Фан Клуб: Рома

RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.380
Поени од реакции
1.776
Голманската позиција е ахилова пета на овој тим, мора нов голман во Јануари да се земе, после Алисон сите се катастрофа.
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Едно дерби нема добиено Фонсека. За пристапот против малите немам замерки, ама како бе да не можеш еднаш да смени тактика, да мотивираш во дерби?

И за мотивација на полувреме кај нас е обратно. Како некој да ги демотивира наполувреме, па во второ тресење.

Многу се чудат како сме трето мето на табелата. Две причини се важни:
1. Гиндобиваме малите екипи стандардно.
2. Осранатите, коишто се борат за висок пласман киксаат многу.

Во јануари ќе си одат Пасторе, Диавара. Се надевам дека Ел Шарави ќе дојде и уште двајца играчи, од кои еден од средина.
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.723
Поени од реакции
1.994
Едно дерби нема добиено Фонсека. За пристапот против малите немам замерки, ама како бе да не можеш еднаш да смени тактика, да мотивираш во дерби?

И за мотивација на полувреме кај нас е обратно. Како некој да ги демотивира наполувреме, па во второ тресење.

Многу се чудат како сме трето мето на табелата. Две причини се важни:
1. Гиндобиваме малите екипи стандардно.
2. Осранатите, коишто се борат за висок пласман киксаат многу.

Во јануари ќе си одат Пасторе, Диавара. Се надевам дека Ел Шарави ќе дојде и уште двајца играчи, од кои еден од средина.
Ел Шарави искрено не гледам на кој начин би не појачал многу, освен за ротација, да може да одмори малку Михтаријан. Ни треба средина, последен играч за врска, ни треба денес бек, и добар голман кој не верувам дека би го добиле во Јануари. Покрај Пасторе и Диавара (за резерва не е многу лош), треба да им прави друштво и Сантон, Фацио, Жезус и уште некој имаше не ми текнува сега во моментов.
 

RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.380
Поени од реакции
1.776
Поентата ако сакаш успех е да ги газиш малите, па aко видиме дека ги добивме сите мали е податок кој многу радува, со екипиве од среден калибар ја зезнавме работата, Верона службена, Сасуоло ептен глупо нерешено, со Аталанта изгубивме ради ептен глупа игра у второ и овој пораз оди на душа на Фонсека.
Дербињата со Јуве ги имавме но пропуштивме шанса, со 2-1 и црвен примивме гол и се виде на тој натпревар тенката клупа, со Милан бевме на егал со судиски грешки кои влијаеа на играта, додека со Наполи нема потреба од коментар.

Во ЛЕ се изигра супер , последната со ЦСКА Софија не ја ни гледав, изиграа конкретно и секоја чест, сега ни се падна Брага клуб кој не го сакав во ждрепката.

Играчите прво Верету машина немам зборови за него, Михитријан растура мотивација од случувањата околу Ерменија се гледат кај него, Педро почна прејако но некако последниве 3-4 натпревари е топло ладно, Џеко е стандард, дечково кој имав прашање кој си бе ти Вилар е откритие на сезоната.

Нападот иако растура ние проблем, немаме соодветни решенија за замена на триото Џеко-Михитријан-Педро , освен Мајорал кој е тука за Џеко, така да играч ко Ел Шарави ние и тоа како потрбен, во најважните натпревари кога ќе се крши сезоната да се врати оној Заниоло пред повредата плус еден дефанзивен среден и голман во Јануари, иако за овие две позиции не верувам дека ќе земеме играчи во овој трансфер период.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.831
Поени од реакции
8.675
Во календарската 2020 година, Мхтаријан ни е најдобар играч, статистички има 15 голови и 12 асистенции. Покрај Салах и Џеки кои ги имале овие статистики(да не го споменувам Тоти, кој имал и подобри) никој друг играч немал волку добра статистика одамна.. вистински мотор на тимот кога е во прашање офанзивата. Сега не се врти се околу Џеко, сега и на него му е полесно.
Друг факт е дека во оваа календарска година од 5те најјаки лиги во Европа, Рома е екипата каде највеќе играчи постигнале гол, дури 20 различни фудбалери постигнале гол.

Покрај Мхтаријан, мора да се спомнат и Верету, Џеко и Спинацола како протагонисти и главни алки во победите на овој тим.

Виљар може да се прогласи како откровение на годината, игра се подобро и подобро, како Чави да го гледам..

Мора да го спомнеме и младичот од примавера Миланезе, кој на мала врата се појави, му се даде шанса во ЛЕ и максимално ја искористи, покажа дека можеме понекогаш да се ослонеме на играч од нашата Примавера.
Калафиори нема потреба да го споменувам, бидејќи тој веќе има репутација на жежок талент на ниво на цела Европа.

За флопови и разочарувања не ми се зборува, ги има многу, да тргнеме од тренерот кој незнае да добие јак тим, па се до Пелегрини кој игра топло ладно и Пау Лопез..
Шпанците како Борба Мајорал и Карлез Перез играат топло ладно, Али им благодарам што добар дел од групната фаза во ЛЕ тие го изгуркаа, иако во второ полувреме понекогаш влегува најјаките играчи за да се добие утакмицата, генерално, направија да може Фонсека да се потпре на нив и да одмори првотимци.

Е да, кога сме кај разочарувањата, Диавара не може да се состави, еден куп грешки, еден куп ситни повреди, лоша кондиција и нула од карактер. Се надевам во зимскиот преоден рок ќе му извадат 20мил и ќе се купи подобар средњак..

Во врска со трансфер шпекулациите, Јуве биле исто заинтересирани за младиот американец Рејнолдс и биле во предност.

Рома одбила понуда за Верету од Интер, мислам дека се работи за позајмица до крајот на сезоната, за возврат би го дале Ериксен како позајмен кај нас.
Иако Ериксен е фан на Рома, во никој случај не би го дал Верету, плус играме формација слична на онаа на Интер, 3521 каде нема позиција која би одговарала за Ериксен, од друга страна Верету е моторот на средниот ред.

За офанзива се спомнуваат Шарави, Бернард и Коваленко(незнам овој дали е толку офанзивен да го мењам Мхтаријан)
 

RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.380
Поени од реакции
1.776
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.831
Поени од реакции
8.675
Околу спонзорствата две нови информации. Едната вест не е толку добра, дека Рибок испратиле подобра понуда од Њу Баланс и дека од другата година тие ќе ги прават дресовите на Рома. Рибок бе:facepalm:
Да се надеваме дека се работи за добра финансиска понуда..

Другата вест е дека Тојота ќе биде спонзор на клубот, што е одлична вест. Можеби преку ова спонзорство ќе ги избегнуваме минусите ради ФФП правилото и ќе си дозволиме да не мора да продаваме играчи ради финансиска инекција.
Знаеме дека сопствениците ни се главни дистрибутери на Тојота возила во САД.

Заниоло во интервју најави враќање во април, не сакал да брза, бидејќи најавите беа за во март..
 

RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.380
Поени од реакции
1.776
Околу спонзорствата две нови информации. Едната вест не е толку добра, дека Рибок испратиле подобра понуда од Њу Баланс и дека од другата година тие ќе ги прават дресовите на Рома. Рибок бе:facepalm:
Да се надеваме дека се работи за добра финансиска понуда..

Другата вест е дека Тојота ќе биде спонзор на клубот, што е одлична вест. Можеби преку ова спонзорство ќе ги избегнуваме минусите ради ФФП правилото и ќе си дозволиме да не мора да продаваме играчи ради финансиска инекција.
Знаеме дека сопствениците ни се главни дистрибутери на Тојота возила во САД.

Заниоло во интервју најави враќање во април, не сакал да брза, бидејќи најавите беа за во март..
На Заниоло после добриот улов ич не му се брза, убаво му е дома :):).
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
Со договорот со Најк сме земале околу 7 милиони ама многу малце од продажба на дресови. Сега со Рибок и со Њу Баланс сме преговарале за повеќе пари од продажба на дресови. Ако не мислат да купат некоја супер ѕвезда не знам колку ова би било исплатливо ама ќе видиме :) Напред Тојота, назад Хјундаи, уште Нисан или Хонда да не спонзорираат и да го комплетираме светото тројство :)

Тој Рејнолдс што бевме заинтересирани од Далас ни го зеде Јуве, му понудиле подобра плата па сега се спомнуваат некои стандард имиња како секоја сезона. Мора да инвестираме во голман ама во моментов 4ца плаќаме така да не верувам дека ќе донесеме некој зимава. Најголема желба ми е Мусо од Удинезе ама сигурно ќе бараат многу за него
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.831
Поени од реакции
8.675
Еве има спекулации дека Евертон уште сега во Јануари ќе го откупат Олсен за некои 6-7мил евра.

Се спомна дека и Клајверт ќе се вратил од Лајпциг, незнам зошто, и дека ќе му бараат друг клуб..


Пред некое време, Фридкин изложиле во клубот 210мил евра, а долговите ни беа 204мил евра до 9ти декември оваа година. Со олеснителните мерки на ФФП правилото за оваа и наредната година ради ковидот, можно е да видиме добри засилувања, ако не сега во Јануари, тогаш на лето сигурно.
Автоматски споено мислење:

Се огласи и Пасторе, од вчера веќе не е повреден:D

Javier Pastore nakon danasnjeg povratka u grupu:

"Sve ide kako treba, nakon toliko vremena konacno je dosao jedan lep dan. Sada samo zelim da nastavim da naporno radim sa grupom i da opet zaradim poverenje trenera i saigraca, sa nadom da se necu opet povrediti, kako bih u narednim mesecima uspeo da pomognem ekipi. Mnogo se nadam tome."
 
Последно уредено:

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.831
Поени од реакции
8.675
Бившата на Заниоло бремена, овој нашиот копук си признал дека детето е негово и ја превзема целата одговорност. Од друга страна си фати милфица од 34 години.

Каква фуриозна година за дечко од 21 година и во приватниот живот и на професионален план, шта речи:toe:
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.831
Поени од реакции
8.675
Фонсека имал стомачен вирус и не отпатувал со тимот, вајда Нуно Гомез асистентот ќе го води тимот. Дури се шпекулира дека неколку кола нема да го води тимот, толку што било сериозно. Газдата испадна до претпоставка дека имал корона, но има официјална изјава дека е тестиран и е негативен.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.831
Поени од реакции
8.675
Добро е, сите играчи на Рома се тестирани и се негативни, единствено новиот генерален менаџер Тиаго Пунто кој што завчера пристигна во Рим е позитивен
 

RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.380
Поени од реакции
1.776
Послаба екипа немам видено во Италија, нашиве буквално си играа како што сакат, запнаа и после само чекаа да заврши натпреварот, кој сакаше индивидуално да се покаже се обидуваше да направи некоја соло акција и толку, останатите така се врткаа на терен дур не свирне судијата, лесен тренинг пред натпреварот со Интер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom