Nudes (интимни фотографии / Јавна соба)

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.279
Поени од реакции
78.933
Има разни моменти у ваквите случаи, интересни за разгледување.

На пример, кога некој ќе рече - а како би се осеќал ти ако објавеа слики од мајка ти, сестра ти, девојка ти, ќека ти...

Не навлегувам во поентата на прашањето, туку во воспоставувањето на премиса, според која реакцијата на субјектот е валидна и зависи од тоа дали него лично му е нанесена неправда.
Што, ако не објавуваат слики од мојата сестра, ќерка, девојка....него од туѓа, онда е океј да се осеќам рамнодушно?

Слично како при муабетите за Албанците што праат пиздарии, кога некој ќе ме праша што ми направиле мене лично. Демек, ако тебе лично ти направиле нешто имаш право да се буниш. Ако не, онда бунењето ти е нерелвантно.

Тоа е истата матрица.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.279
Поени од реакции
78.933
Па нека ме казнат бе, мој проблем. Поентата ми беше да доловам дека начинот на кој што жената или девојката е облечена не е причина за ти да си земаш за право да ги шириш нејзините фотографии низ интернет.
Објави ја јавно твојата фотографија и може кој сака да ја шири од тука до Владивосток.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Крв од очи ми потече од домаќициве на форумов, се некој ги напаствувал а биле облечени во космонаутски скафандери, сме биле заостанато општество, они немале права, мужи свињи...како се собравте тука сите психички вознемирени неми е јасно.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
110
Поени од реакции
171
Крв од очи ми потече од домаќициве на форумов, се некој ги напаствувал а биле облечени во космонаутски скафандери, сме биле заостанато општество, они немале права, мужи свињи...како се собравте тука сите психички вознемирени неми е јасно.
Тоа е вистина, чиста вистина. Тоа се сведоштва, искуства, факти. Социопат и женомразач не бира дали она е облечена или соблечена.

Ти што немаш грам емпатија е твој проблем.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.279
Поени од реакции
78.933
Што доби девојчето од ова освен популарност? Заштита некаква од полицијата, државата?

Напука 5000 фолоуерс за еден ден, сега гивавеј ќе почне да прави :)
Јадење гомна позади грб, јавување, малтретирање. Плус кај неа у село, одма курва ќе ја викаат.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.615
Поени од реакции
34.802
Мене ми се има случено облечена од глава до пети, со зимска јакна (ај да не речам со скијачко одело), со капа, со шал, со ракавици, како поминувам на пешачки да ми свиркаат и довикуваат низ прозорец. И како сеа јас ги провоцирам со својата голотија?
... а не си помислила дека можеби споро си се движела на пешачки, па ти „свиркале и довикувале“ за да побрзаш на пешачки, за да поминат тие? :)
 

Adorabella

Fisherman's Friend
Член од
24 јануари 2021
Мислења
26
Поени од реакции
63
Јадење гомна позади грб, јавување, малтретирање. Плус кај неа у село, одма курва ќе ја викаат.
Барем се осмели да се спротивстави, можи ќе се крени свеста кај некои - можи ќе се уплашат клошарите па нема да постираат глупости.

А најјако е шо сакам да ги објават од МВР тие шо ги уапсија (нема да се деси), па да си знајме кои се - зошто да не? Резил, шо бараш да постираш ти слики од девојки кои одлучиле да си објават слика кај шо си се допаѓаат, не си арен нешто? Имаш страници бе оди заврши си работа.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.279
Поени од реакции
78.933
Мене ми се има случено облечена од глава до пети, со зимска јакна (ај да не речам со скијачко одело), со капа, со шал, со ракавици, како поминувам на пешачки да ми свиркаат и довикуваат низ прозорец. И како сеа јас ги провоцирам со својата голотија?
Не разбирам како може да биде оправдано со начин на облекување, довикувањето, свиркањето и сл.?

Што е битно како си облечена?
 
Член од
21 септември 2016
Мислења
831
Поени од реакции
1.135
Факт е дека социјалниве мрежи се полни со деструкција и неморал но тоа не дава никому за право да споделува лични податоци и да малтретира со пораки тука може да се направи компарација со силување каде што девојката не може да е крива зашто некој ја силувал без разлика како е облечена или какви поводи му се причинуваат во глава на силувачот он е тој кој што девијантен и има садистички пориви така и со ова девојката може ставила слика со бикини тоа не значи повик за секс или дека ако и пишеш ќе ти даде не им ја разбирам целта на клошариве.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Мене ми се има случено облечена од глава до пети, со зимска јакна (ај да не речам со скијачко одело), со капа, со шал, со ракавици, како поминувам на пешачки да ми свиркаат и довикуваат низ прозорец. И како сеа јас ги провоцирам со својата голотија?
Тоа е генерално проблем на сите што се далеку натпросечни. Ете твојата убавина и харизма ни скијачко одело не може да ја скрие. Мораш да живееш со тоа, шу да прајш :toe:
Ете и јас имам сличен проблем, демек и брада носам и се што треба да се замаскирам, ама штом застанам на семафор не можам да се куртулам од циганките.
Коа сме толку убави, ни нема спас :toe:
 

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.173
Поени од реакции
2.112
-Постираат се и сешто по SOCIAL media, праќаат полу/голи слики на имбецили и после се жалат дека приватноста им била нарушена.
-Ќе прошета девојче у лето со сукња и летна маица - свиркаат, довикуваат, напаѓаат зашо ги ПРОВОЦИРАЛА.

Пополека али сигурно идеме кон IDIOCRACY.
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.551
Поени од реакции
931


И трета дополнителна точка од мене би рекол дека исто така и воспитувањето од самиот родител има голем уддел во ова.


Ако уше уште од мали нозе му кажеш на девојче и го научиш како да се однесува, кога тоа девојче ќе порасне ќе знае како да се однесува и ќе има почит, па притоа нема да и текне гола да се слика.


Истото важи и за машките. Ако го воспиташ од мали години, ако јадел ќотек, ќе знае кога ќе порасне како да се понаша и да не се улижува на голи девојки.

Овие сите што го прават ова во јавна група, и сите тие девојки што се сликаат се допуштени, и нивните родители не си ги воспитале убаво, па заради тоа и така се понашаат. Најголемата кривица прво е во самите родители, а после во самите личности.
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
110
Поени од реакции
171
Забегувате од темата. Кој како сака нека се слика. Дали е гол или у ролка, сеедно, факт е дека не смеат тие особи да бидат вознемирувани по телефон и да се споделува каде работат и каде живеат.

Некој спомна мајките како не се соблакале голи на времето. Ами хипиците шо праеле и од кај знаете мајките и татковците ваши дали биле светци. У тоа време слабо стоеле со технологија.

Некој спомна у сукња и у летна маица шетала у лето, ами у матнил ли да шета на 40 степени?

Вие мажите што си ги сликате развиените мускули сеа некој да земе и да ве споделува во јавна соба и да се збори дека сами си го барате, дека сте ороспии и слично затоа што ете-постоите, како ќе се осеќате? Осбено ако дознаат лични рботи за вас, м?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom