Македонски филмови

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Го имаш изгледано? :D
Да, пошто на последниве три-четири онлајн фестивали едни те исти филмови даваа, го изгледав.
Не сакам хорори, ама вампирски/зомби филмови ми се интересни.

Филмчево е прв посериозен обид за домашен вампирски филм. Телевизискиве "Нави" и "Вампирџија" не ги сметам, зашто делуваат преаматерски и со грди "пауер поинт" ефекти. :D

Имаше крв, имаше океј замисла, визуелно убав, солидна екипа.

Единствено што ме нервираше е Ана Стојановска, среќа уста не отвори овде. :D
Автоматски споено мислење:

кај го има овој филм некаде да се симне?

друго имаме ние мкд стрим сервис со гледање наши играни и тв серии ?
Го имаме cinesquare.net.
Има стотина филмчиња од домашна продукција (кратки и долги играни и документарни).
Цената и повеќе од одлична, за краток филм беше 15 или 30 денари, долгометражен 62 денари.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Да, пошто на последниве три-четири онлајн фестивали едни те исти филмови даваа, го изгледав.
Не сакам хорори, ама вампирски/зомби филмови ми се интересни.

Филмчево е прв посериозен обид за домашен вампирски филм. Телевизискиве "Нави" и "Вампирџија" не ги сметам, зашто делуваат преаматерски и со грди "пауер поинт" ефекти. :D

Имаше крв, имаше океј замисла, визуелно убав, солидна екипа.

Единствено што ме нервираше е Ана Стојановска, среќа уста не отвори овде. :D
Немој вака :D

Глума 0, концепт 0, сценарио 0, дијалог 0, акцент кога зборуваа странски јазици 0. Огромен бунар од 0. Ни цицката на Ана не го спаси.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Немој вака :D

Глума 0, концепт 0, сценарио 0, дијалог 0, акцент кога зборуваа странски јазици 0. Огромен бунар од 0. Ни цицката на Ана не го спаси.
Многу си строг. Од мене доби 4/5.
Можда и ја ко џимеј сакам треш. :D

Кажи ми дали го изгледа "Другарот" на Оровчанец, што исто одеше денес?
Мене рецимо, тој филм ми е голема 0, а доби награда на Манаки лани.
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
друго имаме ние мкд стрим сервис со гледање наши играни и тв серии ?
Го имаме cinesquare.net.
Има стотина филмчиња од домашна продукција (кратки и долги играни и документарни).
Цената и повеќе од одлична, за краток филм беше 15 или 30 денари, долгометражен 62 денари.
Не е на месечна претплата?

Ако има, идемо @123456 ти купуваш акаунт, ми даваш пасворд, you know the drill :D
Ааа ова е Фамилија Марковски кај шо ја имаа ставено бе.
Изгледа нема за претплата, скапан VOD.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Не е на месечна претплата?

Ако има, идемо @123456 ти купуваш акаунт, ми даваш пасворд, you know the drill :D
Ааа ова е Фамилија Марковски кај шо ја имаа ставено бе.
Изгледа нема за претплата, скапан VOD.
Нема претплата. Имаше некој пакет од 20 филма за 2 евра, ама мислам дека беа странска продукција сите и ништо што веќе не може да се најде на торент.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.067
Поени од реакции
8.123
Не е на месечна претплата?

Ако има, идемо @123456 ти купуваш акаунт, ми даваш пасворд, you know the drill :D
Ааа ова е Фамилија Марковски кај шо ја имаа ставено бе.
Изгледа нема за претплата, скапан VOD.
не можам да се снајдам ептен глуп сајт 1000 филма, нема селекција само на МКД филмови и гледам нема фамилија марковски или ја грешно барам
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
не можам да се снајдам ептен глуп сајт 1000 филма, нема селекција само на МКД филмови и гледам нема фамилија марковски или ја грешно барам
Ја имаше, можно е да ја тргнале затоа што ја направија бесплатна после одредено време.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.067
Поени од реакции
8.123
Нема претплата. Имаше некој пакет од 20 филма за 2 евра, ама мислам дека беа странска продукција сите и ништо што веќе не може да се најде на торент.
ова што е?

Ревија филмови од Митко Панов
Ексклузивна премиера на филмот Сведок l 4 филма за 2 евра
1 месец претплата
Претплати се 30 дена за 120 ден.
3 месеци претплата
Претплати се 90 дена за 300 ден.
1 година претплата
Претплатете се за 365 дена за само 990 ден.
Автоматски споено мислење:

и кај да го гледам овој хороров краткиот има негде да се плати :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
ова што е?

Ревија филмови од Митко Панов
Ексклузивна премиера на филмот Сведок l 4 филма за 2 евра
1 месец претплата
Претплати се 30 дена за 120 ден.
3 месеци претплата
Претплати се 90 дена за 300 ден.
1 година претплата
Претплатете се за 365 дена за само 990 ден.
Автоматски споено мислење:

и кај да го гледам овој хороров краткиот има негде да се плати :D

Ете како дава на мобилен. Можеш да ги сортираш по земја.

За остатоков у пп, да не шириме пиратериски муабети тука.:D
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Многу си строг. Од мене доби 4/5.
Можда и ја ко џимеј сакам треш. :D

Кажи ми дали го изгледа "Другарот" на Оровчанец, што исто одеше денес?
Мене рецимо, тој филм ми е голема 0, а доби награда на Манаки лани.
Се уклучив баш кога беше при крај, уствари не знам дали беше при крај, можда бил и на средина, две минути пред да почне сцената со бојлерот. Од тоа што го видов, неспоредливо подобро ми изгледаше во секој поглед :D Повеќе не можам да кажам без да го видам цел.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Дојде и тоа време од годината кога се прави осврт на тоа што е сработено и каков успех е постигнат на полето на македонскиот филм. Благодарение на темава веќе неколку години по ред давам свој непристрасен осврт за настаните кои го одбележаа домашниот, македонски филм.
Во оваа исклучително лоша година, погодена од корона, која се одрази буквално на секое поле, погоден во голема мера беше и филмот. Што да се каже повеќе кога еден од најзначајните, за мене дефинитивно и најзначаен фестивал, филмскиот фестивал во Кан, го откажа своето издание.

Во Македонија, се одржаа сите значајни филмски фестивали, а се родија и некои нови.
Браво за Синедејс, Македокс, СФФ, Киненова, Тетовскиот Фестивал, Струмичкиот „Астерфест“, Прилепскиот „Зимски кајсии“ и Галичник филм фестивал кои ги одржаа своите изданија и покрај тоа што сè уште не добиле средства од државата.
Освен фестивалот Браќа Манаки во Битола, чии организатори решија да си стават пари во џеб и да одржат меморијал од еден час, каков што се одржува на паднатите борци во Америка. Се надевам ова не значи и дека битолскиов фестивал паднал.
Во една прилика, маестро Столе Попов изјави дека браќа Манаки е селска манифестација. Дефинитивно, и покрај тоа што е најстариот фестивал во земјава, година по година, реномето паѓа сè пониско.

Кога се работи за македонскиот филм, имавме домашни премиери на три нови македонски филмови и премиера на уште еден филм во Турција, кој сè уште не играл во домашните киносали.

Го добивме првиот детски филм „Стела“, кој и покрај фалбите од одредени „филмски“ лица, доби доста лоши критики од филмските критичари. Единствен фестивал на кој се појави овој филм досега е српскиот фестивал за деца Кидсфест. Деновиве читав доста помпезни најави дека имал одличен прием кај македонската публика и дека српскиов фестивал бил реномиран.
Лошо е кога се сервираат невистини и некој што не е запознаен ќе помисли дека тоа е точно. Ниту српскиов фестивал има некое реноме, ниту пак филмов поминал одлично, со оглед на короната и намалениот број посетители во кината. Немам официјални бројки за посетите, ама не верувам дека имал повеќе од 200-300 гледачи.

Вториот филм што играше беше независниот „ТМ“. Втор филм на дуото Иванов-Димитриевиќ.
По добриот „Копање“ што лично ми се допадна, дечкиве вадат втор солиден филм и покажуваат дека без разлика што филмовите им се снимени со буџет од „500 денари“, ако имаш добра идеја и сценарио, можеш да снимиш добар филм.

Третиот македонски филм што играше во кино салите е „Хомо“.
Доста лоши критики за делото што од одредени филмски „зналци“ беше именувано како филмскиот омаж на Скопје и скопскиот „Небо над Берлин“. Досега филмов нема излезено на ниеден фестивал, а со оглед на критиките од домашните критичари, не очекувам дека ќе прошета многу.

Тука ќе го споменам и филмот „Најтешкото нешто“, иако сè уште немал домашна премира. Првиот македонски филм на турски јазик, од режисерот на фамозната серија „Долина на волците“, имаше премиера во турските кино сали во февруари 2020 г. Според тамошните критики, добивме уште еден просечен филм. Немам информација дека отишол на некој фестивал. Останува да видиме што е снимено, кога ќе излезе во домашните киносали.

И покрај, целава ситуација со корона, успешно се снимени три нови филмови.
Првиот филм кој го скрши мразот и се сними под посебни здравствени протоколи е „Преекспонирано“ дебитантскиот игран филм на Елеонора Венинова.
Ѝ ги имам гледано кратките „Влакна“ и „Знакот“ и ми се допаднаа. Вториот беше дел и од балканскиот омнибусот што премиерно беше прикажан лани во Кан. Се надевам ќе има успешно деби.

Вториот филм што се сними е контроверзниот „Денот на жената“. Филм кој и претходно беше споменат тука како филм зад кој се случувале матни работи.
Не очекувам ништо од филмов, затоа што не ми се посебно допаднало ништо од режисеров, а сум изгледал две-три кратки филмчиња, документарец и еден анимиран.

Третиот филм што се сними е „Мими“. Втор игран филм на Даријан Пејовски. Имаше солидно деби со „Три дена во септември“ кое мене лично ми се допадна. Ќе видиме дали може и подобро.

Што може да се очекува во нареднава година? Ако се одземат трите филма што се снимаа годинава, имаме уште седум филмови кои се снимени лани или полани и чекаат на премиера.
Веќе е најавена премиерата на албанскиот „Исчезнатиот“ за април. Од филмов не очекувам баш ништо.

Би требало премиера да има и дебитантскиот филм „Лена и Владимир“ на Игор Алексов, снимен летото 2018 г. Видов некое кратко видео летово, делува симпатично филмов, пред сè визуелно,
ќе видиме колку добро е адаптиран романот на Русјаков.
Се крчкаат уште и новиот филм на Вардан „М“, и дебитантските „Сестра“ на Дина Дума,
„Снежана на крајот умира“ на Кристијан Ристески, „Сокриениот“ на Арсим Фазлија и вториот независен филм на Марјан Гавриловски насловен „Те дуа, жими мене“.

Дали можеме да отидеме на некој топ фестивал во 2021 г.? Искрено јас не очекувам. Врвот мислам би биле Карлови Вари или Котбус. Изненадување би било да се отиде во Берлин, невозможна мисија би рекол за Венеција и Кан. Да се надеваме дека ќе ме демантираат режисериве.

Дали може да се оцени годинава ко успешна за македонскиот филм? Никако!
Освен официјалната селекција на Санденс за краткиот „Налепница“ на Мунко и двете квалификациски победи за Оскар, немавме други значајни успеси. Иако АФМ се обидува и ќе се обиде да го прикаже како наш успех тоа што го постигнале странски филмови во кои Македонија има минимално учество.

Годинава немавме претставник на Берлинале.
Не е ниту убаво, ниту професионално да си препишуваме туѓи успеси ко свои и да кажуваме дека романскиот „Малмкрог“ на Кристи Пују е наш претставник на Берлинскиот фестивал. Не е, тој е само романски претставник во кој Македонија има дадено одредена сума на пари.

Кан не се одржа, но имаше селектирано филмови во кои сепак немаше македонски филм. Карлови Вари исто така не се одржа но направи селекција и повторно немаше наш филм, а наш филм немаше и на фестивалот во Венеција, Сараево, Котбус...

Сулудо е да се даваат изјави од филмските „зналци“, одговорни за тоа кои проекти ќе добијат пари, дека соседните/балканските земји ни завидуваат на успехот на македонскиот филм.
Соседните земји може да завидуваат само на номинациите за Оскар и ништо повеќе. За пример, Србија (една од соседните земји што ни завидувала), годинава имаше свој мнозински филм во Берлин (иако беше во Панорама, а не официјалната програма), имаше мнозински филм и во Венеција;
Босна имаше филм во официјалната селекција во Сараево и Котбус (за овие знам, може имале и некои други), а едно Косово што „вчера“ се отцепи, лани имаше официјална селекција во Берлин, во Сараево, а пред некој ден излезе информација дека имаат и филмови во официјалната селекција
на Санденс за 2021 г. и Ротердам 2021 г. (еден од најголемите фестивали за дебитантски филмови).
Кој тоа нам ни љубомори за историската година во која немавме ниеден значаен фестивал?!
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903

Цитирам:
"Долго време се мислев дали за „Хомо“, односно „Само човек“ (како што гласи насловот) треба да направам рецензија. Всушност, мислам дека не треба, затоа што новиот филм на Игор Иванов не сум сигурна дека може да се нарече филм." :D

Овде тоа не е случај, бидејќи „Хомо“ и не е филм, повеќе е некаква серија настани, повеќе е дело кое претендира да има филмска форма, иако во својата суштина е збир од (мали) епизоди или поточно збир од споредни настани кои и покрај формалната целина, кои и покрај навидум наративната поврзаност, во суштина не прават филмско дело.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.793
Поени од реакции
17.154
Македонски филм, шо идел на Алфа пред некој саат?
Стар филм е две села се расправаат долг временски период околу водата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom