Здраво. Јас сум 4-та година и размислувам да се запишам на Финки на СИИС. Ме интересира дали е потребно да имам предзнаења од програмирање или се почнува од нула па ќе можам да се снајдам? (Математика знам супер, ама информатика и програмски јазици во средно не работиме скоро ништо)
Доволно е само 3 збора да напишиш на youtube и ќе добиеш мал милион туторијали. Би те советувал прво да видиш што значи програмирање, моја препорака основи на програмскиот јазик C (бидејќи тоа ќе го учите на почеток на ФИНКИ), па доколку те интересира, запишувај се.
Како некој што се мисли за Финки, Често слушам дека студенти од Финки наогаат работа дури во втора година и го оставаат факултетот за да работат.
Од тие што направија ова, би сакал повеке информации, како:
- Што уствари повекето луге не знаат за ова (како лоши страни или замки).
- Како стигнавте до ваква ситуација за да добиете пракса/работа.
- Кои предмети/вештини се најважни да се научат за да некој биде спремен, и колкави вештини бараат да се знае пред да се оди на интервју.
- Колку време пракса требало за да ве вработат потоа.
- Колкава е вообичаената плата во овој случај.
На ФИНКИ се запишуваат околу 1000 студенти секоја година, па нормално е да имаш и такви што ќе работат во втора година.
Што уствари повекето луге не знаат за ова (како лоши страни или замки)
- Нема нешто посебно што треба да знаат, реално треба да си јак фраер за да ги завршуваш сите обврски на ФИНКИ и бидеш психички спремен да ги истуркаш наредните 2-3-4 години, а да си со part/full time job
Како стигнавте до ваква ситуација за да добиете пракса/работа.
- Обично почнуваат на пракса, а дури после некој месец ангажман можеби и ќе бидат вработени во фирмата. Често на сајтот на ФИНКИ има огласи за пракса, исто така и во фејсбук
групата. Има и ситуации каде што некои професори даваат препораки за одредени студенти во некои фирми, верувај тоа се ретки случаеви, а покрај екстремното знаење треба да имаш и други вештини со кои не секогаш можеш да бидеш горд.
Кои предмети/вештини се најважни да се научат за да некој биде спремен, и колкави вештини бараат да се знае пред да се оди на интервју.
- За она што најчесто се работи во Македонија, најважни предмети се секако програмирањата, иако многу од нашиот сектор на ова гледаат површински. Секако дека секој предмет е важен и има причина поради која е ставен во програмата, сепак предметите на кои се куца код се оние каде ќе научиш најмногу и стекнеш најдрагоцено искуство. Во текот на подоцнежните студии ќе имаш изборни предмети и многу од нив ќе зависи кој правец ќе го фатиш и колку ќе научиш. Одговор на вториот дел од прашањето нема ни смисла да добиваш, тоа ќе ти стане појасно после 1-2 години студирање за да можеш и самиот да ја измериш тежината на вештините.
Колку време пракса требало за да ве вработат потоа.
- За ова нема правило, зависи од политика и самата практиканска програма во рамките на фирмата. Обично траат од 2 до 4 месеци и прилино бараат студенти кои се скоро спремни за старт на џуниор позиција, така што мала разлика прави дали ќе успееш да фатиш пракса или џуниор позиција.
Колкава е вообичаената плата во овој случај.
- Платите се многу мали во 90% од фирмите за почетници, нешто ситно над минималната плата во Македонија. Не слушајте ги своите тетки и чичковци како нивните деца земаат по 2000 евра уште во рамки на првиот договор.