Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.627
Поени од реакции
7.201
И на крај Бруно не заслужувал капитен да биде.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Па повеќе е твоја среќа него ли моја ама ајде еве со Лајпциг ќе гледаме, се надевам дека ќе земе некоја од магичните ламби од подрум и нема да посере тогаш :D
Сами си пукаа у колено вклучувајки го и Оле, не требаше да остане Фред во игра во второ полувреме, Дони требаше да биде во игра, Бруно требаше да излезе (или да не стартува), Погба влезе прерано, Џејмс требаше да игра десно и да вметнеме фактор на изненадување со напади од таа страна зошто Тухел и Оле се имаа прочитано во голема мера и многу лесно можеа да се зезнат еден со друг.
Тухел форсираше напади од наша лева страна зошто марсијал и тељес се офанзивно настроени + да го начекаат тељес надвор од позиција со брз контра напад + мегваер е изложен по таа страна.Од друга страна левиот бек им беше релативно смотан така да мислам дека Џејмс ќе завршеше работа или Гринвуд десно, џејмс лево па да му помага и на Тељес и во напад.
Имаше многу грешки, ама генерално сами си пукаа у колено.Работата можеше да оди во било кој правец многу лесно.

Нека гледа Ед и нека фаќа забелешки, со најверојатно најдобар состав полураспаднат ПСЖ 3-1 не тепа дома, а нападот тиња.Дефанзивна замена за пивотот у средина само Матич.Си избиваат проблемите на површина еден по еден.Фали десно крило, фали асално лево крило, фали квалитетен шпиц, фали заден везни кој е квалитетен а не е стар ко Матич.Составот е сеуште, што би рекле Англичаните bloated, но далеку подобар од претходно во тој сегмент.Да летнат 2ца од вишоците + Погба, додади квалитетни замени за потребните позиции и таман сме.

ПС: Да бил одличен Марсијал во очите на Оле, не би барал Оле последни 2 трансфер периода напаѓач.
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
1.687
Поени од реакции
2.257

Види, Марсијал е далеку од лош играч, кога му е денот можеби ни е и најдобар у тим со Бруно. Оле го игра затоа што ниту еден друг играч од офанзивците не знае баш да задржи топка како што треба, а и од сите Марсијал можеби и има најдобар build-up. Проблемот кај Марсијал сите го знаеме, константноста и онаквата нон шалантност како вчера пред гол. Иако вчера Марсијан можеби беше главната причина за изгубената утакмица, да не забораиме имаше екстра пас од 40 метри кон Бруно и овој ја посра шансата, како и пасот кон Кавани кога удри у пречка.

На Јунајтед му фали класичен напаѓач, со Кавани се гледа тоа. И поркрај тоа што има 33 години и најдобрите денови се зад него пак доаѓа премногу до израз.
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
За тоа на тренинг се тренира, а не сториња да се ставаат...
Не ни е неопходен напаѓач туку саглам десно крило... Кога би имало бомбардирање од 2 страни друго ќе е. Се ќе се растерети. И одбрана и средина и напад.. Ние Лукаку го имавме па не бевме задоволни...
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.505
Поени од реакции
62.324
Види, Марсијал е далеку од лош играч, кога му е денот можеби ни е и најдобар у тим со Бруно. Оле го игра затоа што ниту еден друг играч од офанзивците не знае баш да задржи топка како што треба, а и од сите Марсијал можеби и има најдобар build-up. Проблемот кај Марсијал сите го знаеме, константноста и онаквата нон шалантност како вчера пред гол. Иако вчера Марсијан можеби беше главната причина за изгубената утакмица, да не забораиме имаше екстра пас од 40 метри кон Бруно и овој ја посра шансата, како и пасот кон Кавани кога удри у пречка.

На Јунајтед му фали класичен напаѓач, со Кавани се гледа тоа. И поркрај тоа што има 33 години и најдобрите денови се зад него пак доаѓа премногу до израз.
Ти го разбирам поимањево, ама ништо не му ги пере промашувањата од вчера. И не се само тие, компилација може да се направи од негови промашувања од летово. Пола сезона скоро ке дојде, има само 2 гола дадено.
 
Јасно ми е тоа, вчера поразот оди на негов грб (покрај Оле со невадењето од игра на Фред). Оваа сезона игра премногу слабо, за разлика од лани поготово во пост карантинскиот период. Полека го губи трпението кај сите навивачи. Истово се плашам дека еден ден ќе се случи и со Рашфорд. Можеби има симпатии у јавноста поради сите оние хуманитарни акции и не е толку напаѓан од медиумите и навивачите а и плус дека е енглез, ама ако продолжи вака и тој ќе биде како Тони.
 
Член од
14 мај 2019
Мислења
1.486
Поени од реакции
-759
И овој Мегваер никој не го спонма...при третиот гол, кога треба на нозе да останеш, да пробаш топка од гол да извадиш, братов се лизнува и си паѓа на газ? Кој коњ човече..
Nema ti vrska muabetov. Na sekoj mu se slucuva da se lizne. Ako se spletkase nekako Megvaer i topkata da vlezese vo golot togas moze da se kritikuva, vaka nikako.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Види, Марсијал е далеку од лош играч, кога му е денот можеби ни е и најдобар у тим со Бруно. Оле го игра затоа што ниту еден друг играч од офанзивците не знае баш да задржи топка како што треба, а и од сите Марсијал можеби и има најдобар build-up. Проблемот кај Марсијал сите го знаеме, константноста и онаквата нон шалантност како вчера пред гол. Иако вчера Марсијан можеби беше главната причина за изгубената утакмица, да не забораиме имаше екстра пас од 40 метри кон Бруно и овој ја посра шансата, како и пасот кон Кавани кога удри у пречка.

