Македонија е компактна единица на овие граници веќе 3 милениума. Имало и во антика и во римско и во среден век Македонија и имало Македонци. Овие територии се викале Бугарија или Србија едвај по 70-80 години. Или поточно ни толку, туку царството се нарекувало Српско или Бугарско. Така што поимот Бугарин за тукашниот народ е туѓ. Исто туѓ како што е Србин или Грк. Називот Македонија останал благодарение на фактот што мнозинското население се нарекувало како такво и ја нарекувало оваа географска единица Македонија. Како во античка, така и во Римска, средновековна или османска доба. Тоа што не останал поимот Румелија, Бугарија или Србија за овие места е доволен факт дека мнозинското население не се идентификувало со нив.
А народот нормално дека не е ист и се менувал на велико. Не е ист ни како тој од пред 200 години, а не па пред 2000 години. Но од друга страна и Грците не се истиот народ од антиката или пак денешните Бугари имаат многу мала врска со Татарските Бугари, но повторно си го земаат митот од античките хеленски племиња или од Турко-монголските племиња. Националните истории обично ги црпат митовите од историјата на регионот, племето чие име носат исл. а не од ДНК-та на претходниците кои живееле тука. Зашто ако одиме по ДНК никој на ништо нема право, од причина што сите народи носат ,,измешани" гени. Така што не е чудно да Македонците ја изучуваат историјата на Античка Македонија како дел од својата. Факт е дека постоело тоа царство(Горна и Долна Македонија) на териториите каде што живееме, факт е дека има фолкрорни песни пренесувани од колено на колено за АЛександар и Филип и факт е дека во време на национал романтизмот 19 и прва половина на 20-ти век многу дејци меѓу кои и Пулевски, Карев, Шарло се повикувале на тоа античко минато.