најмногу 100 поени,и тоа: успехот од средното образование учествува со 40%, а успехот постигнат со проверка на знаењата и умеењата на кандидатите учествува со 60%.

Пресметката на бодовите од успехот во средното образование се врши на следниов начин: бодовите од успехот од средното образование за кандидатите кои полагале државна матура се добиваат согласно точките 5.а.1 и 5.а.2. од Конкурсот. Вкупниот добиен збир се множи со коефициент 0,4. По оваа основа може да се добијат најмногу 40 поени. Пресметката на бодовите од проверката на знаењата и умеењата на кандидатите се врши на следниов начин: вреднувањето на успехот од проверката на знаењата и умеењата на кандидатите се врши со бодување од 0 до 60 поени.

Проверката има елиминаторен карактер. Не се рангираат кандидатите што не добиле најмалку 10 поени. Пресметката на поените од проверката на знаењата и умеењата на кандидатите на Факултетот за музичка уметност се врши согласно Упатството за утврдување на предметите и на испитните програми за проверка на знаењата и умеењата за запишување на прв циклус на студиските програми на Факултетот и за начинот на бодување на знаењата и умеењата и начинот на пресметка на поените.
По објавувањето на резултатите од проверката на знаењата и умеењата, кандидатите имаат право на приговор, во рок од 24 часа од објавувањето на резултатите. Кандидатите имаат право на увид во тестовите.

Проектната во мое време никој никаде не ја интересираше ама сеа гледам мангупиве од медицински и стоматолошки барале соодветна тема. Како и да е, проектната е процедурална работа, не знам некој да немал петка од неа.
 
Член од
19 јануари 2021
Мислења
5
Поени од реакции
2
Со колку бодови примаа на економски лани?
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.991
Здраво.

Кога е отприлика приемниот на факултетот за ликовни уметности, дали мораат да се праќаат некои работи и дали треба да се одреден вид (дизајн, портрети)?
 
Член од
3 јуни 2020
Мислења
9
Поени од реакции
9
Прашање околу упишувањето на медицински факултет фо Љубљана. Дали се признава интерна матура за математика? Бидејќи видов дека математика е потребна за упис (дава 15 бода а треба 89 за упис) земав на интерно ниво. Но сега не знам дали ќе се признае тоа. Ако некој знае ве молам одговорете.
 
Член од
26 јануари 2020
Мислења
696
Поени од реакции
914
Здраво дали има некој запишано на факултет Инженерство за заштита на животна средина или работна средина во Штип или евентуално на магистерски?


Има ли просперитет или џабе фрлени пари со оглед на тоа што магистерски трааат 2 години?
 
Член од
20 февруари 2021
Мислења
62
Поени од реакции
28
Некој да ми каже како функционираат казнените поени за упис и колку пари..фала
 
Член од
25 февруари 2021
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво на сите! ☺
Годинава со новите измени полагаме матура по коцепт 2 екстерни+2 интерни со досегашната можност за дополнители 2 интерни (со нив вкупно полагање 6 предмети). Планирам да аплицирам во Германија и Словенија па кај ќе се посреќи, а планот ми е да си земам и дополнителни 2 интерни со цел да кренам на поени. Е сега, дали некој има информација дали земањето дополнителни интерни воопшто се вреднува, дали се доделуваат плус поени првично во странство па на крај краева и кај нас? Ако не ми се вреднуваат и ако не ми носат никакви бенефиции да не мачам глава напразно‍
:?:
.
Со среќа на сите матуранти!
 
Член од
13 април 2021
Мислења
10
Поени од реакции
1
Сакам да прашам дали имате некое искуство или мислење да споделите за Архитектура на ФОН ?
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Здраво дали има некој запишано на факултет Инженерство за заштита на животна средина или работна средина во Штип или евентуално на магистерски?


Има ли просперитет или џабе фрлени пари со оглед на тоа што магистерски трааат 2 години?
Vo Mk ne sum siguren dali ima prosperitet ali vo stranstvo se zima ubavi pari so ova dokolku bi ti ja priznale diplomata. Jas rabotam vo ova pole vo stranstvo.

Tuku nekoj da kaze dali se plakja za priem na drzavni fakulteti? Ne sum vo mk i barav za fakultetot vo Stip ali ne mozev da najdam nisto za ceni i trosoci. Fala
 

Kajgana Shop

На врв Bottom