На Јунајтед му фали класичен напаѓач, со Кавани се гледа тоа. И поркрај тоа што има 33 години и најдобрите денови се зад него пак доаѓа премногу до израз.
Денот на марсијал, како датумот наш за преговори со ЕУ - нигде го нема :D Од најголем фан на Марсијал, постепено прераснувам во најголем критичар.Едноставно предолго се чека на него.

Мегваер е за пофалба, после мизерниот старт, крена форма, се стабилизираше одбраната и пружа солидни партии.Далеку е од формата и мизеријата на почетокот.
 
Член од
21 февруари 2011
Мислења
382
Поени од реакции
486
Сами си пукаа у колено вклучувајки го и Оле, не требаше да остане Фред во игра во второ полувреме, Дони требаше да биде во игра, Бруно требаше да излезе (или да не стартува), Погба влезе прерано, Џејмс требаше да игра десно и да вметнеме фактор на изненадување со напади од таа страна зошто Тухел и Оле се имаа прочитано во голема мера и многу лесно можеа да се зезнат еден со друг.
Тухел форсираше напади од наша лева страна зошто марсијал и тељес се офанзивно настроени + да го начекаат тељес надвор од позиција со брз контра напад + мегваер е изложен по таа страна.Од друга страна левиот бек им беше релативно смотан така да мислам дека Џејмс ќе завршеше работа или Гринвуд десно, џејмс лево па да му помага и на Тељес и во напад.
Имаше многу грешки, ама генерално сами си пукаа у колено.Работата можеше да оди во било кој правец многу лесно.

Нека гледа Ед и нека фаќа забелешки, со најверојатно најдобар состав полураспаднат ПСЖ 3-1 не тепа дома, а нападот тиња.Дефанзивна замена за пивотот у средина само Матич.Си избиваат проблемите на површина еден по еден.Фали десно крило, фали асално лево крило, фали квалитетен шпиц, фали заден везни кој е квалитетен а не е стар ко Матич.Составот е сеуште, што би рекле Англичаните bloated, но далеку подобар од претходно во тој сегмент.Да летнат 2ца од вишоците + Погба, додади квалитетни замени за потребните позиции и таман сме.

ПС: Да бил одличен Марсијал во очите на Оле, не би барал Оле последни 2 трансфер периода напаѓач.
Се сложувам со поголемиот дел од постот, со тоа што доколку на клупа би имале тактички поткован менаџер, 90% од овие натпревари што може да завршат во било која насока - би завршиле во наша полза. Околу трансферите и грешките на Оле од вчера си он поинт
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Да не се преправаме сега, да ги искористеше Марсијал шансите, друг муабет ќе се вртеше. Не дека Оле е безгрешен ама глупоста на едни исти фудбалери ќе ни мењава менаџери секоја година. Не можеме да бидеме сентиментални.
Автоматски споено мислење:

Добро за Јунајтед е што им одговара и икс ако добро ја видов табелата, лошо е што не се во форма и играат на гости...
Да, не е проблем толку натпреварот со Лајпциг колку проблемот со слабата реализација. Против рандом peasants од ВБА можеш да си дозволиш зицери ама против екипа што ги има Мбапе, Нејмар итн. не смееш.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Се сложувам со поголемиот дел од постот, со тоа што доколку на клупа би имале тактички поткован менаџер, 90% од овие натпревари што може да завршат во било која насока - би завршиле во наша полза. Околу трансферите и грешките на Оле од вчера си он поинт
Дека така завршуваа 90% од натпреварите на Мурињо и ЛВГ, во нивна полза.
 
Член од
21 февруари 2011
Мислења
382
Поени од реакции
486
Дека така завршуваа 90% од натпреварите на Мурињо и ЛВГ, во нивна полза.
Дека Мурињо ги имаше Мегваер/АВБ/Бруно/Телес/Дони на располагање. Те молам не се губи со споредбите на тактичка поткованост меѓу Оле и било кој друг менаџер од ПЛ, камо ли со Мурџо и ЛВГ :icon_lol:
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Дека Мурињо ги имаше Мегваер/АВБ/Бруно/Телес/Дони на располагање. Те молам не се губи со споредбите на тактичка поткованост меѓу Оле и било кој друг менаџер од ПЛ, камо ли со Мурџо и ЛВГ :icon_lol:
:icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.027
Поени од реакции
2.026
Еј, преку кур со овој Мурињо. Фантастичен менаџер е и можеби и ќе освои лига со Тотенхем, ама срамота е да каже некој дека тој не беше најголем виновник за неговиот неуспех во Манчестер. Колку и да е катастрофална управата, цел тим му купија речиси, без голман и лев бек. Ги купи Далот, Баји и Линделоф во одбрана. Матиќ, Погба и Фред на средина. Микитарјан и Санчез на крило, Лукаку и Ибрахимовиќ во напад. За сите овие беа потрошени речиси 500 милиони евра, значи околу 100 милиони евра секој преоден рок, 5 ги преживеа во Манчестер. Резултат на ова беше бламажата во третата сезона кога ни вадеа коефициенти за испаѓање од лигата пред да биде отпуштен. Јас не очекував титула ни во таа сезона, јасно ми беше на кое ниво е Сити а на кое Јунајтед на Мурињо, ама тој ги помина сите граници. Според мене, најголем виновник, иако не единствен, си е самиот тој. Да не ги ни спомнувам срамните изјави.

Нека освои титула со Тотенхем сега што е до мене, кога веќе Јунајтед не може. Подобро тие отколку некои други :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom