Па ќе играат најдобрите од тие континенти. Ако се 6-7 земји од Азија, значи најдобрите 6-7 земји ќе учествуваат. Може да се случи Узбекистан да ја победи Јапонија, или Сирија, Ирак и Либан да ја победат Јужна Кореја и Саудиска Арабија. Не е исто Сан Марино и Гибралтар на СП. Нов Зеланд три нерешени извади на последното нивно СП и заврши над Италија. Имало и порано земји како Ел Салвадор и ДР Конго (тогашен Заир) кога биле на СП. Панама пред 2 години си настапи на СП фино лепо излегувајќи пред САД.Затоа што тоа е СП и треба да играат најдобрите. Каков квалитет ќе донесе Гватемала или Сирија. Исто е како да речиш дај нека играат Сан Марино и Гибралтар на Светско за да можат еден ден да се фалат дека играле против Аргентина или Бразил затоа што никогаш нема да гостуваат тие кај нив. Ни едното, ни другото не држи вода.
Секако е ова убава промоција и шанса за други земји да учествуваат.