Формула 1 - сезона 2021

Кој ќе биде шампион во Формула 1 за 2021 ?


  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.834
Поени од реакции
10.147
Каква врска има тоа дали е во дуел со некого? Многу е едноставно ова 29 пати добива не ферска предност во одос на другите возачи кој на крај и го смени резултатот.
Ваква


Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.951
Во прилог на тоа што зборевме неколку страни поназад, Ако ви текнува пред дуелот кога Макс му се доближи веќе, Хамилтон кочеше касно на една кривина (му блокираа тркалата) па излезе цел од стаза и се врати, без многу да изгуби. Ова да се случеше во времето на Шумахер и Хакинен, или ќе се закопаше тука или ќе изгубеше 10тина секунди дур да излезе од тревата. Мора да прекинат со овие пичкарски стази што имаат асфалт од сите страни, едноставно не смееш да излезеш од стаза ако не сакаш да изгубиш секунди, па и ако направиш и најмала грешка може да биде адиос. Не сум возел ни во тоа време Формула ни во ова време, али апсолутно мислам дека денешново возење е многу полесно него пред 20 години.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Негде прочитав дека таа стаза се користела и од надвор (outer track) па затоа имало асфалт а не земја или трева.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.593
Поени од реакции
38.741
тоа е тоа дечки, идеме на наредна трка сега.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.709
Поени од реакции
33.349
Негде прочитав дека таа стаза се користела и од надвор (outer track) па затоа имало асфалт а не земја или трева.
Јас колку што се сеќавам, ко ја градеа намерно ја асфалтираа за да нема многу песок на патеката. Тоа не дека вака нема, сред пустина е, ама сепак, да немаше асфалт туку песок покрај патека, ќе гледавме рели низ песочни дини наместо Ф1.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.951
Јас колку што се сеќавам, ко ја градеа намерно ја асфалтираа за да нема многу песок на патеката. Тоа не дека вака нема, сред пустина е, ама сепак, да немаше асфалт туку песок покрај патека, ќе гледавме рели низ песочни дини наместо Ф1.
Нека посадат трева и нека ја одржаваат, кој ги ебе имаат пари :) Нека стават вештачка трева, нека стават било каква подлога што ќе те успори, може да најдат чаре. Потребни се стандарди некои во формулава, али нив главните стандарди им се праење пари само, кој ги ебе гледачите :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.763
Поени од реакции
14.028
Во прилог на тоа што зборевме неколку страни поназад, Ако ви текнува пред дуелот кога Макс му се доближи веќе, Хамилтон кочеше касно на една кривина (му блокираа тркалата) па излезе цел од стаза и се врати, без многу да изгуби. Ова да се случеше во времето на Шумахер и Хакинен, или ќе се закопаше тука или ќе изгубеше 10тина секунди дур да излезе од тревата. Мора да прекинат со овие пичкарски стази што имаат асфалт од сите страни, едноставно не смееш да излезеш од стаза ако не сакаш да изгубиш секунди, па и ако направиш и најмала грешка може да биде адиос. Не сум возел ни во тоа време Формула ни во ова време, али апсолутно мислам дека денешново возење е многу полесно него пред 20 години.
Што е најтрагично ни возачиве не ги сакаат ваквите стази со асфалт наместо трева/песок. На пола и повеќе од нив омилена стаза им е Сузука бидејќи немат можност ни 5цм да искочат надвор од белите линии без да си ебат матер :D

Ама ФИА мора да измислува топла вода и да се глупира со изговор дека го правеле за безбедност. Асфалтов само повеќе ги "с'ска" возачите да тепаат на гас таму каде што не треба без да им е страв од некакви последици. Па затоа имаше онаков страшен инцидент пред година-две на Монца во помалите категории мислам Ф3 беше.
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.009
Поени од реакции
6.040
Алберт Парк ќе трпи промени. Околу 5 секунди побрз круг, голем број шикани(кривини) ќе трпат промени, што ќе резултира со поправа стаза.

1617278624799.png
 
Член од
1 март 2021
Мислења
44
Поени од реакции
96

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Одлична анализа за трката меѓу Хамилтон и Верстапен. Изненадувачки ми е како биле тотално различно информирани за правилата кај свиок 4, односно секој си ги интерпретирал по свое.

 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.951
Убаво видео :) Кое е вашето прво сеќавање на Ф1?

Се сеќавам добро кога умре Сена, фамата што се правеше пред телевизор додека бевме vo дневна и во понатамошните денови надвор што збореа луѓето. Али Формула 1 почнав да гледам 3 сезони подоцна, кога Вилнев и Шумахер се бореа за титулата. Знам само седнав до големите дома дур гледаа формула и го прашав брат ми - "има ли Мерцедес овде? - Има вика, еве овие се. Епа за нив сум". И тоа беше тоа :) Таа сезона уствари Вест Мекларен Мерцедес првпат го направија дизајнот со црно сива боја на болидот, легендарните бои и најубавиот болид во историјата, за мене лично.

 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.593
Поени од реакции
38.741
Старата формула беше толку досадна што не сакам да се сеќавам, ова ново нешто е закон откако превзеде либерти медиа. Таа старата више пензионерска беше, поготово ерата на шумахер.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Мајка ми беше пред пораѓај, нешто имаше гужва во станот, движење, а татко ми мртов ладен си гледаше трка и само ечеше оној легендарен звук "ЊИУУУ, ЊЊЊЊИИУУУ" и памтам дека во еден момент мајка ми се изнервира од звукот, го угаси ТВ-то и го тресна даљинското од маса. Татко ми се смееше ама јас сум ја запамтил таа траума :pos:
После тоа за жал немам некое конкретно сеќавање кога сум почнал активно да гледам или слично, само памтам дека првиот поклон Bburago количе ми беше Ferrari F40 и некако се запалив за Ферари од тогаш и така станаа мој тим и во F1.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Убаво видео :) Кое е вашето прво сеќавање на Ф1?

Се сеќавам добро кога умре Сена, фамата што се правеше пред телевизор додека бевме vo дневна и во понатамошните денови надвор што збореа луѓето. Али Формула 1 почнав да гледам 3 сезони подоцна, кога Вилнев и Шумахер се бореа за титулата. Знам само седнав до големите дома дур гледаа формула и го прашав брат ми - "има ли Мерцедес овде? - Има вика, еве овие се. Епа за нив сум". И тоа беше тоа :) Таа сезона уствари Вест Мекларен Мерцедес првпат го направија дизајнот со црно сива боја на болидот, легендарните бои и најубавиот болид во историјата, за мене лично.
Први сеќавања и мене ми се од 1997. Баш од крајот на сезоната кога се гонеа за титула Шумахер и Вилнев. Баш се сеќавам Шумахер кога победи на претпоследната во Сузука и отиде бод или два напред. Па после беше последната трка во Херез каде Шумахер се изглупира и проба да го истурка Вилнев од патеката. Па од следната сезона веќе покрај татко ми почнав и јас поредовно да гледам. Секако одма почнав да навивам за Ферари. За Шумахер најмногу, но ги сакав и вторите возачи, прво Еди Ирвајн, па Баричело. Кај конструкторите така е до денес. Кај возачите после се појави Алонсо и ми стана нов омилен возач. Тука влијаеше и што е Шпанец и што славиме роденден на ист датум. :)
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.614
Поени од реакции
12.414
Прв пат што се сеќавам дека сум ги гледал знам дека беше Велигден, сеа барав по датуми кога било тоа. 1997, сум немал ни цели 5 години сеуште :D Кај некои роднини бевме на гости и на ТВ одеше Ф1 и знам дека заглавивме повеќе од стандардните 10-15 мин „гости“ пошо не можев да се тргнам од телевизорот. Мислам дека не беше македонски пренос, пошо не разбирав што зборуваа, мислам дека ваљда RTL беше, ама не сум сигурен.
Наредните неколку години не се сеќавам да гледав трка, пошто мислам дека и не ги даваа на ТВ, или бар ја не сум ги зачекал.
Прва цела сезона што се сеќавам дека сум ја гледал е 2002 кога се слупаа Рубенс и Ралф на почеток на сезона.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom